14.03.2010
Добар ден, драги пријатели! Ве поздравувам сите на редовното виртуелно предавање. Вие знаете дека стана добра традиција во сите наши центри и во интернетот да се спроведуваат во недела наши меѓусебни изучувања, опширни, за светското кли. Сега се вклучува кај нас цела неделна програма која се емитува на многу јазици. По израелско време, обично во недела, како денес, во 15 часот попладне - тоа е час за подготовка кон Книгата Зохар. Тука беа , мислам дека денес беше Миша Конопољскиј, следниот пат ќе биде некој друг сигурно, најискусните наши предавачи. Понатаму, од 16 до 17 часот по наше време, се емитува мојот виртуелен час, потоа пауза половина час, и од 17.30 до 18.15, четириесет и пет минути, се емитува мојот час со децата, исто може да го погледаат и возрасните, а потоа, веќе во 18.45 светски собир на пријателите, и потоа во 20.00 навечер – часот за групна работа за целото светско кли. Вие мора да го следите распоредот, затоа што може на некој начин да се промени, или кај вас ќе постои друго време, сега се планира преминување кон летното време, можеби кај нас, можеби кај вас, можеби и кај нас заедно, но во принцип, овие часови од 15 до 21 секоја недела, ние сме заедно и го спроведуваме во тоа време нашето изучување. Вие истовремено можете да си организирате некоја трпеза, мала, во паузите, затоа што од 17 до 17.30 има пауза, помеѓу мојот час и мојот час за децата, и потоа уште пола час пауза од 18.15 до 18.45 помеѓу часот за децата и светскиот собир на пријателите, така што може да се напиете и да каснете.
Освен тоа, во недела точно после две недели, на 28 март, односно после две недели во недела, истовремено во десетици центри во нашиот свет – Северна, Јужна Америка, Европа, Русија, Украина, Белорусија, Казахстан, Молдова, Балтија и исто така виртуелната група, односно освен нашите центри и тие членови кои се расфрлани по виртуелниот простор, ќе се случи средба, со поканување на голем број луѓе,- тоа ќе биде вечер на заедништво под мотото " Го отвораме Зохар". Оваа вечер се спроведува по примерот и под впечатоците на вечерите на заедништво и светскиот конгрес, кој ние тука успешно го спроведовме.Таа средба фактички ќе биде една од средбите, на која ние ќе се обидуваме и не само да се обидуваме, туку реално ќе создаваме внатре во себе огромна сила, благодарение на која ние ќе можеме да го поткренеме светот кон негово исправување. Да почувствува секој во секој крај на светот дека постои такво средство кое ќе не направи нас, нашиот свет подобар, и ќе не крене на сосема поинакво ниво на постоење. Така што со сето ова ние со вас се занимаваме во недела навечер, во ова време.
А сега ние продолжуваме со нашата програма, нашата статија "Букви", и буквата која треба да ја изучиме. Започнуваме со буквата Ајн. Ние знаеме дека буквите ги изучуваме по обратен редослед, од последната до првата. Зошто? Затоа што во принцип ние се наоѓаме под состојбата која се нарекува Парса, тука се световите Брија, Јецира , Асија.Во овие светови постоиме ние, нашите души, неисправени души, кога ние викаме " спасете ги нашите души" тоа значи дека ние посакуваме да ги кренеме во светот Ацилут. Ацилут тој се нарекува од зборот ецло= кај Него, т.е. тоа е светот на Создателот. И тука, од овој свет на Создателот врз нас делуваат буквите, делуваат четири букви – Куф, Рејш, Шин, Тав,- ние со вас ги изучувавме, а потоа ние ги изучувавме Цадик, Пеј, и денес ние со вас ќе ја изучуваме буквата Ајн.
Гледајте колку ние со вас поминавме досега букви, овие букви во Малхут, а ови букви почнуваат во З'А на светот Ацилут. Значи тука се девет букви – во Малхут четири букви, во З'А девет букви. И уште девет букви ќе имаме во Бина на светот Ацилут. Значи, по што е интересна буквата Ајн? Тоа е буква која ја олицетворува со себе Бина, т.е. состојбата на давање, скромност, затвореност, смиреност – тоа е добар збор. Смиреност. Кроткост. Тоа е таква буква. И ние со вас можеме да се запрашаме – зошто постојат во хебрејскиот, иако нема самогласки, постојат 22 букви? Можело да се направат многу помалку. Да речеме, буквата Т е таква и Т е ваква. Буквата Куф таква и буквата Куф ваква. Буквата Аин таква и буква Аин ваква. И т.н. постојат многу парни букви.Но зошто се тие потребни? Да се скратува азбуката ( хебрејската е многу скратена азбука) тогаш да се скрати повеќе. Но работата е во тоа што ние не можеме тоа да го сториме, зошто секоја буква олицетворува со себе една духовна сила, и затоа ние не можеме слободно нив да ги скратуваме. А освен тоа постои разлика, да речеме буквата Алеф и буквата Аин. Алеф е буква која од својата извонредност напротив се стреми да се возвиши, а Аин од својата извонредност се стреми да се понижи. Ние гледаме дека има такви особини како во чевекот, двојни – тие се пробудуваат и на различен начин така себе се пројавуваат. Или наизменично, од една иста особина наеднаш како се појавува Алеф, во возвишување, во движење напред, а понекогаш обратно – другата, спротивната страна Аин – смиреност, кроткост и т.н.
Значи, зошто со буквата Аин да не се создаде светот? Затоа што од неа не поминува многу светлина надолу. Таа е цела затворена, таа се скрива, а кога би се открила во однос на вишиот свет, веднаш би и се залепиле нашите нечисти егоистички желби, и би сакале да ја искористат оваа кроткост, смиреност, скромност во свои сили, во свои интереси. Затоа оваа кроткост, смиреност и скромност мора да биде скриена внатре, да нема контакт со нашите разбиени души.Само после, кога ние постепено се искачуваме во светот Ацилут, ние веќе ја користиме таа буква. Затоа Создателот не ја користи, но ни објаснува Книгата Зохар за тие особини, на буквата Аин. Во смисла на кои сфироти тоа се однесува и зошто се залепуваат токму на неа нечистите сили. Оваа буква претставува Ход во парцуфот на З'А од светот Ацилут. Затоа што, ако е ова Малхут, Јесод ,а ова е Ход. Така одоздола нагоре се сметаат сфиротите. Кетер, Хохма, Бина, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут. Тогаш, ако ние веќе одиме напред, тогаш Нецах, што е соодветно на неа? На Нецах е соодветна буквата Самех. Освен тоа, секоја буква, таа има свое нумеричко значење, и затоа, ако буквата Аин го означува со себе целото скалило, 70 е нејзиното нумеричко значење.
Тогаш буквата Самех, Нецах, таа е многу интересна буква, основоположник на развитокот на суштеството. Зошто? Застана пред Создателот буквата Самех и рече: "Создателе на светот, добро е со моите особини да се создаде светот, затоа што во мене се содржи Смеха - поддршка за паднатите" И одговорил Создателот: "Затоа си неопходна на своето место и не се тргај од него. Но ако се помрднеш од твоето место, тогаш ќе ја изгубиш таа поддршка, која ја добиваат во тебе тие кои се искачуваат, кои се потпират на твоите особини".
Односно душите кога се искачуваат одоздола нагоре, кога тие ја достигнуваат оваа особина, Самех, тогаш тие добиваат од таа особина, од сфира Нецах, многу сериозна поддршка – тоа е сфира на Мојсеј. Односно човекот започнува на тоа ниво да се чувствува себеси порвзан со силата, која веќе го води напред. Во што се изразува конкретна таа сила? Во тоа што е затворена, исто како обликот на оваа буква. Овој облик на буквата Самех – еве јас овде ќе ја нацртам – таа олицетворува со себе било каков затворен заштитен простор, кој,...тука има вакво репче горе, за да се излезе од овој простор. А фактички таа изгледа вака. Таа понекогаш како да се стреми кон покоцкаста состојба, а понекогаш кон кружна состојба. Односно навистина постои таква овална состојба, кај буквата Самех, а постои и таква коцкаста состојба. Таа се пишува со Јуд како обратен, потоа Рејш, која ние ја изучувавме, буквата Рејш, еве ја тука, и потоа уште обратна буква Рејш, ваков тип.
Значи постојат многу облици на пишување, во зависност од тоа за која особина, или за кое пројавување на таа особина на буквата Самех ние зборуваме и каде таа се пројавува себеси како поддржувачка особина за душите кои влегуваат во неа. Душата која навлегува во буквата Самех , таа влегува во неа како во матката на мајката. Како во ковчег на заветот, во ковчегот на Ное. Односно во апсолутно затворен простор, внатре во кој делуваат сили и кога човекот ( се мисли на душа), човекот со својата душа влегува во таа состојба, тогаш тој ја добива таа заштита одозгора, која го развива под услов дека тој е таму, внатре. Тој таму е подготвен за постоење како ембрион во утробата на мајката, т.е. тој целосно се поништува себеси, подготвен е на никаков начин да не се пројавува, за таа буква, таа особина него да го развива. И тогаш таа него го развива. Во текот на деветте месеци, девет сфироти цели тој ги добива таму и потоа во Малхут, во десеттата сфирота се раѓа надвор преку ова мало опавче, кое постои кај оваа буква Самех. Кога тој израснува од неа, тој од неа излегува. Тој се превртува, таа буква самата се превртува, т.е. тој се превртува долу со главата, го губи целото свое претходно скалило и се раѓа. Буквата Самех тоа е сфира Тиферет во З'А, т.е. Бина во телото на З'А, ако ние ќе ја сметаме...
Бина се дели на два дела – горен и долен дел, Гар и Зад и токму долниот дел ја раѓа оваа особина, т.е. горниот дел станува соодветен на возрасен парцуф, силен, возрасен, а долниот дел на тој парцуф е наменет за развивање на веќе следен парцуф. Односно како и возрасна жена, развиена, таа постои сама за себе, и во неа постои систем кој е наменет за развиток на следната состојба. Затоа оваа особина треба да остане на местото, не може таа да го напушти своето место и затоа Создателот со оваа особина не може да го создаде светот. Т.е. тој не може да ја спушти на ниеден начин долу, не може да ја крене горе, таа мора да стои токму на таа граница до која може да стигне со своите сили душата, и потоа да влезе во таа особина на Бина, и со нејзина помош да се искачува понатаму. Следната буква...значи, оваа 60, оваа 70, 80, 90, 100, 200, 300, 400...вие ги знаете овие, дури имате и таблици.
А сега буквата која ја олицетворува буквата Нун, особина 50. Буквата Нун е интересна буква. Му вели таа на Создателот: "Добро е со мене да се изгради светот, затоа што со мене е напишан Норат Тхилот, т.е. велика буква, велико пофалување, велики праведници излегуваат од оваа буква. Буквата Нун = 50. Таа во реалност е многу совршена буква, затоа што нејзините особини-50- тоа ги олицетворуваат сите 5 особини на секоја душа. Кетер, Хохма, Бина, З'А, Малхут, 5 сфироти по 10 во секоја – тоа се 50. 50 врати на душата, или 50 врати на Бина. Нун ја олицетворува чистата Бина со себе. Бина е од зборот АВАНА – постигнување, од зборот осознавање, развиток, анализа, т.е. тоа е особина со чија помош човекот постанува. Негово постанување се случува со оваа особина. Но, и рекол Создателот: " Врати се на своето место, буква Нун, затоа што за тебе се врати буквата Самех на своето место. Затоа што вие не можете да бидете посебно".
Овој горен дел Нун – тоа е горна, женска особина кога, тоа е особината на Бина самостојно, сама по себе постои, а долната особина на Бина – тоа е Самех, која постои како матка за развитокот на ембрионот, за развитокот на следната состојба на парцуфот. И затоа тие не можат да бидат една без друга, тие така заедно двете и постојат. Овие две букви, меѓусебно се поддржуваат. Затоа не може буквата Нун без Самех и Самех без Нун. И со тоа со нив завршува разговорот.
Следната буква е буквата Мем. Буквата 40, нумеричкото знаење, Мем, како и сите букви е посебна, по што е посебна – рекла таа вака: "Создателе на светот! Добро е со мене да се создаде свет зошто по мене се нарекува Мелех - цар. Односно особината на буквата Мем – тоа е посебна особина. Тоа е особина – целата светлина на творбата поминува преку неа. Затоа по неа се нарекува зборот Мелех- цар. Односно Создателот преку неа ја пропушта целата светлина одозгора. И затоа Тој не може со нејзините особини да го создаде светот, т.е. тој не може да направи така да оваа буква Мем почне да свети надолу, и таа светлина, со која таа ќе свети, таа би послужила како светлина за правилниот развиток на душите. Т.е. ние во крајна мера сега со вас поминуваме толку букви, ние гледаме дека сите тие мора да бидат на своите места, дури никакви преместувања помеѓу нив овде не се можни. Јас само набрзина ова ви го објаснувам, овде постојат многу текстови внатре, јас се надевам дека вие некогаш ќе го прочитате. Значи Мем, бидејки преку неа поминува целата огромна сила на светлината Хохма, таа не може да управува со душите, затоа што за душите е потребна светлината на исправувањето а не светлината на наполнувањето, што е особина буквата Мем.
Исто и буквата Ламед не може да биде...која доаѓа како следна, 30-ка, не може да биде заедно со неа, затоа што двете учествуваат, буквата Ламед и буквата Мем, во обликувањето на тој поим – цар, т.е. во обликувањето на особината кој ја претставува целата светлина која слегува надолу врз суштеството. Така што овие две букви исто отпаднаа.
И се појавува друга буква кај нас, буквата Хаф, 20. буквата Хаф означува престол, столица, подножје, платформа, од која се обраќа кон душите вишото управување. И вели таа : " Создателе на светот! – му се обраќа таа на Создателот,- "достојна сум јас со своите особини да станам основа на светот, затоа што јас сум твоето величие. Преку мене ти го пропушташ целото свое управување. Тогаш слегла буквата Хаф од престолот на Создателот, кога слегла таа, затрепереле сите светови и самиот престол, и рекол Создателот – "Се' што се прави овде, ти треба да го правиш. Нема со тебе да создадам свет, врати се на своето место, бидејки само ако почнеш да се спушташ поблиску до суштествата, тогаш веднаш ќе се создадат меѓу нив огромни сили на истребување. Ти треба да бидеш на таква висина и од таква висина јас со тебе треба да управувам".
И последната буква од особините на З'А, тоа е буквата Јуд – 10. Буквата Јуд е многу посебна, затоа што таа го започнува откривањето на Создателот. Од неа започнува. Ние знаеме дека откривањето на Создателот почнува од коренот, тоа е светлината која ги создава четирите фази на светлината и токму светлината во првата фаза се обележува со буквата Јуд. Потоа Хеј, на таков начин таа се распространува, на десна страна и право, потоа Вав се распространува само како стапче, и следната буква повторно Хеј – на таков начин се распространува светлината. Значи, првата буква Јуд означува откривање на Создателот од страна на суштеството. Во првата фаза, ова е нулта фаза, токму во првата фаза Тој се открива. Затоа и вели Создателот "Не можам со тебе Јас да создадам свет, затоа што од тебе започнува фактички светот,но не завршува, затоа ти мора да се наоѓаш на неговиот почеток. И сите твои стремежи се кон Мене, ти си запишана во Моето име, и не смееме да те исклучам од Моето име". Т.е. обврзана е буквата Јуд, таа особина на откривање на Создателот – тоа мора да биде такво далечно, оддалечено од нас, за да токму од него, произлегувајки од оваа особина, од оваа оддалеченост да може Тој да управува со нас, и ние би имале слобода на вољата. Инаку ние воопшто би биле сите малечки животни. Би делувале инстинктивно под Него
.
Така ние со вас во рок од 15 минути го поминавме целиот овој систем што се нарекува З'А. Јас претходно погрешно го нацртав – тука се наоѓа тој, З'А. Тоа се девет букви, тие се основоположници во влијанието врз нас, буквите кои се наоѓаат над нив се премногу од нас оддалечени.Буквите кои се наоѓаат под нив се веќе поврзани со клипот, со нечистите сили, а овие букви спроведуваат врз нас правилно управување од Создателот. Понатаму, ние со вас стигнуваме до следната буква..
Саша има ли прашања?
-Да, има многу прашања. Еве прашање од групата од Лондон: "Зошто е толку важно за нас изучувањето на буквите?"
-Кога не ги изучувавме, сите викаа каде се буквите, кога ги изучуваме –на сите им здодеало. Јас ќе ви кажам во што е работата, драги мои! Што и да изучуваме со вас – се бргу ќе ви здодее. Затоа што ние го изучуваме системот, кој е премногу сложен, премногу интересен и премногу љубопитен. Но ние не го чувстуваме. Како е можно тоа? Јас приоѓам на... имам внуци на различна возраст, најмалиот има да речеме една и пол година. Да речеме сакам да го заинтересирам со нешто што е за деца на десетгодишна возраст. Тој тоа нема да го разбере, за него е тоа како празен звук, тој воопшто не те погледнува. Него го интересира само тоа што е соодветно на неговата возраст и т.н. Односно , ништо не може да се стори – постојат такви кабалистички извори во светот, кои треба ние со вас да ги изучуваме – не за тоа да ги разбираме, не затоа да им се восхитуваме, иако има нешто во тоа... Вие не можете да се замислите - тоа се складира во вас во некој систем, се создава системот на знаења, систем на чувствување, систем на перцепција, сосема поинаков, не таков каков што постои кај вас во нормален вид. И вие наеднаш постепено започнувате да се снаоѓате во тоа, како што детето непосредно почнува да се ориентира во нашиот свет. И не е важно дека јас нешто ви раскажав, а вие ништо не сте разбрале, или се' сте заборавиле.Сепак во тој момент кога јас ви го раскажувам тоа на некој начин беше со вас поврзано, тоа влијае врз вас. Дури, да го сакате вие тоа или не – вие тоа го впивате, проникнувате. И на тој начин човекот се развива, исто како и децата. Тие не разбираат што е и како е, но гледајки не нас, постоејки заедно со нас, тие се развиваат. Така и тука се случува.
Буквите се многу интересен систем за нас, затоа што преку буквите се изразуваат особините на Создателот, кои тој ги става врз нас. Буквите се како шаблони. Буквите се како симболи низ кои поминува вишата светлина, и на таков начин таа ги разгорува за нас, во нас, во нашето сеќавање, во нашата желба своите особини. Едноставно ги разгорува преку тие изрези на буквите, и затоа тие ни се потребни. Ние треба да се импресионираме од овие 22 и уште 5 завршни, 27 симболи, за да со нивна помош започнеме да ги сложуваме, минусираме, соединуваме своите особини и на таков начин да градиме од нив некоја сличност со Создателот. Ако ние ги земеме сите овие 27 особини кои ги означуваат буквите, и почнеме правилно меѓусебно да ги распоредуваме, тогаш ќе дојдеме до текстот на Тора, и ќе откриеме дека сме ја напишале сами по своја желба. Така е и речено: "напиши ја Тора врз своето срце". Срцето е желбата на човекот.
Односно кога ние ќе земеме, и во правилен распоред ќе почнеме својот заеднички егоизам да го обликуваме, со помош на светлината, кај нас ќе се добие текстот " Во почеток ги создал Создателот ..." и т.н. до самиот крај на таа книга, на таков начин ќе ни се наредат буквите. Во секој од нас. Односно буквите претставуваат печат, облици, со чија помош ние лепиме, се создаваме себеси, постојано исекуваме или издлабуваме во нашиот материјал облици се' повеќе и повеќе слични на Создателот. Не само надворешните, туку и внатрешните, обликување на внатрешните органи, нивните врски меѓу себе, нивната состојба, нивното движење, на сите нивоа, и т.н.Тоа е огромен организам, многу сложен, кои ние со вас мораме сами да го создадеме од своето купче ѓубре, простете ми! Од својот егоизам, кој претставува едно безлично купче. Од него ние мораме постепено, со помош на овие букви да започнеме да лепиме, обликуваме нешто и да го оживуваме овој пепел, ова неупотребливо, до состојба кога тој се раѓа од неживото во растително, животинско, во човек и во Создател, во следната фаза. И сето тоа само со помош на излепување со буквите, т.е. што значи јас вложувам некакви напори во тој мој безличен егоизам да извршам над него некое последователно дејство – јас влијаам врз него со буквата. Како што е речено: " Во почеток постоел зборот"- најпрво соединување на буквите меѓу себе, со буквите е создаден светот, со буквите се движи светот. Што значи дека светлината проаѓајки низ овие одредени облици, таа го исправува нашиот материјал.
Ние се уште тоа не го разбираме, но ние мора да ги изучуваме основите, а потоа ќе почнеме да разбираме како тоа функционира.Иако е ова здодевен материјал ако ти не знаеш за што да го употребиш, но верувајте ми, како буквите во нашето пишување- дали вие денес можете да се здобиете со некое знаење без познавање на азбуката? Така што ние ќе мораме и понатаму...ама ни остана уште малку, девет букви. Но отприлика да се инспирирате, особини, подалечни, поблиски до душите, подалечни , поблиски до Создателот. Буквите претставуваат спроведувачка алка, помеѓу Создателот кој стои горе во особина Гар Бина на светот Ацилут, и помеѓу нас кои се наоѓаме долу, под светот Ацилут. Ние мораме на некој начин со тоа нешто да правиме. Ние треба да составуваме врска помеѓу нас и Создателот. На кој начин да ја составуваме врската помеѓу нас? Само ако ние преку овие букви се поврзуваме со него. Уште?
-Има неколку прашања од Новосибирск, од Ерусалим: " Поврзано ли е пишувањето на буквите и нивното изговарање, и колку посилно човекот го чувствува воспримањето – таканареченото графичкото обележување на таа буква или звукот?"
– Тоа е уште посложен систем, тие го чепнаа изговорот. Изговорот веќе не е поврзан со обликот на буквите, туку со давањето на човекот или со гласот на Создателот. Тука постојат дополнителни врски, дополнителни канали на врските помеѓу нас. Помеѓу нас самите и помеѓу нас и Создателот и помеѓу Создателот и нас. Кога се вклучуваат внатрешните органи на човекот, т.е. кога човекот може да создаде во себе со помош на буквите во своето парче на желбата не само надворешниот облик, туку да почне да ги обликува внатрешните органи, садови, нервни ,секакви системи на поврзување, да ги активира во одредена поврзаност меѓу нив.Замислете, сето тоа ние мораме да го создадеме, да го направиме со помош на овие особини. Тогаш тој почнува да разбира на каков начин тој може да влијае на највисокото свое скалило врз Создателот. Тоа влијание се остварува со Збор, како што со Зборот на Создателот е создаден светот, така и човекот делува со зборот.
Што значи со зборот? Одвнатре од себе, преку особината Роах , воздух што се вели, во белите дробови, тој почнува од петте делови на белите дробови, во белите дробови постојат пет дела, тој започнува да го испушта воздухот преку посебен апарат, трахеја, потоа делот тука, од каде што зборува човекот, се нарекува "говоречки човек"Со тоа ние се разликуваме од животните, а целиот тој говор не се наоѓа во главата, туку тука, односно целиот наш систем се приклучува тука, кон особината на говоречкиот во нас. Кога ние го активираме тоа, од една страна со помош на мозокот, мислите, меморијата, апсолутно се' се приклучува во грлото, кон изворот на говорот. Тоа е од една страна, од друга страна тука работи целиот внатрешен систем, дишењето, и токму на врската помеѓу овие два системи се случува преобразувањето на буквите во звуци. Значи од пет делови, тоа зависи од кој дел на белите дробови излегува зукот, ние само не го разбираме тоа, тој поминува преку грлото.Ние со вас ќе изучуваме, во Зохар има многу материјал за гласните жици, на кој начин тие се изградени, како ние управуваме со нив.Зошто токму така ние ги пренесуваме своите чувства и своите врски со другите , зошто преку овој орган, зошто се создал и токму тој е врската помеѓу нас. Потоа тоа се' поминува во устата и кај нас се создаваат 5 различни групи на звуци, непчани, забни, јазични, образни, кратко речено 5 делови на буквите, 5 особини. И потоа тие звуци излегуваат од мене, т.е. звукот ја носи најскриената тајна, внатрешна информација.
Постои многу голема разлика помеѓу звукот што го произнесува жив човек, звукот кој вие го слушате преку некои системи, апаратура, звукот кој бил снимен преку тие исти системи и апаратури, да речеме тој се повторува, тоа има многу големо значење, звук преку превод и т.н. понатаму овој звук доаѓа во увото. Зошто во увото? Што врска има тука увото? Кога би доаѓал во ист таков инструмент, а тој доаѓа во сосема инаков оддел. А после таму исто цел еден систем, исто ќе го изучуваме потоа. Кратко речено, системот на поврзување меѓу нас е многу сложен. Произлегува тој, нормално не треба да обрнуваме внимание на целата наша физиологија, таа е само за тоа да разбереме колку во принцип не се едноставни овие врски во нас.
Буквите, од една страна нивното пишување, од друга страна нивното звучење и предавањето и нивното воспримање, тоа гради пред нас апсолутно друг свет на врските. Апсолутно поинаква врска. Дури не знам, тоа е море на информации... но работата е во тоа, дека ние не треба да ја знаеме, кабалата не е направена така, за да ние го знаеме тоа, нам ни треба да се обидеме со тоа да стапиме во контакт. Да се обидеме со тоа да стапиме во контакт, во врска, и тогаш тоа врз нас ќе дествува, и непосредно од себе јас наеднаш ќе почнам да чувствувам:Јас зборувам со некои други делови на белите дробови, вклучувам во себе некои други делови на трахејата и грлото, се вклучуваат различни гласни жици, доаѓаат овде и на некој начин ги активираат нервите завршетоци, се рашируваат и се стеснуваат и го предаваат понатаму својот притисок. Од воздухот се создаваат звуци, од звуците се создават семожни чувства, т.е. сето тоа ние ќе почнеме да го чувствуваме непосредно.Дури не познавајки го нашиот внатрешен систем – него ќе го дознаеме по мера на примената на овие звуци. Ќе одиме понатаму, или?
-Огромен број прашања за буквите и за звуците. Еве за буквите...Павел од Московскиот центар прашува: "Поврзани ли се движењата во пишувањето на линиите буквите со десната и левата линија?"
-Со десната и левата линија се поврзани сигурно, затоа што се' што произлегло непосредно од Аврам, бидејки тој е десната сефира Хесед, тогаш доаѓа од десната страна. И сите светски азбуки од десната страна, тие произлегуваат од него – арабската, еврејската, акацката, арамејската – сите произлегле од десниот дел. Сите леви делови произлегуваат од Исав и затоа тие почнуваат од лево надесно. Исто така постојат одозгора надолу, одоздола нагоре, кружно писмо и т.н., тоа се може да се објасни. Понатаму.
-Риган од Сант Луис прашува: "Во што е разлика на пишувањето на буквата Самех и Мем завршни? И како тоа се пријавува во нивните особини?"
-Самех и Мем конечна. – Самех нема завршна буква, само Мем.
-Да, во што се разликува пишувањето на буквата Самех од завршната Мем
-Самех е кружна буква. Најважното во неа, дека е кружна буква. Таа претставува апсолутно совршена особина. А Мем ја претставува матката во која се развива ембрионот. Како човек што сака да навлезе во некоја област, за да се сочува, да се запази себеси од влијанието на своите внатрешни зли сили, тој мора да навлезе во особината Мем, особината на Бина, и на таков начин да се огради себеси внатре во таа особина, од надворешните зли сили. Надворешни во однос на него, тоа се негови сили, само во тој случај тие нема да влијаат врз него. А кога веќе тој ќе може да се крене себеси над нив, тогаш веќе тој може да ја достигне особината на Самех. Самех е совршенство. Мем не е твое совршенство, тоа е совршенство на вишото, внатре во кое ти можеш да се сокриеш. Уште?
-Да. Миша од Подмосковје прашува: " Дали по гласот на човекот може да се одреди нивото на духовниот развиток?"
-Е па деца, навистина преувеличувате, ние не се наоѓаме на такво ниво. Јас не можам, не, никако. Малечко човече што духовно ниво поседува, а ако е некој сериозен кабалист, ако посака да се открие себеси, тогаш ќе се открие. Ако не сака, никако не можеш да го препознаеш. Никако. Општо земено, ако човекот посака, никој нема да го открие. Тој се крие од надворешните влијанија, негодувања секакви, внатре во таа буква Мем или Самех – и толку. Ти не можеш ништо да сториш. Понатаму.
-Јосиф од Питер прашува: "Какво значење има редоследот на буквите во Тора?"
– Постојат многу различни преместувања на буквите, кога тие одат не едноставно по азбуката, туку кога тие...најпрво како се сложуваат зборовите, тоа се само особини, кои се нанижуваат една на друга, една на друга, и на таков начин од таа егоистичка огромна безоблична желба почнуваат да лепат и лепат сличност на Создателот. Ние пред себе ја имаме душата. Од таа душа треба да направиме аналогност на Создателот. Тие букви се поредуваат во низа од првата буква во Тора до последната и започнуваат да делуваат врз тоа безлично купче на желбата. Тие започнуваат да ја обработуваат, прочистуваат, делкаат секакви парчиња, ја делат.Ова парче можам сега да го исправам, ова да го оставам за после, а ова на некој друг начин...да речеме како мравките во својот мравјалник.Т.е. постои точно одредена програма на делување, нам таа ни изгледа прилично хаотично. Тоа како прво, како второ постојат многу, кога ние изучуваме на каков начин е тоа создадено и се создава, ние наеднаш откриваме таму такви врски се вкрстени во Тора.Кога слични букви се соединуваат меѓу себе, буквите кои се наоѓаат до нив се соединуваат меѓусебно, затоа што се наоѓаат веднаш до сличните букви. Постојат букви кои меѓусебно се заменуваат, да речеме се помрднуваат како во регистар сите букви и се заменуваат – првата на втората, втората на третата, третата на четрвртата и т.н., во целиот текст, или на една или на обратната страна. Потоа постои обратен редослед – кога првата се заменува за последната, втората на претпоследната, третата на прет-прет последната и т.н. Уште постои поделба на буквите на десетки, стотинки и цели единици и помеѓу нив постои взаемна замена. Односно сето ова е израз на одредени духовни особини, закони, тоа не е едноставно дека така излегува. Ние ги земаме тие особини, ги користиме, како законите на светот, кои може да се искористат за да се напредува понатаму и да се подобрува таа конструкција, доведувајки ја до сличноста со Создателот. Но постојат многу различни взаемни влијанија, и за сето тоа се зборува во кабалата и во книгата Зохар воглавно. Ако има некои сериозни прашања да одговорам, ако не – да одиме понатаму.
Буква Тет. Сега ние со вас стигнавме до следното ниво на буквите. Значи, ова е Парса, под која се наоѓаат душите, и ние со вас поминавме четири букви, кои беа во Малхут, потоа поминавме уште девет букви кои беа во З'А,. во Малхут се буквите Куш, Шин, Рејш, Тав, во З'А буквите од Јуд до Цадик, девет букви, а сега почнуваме да ги изучуваме повисоките букви, кои се наоѓаат веќе во Бина. Таа Бина, која се однесува на нас, нормално, не таа која е совршена, туку таа што се однесува на нас, и во неа се наоѓаат буквите од Алеф, деветта.Девет букви, од Алеф до буквата Тет. Значи првата буква е Тет, зошто ние со вас одиме одоздола нагоре. "Влегла буквата Тет и рекла: "Создателе на светот, добро е со мене да се создаде свет, затоа што Ти си наречен од мене".Како? "Ти си наречен Добриот – Тов. И одговорил Создателот", т.е. буквата Тет е олицетворение на доброто влијание на Создателот.Од неа произлегува доброто влијание на Создателот преку сите останати букви врз суштеството. Вие можете да ме запрашате, но додека таа стигнува со својата добра особина до суштеството, поминувајки по пат такви одвратни, страшни особини на останатите, што од неа останува? Тоа би било многу правилно прашање. Јас го поставив и ќе одговорам на него. Работата е во тоа, дека сите останати особини, ако делува само една од особините, тие претставуваат само спроводници. Секоја особина делува селективно. И затоа не сметаат едни на други, на ниеден начин. Јас можам да делувам од моја страна, постојат уште милијарда секакви особини, не е важно – јас ја спроведувам својата особина до крајната цел. И таа поминува, преку сите останати, и тие за тоа време, своите особини во однос на мојата особина, не ги активираат. Тоа е како да речеме во просторот што не' опкружува.Постојат милиони семожни радио бранови, и бидејки сите тие работат на различни фрекфенции, тие не сметаат едни на други, не се вкрстуваат, не влијаат едни на други. Тука постојат милиони семожни фрекфенции, и такви кои ние сеуште не ги познаваме, односно не од нашите извори. Истото тоа е со буквите. Оваа буква Тет, која сака да изврши дејство, добро, тов, (зборот тов значи добро) врз душите, без оглед на тоа дека под неа се наоѓаат количински многу и тешки букви, кои се можеби и посилни од неа, тоа нема никакво значење,- тие ја спроведуваат нејзината особина. Таа работи на својата фрекфенција, и не им смета на нивните фрекфенции. И тие тука претставуваат само спроводници. Значи и вели Создателот : " Нема да го создадам светот од тебе, бидејки твојата добра суштина скриена во тебе самата и не е видлива. Затоа што нема место за неа во овој свет, кој јас сакам да го создадам". Во нашиот, нижиот свет. "И само во светот на иднината ќе се открие таа. А бидејки твоето добро е скриено во тебе, ќе потонат во земја портите на дворецот, затоа што буквата Хет е против тебе". Следната буква е Хет, таа е многу лоша буква, од зборот...како Хет се преведува? Грев. "И кога ќе се соедините заедно, ќе се добие зборот Хет – прегрешување. Т.е. оваа буква Хет, таа се нарекува хет и самиот збот е хет- прегрешување. И самата буква се нарекува Хет – прегрешување. И на крајот на оваа буква Хет се наоѓа буквата Тет, ова т, и затоа тие се меѓусебно поврзани. Затоа вели Создателот, не можам со тебе јас да го создадам светот, ти си поврзана со Хет. На каков начин поврзана- ако се исправува Хет – станува тов, добро. А ако не, во тој случај ти уште и го зацврснуваш, овој грев, и се наоѓаш во него, и блaгодарение на тебе тој постои. И затоа не се запишани овие две букви во светите имиња. Т.е. во тие особини со чија помош можеме да ја достигнеме сличноста со Создателот. Веднаш се тргна настрана буквата Тет.
Ние со вас малку слушаме секакви раскази за овие особини, само да се запознаеме со тоа дека ова се многу сериозни извори на информации за нас. Тие взаемно делуваат во нас, внатре, сега, во дадениот момент.Тоа што го чувствувате, што гледате, што со вас се случува, ваши секакви желби, особини, мисли што никнуваат во следниот момент– сето тоа е одредено со овие букви, кои слегуваат врз вас и во соодветен редослед влијаат врз вас. Така што ниту буква Тет ниту буква Хет, двете овие букви не можат да земат учество во создавањето на светот. Затоа што Tет ја поддржува Хет, која претставува грев, а со гревот, нормално, не може да се создаде свет. Т.е. светот е создаден во гревот, но да се исправи светот со овие особини не е можно.
Следна буква...значи, оваа буква деветка, оваа осмица, следната е седмицата. Седмицата е буквата Заин, буквата седум."Рекла таа: "Создателе на светот, добро е со мене да се создаде свет, зошто со мене се почитува саботата. Одговорил Создателот: " Нема да создадам со тебе свет, зошто постојат во тебе силите на војната, затоа што со твоја помош се прави оружје. Тоа така и се нарекува – заин. И буквата е Заин, и оружјето се нарекува заин. И затоа не ќе можам јас со тебе да создадам свет, и ти, како и буквата Нун, со која не е создаден светот, како особина на падот"..сега тој ни спомнува дека буквата Нун, која ние веќе одамна ја поминавме, тука таа се наоѓа, педесетта, неа не ја искористија уште и затоа, дека таа означува пад, нун, нефила." Слушајки го тоа се тргнала од Него буквата Заин", т.е. буквата Заин не е возможно да се искористи за исправување на светот, затоа што таа се користи, нејзината особина се користи за правење на војна, правење на орудието на војната, т.е. со помош на оваа буква е добро да се води војна.Тоа е неопходно – да се води војна, но тоа сепак не е таа особина, со чија помош се исправува светот. Тоа е особина со чија помош се разделуваат, се отсекуваат непотребните делови, се совладуваат, се убиваат и т.н. Затоа оваа особина се користи.Нормално – буквата Заин е голема и многу важна буква, но не за исправување на светот.
Додека буквата Вав – е многу интересна. Таа влезе и рече: "добро е со мене да се создаде светот, затоа што јас сум буква од твоето име АВАЈА. И одговорил Создателот: "И тебе, и на буквата Хеј ви е доволно што се содржите во Моето име, и затоа нема да го создадам јас светот со вашите особини".т.е. овие четири особини под влијанието на светлината.Ние со вас веќе не еднаш ги означувавме, кога суштеството ја достигнува својата конечна особина, оваа е неговата конечна состојба, цел, таа се состои од четири фази – прва, втора, трета и четврта, кои се означуваат со буквите Јуд, Хеј, Вав, Хеј...Значи, кога дојде кај Создателот буквата Вав, оваа овде и го прашала дали може со неа да се создаде светот, тој вели, не, не е можно.Бидејки ниту буквата Хеј, ниту буквата Вав не можат, бидејки тие земаат учество во моето име, кое апсолутно ќе го потисне сето останато да учествува во исправување на суштеството, бидејки тогаш кај човекот ќе нема никаква можност самостојно во него да учествува. И затоа ние не можеме тоа да го дозволиме. И затоа овие две букви – и буквата Хеј и буквата Вав не се употребливи за исправувањето на суштеството. Која ли буква ќе го достигне тоа?
И тука доаѓаат уште буквите: четвртата Далет и третата Гимел. Тие исто велат со нив да биде создаден светот, и им одговара Создателот – доволно дека вие заедно делувате така, да не исчезнат сиромашните од земјата. Зошто? Затоа што Далет означува сиромаштија а Гимел означува милосрдие. Значи овие две букви се за тоа да ги поддржуваат душите во таква состојба, кога во нив ништо нема, невозможно е да се вложуваат никакви сили, напори.Како кај човек кој е болен, но ти не можеш од него ништо да бараш. Ти би сакал да го подигнеш, но тој нема сили, да речеме е стар. Тогаш ништо не можеш со него да сториш. Ти мораш не да го рехабилитираш, не да го исправуваш, туку да му дадеш можност во таква состојба тивко, мирно да постои. Со такво влијание врз душите се занимаваат особините на Далет и Гимел, кои се олицетворени преку овие букви. И затоа со нив е невозможно да се исправува светот. Тие се намерно слаби, ослабени влијанија врз слабите состојби на душата.
И тогаш влегува буквата Бет. Е оваа буква веќе е сериозна. Влегла буквата Бет кај Создателот и рекла: "Создателе на светот, добро е со мене да се создаде свет, затоа што со мене се благословуваат вишите и нижите. Затоа што Бет е браха – благослов. И нејзе и одговорил конечно Создателот:" Јас ќе го создадам светот со тебе и ти ќе бидеш почеток на светот", и затоа Тора започнува од зборот БЕРЕШИТ. Така се пишува, започнува со буквата Бет. Зошто? Затоа што тоа е единствената особина која произлегува директно од Создателот. Поминува преку сите букви надолу, и како што зборувавме со вас по пат никој врз неа не делува, не ја променува, и дава право да ги достигне најниските скалила каде што таа сака да го насочи своето влијание, и оваа особина исправува, т.е. што не исправува навистина – благословот на Создателот. Кога тој сака нас да не' исправи. А сите останати букви само не' обликуваат, прилагодуваат, за ова исправување. Односно силата на исправувањето произлегува од буквата Бет. Сите останати видови на исправување произлегуваат од другите букви.На таков начин со буквата Бет е содаден светот.
Но тогаш се поставува прашање зошто влегува последната буква Алеф? Односно со буквата Бет е создаден светот, тука е се јасно, но буквата Алеф, зошто таа е создадена, и што во себе содржи? За тоа ние со вас ќе позборуваме следниот пат. Ќе оставиме една буква за крај, и што следниот пат ќе почнеме да изучуваме? Ние ќе продолжиме со Зохар, но ќе избереме од оваа книга, од Зохар најпријатни, блиски, разбирливи работи од кои ќе увидите дека оваа книга сепак зборува и се обраќа кон нашиот разум. Јас се простувам од вас, ќе се сретнеме, ако сакате со мене после половина час, на мојот час за децата, и после една недела, како и обично со мојот пријател Саша Козлов ние ве очекуваме наредниот пат. До гледање, ве покануваме секој ден на нашите утрински часови, нашите вечерни часови, тие се пренесуваат во превод на сите јазици, ние ве очекуваме. До средбата!