Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Буквите на Раби Амнон Саба“ - Дел 1

07.02.2010

Добар ден наши драги ученици, пријатели.Ние ве поздравуваме од нашиот центар, јас и Саша Козлов, подготвени сме за вашите прашања.Ние со вас продолжуваме денес, поточно ја започнуваме статијата која се нарекува "Букви". Во Зохар има многу статии за буквите и се разгледуваат од различни аспекти, т.е. симболите, кои ни ги пренесуваат семожните духовните аспекти, облици. Во нашиот свет тие се нарекуваат букви, затоа што ние го воспримаме само надворешниот дел.За тоа ние веќе зборувавме, а внатрешната состојба – што претставува буквата, каков инструмент е тоа, во кој се содржат вкусови, изрази,чувства, целиот свет, неговата структура, особини...Сето тоа ние го претставуваме во облик на букви, симболи, кои означуваат точно одредени, како што кажавме веќе, дваесет и два дела на појавување на Бина во нашиот свет.

Така што денес ние ќе почнеме да ги разгледуваме.
Т.е. во Тора ни е опишано целото појавување на Вишата светлина од Создателот во однос на суштествата. И ако ние целата книга, односно сите овие букви можеме да ги воспримиме, со нивна помош во себе да создадеме точно одреден сетилен орган за примање,согледување и да го наполниме со сето тоа што се наоѓа во тие букви, тогаш ние ќе излеземе на целосно ниво на спознавањето на целата Вселена. Ќе го достигнеме нивото на Создателот. За тоа ни е тој систем кој се нарекува Тора ( Тора = Ор= светлина, и Ора = упатство за примање на светлината) за тоа се' ни раскажува, во облик на овие букви.

Да почнеме денес.Ние веќе говоревме за ова и со оглед на вашите прашања уште за тоа ќе говориме и ќе појаснуваме. Освен тоа , како што реков, постојат многу други статии во Зохар за буквите, и постепено заедно со нас вие ќе ги изучувате на нашите предавања за Зохар, и од таму исто ќе можете да добиете дополнителна информација за буквите. Тоа е огромна тема која едноставно ни го открива обликот на пренесување на духовната информација а истовремено не само информацијата, како во нашиот свет, туку и силите со чија помош може да се влијае, за да со помош на буквите Создателот го создаде светот.Со помош на буквите тој управува со светот, и ние сме фактички, како материја, желба да се насладиме, токму конструирани од овие букви. Буквата е се'.

" Во почетокот рече Амнон: ( тој беше голем кабалист) во четирите први зборови на Тора, кои се " начелно создал Создателот "ет"."Беришит Бара Елоким Ет", двата први збора почнуваат од буквата Бет, следните два од буквата Алеф. Буквата Алеф се изговара како звук "а" и како "е" – затворен звук "а", отворен звук "е". Постои разлика и во тоа на каков начин да се изговараат, што значи да се отвори и да се затвори. Ние со вас веќе знаеме: Ако е тоа светлината Хохма, таа ни дава чувство на мрак, а ако ние од себе предизвикуваме светлина Хасадим, тогаш таа ја открива светлината Хохма, и така се појавува разликата во буквите. Можеме со вас да зборуваме за менување,инструмент за менување, како прекинувач.Кога од затворена состојба преминуваме во отворена состојба, од "а"во "е". Кога не ја зрачевме светлината Хасадим и го откривме распространувањето на светлината Хасадим, во таа мера во него се претвора светлината Хохма. Речено е: " Кога намислил Создателот да го создаде светот, сите букви сеуште беа скриени. И уште две илјади години пред создавањето на светот,( две илјади години тоа е цела фаза, цели десет сфироти, т.е. уште пред да започне слегувањето кон тие симболи) Создателот гледал во буквите и си играл со нив".

Така алегорично Зохар ни кажува, тука помеѓу овие поглавја, каде јас ги пишувам моите објаснувања, за тоа дека свет се нарекува се' што постои подоле од светот Ацилут. Постои свет на Бесконечноста, потоа светот Адам Кадмон, кој фактички е механизам за адаптација, и потоа светот Ацилут. Светот Ацилут претставува управување со се' што постои. А потоа световите Брија, Јецира и Асија. А потоа, во целосна одделеност од сето духовно – нашиот свет. Буквите се наоѓаат на нивото (тука се Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут) од средината на Бина и понатаму. Девет букви, девет и четири букви, и на оваа Парса се наоѓаат уште пет букви. Значи, дваесет и две основни и пет дополнителни, вкупно дваесет и седум букви. Зошто тие се наоѓаат од средината на Бина и понатаму, ние со вас говоревме, затоа што од средината на Бина и понатаму се одвива управување со световите Брија, Јецира и Асија, и со душите кои во нив постојат. Значи буквите претставуваат инструменти за управување со душите. Додека уште Создателот не го создал светот ( свет се нарекува скривање, олам, олама=скривање, се зборува за световите Брија, ова се нарекува свет). Затоа што световите Ацилут, А''К и посебно светот на Бесконечноста, во нив постои тотално целосна откриена светлина, затоа тие не се сметаат за светови, туку се сметаат за светлина. Значи, уште пред да почне Создателот да ги исправува, управува и ги создава овие светови Брија, Јецира и Асија, уште две илјади години пред тоа, Тој "си играл" со буквите. Т.е. Тој го создавал овој свет Ацилут. Две илјади- се мисли на целосен период, десет сфироти.
Светот Брија – во него постојат десет сфироти или две илјади скалила, светот Јецира – десет сфироти или две илјади скалила, светот Асија десет сфироти или две илјади скалила.

Затоа се вели шест ијади години на постоењето на светот, на овој свет, а потоа ние се искачуваме во светот Ацилут. Во седмиот милениум кој се нарекува сабота, не треба ништо да се исправа и се' се наоѓа во општо целосно мирување, затоа што се' е исправено. Две илјади години, светот Ацилут исто така се означува, Создателот се занимавал со тоа што навидум "играше" со буквите.Се мисли на тоа дека ги подготвувал, правел измени, односно вишата светлина избираше спрема себе соодветни особини, келим, преку кои би можел постепено да создаде со своето скратување таква состојба на душите и нивното опкружување, световите, за да им даде можност на тие души потоа самостојно Него да го достигнуваат.

Одиме веднаш на 23 поглавје. Јас читам: " Кога Создателот намислил да го создаде светот, дојдоа кај Него сите букви на aзбуката". Односно сите овие келим, инструменти, преку кои на крај треба да се влијае врз светот. Но дојдоа по обратен редослед – од последната до првата". Зошто по обратен редослед? Ние со вас изучуваме, дека постои прав ( директен) редослед – тоа е распространувањето на светлината, а, б, ц, д, да речеме, ако зборуваме за латиница, не е важно за каква азбука.Но создавањето на садовите – келим, соодветни на светлината, тоа оди по обратен редослед – одоздола нагоре. Како што постојат десет сфироти на правата (директна)светлина и десет сфироти на обратната( одразената) светлина, која се одразува од Малхут. Бидејки ако ние зборуваме за создавање на келим, создавањето на душите, тогаш е нормално дека градењето може да започне од последната фаза, а не од првата. Освен тоа, ако ние зборуваме за правилната градба, за правилниот поредок и приод кон создавањето, тогаш завршниот облик мора да биде секогаш во почетокот. И тој треба да одредува што правам во секоја фаза, посебно во почетокот – од што почнувам и каква насока давам со своето делување.


Затоа постои почеток на буквите –од буквата Алеф, Бет,и т.н. а завршува со последната буква која се нарекува Тав. А постои и обратен редослед, кога од буквата Тав одат во по таков редослед до Алеф, Бет. Прва влезе буквата Тав ( оваа последна буква, така се означува) и рекла:" Владетел на светот! Добро ќе ти прилега да го изградиш со мене, со моите особини светот. Затоа што јас сум печат на прстенот Твој, наречен Вистина ( Емет) кој завршува на буквата Тав, и затоа Ти самиот се нарекуваш Вистина и затоа ти прилега да го почнеш создавањето на светот од мојата буква Тав и со нејзините особини да го создадеш светот".

Што значи со нејзините особини да го создаде светот? Да се положат во основата на целата творба особините на буквата Тав. Тав е последната буква, односно ако разгледаме, буквата Алеф е прва, а буквата Тав е тука, последна. И преку неа се одвива влијанието врз душите. Преку овој систем. Потоа со вас ќе изучуваме што означува секоја буква, колку во неа има елементи на примање, давање, секакви особини, целиот комплет на тоа што постои во нашиот свет- сите особини, сите карактери, сите пројавувања на сите сили.Сето тоа го има во секоја буква, само во различна комбинација меѓу нив. Затоа секоја буква има своја соодветна одредена контура, зависно од комбинацијата на особините. Знаеме дека вкупно кај нас постојат шестотини и тринаесет особини, и тие обрзувачки мора да постојат во секој елемент од суштеството, инаку не би постоело, но тие 613 особини во секого од нас се наоѓаат во различна комбинација. И затоа сите ние сме различни. Исто така и буквите. Кај нив постојат тие 613 особини во своите одредени, би рекол, строго утврдени состојби, кои ги има само дваесет и две. И иако комбинациите на 613 особини може да бидат бесконечни, затоа што секој, не само што се преместува со другиот, туку се менува и на нивото меѓу нив. Односно постојат меѓу нив нивоа.

Секоја желба може да биде поголема или помала.Секоја желба може да се соединува со другите во различни пропорции повеќе или помалку, но фиксни комбинации, одередени шаблони, преку кои точно одредено Создателот ја праќа својата светлина и тој на одреден начин става печат во нашиот свет, ги има само дваесет и два. Значи оваа буква постави барање со нејзините особини да се создаде светот. И фактички, бидејки таа е најблиска буква до нас, тогаш има соодветни особини за да влијае врз нас. Освен тоа, таа ја завршува особината Емет= Вистина, Правда, т.е. таа е завршна, става печат на таа особина. А тоа е најважната особина на Создателот – Вистина, Правда, Емет. Првата буква е Алеф, последна е Тав, а во средина буквата Мем.

Буквата Мем е Бина. Излегува дека навидум е добро – има прва буква, последна буква и особината на Бина, особината на давање меѓу нив . Во принцип буквата Тав со право претендираше со неа да биде создаден светот, но и било одговорено вака: "Доброто што го има во тебе во тој збор Емет, затоа што ти земаш учество во него – тоа е затоа што стоиш до буквата Мем, затоа што оваа буква Мем влијае врз тебе, преку тебе поминува особината на Бина и затоа ти навистина можеш позитивно да влијаеш врз душите.Но фактички сама за себе не си таква, да може со тебе да се создаваат светови". Колку има тука мои коментари! Каде е наредното поглавје? Не го гледаам воопшто...еве ние стигнавме до буквата Тав...еве го 24. замислете си ние со вас тука пропуштаме од 285 до 315 страница, 25 страници. Тоа се моите дополнувања, со таблици, што означува секоја буква, гематрии, и други добри работи, кои е добро да се знаат, но јас се надевам дека вие тоа ќе го направите како домашна задача. Значи, и кажал Создателот дека ти не можеш да послужиш како основа за создавање на светот, затоа што токму поради тоа што пред тебе се наоѓа особината на Бина, особината на давање, таа те омекнува и преку тебе влијае. Но воопшто ти имаш врска со особината Смрт= Мавет.
Постои Емет, и постои Мавет. Исто буква Мем со која започнува, во принцип со особината на Бина, потоа буквата Вав и потоа буквата Тав. Погледајте по што само тие се разликуваат. По оваа буква и со мало преместување меѓу нив. Алеф и Вав. Тоа не се само букви, тоа се зборува за тоа како вие ги менувате каналите на телевизорот. Правите мало преместување во шемата и притоа се вклучува сосема друг канал, врска. Како да речеме стои воз на тркалото по кое што го вртат на кои колосеци сакаат да го пуштат, и по кој колосек ќе го пуштат, селекторот го преместува на различните колосеци. Исто и тука, замена на едната буква во зборот како да не преместува нас на сосема друг канал на добивање на светлината. И затоа оваа буква веднаш отпаѓа. Буквата Тав. Таа сама за себе кога се наоѓа, не може да биде таа сила, со чија сила може да постои свет. Што значи требувањето на буквата за со неа да биде создаден свет. Тоа значи во основа да се положат нејзините особини на таков начин, да светот може да постои целата негова состојба кога во негова се развива егоизмот, во текот на целото слегување на световите од светот Ацилут, Брија, Јецира, Асија во нашиот свет.

Потоа, во нашиот свет оваа огромна долга историја која ние ја поминуваме, и потоа искачувањето од нашиот свет, кое ние почнуваме сега со вас да го реализираме. Т.е. сите овие патишта, движења, причини и последици, управувањето со нас, предизвикувањето во нас на повратна реакција – сето тоа треба да се одвива со помош на таа особина, која се наоѓа во буквата. Сигурно со оваа особина на буквата Тав светот не може да биде создаден. Освен тоа таа сама за себе е последна, т.е. бидејки таа стои најблиску од сите, таа е најдолу од сите, таа е оддлечена од Бина, таа е многу материјална, груба сама за себе. Иако е неопходна за зборот Вистина, Правда, за особината која Создателот ја пројавува во светот од првата буква до последната буква и особината на Бина измеѓу. Но токму само во таква комбинација таа постои како корисен елемент.

Следната буква која дојде и побара со неа да биде создаден светот, е буквата Шин, буквата што и претходи на Тав." Дојде, застана пред Создателот буквата Шин и рекла:(таа е следната, таа е тука, како буква ш) "Создателу на светот со мене треба да се создава светот, затоа што со мене започнува твоето име Шадај"
Постои такво име – Шадај. Во што се состои ова име – Шадај? Ова име, особина, служи за тоа да се ограничи распространувањето на светлината Хохма да помине до светот Ацилут, и понатака да не се распространува. А подоле од Ацилут се распространува светлината која се нарекува Хасадим. А на средината од светот Јецира постои граница, забрана, за подоле од тоа светлината воопшто не се распространува. Затоа се нарекува Шадај, ша= до дај=доста, граница = до границата. Дај – значи доста, а ша е предлог, значи до границата, повеќе не смее. Значи тоа ограничување, кога светлината не смее повеќе да се распространува, т.е. зборува за чистотата на оваа особина, дека таа се грижи понатаму светлината да не се распространува. Оваа буква ја чува оваа особина, т.е. во целиот систем на Вселената постојат блокови на управување. Едниот блок управува со тоа, како например буквата Тав, која ја затвора целата слика, претходниот на неа блок, кој управува и се грижи светлината да се распространи само до ова место, до хазе на светот Јецира. До средината на светот Јецира. Хазе значи гради на нашето тело, исто така се нарекува и во нашиот свет." И одговорил Создателот:" Убава си, добра и праведна" затоа што буквата шин е многу важна буква. Таа ни кажува за трите линии на управување, што фактички е најважно во нашето духовно воздигнување."Но , вели Тој: "Во исто време ти учестуваш и во други свои комбинации, не во толку "свети", насочени кон давање и љубов. Како што се буквите, особините на зборот Шекер= Лага, те земаа тебе да бидеш со нив". Шекер се пишува – во почетокот Шин, потоа Куф и потоа Рејш. Тие се лоши букви. "Ти се наоѓаш во самиот почеток ( на хебрејски пишуваат оддесно налево, затоа што десно се смета главна особина, на давање, и затоа секогаш се започнува од десно) ти ја започнуваш оваа особина Шекер = Лага, и затоа со тебе не може да се создаде светот". "Не можам Јас со твоите особини да го создадам светот затоа што Шекер = Лага, постои само благодарение на тоа што буквите Куф и Рејш те земаа тебе". Т.е. во нивна комбинација ти се уште постоиш, а без нив не би можела да постоиш. Т.е.Создателот остро ги критикува овие букви.

Во принцип секоја од буквите, како што подоцна ќе се открие, има свој недостаток, затоа што секоја од буквите не може да ја опфати целата палета на овие особини кои нам ни се потребни во нашата егоистична желба постепено да ги апсорбираме, да се изразиме себеси преку овие особини на буквите, за да станеме слични на Создателот. Тоа не е можно само преку една, која било буква. Тоа е можно преку сите овие букви, но, како што ќе дознаеме подоцна постепено, дека во принцип станува збор за буквата која ја дава врската со Создателот. Затоа што сите овие букви, нивните комбинации ( подоцна ќе изучуваме каква е разликата помеѓу овие блокови Лага, Правда, Казна, Награда – тоа се цели блокови на управување со нас. Ние подоцна ќе ги разликуваме внатре во себе, во нашите особини, ние ќе чувствуваме како тие внатре во нас делуваат, овие особини, од каде тие се појавуваат, зошто токму така во нас се појавуваат. И повеќе од тоа, ние ќе ги чувствуваме нивните движења одоздола нагоре, т.е.какви количини на некои елементи , секакви киселини, белковини, и другото во нас, делуваат за да појавуваат во нас такви или инакви особини, чувства. Тоа ќе го чувствуваме низ целата материја.) а засега оваа особина. Вели Создателот исто не може да се земе предвид, затоа што иако ти се наоѓаш во зборот Шадај, т.е. ограничувачка, таа што ги чува душите да не ја земаат врз себе вишата светлина егоистичка.Но со истата особина е создадена Лагата, и да те искористиме не можеме." Добра си, но стоиш во почетокот на зборот Шекер = Лага, со буквите Куф и Рејш. Бидејки крадејки те овие букви ќе можат со твојата сила да создадат цел систем на нечисти сили на лагата и имитацијата на чистите сили". Т.е. Куф и Рејш – тие се многу тешки.

Ние потоа за нив ќе зборуваме, наскоро ќе стигнеме до нив, и тие се меѓу последните букви. Куф – е од зборот Коф = мајмун, кога човекот престанува да ја забележува разликата меѓу себе и животното. Тоа е олицетворение на мајмунот во нашиот свет, тоа преодна состојба помеѓу животното и човекот. а Рејш е буква која...потоа ќе ја изучуваме. Затоа, вели Создателот не можам јас со твоите особини да го создадам светот, бидејки против тебе постои нечист систем, кој се нарекува Шекер = Лага, невозможно е со тебе да се достигне целта на создавањето".
И еве стигнуваме до овие две букви Куф и Рејш.

Вели Зохар:Од погоре кажаното следува дека ако било кој сака да каже лага ќе успее во тоа, ако во почетокот ја каже вистината, како основа на која подоцна ќе порасне и ќе почнува да делува лагата. И тоа е затоа што буквата Шин е буква на Вистината во која се обединиле почетните елементи на создавањето кои се нарекуваат прататковци – Хесед, Гвура, Тиферет.Затоа што три линии во контурата на буквата Шин ( како ш руската), ги означуваат трите прататковци, кои се сфироти Хесед, Гвура, Тиферет. Односно зошто со таа буква не може да се служиме, иако таа реално пројавува виши особини кои постојат во неа, трите линии.Но после неа стојат две страшни букви Куф и Рејш, кои тие особини ги претвораат во лага. Што кажува Баал ХаСулам? Оваа буква Шин е добра сама за себе кога не би била поврзана некаде, некако, со буквите Куф и Рејш. Инаку, не може да работи системот кога се создава суштеството, и тој се спушта до најниското ниво, спротивно на Создателот, да не бидат испреплетени вистината и лагата, нечистотијата и чистотата на таков начин, да меѓусебно не можат да се разликуваат. Т

оа мора да биде токму на тој начин – напред се наоѓа многу силна особина – прататковци – Хесед, Гвура, Тиферет, највисоките особини на Создателот кои спрема нас се пројавуват, и после нив веднаш застануваат Куф и Рејш. И ние им веруваме на тие две особини затоа што во почетокот стојат правилни, добри особини на буквата Шин. На таков начин буквите Куф и Рејш целосно отпаѓаат и не претендираат со нив да биде создаден светот, затоа што тие постојат само благодарение на тоа, и тоа во форма на Лага, што пред нив стои буквата Шин, која наводно "го оправдува" нивното постоење. Затоа што ако тие би биле сами, со нив не би можеле да се служиме, а бидејки пред нив стои правилна особина на буквата Шин, со нив може да се служиме, затоа што буквата Шин не заведува, не привлекува со својата светлина.Но потоа ние се фаќаме во мрежата на нечистите сили на системот Куф и Рејш. И се создава зборот Лага – Шекер. Тоа е исто како јаболкото, со кое наводно Ева го заведе Адам и воопшто, сите лажливи привлечни особини започнуваат од надворешниот пријатен изглед.

Ова на сите нас од примерите во нашиот свет ни е разбирливо. – Има ли прашања? Би можеле да одговориме на неколку од нив.

- Марица од Чиле прашува: "Како да се добие светлина преку буквите што се во мене?"

- Тие што се во неа? Ако има веќе во неа букви, зошто прашува – нека добива! Буквите треба да се нацртани врз нас. Постои име на Создателот од четири букви, кое ги соединува во себе апсолутно сите букви, "јуд-хеј вав-хеј" т.е. како скратување на целата азбука.Но Тој се наоѓа внатре во овие букви, во разложена форма, Тој таму се наоѓа целиот. Воопшто, букви го нарекуваме појавувањето на Создателот спрема нас во нас самите. Затоа што ние претставуваме желба. Преку таков шаблон врз нас свети светлина. Во шаблонот се искроени букви, да речеме во металот, и свети светлина. Свети врз нас преку овие букви, преку нивните комбинации. Комбинација во едно време и во текот на времето. И на таков начин се случува влијанието одозгора врз нас. А тука постојат уште три слоја – Бина, З'А и Малхут, како што говоревме. И уште пет дополнителни букви. Вкупно дваесет и седум букви. Дваесет и две и пет завршни , кои влијаат врз нас. Сега, што се случува во нас? Тие влијаат- а ние не можеме да ги прочитаме. За да ги прочитаме, нам ни треба од својот материјал, оваа моја желба, (моја, твоја, не е важно, ова е се' заедничко).Треба во оваа желба , знаете како прават секакви тортички, колачи во секакви форми, фигури. Нам ни е потребно од секоја желба да "испечеме" буквички. И тие буквички под влијанието на вишата светлина да почнеме да си составуваме во правилни зборови – тоа значи да се изучува Тора. И кога ќе ги поставиме сите свои буквички од сите наши желби во правилен облик, ние ќе станеме слични на светлината. Ако Марица умее тоа да го прави, тогаш јас можам само да се радувам дека имам таква ученичка.

- Бари од САД прашува: " Буквите се во мене. Тогаш дали е лошо или добро дека веќе постојат, и зошто е различно влијанието од страна на Создателот?"

- Буквите се во мене? Каде тие во мене постојат? Тие во мене не постојат, мене ми е потребно да ги создадам. Јас сега имам егоистичка желба од која не можам ништо да оформам. Егоистичката желба е таква, од која не може да се замеси тесто. Тесто се нарекува брашното= егоизмот, заедно со водата=алтруизам, особина на давање, кои во правилна комбинација се мешаат меѓу себе, сложувајки се од него нешто да се "испече". Да се "испече" – значи од него да се направи леб, земички, не е важно што. Од него да се направи храна за човекот. Во почетокот постоеле зрната, зрната се храна на животните – магаре, коњ – тие се хранат со зрна. Тие не разбираат што значи леб. Ним тоа не им е потребно. Човекот треба сето тоа да го помине, "испече", тој треба да произведе од тоа со што може да се храни животното, тој треба да го крене тоа на ниво "леб". Тоа не е едноставно да се направи. За тоа ние треба да ги соочиме во себе двете спротивни особини и да "испечеме". Тоа не е едноставна работа. Но со тоа ние се занимаваме.

-Џес од Детроит прашува: "Можно ли е добивање на светлината без знаење на хебрејските букви?"

-Сигурно! Нема никакво значење дали го знаете вие тоа или не.Само за општ напредок, не гледајте на тоа како на букви.Јас веќе ви реков, гледајте на тоа како на сообраќајни знаци. Вие сте должни да ги знаете, едноставно нивните комбинации за приближно да имате претстава, а потоа ќе разбирате. Бидејки тие се создадени не случајно – посакал некој и нацртал буква. Туку видувањето на комбинацијата на желбата за примање и желбата за давање, комбинацијата на овие две особини ни ја дава структурата на оваа буква. И затоа не може да постои друг облик. Ако ние со вас, ја немам тука книгата, постојат секакви фонтови на буквите, но само тие кои што ги користиме сега откога печатењето се распространило, инаку буквите имаат најстрого одреден фонт,кој постои во текот на сите векови. И вие не можете таму ништо да промените. Т.е. ако доаѓа некоја буква, таа е на таков начин напишана.Значи дека така треба да биде напишана во сите нејзини особини. Уште одозгора можеби овие крунички, и т.н. поинаку вие како да ја искривувате комбинацијата на овие две основни сили, примање и давање, кои се комбинираат на таков начин во тој шаблон кој се нарекува букви и тоа веќе не претставува симбол.

Иако во печатењето ние се служиме со кој знае што, не е важно, но книгата Тора е напишана токму со таков текст, токму со такви букви. И затоа интересно беше, сретнувајки се после две илјади години, да речеме, кога се сретнуваа тука во Израел луѓето кои доѓаа од различни земји, апсолутно неповрзани едни со други во текот на две илјади години, тогаш излезе дека законот на пишувањето и текстот се потполно идентични. И денес ако отвораме некој древен ракопис во Кумран, во пештерите на Мртвото море, во Мосад, ние се уверуваме дека тоа е потполно истиот текст. Односно апсолутно исто цртање на буквите. Затоа што на таков начин ние ја изразуваме симболиката на вишите сили. Тоа не се букви. Но намерно да се запомнуваат не треба, тоа ние постепено некако ќе го дознаеме. Има уште некое сериозно прашање?

-Не знам колку е сериозно...Марсел од Минхен и уште неколкумина прашуваат: "Како е поврзано пишувањето на името на човекот, буквите, и означува ли нешто самото име на човекот? Има ли духовно значење?"

-Ова не е едноставно прашање, како ве нарекоа мајката и таткото. Или некој друг, кумот, не знам кој. Работата е во тоа што од една страна – ги нарекоа така кучето, мачето, зајачето или друго животинче, го нарекоа – кој е тој? Никој! Тоа е форма на постоење на белковинска материја, нашиот живот. Од друга страна ние треба да разбереме, дека ништо во нашиот свет не е случајно. Задолжително постои причина и последица, но не постои ништо само од себе да се случи од ништо. Не, ние се наоѓаме во систем на силите, невозможно е во оваа затворена природа нешто да е случајно. Случајно е тоа што ние не знаеме, произволно – тоа ние не разбираме, не гледаме, затоа така зборуваме. Затоа, ако на вашите родители, роднини, им текнало да ве наречат така, значи за тоа постои не само некоја нивна случајна желба, туку така им било диктирано одозгора.Така беше претходно зацртано во програмата на создавањето, уште пред да се создаде овој свет и сите души.Нормално пред вие да се родите, после многу илјадници години од создавањето и т.н.Т.е. не се секирајте, вашето име не е случајно, дури ако сосетката и посоветувала на вашата мајка. Тоа сепак не е случајно.
Одиме понатаму. Следната буква која ни се открива, тоа е буквата Цадик, буквата ц. Само се пишува малку поинаку од руската, иако се гледа честопати во овие букви како по пат на некои промени, од една се добиваат другите. Буквата Цадик се пишува така. А буквата ц малку поинаку, само исто опавче и нешто такво, остра комбинација меѓу нив. Оваа буква ц = Цадик, таа е следна. Односно ние, ако почнуваме од крајот, ако цртам на хебрејски, цртам од крајот, значи – Тав, Шин, Рејш, Куф. Овие букви веќе беа, ние веќе ги поминавме. Следната буква која доаѓа е буквата Цадик. Да спомнам дека буквите имаат нумерично значење, уште со вас тоа ќе го изучуваме, тоа е многу важно – нумеричките значења. Тие означуваат моќноста на секоја буква. Колку во неа има наполнето егоизам, со чија помош таа сепак алтруистички делува. Да речеме, оваа буква сто, двеста, триста и четиристо. И затоа, ако да речеме пишуваме збор, да речеме Шекер = Лага, значи Шин – 300, Куф – 100, Рејш – 200. Значи 600. Тоа е соодветната тежина на оваа сила која се нарекува Шекер. Тоа е многу. Голема сила за нашиот свет. Јас од ова можам да почнам да делам на сфироти, светови,веќе можам да работам со ова како со дефинирана сила во една или друга насока. Можам да ја разложувам, затоа што тоа се десет сфироти, на делови, и т.н. И тука се појавува можноста да работам со нив. Притоа, кога јас велам Шин, јас изговарам ш, Шекер, ш, а буквата се нарекува Шин. Односно јас ја запишувам како Шин, на хебрејски тоа е ш, јут и нун. Т.е. тоа е буква која се состои од три внатре во себе, тоа е цела составна особина. Тогаш, ако е тоа составна особина внатре во себе, Шин, тогаш и тука можам да го наречам ова Шин, па Јуд, па Нун. Гледајте што излегува...излегуваат составните делови на сфиротите, кои се вклопуваат една во друга, и претставуваат веќе голем целосен систем на взаемни соединувања, склопувања, комбинации. Од тоа се составува цело поле, како во компјутерот, се составува поле на информацијата и потоа јас можам со делови на ова поле да управувам, работам со него. Ова е огромен интересен систем. За тој кој сака да се занимава со такви работи, математичари,тие што сакаат комбинаторика, тие што се занимаваат со системско управување, тука се отвора ...дури иако не разбираат ништо во духовното, самиот јазик, со кој е тоа опишано е многу интересен. Тој може да биде основа за вистинско, добро, правилно опишување на природата и од нашата страна, одоздола, дури и во техниката.
Има прашање?

-Ве прашува Теренс од Франција: " Навистина ли јас ги пишувам буквите внатре во себе, исто како што внате во себе јас морам да го изградам Создателот? И каков дел во оваа работа и припаѓа на групата?"

-Ништо не може да се напише сам. Ниту една особина во себе, ниту една. Затоа што секоја особина, како што говориме, таа е поврзана со многу други. И во мене и во другите тоа е апсолутно ист систем.Тој систем толку се испреплетува, што ниту еден од нас во својата душа не е ослободен од другите. И затоа секоја мала особина, промена, движење, се одразува апсолутно врз сите. Затоа само во таа мера во која ја с сум поврзан со сите, јас можам нешто да пишувам и на тоа ниво, на кое сум поврзан, мене ми се дава таа можност.Т.е. постојат 125 скалила на искачувањето, преку 5 основни.Искачувањето кон целосното соединување.И јас се наоѓам во оваа фаза, тука, таа е мојата духовна состојба. Значи постојат во мене 22 + 5 , вкупно 27 букви на азбуката, и јас во нив постојам. Но на кое ниво јас постојам со сите? На ова ниво, на оваа големина јас можам да вршам некои духовни дејства и тие ќе влијаат врз другите. Јасно, како дете, мал човек, голем или огромен по својата важност и влијание, човек во светот. Но кај секој од нив постои можност да контактира со останатите. Во духовниот свет само кај оние, кај кои постои овој комплет од 27 внатрешни инструменти, тој може да постои. А на кое ниво да постои – тоа зависи од неговиот екран. Ова е нашиот екран- 125 нивоа на екранот. Добро, ајде уште прашања.

-Ни поставија едно прашање, какво што можеа да ни постават десетици групи што ги гледаме на екраните. Преполни сали. Не прашуваат момчињата од Краснојарск, каде што се собираат десетици луѓе сега во неделите на часови по Зохар, на вашите предавања, и сигурно тоа може да го прашаат од Берлин и многу други групи...
-Краснојарск, гледај колку сибирци, кај нив е многу ладно, не е како кај нас...

- " Со што се оправдуваат напорите и дали се оправдани, на ладно време луѓето сепак да треба да се соберат во еден центар заедно да го слушаат ова предавање?"

-Тоа е многу важно, момчиња, немате претстава. Кога вие се собирате заедно, напијте се, каснете, послушајте го Зохар.Присуствувајте со нас заедно на нашето заедничко светско собрание на пријателите, тоа е најважното – врската меѓу нас. Од неа вие ќе почнете да разбирате, т.е. техниката може да се прочита од книгите, можете да ја слушате, но тоа е техника, а таа нема да се наоѓа внатре во вас. Да почнете внатре во себе да ја откривате можете само преку врската меѓу нас. Еве голема група од Санкт Петерсбург.Затоа, не постои друга можност да почнеме да го чувствуваме вишиот свет освен преку врската. Гледај, Белорусија- Минск, Лондон, Екатеринбург, зошто се два Екатеринбург...- од градот Заресник, близу Екаринбург, и многу други, Киев...
-Само преку врската меѓу нас, затоа што желбата мора да биде заедничка. Тогаш во светот на заедничката желба, во него се открива Создателот, во ништо друго. Зошто велиме во мера на екранот? Затоа што екранот му го покажува на светот моето соединување со останатите. Екранот покажува во која мера јас можам да се кренам над својот егоизам, за да се поврзам со другите. И затоа ние мериме во мерата на екранот, над егоизмот, т.е. колку е повеќе егоизмот и колку е поголем екранот, толку поголема врска јас можам да имам со другите, толку во поголемо постигнување во нашето заедничко кли јас со вас се наоѓам. И затоа не можеме ние да создаваме во себе садови, воспримања, инструменти на воспримањето – буквите, ако ние нема да бидеме поврзани едни со други. Секој човек во себе никако не може тоа да го стори. Никако. Искачувањето над егоизмот може да се случи само таму, каде што тој егоизам се создал, каде што се скинала врската помеѓу нас, се случи разбивање. Ни треба токму обединување помеѓу сите нас, не го заборавајте тоа!

Јас мислам дека преку тоа ние со вас ќе почнеме да чувствуваме, како прво. Како второ, зошто Зохар? Затоа што е извор на влијанието на вишата сила. Тој е на таков начин создаден, напишан е на таков начин, што иако ти ништо не разбираш, ништо не знаеш, седиш како дрво, но тоа сепак делува врз тебе. Едноставно делува. Јас денес добивам одзиви од целиот свет, од луѓе кои го слушаат во превод од разни јазици. Преводите не се секогаш добри, лесни, но луѓето ми пишуваат за тоа какви промени тие притоа чувствуваат. Нормално дека и во тоа постојат варирања, бранувања, ќе има падови, искачувања...Но сепак ние со вас сега почнавме да го изучуваме најотворениот,живописен и силен извор на духовна информација со духовно влијание. Така што ајде само заедно да се обединиме за тој да делува врз нас.Тој делува само во мера на обединувањето меѓу нас, во толкава мера се пројавува неговото влијание врз нас. И ние со вас ќе ја достигнеме таа цел, која толку посакуваме да ја достигнеме! Останете со здравје, до гледање!

Лекција бр. 15 „Буквите на Раби Амнон Саба“ дел 2

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica