2009-11-15
Oва е нашиот втор час за Книгата Зохар. Ние продолжуваме со вас, со воведот во Книгата Зохар. Почнуваме со статијата "Пупките на цветовите“.
Минатиот пат учевме дека целото создание се состои од желби да се наслади, кои ги создала Светлината. Задоволства. Тоа насладување ја претставува Розата на која има трње, низ кои треба да поминеме и да дојдеме до 5-те листови, кои се основа на Розата. Прво се зелени листови, па цветот на Розата. Трњата низ кои мора да поминеме. Тоа се сите наши егоистични желби, од кои ние ги создаваме 5-те основни листови на Розата.Тоа се сите тие наши желби, заеднички, обединети желби, од кои трњето се претвара во 5-те листови, од кои подоцна израснува Роза. Тие најпрво се затворени листови. Но кога почнуваме нив да ги развиваме со својството да даваме, тогаш тоа својство да даваме ги раширува овие 5 лисја, и од нив изникнува Розата.
На оваа тема има многу кабалистички матерјал. Духовниот корен, обединување на сите тие сили, добивање и давање, заедно, во возвишениот свет вродува со создание, во нашиот свет на растително ниво, како создание, во вид на овој цвет, Роза.Така нам ни се објаснува тоа од кабалистичкиот матерјал.
А сега ние ќе преминеме од оваа Роза. Ќе одиме од матерјал на матерјал во книката Зохар.Тој нам ни дава некакви впечатоци. Од тие впечатоци се формира една заедничка слика, која ќе ни даде да почувствуваме внатрешни чувства. Овие внатрешни чуства постепено ќе нè доведат да го почувствуваме самиот Возвишен Свет. Постепено ова ќе се јави кај човека. Јас ова го имам искусено на себе и се надевам дека наскоро и вие ќе го искусите.
Растењето на Цветовите.
Ова е 4-та точка. „Раби Шимон открил“. Се мисли на тоа дека тој ја открил вратата, или потоците на Возвишената мудрост, кои течат од Бесконечнот Свет надолу кон сите други, до Светот Ацилут, во кој тој се наоѓа. И ни објаснува...
Светот Ацилут го претставува тој свет каде што се разоткрива смислата на целиот живот. Од една страна се воздигнуваат душите од нашиот свет, а од друга страна течат од Возвишениот Свет. Тоа е местото каде што тие се среќеваат заедно, нивното обединување, полнење. Тоа е светот Ацилут. Раби Шимон ги открил потоците на возвишената мудрост и воздигнувањето на желбите на душите и раскажува: „Пупките на цветовите се појавија на земјата“. Зборот “Земја“ призлегува од зборот “Рацон“.
Ние со вас понекогаш ќе треба да преведуваме од хебрејски, затоа што зборовите на хебрејски означуваат дејствија, желби и квалитети. Ако јас зборувам на хебрејски: "Пупките се појавија од земјата, на хебрејски e „Ма Арец" би било дека „Пупките се појавиле од желбите", на хебрејски. Така е кажано во "Песна на песните". Пупките означуваат почеток на дејствие на созданието. Се покажале на земјата. Кога? На третиот ден од Создавањето. Затоа што во првите два дена се создавале својствата на Хасадим - давање, и својството на добивање, во вториот ден.
Значи во првите два дена биле создадени двете спротивставени својства: на давање и добивање, од кое се состои целиот свет. Во принцип не можат едно без друго. На третиот ден се случува слевање, соединување помеѓу нив.Тогаш се појавува, првото створение. Нов живот. Затоа е кажано дека биле создадени водите, па земјата, а потоа со нивното мешање настанало созданието.
Помеѓу водите и земјата почнале да никнуваат пупките.Тоа бил почетокот на созданието.Тие се покажале, никнале од нашите желби и се воздигнале. На третиот ден како што е кажано, израснала трева на земјата. Што означува трева на земјата? Земјата преставува желба. Кога се мешаат- желбата да добиваш; која ја има земјата, сè да вовлекуваш во себе, и желбата: да даваш, која ја има водата. Тогаш заедно доаѓаат до такво својство, што земјата го применува својството да даваш.Тогаш произлегува можност на земјата да се појават пупките. Тоа е следното ниво кое е неживо, туку е ниво на растење. Се раѓа створение, кое самото се стреми кон сонцето, кон светлината, кон давање. Се раѓа од овие две својства - трето својство, следен степен кој веќе има свој самостоен живот.
Понатаму е кажано во "Песна на Песните" дека „Времето на Пеење" настанало. По настанување на растенијата на земјата, следен степен на развиток било "Време на пеење" Зборува за 4от ден. Тогаш се појавило и ограничувањето, не може повеќе слободно да расте, почнале притисоците. Зголемување на егоистичните желби, од тоа растение постепено ќе се појави животниот свет, следниот степен на Eгоистичниот развиток, следниот степен на Духовниот развиток.
Затоа е кажано во 4-от ден, дека светеле две светлини, Сонцето и Месечината, кои меѓусебно се наоѓаат во спротивставени дејствија и положби. Затоа што месечината е слична на сонцето, но свети со рефлектирање од светлината од сонцето. А земјата која е олицетворение на целиот наш свет, производ на овие две светлини, таа зависи од светењето и на Сонцето и на Месечината.
Ние не знаеме што претставува дејствието на месечината на земјата во духовниот свет, па дури и во нашиот свет. Ние не го знаеме нејзиното значење.Тоа не е простудирано, испитано, неопходноста на овај наш сопатник. Навистина овие две светла се исто значајни по големина се слични.
Иако сонцето е одалечено на 15милјарди км. од нас, во однос на месечината која е одалечена 380 илјади км, разликата на растојание е огромна. Затоа нам ни изгледаат слично. Но сепак Сонцето маневрира со својата светлина а Месечината само го рефлектира. Но сепак на земјата се случуваат месечеви фази, помрачување на сонцето, земјата го покрива сонцето од месечината. Овде се случува многу интересни дејствија, кои можат да ни ја објаснат сликата на духовното дејствие, помеѓу овие две светлини. Во нашиот свет се преставени на начин како Сонце и Месечина. На 4от ден, како што е кажано во Бибилијата, светлините кои се ограничуваат една со друга.
Понатаму, кажува книгата Зохар... Во „Песна на Песните", гласот на Гугутката се слуша.“ Тоа е 5-от ден. Во кој е кажано; оживување на водите за да се создаде потомство. Од земјата со помош на водата се создава растителен свет, од водата со помош на земјата се создава подводен животен и растителен свет. Зборот „слуша" гласот на гугутката, е 5от ден, а „се слуша", е 6-от ден. Што тоа ни кажува? Тоа кажува дека во иднина човекот ќе ги претвори дејствијата во намери, и намерите во дејствија. Човекот кој прв, меѓу сите суштества за прв пат ќе се наоѓа во состојба на слободна вољја. Кога тој ќе може самостојно да развие во себе, да создаде својства на Создателот, и во таа мера да расте. Да биде сличен на Него.
Како во неживотниот свет; Сонцето и Месечината во спротиставена положба еден со друг, како во првиот ден од создавањето спротиставените својства на давање и добивање во вториот ден, така од нив возникнал и тртиот ден. Така и во 4от и 5от ден се јавуваат две спротиставени својства, но на друго ниво. 6от ден произлегува Човекот, со својата слобода и волја.
Ние гледаме, како се развиваат 3 линии. Прва, втора, трета. Во третиот ден растението излегува од двата дена со својствата на природата. Третата која никнува од доле, тоа е на растителен и животен ниво. На 4-5 ден се јавуват две спротиставени сили на создавање. Но веќе на следното ниво, во 6-от ден се појавува производот на овие средни линии.Тоа е Човекот.
Сè што произлегува, произлегува од човекот. Во тој, 6-от ден, се појавува слободната волја на суштеството во однос на Создателот. И затоа е кажано на 6-от ден е создаден човекот, кој во иднина ќе ги претвори дејствијата на разбирање, во дејствија на намери. Најпрво ќе бидат намери за да се направи себеси - достоен на Создателот. И само со овие намери ќе дејствува. Како што е овде кажано „ќе направиме човек". Овие две својства кои се наоѓаат во 3от-4от ден на создавањето, се производ од првиот и вториот ден на создавањето. Ќе ви нацртам .
Имаме прв и втор ден на создавање, па трет ден кој е во средина на овие два дена. Потоа 4-от-5-от ден, и нивниот плод т.е 6-от ден, тоа е Човекот. Ова е првата група , а оваа е втората. Така тие меѓусебно се поврзани.
Овие може да ги наречеме Хесет, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод. Така тие се нарекуваат по сефирот во Парцуфите, во системот на духовниот свет. Затоа е кажано: „Ќе направиме човек од наша страна". „Од наша страна“ се мисли од наша желба. Создаден од желба. Оваа состојба се нарекува Сабота, која е како страна на животот во следниот свет. Сабота произлегува од зборот „Шабат", кој означува завршување на сите работи. Како што Создателот создал сè во овие шест дена и одмарал во Саботниот ден. Шабат доајѓа од зборот „Лишбот" (престанување со работа). Од страна на Создателот, целата негова дејност Тој ја завршил. Ги создал овие 6 дена и доаѓа 7от ден, кој преставува Шабат.
Во суштина Шабат е многу сериозен, наполнет и прилагоден за работниот ден на човекот. За кој треба многу да направи да го исполни сето тоа што Создателот го создал за него, во тие 6 дена на создавање.Тоа не е така како што ние си го замислуваме во нашиот свет. Има дијалектичен збор „Шабат", кој значи завршуваме со работа. Не навистина, тоа само по себе е олицетворение на венецот на сè што создал Создателот, и ни го препуштил на нас.
Што сме должни да направиме со себе, за да се доведеме во состојба еднаква со Создателот. Кога сме во таа состојба тогаш нормално целата работа на нашето исправување престанува. Тогаш во целост сме слични со Создателот и влегуваме во состојба на бесконечниот свет, во апсолутно совршенство. Еве ова совршена состојба го преставува Шабат. Ние трба да се потрудиме да го достигнеме во овој временски период кој се нарекува „Ереф Шабат". Тоа е вечерта на Шабат.
Сè што Создателот создал, и ни предал нам, треба да направиме во овој дел, времето кое ни е посветено нам, кое се вика Ереф Шабат, во нашиот живот. Во принцип ако ние со вас го разоткриеме тоа што со нас се случува, тогаш тука ќе ја видиме целата историја на човештвото. Кога возникнала нашата вселена, нашата галаксија , сонцето, земјата, месечината.Тоа било милјарди години наназад. Потоа на земјата почнал да се развива растителниот, животинскиот свет и потоа се појавил човекот.
Ереф Шабат, тој се појавил одамна. Тој се појавил - 5773 години наназад. Кога за прв пат човекот наречен Адам, го разоткрил Создателот. Истото и ние денес се трудиме тоа да го достигнеме. Затоа и се нарекуваме луѓе во превод на хебрејски: Бнеи Адам (синовите на Адам), потомците. Сакајќи да го достигнеме она што тој го достигнал.
Ереф Шабат, кога човекот добил самостојност и се исправува.Тој исто така се дели на множество периоди, кои во текот преминале многу, секакви препреки, за да дојдат во нашата историја, до последната наша состојба. Тоа е тука кое по наше се нарекува 1995 година. Кога ние навистина влегуваме во ера на нашата поправка. Кога сите луѓе ќе се обединиме. Постои таа можност, ние да се поправиме.
Како што се појавуваат услови во првиот, вториот и третиот ден, да се појавуваат пупки на земја-на животен степен.Така на 4от-5от ден го подготвил за човекот 6от ден, тој да почне да се воздигнува кон Создателот. Ако го разложиме, ова тука е целата наша историја. Ако го поделиме на делчиња ќе видиме дека ние со вас сега се наоѓаме во состојба која се нарекува "Ереф Шабат". Затоа и нашата состојба се дели на 6000 години. Затоа што 1000 години се нарекува "Ден" на Создателот. “И ќе биде ден во твоите очи како 1000 години“. Така е кажано во Библијата. Почнувајќи од Адам, тука, до нас, до крајот на нашата поправка, треба да поминат 6000 години. Така како оваа историјата се смета за други 6000 години, свемирски. Од кога ние ќе се исправиме, влегуваме во состојба која се нарекува 7000 години. Но, ако вие прашате како тоа ние да се исправиме, кога нам ни останало, почнувајќи од 5770 година уште 230 години? Тоа би било 2239 година.Тоа ќе се совпаѓа со 6000 година.Треба ли ние да ја чекаме оваа година кога ќе биде точно крајот на светот или не?
Јас ќе ви кажам: Не треба да се чека. Затоа што во принцип Шабат почнува 18 минути пред неговиот почеток. 18 минути, тоа се 9те сефирот од Обратната Светлина. Покрај тоа можно е со него да се почне во кое и да било време. Кога тебе ти се дадени сите усови на исправување, ти можеш да ја достигнеш оваа состојба на целосно исправување. 7000 година. Дури и побрзо пред завршувањето на овие 6000 години. Покрај тоа ние со вас во принцип веќе се наоѓаме во ова дејствие.
Глава 5. Ново објаснување кажува Зохар. Дали има ново објаснување кога станува збор за вистината? Да има. Гледајќи од тоа, од каде гледаме. Ако гледаме од горе, од положба на Создателот, а исто гледаме и од долу, од страна на створението. Може да гледаме и од левата и од десната линија. Во принцип тоа ни е потребно нам за подобро да ја разбереме таа слика. Затоа што човекот се наоѓа во различни состојби. Во духовниот свет нема такви објаснувања. Од еден аспект од друг, такво не постои. Човекот таму ја разбира потполно целата совршена слика и кај него не се раѓаат прашања за едно или друго мислење.
Пупките кои се појавиле на земјата во овие три дела: Првиот, вториот и третиот ден,се нарекуваат Претци.Тоа е својство.Навлезено во разумот и во идниот свет, во Бина, и е скриен тамо. И од тамо тие излегуваат скриени, тие и се скриваат во вистинските Пророци. Имаме Претци, па потоа следно ниво Пророци. Во принцип тоа е духовно ниво. Нема ништо со земниот свет во никој случај. Зохар, ниту пак кабалата зборуваат за нашиот земен свет. Таа зборува само за духовното ниво и само за точката во човекот, која што може да се развие. Сè друго може да се фрли во канта за ѓубре.
Сè што ние треба да правиме е само нормално да функционираме. Да ја развиваме само таа точка, затоа што таа се јавува како дел од Возвишениот Свет. Затоа само за неа и треба да зборуваме. Сè друго во нас е животинско. За него нема што да се зборува. Тоа нема слободна вољја, и не можеме со него ништо да правиме. Се грижи само за неговите животински особини: да се мие, спие, да се храни итн.Тоа што ние го говориме за нивото на Претци, па следното ниво Пророци, потоа и други ќе изучуваме, ние говориме за нивоа, слоевите на духовниот свет, низ кој се спушта пополека бледа Светлина, сè додека не нè достигне нас во овој свет. Тогаш ние сме во состојба некако неа да ја воспримиме, таа е толку бледа што нам не ни смета, да ја воспримиме, да ја прифатиме. Сепак ние ќе страдаме затоа што таа е огромна.
Секогаш се обидува да нè вовлече и затоа свети малку повеќе, сакајќи да нè привлече нас. Тоа привлекување кога таа свети на нас, во нас се манифестира со болка. Затоа што нашите својства и нејзините се спротиставени едни кон други. Претци, тие се навлезени во разумот и во идниот свет - Бина. Тие се скриени таму и излегуваат скриени од таму и се скриваат во следното пониско ниво наречено Пророци.
Се родил Јозеф и се скриле во него Претците. Јозеф е ниво кое се нарекува Јесод. 6т нивоа: Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод. Ова ниво се нарекува Јозеф. Јас го кажувам на хебрејски затоа што подоцна ние со вас ќе изучуваме што означува овој збор,Јозеф. Од зборот Леесоф што значи да собираш. Затоа што тој ја собира во себе целата енергија, сите својства, кој нему му претходеле.
Имено тој се јавува како собирач од страна на Претците, како и од страна на Пророците. Овие два степена кои не доаѓаат до нас. Затоа тоа било својство со чија помош човекот влегува во состојба која се нарекува "Протерување од духовното". Тој почнува да чусвтвува тука во исправувањето, дека е протеран од духовното.Како што Библијата нам ни раскажува за тоа како Јозеф се нашол во Египет. Тамо го однел целото свое семејство. Секако ова е алегорично, во Библијата, што ни го преставува. Целиот преод од системот на претци , во системот на пророци, е последица на тоа чувствувањето на човекот на својот прогон од духовно.
Тоа е неопходно чувствување пред почетокот на нашата поправка. Во овој последен период, во кој се наоѓаме. И затоа и денес, исто така и на нас дејствува сила која се нарекува Јозеф. Ние почнуваме да чувствуваме дека сме потполни егоисти. Не сме во состојба ништо да направиме. Не сме во состојба да влијаеме над нашиот свет. Се наоѓаме во една затната, замолкната, непозната средина. Цела оваа состојба се јавува како последица на сите претходни својства кои нас не оформиле. Тоа својство кое нас ни го презентираат тие претходници, се нарекува Јозеф ( собирајќи во себе ) од зборот Леесоф.
За жал, не познавајќи го хебрејскиот јазик, е многу тешко да се разберат кабалистичките текстови.Затоа што секој збор е лингвистички. Секоја буква има свое значење. Преместувањето на буквите помеѓу себе дава огромно количество на двостепени, тростепени информации. Се родил Јозеф и ги скрил во себе овие својства. Влегол во светата земја и ги изградил тамо овие својства, Ги собираат во себе сите други својства. Тие влегуваат во земја (желби) и создаваат света земја. Што значи “света земја“? "Земја" од зборот да даваш, а "света" од својствата да добиваш, желба со намера да даваш - се појавува како Света Земја. Желбите наши егоистични поправени во желби за давање, се нарекува Света Земја. Ова е тоа што се појавува кај Јозеф.
Со каква цел се појавила? Ние гледаме од оваа алегорија во расказите Библиски, како Јозеф влегол во Египет. Потоа од Египет почнуваат да излегуваат тие пророци. И влегуваат во Светата Земја.
Но вистината е дека никој ни влегува, ни излегува. Човекот се наоѓа во своите желби кои постепено ги чуствува: како Египет, како Прогонување од духовното. Затоа тој работи со тие желби и постепено ги претвара во пустина .Тоа е чувство дека тој е исклучен од сè што е духовно.Тоа е неопходен период за да осознаеш каде се наоѓаш. Работеќи во таа пустина во себе, која ние дел почнуваме да ја чувсвуваме во нашиов свет и живот, тој работејќи во себе, во своето исправување, се воздигнува и влегува во Светата Земја. Ја претвора таа сама земја, тие желби. "Земја" од зборот желба. Ги почуствувал како бик во Египетски прогонувања.
Како Пустината Синајска. Потоа ги чуствува нив како Земја Израел. Желби направени од страна на Израел (право кон Создателот).
Затоа овие желби се нарекуваат свети, Света Земја. Затоа што сите тие се насочени кон давање.
“Тогаш се покажаа на земјата пупки, и се отворија “
Кога се покажале? Кога се појавило Виножитото, се појавиле и тие. Во тоа време. Јас сакам некако сè да ви објаснам. И виножитото и сè друго. Но, не е можно. Затоа ние постепено ќе се привикнуваме на “Зохар“.
Постепено овие алегории ќе се појавуваат во некои овдешни слики. Тешки за паметење, сите некако збркани. Ќе се таложат во нас, ќе почне да се создава мозаик, собрана слика. Ние неа ќе почнеме да ја чувствуваме.
Од мозаична слика ќе се преточи во чувства. Ќе навлагуваме во свет на чувства. Во нас ќе се одзиваат сите овие зборови во вид на квалитети. Во вид на некакви внатрешни зрна од разни чувства.
Тогаш доаѓа време на Пеење. Време на уништување на сите грешници на земјата. Тоа е време кога сите човечки желби, сите оние кој тој порано ги почувствувал како погрешни, спротиставени на Создателот, егоистични, подлежат на уништување. Сите тие се исправуваат во желби за давање. Грешниците се пртвараат во чесни.Тоа и се нарекува нивно уништување, на земјата, на последното ниво на желбата. Зошто се спасиле овие грешници? Затоа што пупките се појавиле на земјата. Ако биле видени порано, не би можеле да останат во светот. Грешниците се исправуваат тогаш кога тие се појавуваат на земјата, во вид на пупка. Во вид на почеток на растително ниво. Со слободната воља, кога човекот почнува да се воздигнува нагоре кон светлината, кон сонцето, кон давање.Тој во себе има свој духовен живот.
Да се појавиле овие зачетоци порано, не дотогаш кога се појавила состојбата на грешност, состојбата на зло.Тогаш тие не би можеле да се појават. Светот не би можел да постои. Сè треба да се појави по определено сценарио, по определен распоред. Секако човекот со својата воља може да го забрза тој процес. Сите тие степени на исправување. Но само да забрза а не да прескокнува ниту една од нив. Последната точка од оваа статија. Потоа продолжуваме со прашања .
Точка 6: Зохар се нумерира себеси во невидлив распоред, од почеток до крај. Затоа што за себе преставува некаква единствена реченица. Го читаш “Зохар“ кој во оригинална верзија се состои од 10 обемни томови, а во принцип е едно-исто. Нема разлика. Затоа што ти цело време читаш за односот со Создателот. Затоа различни аспекти, различни состојби, а сепак е за едно исто.Затоа редоследот е невидлив. Кој го оживува светот и повикува на разоткривање на Татковците. Вишата Сила која постои во скриен вид. Како што изучувавме за претците и пророците.
Се скриле во својството Јесод, нарекувајќи се Јозеф. Кој заедно ги собира и ги предава долу. Затоа во нас го разоткрива овој степен на Татковци.Тоа е глас на децата кои се занимаваат со Тора. Почнувајќи од зачетоците кои проникнуваат од желбите, кои сакаат да се развијат во намера да даваш.
Затоа тие се занимаваат со Светлината, Тора е од зборот Ор - Светлина. Затоа тие се занимават со привлекувањето на Светлината кон себе. Како што е кажано: "Јас го создадов егоизмот, јас ја создадов Тора за негово исправување". Затоа што Светлината во неа, ве исправува вас. Кој се чувствува себеси како дете што има потреба да расте, а за тоа постојат средства, наречени Возвишен Свет. Тогаш тој се занимава со Тора.
Тоа не е тоа што вие го слушате околу вас. Што некои, некаде се занимаваат со читање и не знам што.Тоа не е воопшто тоа. Ние овде со вас ја изучуваме кабалата. Не ја споредувајте со ништо во нашиот свет. Ниту пак со некоја религија. Благодарение на овие деца кои сакат да се развијат слични на Создателот, постои свет. Свет тоа е "Олам", е разоткривање на светот што се разоткрива. Исто така Олама што значи скривање.
Взаемно во него постојат две сили. Едната сокрива, а другата разоткрива, во давање. Човекот расте во свет кој го разоткрива. Но, на таков начин, што овие две сили тој ги адаптира во себе. Во тој свет во кој тој може нив повторно да ги соедини во себе. Левата и десната сила.
Како на цртежов: Хесед-Гвура. Во средина добиваме Тиферет или Нецах-Ход, добиваме средно, Јесод. Така и во Возвишениот Свет. Силите кои се скриваат и силите кои се разоткриваат себеси. Десната и левата сила тој ги соединува правилно во себе.Тој го разоткрива тој свет, кој што се нарекува скриен и разоткриен.Таков е зборот Олам. И некако се случува, кога тој се чувствува како дете што расте до ниво на Татка си. Иако ние се наоѓаме овде, ние сме должни да израстеме до нивото на Татковците. Оваа состојба на Хесед - Гвура се нарекува Татковци. Хесед, Гвура,Тиферет. Ние сме должни да израснеме до тоа ниво. Затоа и се нарекуваме деца.
Затоа е и кажано во "Песна на Песните": "Златни подвезици ќе ти направиме тебе". Ние понатака ќе учиме за тие златни украси. Злато (Захав) доаѓа од зборот Зе-Хав. Понатака сето тоа ќе го разбереме.Тој говори златни подвезици ќе ти направиме.
Се зборува таму за девојка во “Песна на Песните“. Кој тоа го зборува? Тоа се деца, момчиња на светот. Ќе направат два златни Крува т.е злато. Ќе го претвориме целиот наш егоизам во Крува. "Крув"кој доаѓа од зборот "ЛеКарев". Вие знаете дека во храмот Ерусалимски бил ковчегот на заветот. На него биле две фигури, две Птици. Овие птици се нарекуваат Крувим.
Сето ова е алигорично раскажано, за да се приближиме до Создателот. Тоа може да го направиме преку Лит Кареф Алаф. Да се доближиш кон Него. Крувим е од зборот Каров, кој значи блиски.Така како и со Курбан, принесување на жртва, во превод, но означува доближување.
Тоа совршено не е тоа што ние си мислиме на нашиот обединет јазик. Затоа овие деца кои кажуваат дека златни подвезици ќе направат т.е тие сакаат да кажат за Создателот и неговото јавување наречено Хшина.
Ние ќе ти направиме златни подвезици т.е ние ќе те украсиме со својот егоизам кој ќе го претвориме во давање и љубов.Тоа тие го кажуваат додека се деца, при доближувањето кон таткото. Не само што ќе ти направиме златни подвезици туку два златни Крувим. Ние од овие две сили ќе се подигнеме кон тебе ќе ти се приближиме, и на таков начин ние со вас се воздигнуваме, душите, ние заедно, до степен на претците. Со ова подигнуваќи се кон целиот наш корен кој во нас се наоѓа.
Ние при тоа влегуваме во состојба наречена Шабат- исправување. За тоа ништо друго не треба да правиме. Затоа овој ден се нарекува ден на одмор, ден на полно соединување со Создателот. Ние со вас ја завршивме статијата. Јас не ги читав, но можете вие да ги прочитате точките 4,5,6.
Таму објаснува за механизмите, сфирот, нивоа. Тоа е она за што ние зборувавме, но со друг јазик, со друг стил.
Следниот пат ќе ја изучуваме статијата "Кој Го Создаде Ова?".7ма точка. Во неа ќе видиме колку е неопходен хебрејскиот јазик. Затоа што "Кој" е "МИ". Тој шаблон во духовниот свет кој се состои од две букви. Затоа така и се вика Кој го Создал Ова. Исто така второ својсво. Едно создава друго, а се нарекува “Кој Го Создаде Ова.“Во превод звучи сосема поинаку од тоа што кабалистите го чувствуваат. Како шема, а не како прашање. Еден објект, втор објект, и дејствието помеѓу нив. Едниот објект го создава другиот објект.
Прашања; Фреди од Москва: Зошто е кажано Ќе направиме човек, се мисли на множина, а не е кажано во еднина?
Одговор: Мој пријателе ти не разбираш ли руски, или сакаш на шпански да ти објаснам?Јас кажав дека Хесед и Гвура се две својства. Овие две својства го создаваат Човекот.Т оа се две линии а човекот е средната линија. Затоа се кажува ќе направиме човек. Затоа што се две својства. Или Создателот кој овде се наоѓа Кетер. Еве овде основата на сè. Тој со помош на овие две својства создава овде долу човек .
Прашање; Без месечината не би возникнал ли Човекот?
Одговор; Месечина во духовниот свет се нарекува својства на земјата, кои се јавува како посредница меѓу Земјата и Сонцето. Затоа се случуваат такви астрономски состојби. Ние не си претставуваме колку ние зависиме од месечината. Самите сме изградени физички и физеолошки во целост зависни од месечината. Вие знаете во што е тоа забележително? Особено кај женските посебни денови. Во поранешно време при појавување на полна месечина, кога човекот бил доста поврзан со природата. И денес постојат такви народи поврзани со неа. Жените во минатите поколенија, во древните времиња, секогаш имале посебни денови на полна месечина.Тоа не е просто така. А мажите, тие повеќе зависат од сонцето. Жените од месечината. Сето тоа силно се јавувало и кај жените и кај мажите. Но сега ние сме веќе мутација. Преокупирани со секакви информации..Но без влијанието на месечината не би постол светот и животот на земјата. Ние осознаваме во себе што е својството и силата на Природата.
Прашање: Створението се состои од 7 сфирот или ?
Одговор: Тоа се состои од 10 сфироти. Имаме: Кетер - Хохма - Бина - Даат -Хесед- Гвура -Тиферет - Нецах - Ход и Јесод и Малхут: Но Даат не се смета за сефир. Тоа е заедничко од Хокма и Бина. Затоа што Кетер не учествува во ништо.Тој само ги создава нивното заедничко соединение. Ни дава до знаење што е тоа Кетер. Се продуцира на нашиот свет.
Овие две, Хокма и Бина се својства Хесет и Гвура, кои во нашиот свет се како разбирање што прави Создателот,с е претставува како Тиферет. Во нашиот свет Тиферет го представува Создателот. Создателот, се мисли на нешто повозвишенио. Но во однос на нас овој дел, Тиферет го преставува Создателот.
Потоа за да влијае на нас се дели пак на две сили нарекуваќи се Нецах, Гвура, кои се собираат заедно во Јесод (Јозеф). Собирајќи ги и во однос на нас.Тоа е Малхут. Тоа сме ние. Ако сакаме ние да се воздигнеме кон Создателот, тогаш ние одиме во својството Јесод. Ова е својството Јосеф или Праведен:Тоа е кога човекот се воздигнува на ова ниво, кое се нарекува Праведен.
Тогаш тој ги добива својствата на Нецах и Ход. Ги прлагодува во себе и понатаму може уште да се воздигнува нагоре. Шемата е многу сложена. Но ние ќе говореме за неа цело време.Таа е една и сè е во неа. Ние со вас многу пати ќе се занимаваме со неа. Цело време ќе ја чуствуваме во себе,се подобро ќе ја изучуваме. Ќе престанеме да обрнуваме внимание на Хесед, Гвура,Тиферет и каде тие се наоѓаат. Ние тоа ќе го чуствуваме во себе. Тие ќе се појават во нас.