Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Буквите на Раби Амнон Саба“ - Дел 4

21.03.2010

Добар ден, драги наши пријатели. Ги поздравуваме сите во нашиот редовен виртуелен час, денес имаме доста збиен распоред, во текот на половината од денот одат непрекинато виртуелни предавања, притоа не е снимка, туку директно се одвива. Еве мене веднаш мојот пријател Саша Козлов, погледнете го, тој веднаш ми поттура...го читам првпат, не знам што содржи: "Пријатели, вие имате уникатна можност да се собирате секоја недела заедно со Михаил Лајтман и Бнеј Барух во нашите центри и другите простории, и сигурно на интернет. За целокупното наше кабалистичко здружение се предлага опширна неделна програма, која се емитува на многу јазици. Тука ги пишува термините – во 15 часот час по подготовка кон Зохар, тоа што вие веќе го слушавте, во 16 часот виртуелниот час на Лајтман - Книгата Зохар, во 17.30 час на Лајтман за деца. Потоа во 18.45 светско здружение на собирот на пријатели, и во 20 часот светски час на Бнеј Барух. Да не згрешите во распоредот, бидете сте заедно со нас цело ова време, целиот неделен ден. Многу едноставно. Решението е многу едноставно, т.е. целиот неделен ден да го одделите за нас. За сите нас, во целиот свет. Овој неделен ден истовремено во десетиците наши центри во целиот свет...во недела на 28 март, точно по недела дена...Јасно. Овој неделен ден на 28 март, односно после недела дена, истовремено во десетиците наши центри во целиот свет, а исто така и виртуелната група ќе се одржи средба со поканување на многу гости. Се нарекува тоа вечер на единството "Го отвораме Зохар". Оваа средба се одржува по примерот и под впечатоците на единството и светскиот конгрес, успешно спроведениот во Израел. Таа ја изразува желбата на целото светско кли да ја израсне желбата до такво ниво, за да секој ја почувствува, во секое катче на земјата. Значи, следната недела, а соодветно на тоа и ние ќе се занимаваме со нешто друго, а не со обичен Зохар.

Единството е сигурно најглавното. Тоа е целта на суштеството, единството. Тоа е тоа, кон што ние сите треба да дојдеме – да ги собереме сите наши келим во едно заедничко кли – токму тоа претставува единство. Во мера на нашето обединување се открива Создателот меѓу нас. Јас не знам дали е правилен, добар примерот, дали е разбирлив, но мене ми се чини дека е како например – суви двопеци пливаат во буљон, такви парчиња, - така ние пливаме во светлината на Создателот. Но не ја чувствуваме, зошто не сакаме да излеземе од себеси и да започнеме да се соединуваме со другите. Кога ќе посакаме да излеземе од себеси и да се соединуваме со другите, тогаш веднаш ќе почувствуваме дека сите ние пливаме во оваа светлина и во желбата да се собереме меѓу себе, да се соединиме меѓу себе, ќе се затвориме преку оваа светлина и на таков начин Создателот ќе го исполни целиот овој простор помеѓу нас. И бидејки ние ќе излеземе од себеси, тогаш ќе се споиме со Него. Токму кон тоа ние и посакуваме да дојдеме и затоа сите тие вечери на единство претставуваат многу сериозен тренинг за таа работа, и јас гледам како тие делуваат.

Јас никогаш не ни претпоставував дека таква голема сила постои во тие физички вежби, затоа што кај Рабаш ги имаше многу малку – немало можност за тоа. Ние живеевме во таков реон, многу ортодоксен, страшен, и се плашевме многу работи да правиме, и се' беше многу затворено, скриено... Но, денес ние со вас можеме сето ова отворено да го спроведуваме, и да се служиме со истите совети на кабалистите, само што веќе не обрнувајки внимание на никакви услови да се собираме, изучуваме, читаме отворено тоа, што тие го советуваат. Така што обединувањето претставува единствена физичка вежба, освен предавањата и распространувањето, но тоа е најдлабоко, најефективно нешто, кое треба да ни помогне. Затоа што тоа внатре во себе носи врска меѓу нас и Создателот. Што е едно те исто. Така што ќе учествуваме во тоа. Освен тоа ни претстои, ние уште многупати ќе се сретнуваме со вас во текот на следната, не оваа, туку следната недела, почнувајки од недела, затоа што од понеделник започнува Пасхална недела, ние во тоа време фактички не работиме.Се собираме овде, во текот на целиот ден, ќе се спроведуваат секакви манифестации, предавања, вечери, вечерни трпези секоја вечер, така што вие сте поканети сето тоа да го посетите. Нормално, ние ќе бидеме достапни за вас во секое емитување, со превод и ќе ве очекуваме на сите овие манифестации. Времето кога се спроведуваат сите овие Пасхални манифестации, тоа е многу посебно, затоа што ние знаеме, дека времето во нашиот свет претставува последица на делувањето на вишите сили, и затоа во нашиот свет постојат различни времиња – подобри, полоши. Значи, ова време на годината претставува, освен тоа дека е пролет, добро време, тоа навистина е добро, затоа што одозгора доаѓаат добри, позитивни сили.Ако ние ги искористиме за нашето возвишување, тогаш ќе можеме да ги сториме многу поефикасни нашите напори. Мислам дека тоа е се. Ако има прашања, потоа на нив ќе одговараме.

А дотогаш да ја завршиме оваа статија "Буквите на раби Амнон Саба", буквите на дедо Амнон. Последната буква. Ние со вас говоревме, дека ги проскениравме сите овие букви, од крајната буква, најблиската до нас, која е буквата Тав. Таа е најблиската буква до нас, која се наоѓа над Парса, а тука се наоѓаат Брија, Јецира, Асија, и тука нашите души. Шин – е буква која ги олицетворува трите линии, Рејш – не многу добра буква и Куф – буквата со долго стапче. Јас се извинувам, подобро ќе ја нацртам на страна за да тоа стапче може подобро да се изрази. Куф е таква, со долго стапче. Долгото стапче претставува линија под нивото на буквите, кога оваа буква како да излегува надвор од границите на светот Ацилут, тука горе се наоѓа светот Ацилут. И таа буква олицетворува проаѓање на светлина од светот Ацилут, буквата Куф. Оваа буква Куф е исто така произлезена од зборот коф – мајмун, затоа што таа спроведува долу, кај нас, во нашите души, во нашата мајмунска состојба, животинска состојба, само слична на човекот, спроведува врска со човекот. Односно, тој кој се наоѓа во светот Ацилут, тој се нарекува човек, Адам, сличен на Создателот, таков е светот Ацилут,ова е особина на давање, а ние се наоѓаме тука, под светот Ацилут.Затоа ние тука се наоѓаме во состојба, која се нарекува коф – мајмун, и затоа оваа буква се нарекува Куф или коф, која ја спроведува до нас оваа светлина. А општо земено, оваа буква е намерно изобличена, затоа што ние со вас поминавме многу букви, и знаеме дека постои посебна буква, која се нарекува Хеј, гледате како личат? Само стапчето во буквата Хеј е мало, и затоа оваа особина е особина на Бина. А кога оваа особина на Бина посакале да ја продолжат надолу, за да им дадат на душите храна, за тие да можат некако да постојат до своето исправување, тогаш оваа особина на Бина се претворила во особина на буквата Куф, која ни помага нам. Како на мајмуни да станеме луѓе, да се искачиме над Парса и да влеземе во светот Ацилут. Значи ние со вас ги поминавме сите букви и застанавме на буквата Бет.

Буквата Бет е посебна буква, со нејзина помош Создателот го создаде светот. Ни со една друга буква. Зошто? Затоа што тоа е буква на зборот браха – благословување. Во хебрејскиот такви долги зборови не постојат воопшто. Тоа така се вели, благословување. Односно, фактички, благословување значи дека јас го благо словувам Создателот. А реално тоа не е така. Вистинската смисла е, дека кога јас го благословувам Создателот, тогаш притоа јас станувам погоден за добивање на вишата светлина. Погоден. За добивање на светлината. Затоа од една страна тоа е благослов, а од друга страна врз мене слегува светлина Ор Макиф, кој ме изградува, која ме исправува. Токму тоа е браха. И затоа со помош на оваа особина Создателот го создал светот.

А потоа последната буква Алеф, која доаѓа кај Создателот, треба да дојде кај Создателот, "И стоеше буквата Алеф и не влезе да застане пред Создателот". Јас ја читам т.38 од нашата книга." И реакол Создателот: Зошто ти не влегуваш кај мене како сите останати букви? Му одговори – затоа што видов, дека сите останати букви излегоа од кај Тебе без посакуваниот одговор, т.е. Tи сите ги одбиваш , што има јас да влегувам, од една страна, а освен тоа видов јас дека Ти си и дал одговор на буквата Бет. Тој голем подарок дека со помош на буквата Бет, браха, Ти си создал свет. А не може царот на Вселената да го земе назад својот подарок од една буква, од една особина, и да го предаде на друг, т.е. ако така постапува царот, владетелот, тој разбира дека токму со таква особина тој треба да го создаде светот за да го доведе кон своја одредена цел". Значи тоа е се одредено, фиксирано, и тука не постојат нкакви протекции или било што друго. Т.е. се одбира одредена задача, таа се поставува од Создателот и на таков начин се решава. И одговорил Создателот: "Иако со буквата Бет јас ќе го создадам светот, но ти ќе стоиш на чело на сите букви, нема да постои во мене единство освен само преку тебе. Од тебе секогаш ќе започнува одбројувањето на сето и сите дејства на овој свет и целото единство се само во тебе". Во буквата Алеф. Односно буквата Алеф ни претставува единство, обединување, соединување, сојуз, една...затоа нејзиното нумеричкото значење е еден, и т.н. односно таа претставува обединување, кое е смисла, цел. А буквата Бет претставува средство за достигнување на оваа цел. Зошто е толку посебна оваа буква Алеф.Ние со вас тоа го поминавме, и уште понатаму ќе поминуваме, а сега јас за тоа накратко ќе раскажам. Буквата е посебна – на неа е изграден целиот систем на исправување на нашите души. Буквата Бет е силата на исправувањето, а буквата Алеф е систем на исправувањето, метод на исправување, шема на исправување.

Ние со вас учиме така – постои Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут. Четири дела, после Кетер, на распространување на егоизмот, или вкупно пет дела во кли. Од тоа се состои секое суштество или целата творба во целина, или секое негово најситно делче се состојат од овие делови. Ако ние започнеме да анализираме отпочнувајки од четирите фази на директната светлина, тогаш ние ќе пишуваме така : корен, од кој се' потекнува, потоа фаза прва, втора, трета и четврта. Првата фаза е примачка, се нарекува Хохма, тоа е примање. Но примањето се одвива затоа што од коренот произлегува желба која влегува во него. Втората фаза - Бина, бидејки особината на примање се покажала себеси како примачка, спротивно на Создателот, тогаш втората фаза посака да дава, давање. А третата фаза, бидејки се состои од претходните од примањето и давањето, таа посакала да стане сама, слична на Создателот, т.е. да прима за да дава. Таа се нарекува З'А, мал Создател, мало лице, мала аналогност на Создателот. Т.е. ова е да прима за давање. На таков начин јас можам, како што веќе со вас говоревме, да станеме слични на давателот. Но кога јас тоа го правам, јас почнувам да осознавам, почнувам да го осеќам давателот и посакувам се' од него да добивам. И генерално да добивам, да станам исто како него. И затоа оваа фаза се нарекува Малхут. Малхут од зборот власт, од зборот царство, желба. Јас сакам само да добивам. Притоа да добивам и насладување, и статусот на Создателот, апсолутно се'. Ако ние со вас уште ги обележиме овие желби според нивната моќност, тогаш желбата Кетер е 0, еден, два, три, четири. Тоа е таканаречен авијут.

Ако го погледнеме повнимателно сето ова, тогаш можеме да ги поделиме овие желби на две групи – до средината на Бина, тоа е се желба за давање, која доаѓа одозгора, се нарекува Хохма и горниот дел на Бина – Галгалта Енаем – Г'Е, така се нарекува. Тоа се желби за давање, тие се над сите егоистички работи. И желбите, почнувајки од средината на Бина и понатаму, кои се нарекуваат АХаП. Тоа се желбите на Зад де Бина, се нарекува Озен, на З'А е хотем, и на Малхут – пе. Или сите заедно се нарекуваат АХаП, така ние ги нарекуваме. Ако ние веќе започнавме за тоа да говориме, значи дека сега ние со вас разбираме, дека во целата Вселена и во секој нејзин дел, постои таква поделба. На Г'Е и на АХаП. И што следува понатаму? А понатаму, овие келими, овие желби, можат да даваат, а овие желби сакаат да примаат. Затоа на овие желби, на АХаП постои забрана нив да ги користиме, апсолутно. А може да ги користиме само желбите на Г'Е или со желбите на АХаП, кои ние ги креваме во Г'Е. Ги внесуваме некако така тука, ги вклучуваме таму. Ајде да нацртаме малку појасно, поразбирливо и поубаво.

Значи, ние имаме желби кои се нареуваат Г'Е, тоа е Кетер, Хохма, и многу малку од Бина, дури нема да ја обележуваме Бина. Кетер се нарекува Галгалта, Хохма- Енаем, авијут нула и еден, ова се е олицетворено преку буквата Јуд.Таа ја претставува светлината Хохма, која се создава од вакво крајче на буквата Јуд, а потоа се распространува до нас долу. Потоа постои поделба помеѓу оваа буква Јуд, која тука постои, и со останатите. Ова се нарекува Парса, одделувачка линија, и доле постои уште една буква, слична како оваа буква Јуд, само на спротивна страна, која ја олицетворува АХаП - Б, З'А, М. "А" ќе ја направиме мала, за да не ве буни, како тука да се четири, а таму три составни делови. Само така го изговараме- АХаП, а реално е АХП. Значи, целото наше исправување се состои во тоа да – јас се наоѓам овде, под Парса, под мене се световите Брија, Јецира и Асија. Јас се наоѓам тука, душата моја разбиена. Јас во почеток ја кревам ( таа се состои нормално од 0, 1, 2, 3, 4 скалила на егоистичките желби, јас ги исправувам во себе прво желбите 0, 1, ги кревам нив во светот Ацилут, Г'Е создавам во светот Ацилут, а потоа кога веќе се наоѓам со Г'Е во светот Ацилут, јас се чувстувам себеси дека се наоѓам таму на свое место. Зошто? Затоа што овие делови, 0 и 1 – тие припаѓаат на светот Ацилут, тие припаѓаат кон особините на давање. А светот Ацилут престојува целиот во состојба на давање, и затоа, кога моите Г'Е доаѓаат таму, тие се чувствуваат таму како дома.

Додека останатите делови, АХаП, тие така не се осеќаат. Јас од нив одбирам, од овој АХаП, го делам на два дела,- на дел кој се нарекува клипа, кој јас не можам да го искористам за давање, и дел кој јас сепак можам да го кренам во светот Ацилут и исто да го присоединам на Г'Е. Односно дел на АХаП. Овој дел на АХаП кој јас можам да го кренам горе, се нарекува АХаП де алија. Де е како во рускиот јазик сврзник се однесува на ова- АХаП кој се припаѓа на подемот. Издигнувачки дел на АХаП. АХаП де алија, алија е подем, де означува припадност. Оф на англиски. На таков начин делува исправувањето. Односно секогаш јас, вие се сеќавате со помош на што јас се исправувам себеси, јас се исправувам себеси со помош на буквата Бет – тоа е посебна направа, која од светот на Бесконечноста ми ја спроведува светлината. Јас со помош на таа светлина ја исправувам во себе особината на Г'Е и потоа ја кревам над таа особина АХаП. И излегува дека јас се исправувам себеси во облик на буквата Алеф. Затоа Создателот рекол дека со тебе, иако со буквата Бет јас ќе го создадам светот, т.е. со нејзината сила, но ти ќе стоиш на чело на сите букви и нема да постои во мене единство освен само преку тебе, од тебе секогаш ќе започнува одбројувањето на сето и сите дејства на овој свет и целото единство се само во тебе. Убаво! Умее Создателот да зборува со желбата, со женскиот дел на нашата душа.

И последниот пасус од оваа статија, т.39. Ги создаде Создателот горните букви, кои припаѓаат на Бина големи, и нижите букви, кои припаѓаат на Малхут, мали. Односно, освен поделбата на буквите ( ние со вас ги поминавме сите букви) тие се делат и на големи и мали. Во нив постојат уште и нумерички значења и т.н. Патем речено, малите и големите букви , тоа не е како во другите азбуки – руската или англиската, дека започнува реченицата со голема буква...не постои такво нешто во хебрејскиот- во хебрејскиот сите букви се исти. Обична буква, таа е иста и во почетокот на реченицата, во првиот нејзин збор. Не постојат големи букви. Со големи букви тука се означуваат посебните особини. А почетокот на реченицата е ист како нејзиниот крај или средината. Не постои никаква разлика во буквите. Не треба да започнува од црвената линија, ниту со посебни големи букви, - тоа во хебрејскиот го нема. Значи постои друго означување на големите букви. Ги создаде Создателот горните букви кои припаѓаат кон Бина како големи.Зошто кон Бина? Затоа што кај нас постои свет на Бесконечноста, потоа светот А''К, потоа поминува таканаречен табур, потоа доаѓа светот Ацилут. Токму во светот Ацилут постои Атик ( тоа мора задолжително да се знае, едноставно да се запомни), А''А, АВ''И, З'А, и Нуква. Атик се уште припаѓа на претходнота состојба, иако тој се наоѓа под табур, тој претставува некаков облик на преодно одозгора кон него, а од него веќе надолу кон нас. Односно тој напола се состои од особините кои се наоѓаат над табур, а пола од особините кои се наоѓаат под табур. Атик од зборот неетак – одделен од светот Ацилут. А потоа парцуфот Арих Анпин – тоа означува долго лице. Лице се нарекува Хохма, светлина на мудроста, а долго лице се нарекува дека содржи многу светлина Хохма. јас така пишувам- Хохма, многу светлина Хохма во него. А потоа доаѓаат многу интересни направи, непосредно што се однесуваат на нас, кои се нарекуваат Аба Ве Има. Тоа е Хохма ( не обрнувајте внимание дека и одозгора е Хохма, јас се ќе ви објаснам), и Бина. Аба Ве Има значи тато и мама. Во реалност тие така и се однесуваат.

А потоа доаѓа Зеир Анпин, така се нарекува Создателот, интересно, дека Создателот гледате каде се наоѓа. Како да не е толку важен. А Нуква – тоа сме ние. Значи, речено е : ги создаде Создателот горните букви , кои припаѓаат на Бина, гледате каде – големи букви, и мали букви, кои припаѓаат на Малхут. Тие се слични едни на други, само едните се мали, а другите се големи. Затоа е речено: БЕРЕШИТ БАРА – во почетокот создаде, првите два збора од Тора, кои почнуваат од Бет, се сеќавате на букваата Бет, бидејки таа ја пропушта преку себе целата сила на творбата одозгора надолу, а потоа, следните два збора- ЕЛОКИМ ЕТ. Односно два збора, кои започнуваат од буквата Алеф. Т.е. првите два збора во Тора започнуваат од буквата Бет, Бет, а потоа Алеф, Алеф. Почетокот на зборовите. Алеф и Бет први, тоа се буквите Бина, Алеф и Бет втори се букви на Малхут. Односно, оваа Бет е голема, оваа мала, оваа Алеф голема, а оваа мала. Односно се покажува, како Бина ја спроведува надолу својата сила, изградува доле понатамошно распространување на своите сили, и доаѓа од Бина особината Алеф, систем, кој ќе се гради исто во Малхут. На таков начин започнуваме и ние со вас сега да изучуваме со помош на буквите, на кој начин, по овој кодиран систем се создаваа световите, сфиротите, парцуфите, душите...А понатаму секој од нас ќе може да проследи на каков начин тој делува. На каков начин тој ги поминува во светот своите состојби.

Затоа што, што значи Тора? Таа опишува желба, која ги поминува сите овие состојби етапно врз себеси, под дејство на вишата светлина кој произлегува од светот на Бесконечноста, преку сите тие системи, врз нас. И читајки го на таков начин тескстот, јас преку секоја буква поминувам. Читајки јас како да ги чувствувам во себе тие состојби, ги поминувам, знам кои сум ги поминал, кои се уште не сум ги поминал, каде сум застанал, какви исправувања јас морам да ги поминам, какви не морам.Каде јас можам да се проширам, што можам да добијам, да видам, да осознаам...т.е. книгата почнува да претставува Тора- од зборот Ораа – упатство, и од зборот светлина. Со помош на Тора ние добиваме светлина, и гледаме во неа упатство, по кое со помош на светлината ние себеси секој пат етапно се менуваме, ги прошируваме своите особини и се наполнуваме себеси со светлина. Во тоа се состои целата работа на кабалистот. Односно, во принцип, на секој од нас. Со ова ние со вас денес ќе ја завшие оваа статија Буквите на дедо Амнон. Постоел таков дедо Амнон, некаде пред околу 3 илјади години, голем кабалист, и во негова чест е наречена оваа статија во книгата Зохар. Тој има свои записи, но ние не ги изучуваме, затоа што се премногу сложени. Тој ги пишувал за луѓето како што е тој самиот, кои веќе се наоѓаат внатре во такви состојби, кога овие букви претставуваат за нив само симболи, со чија помош тие живеат. Како што ние сега слушаме некакви зборови – и за нас тие претставуваат некакви симболи на нашите внатрешни чувствувања, доживувања, работа по споредување на некоја информација. Значи, постојат луѓе, кои живеат во светот на духовните чувстувања, а буквите претставуваат симболи, изразување на тие чувствувања. Човекот како музичар ги гледа нотите и притоа може да плаче, да се смее, - тоа во него свири – така и кабалистот- ги гледа буквите, и во нивниот редослед гледа огромни слоеви на Вселената, кои му се откриваат. Тој напишал такви дела, кои нам ни се многу сложено да ги откриеме. Тие постојат, ние можеме до нив ќе стигнеме и од интерес ќе ги откриеме, но во принцип, тие не се напишани за нашето време. Додека тоа што е земено за Книгата Зохар и раскажано за тоа, тоа ние можеме да го изучуваме и тоа ни помага .

Освен оваа статија во Книгата Зохар постојат уште многу статии кои се нарекуваат "Букви", некаде околу 6,7, 8 статии. Различни се, помали од оваа статија. Оваа статија е основоположник, базична, додека другите раскажуваат за различни интересни примени на знаењето на буквите, или како овие букви се комбинираат, образуваат, за ние, гледајки го тоа можеме во себе да споредуваме различни особини. И да комбинираме од нив нови особини. Т.е. да се обликуваме себеси. Бидејки нашиот егоизам претставува сосема безоблична состојба, како кал. Но да се обликува од тоа може, како што прават децата, со калапчиња секакви колачиња, како да ги излепуваат од нив, тортички мали. Значи, со помош на буквите ние можеме на таков начин од нашиот безобличен егоизам да "лепиме" секакви форми и тие форми веќе се создаваат кај нас во душата, и комбинацијата на сите тие форми се претвора во зборови, т.е. духовни особини, кои откриваат во себе, ако јас ги споредувам во себе овие духовни особини – јас во нив го откривам Создателот. Т.е. буквата е жива, таа претставува желба наполнета со светлина, мојата состојба, моето чувствување, моето постигнување, а ако тоа е редоследно менување на буквите, тогаш јас се доближувам до Создателот, јас го чувстувам, го воспримам, ние со него комуницираме – сето тоа се излева во редоследното менување на буквите во мене. Т.е. на семожните облици. А како резултат, сите тие букви ја составуваат книгата која се нарекува Тора, може да се каже ораа – упатство, ако јас целосно ја поминувам, го одбирам во себе апсолутно целиот свој материјал, ги составувам од него апсолутно сите возможни форми, сличности на Создателот, и станувам на крајот од читањето, репродуцирањето во себе на оваа книга, целосно сличен на Создателот. И со тоа завршува моето исправување. После тоа веќе следуваат други скалила, за кои ние со вас, можеби некогаш ќе зборуваме. Да преминеме малку на прашањата, а потоа, ако се уште ни остане време ќе одиме на следниот пасус од следната статија.

-Прашува Тимофеј од Новосибирск: "Со помош на какви комуникации буквите се отпечатуваат и се обликуваат во нашиот свет? Што нас не' поврзува со нив?"
– Ништо! Ништо не ме поврзува мене со овие букви- јас можам да ги гледам, како што ги гледа магарето...Тие ништо во мене не предизвикуваат. Јас можам да скокам врз нив, можам да си ги тетовирам на различните делови на телото - ништо тоа нема да ми донесе. Јас треба, читајки за овие букви, да сакам да ги пронајдам во себе овие особини. Тоа се нарекува намера при изучувањето на кабалата. И тогаш светлината, која е во нив содржана, која се наоѓа, како што ние со вас говоревме, постојат големи букви во Бина, и постојат мали букви во Нуква, во Малхут,- тоа сме ние. Кога јас ќе читам, јас ќе си замислувам – јас сакам овие големи букви од Бина да влијаат врз мене. И да направат во мене мали букви. Токму тоа претставува цел на изучувањето на кабалата и таа намера, која ние треба да ја задржуваме за целото време на учењето. Понатаму.

– Берт од Холандија , Алекс од Алјаска, САД и многу други прашуваат за смислата на изучувањето на хебрејскиот јазик, за да се разбере...

- Не, самиот хебрејски не мора да се изучува, а буквите само претставуваат елементи на комбинациите на духовните сили. Не ги гледајте како букви, гледајте ги како знаци. Буквата во превод на хебрејски се нарекува ОТ, тоа значи знак. Т.е. било кој знак. Да речеме дури сообраќајните знаци се нарекуваат исто ОТ. Секој знак може да се нарече ОТ, со истиот збор како буква. Затоа што таа претставува симбол, комбинација на духовните сили. Значи комбинациите на духовните сили нам ни е потребно да ги знаеме – тоа едноставно ни зборува за тоа што ни се случува во душата, како ние можеме да ја обликуваме. А да се знае да се чита хебрејски воопшто не е обрвзувачко. Вие секако ќе знаете многу зборови на хебрејски, затоа што тие се употребуваат како латински зборови во медицината или италијанските во музиката, или грчките во математиката и т.н. Тука нема што да се прави. Тоа е јазикот на кабалата како наука затоа и се употребуваат. Но во Зохар, патем речено, вие можете да видите многу грчки зборови, затоа што тој е напишан во тоа време, кога грчкиот јазик бил популарен, на него се зборувало, затоа има многу грчки зборови. Но во принцип, јазикот е хебрејски. Јазикот на кабалата, и тука нема што да направиме. Зохар е напишан на арамејски, тој е паралелен јазик на хебрејскиот, и ние на него исто...да речеме, Арих Анпин, Зеир Анпин – тоа се арамејски зборови. И тие се стари 5 илјади години како и хебрејскиот јазик. Тоа се два паралелни јазици, кои се користени во тие вавилонските времиња. Таму постоеле луѓе кои произлегувале од две различни гранки од Адам – од Шета, гранка, која доведе до Аврам, и тоа е хебрејскиот јазик, и другата гранка, која создаде други племиња, кои зборуваа повеќе на арамејскиот. Но во принцип тоа е...како белоруски, украински и руски јазици. Сродни. Како ирски англиски и чисто англиски. Навидум е еден ист јазик, но е многу тешко да се разберат ирците. И т.н. Во Франција постојат многу дијалекти. Така што јазикот не е обврзно да се знае. Понатаму.

– Прашува Ерганат од Казахстан: "Сите букви имаат четири нивоа на авијут?" – Да! Сите букви имаат четири нивоа на авијут. Затоа што буквите постојат на секое ниво, во секој збор, секое движење, сите букви во него постојат. Не постои некоја состојба на која ти можеш да посочиш дека таа постои, ако во неа не постојат сите возможни, апсолутно сите букви, и наполнување, комбинации – апсолутно се. Секој и најситен дел на творбата се состои од сите разновидности на сето што постои во творбата. Ако земеш зголемувачко стакло, ќе можеш да ја разгледаш во неа целата вселена, во најмалата точка. Така тоа оди по бесконечното делење. Како што говореше големиот Ленин – електронот е неисцрпен. Во него постои целата вселена. Тоа навистина е така.

-Диана од Хрватска прашува: "Потребно ли е да се обидувам да го гледам хебрејскиот текст, ако јас го слушам предавањето со превод?"
– Пак ќе речам дека нема никаква смисла. Само ако вие веќе чувствувате дека постепено овој јазик некако ви станува близок, тогаш би можеле. Постојат луѓе кои постепено на таков начин го изучуваат, а многу зборови неопходно е да се знаат без да се изучува јазикот, јазикот во кабалата е многу набиен, ако ме проверите мене во знаење на хебрејскиот, тогаш јас освен знаењето на кабалата, фактички да се објаснувам можам со големи потешкотии, бидејки кон јазиците немам посебна предодреденост. Хебрејскиот за мене е исто така само тој што се однесува на кабалата.Него јас горе-долу го познавам. Така што тоа не е сложен јазик, тоа се буквално неколку стотини-две зборови, и вие ќе можете одлично да разберете за што ние зборуваме.

-Прашува Илија од Талин: "Јас мам 13 години, можам ли јас да ја читам Книгата Зохар, и дали е исто влијанието на светлината врз мене и врз возрасен човек. На кој му е полесно?"
-Не постои никаква разлика. Душата нема возраст, затоа кабалистите се исти такви деца, како што си и ти. Тоа се само почитувани чичковци, кои остареле, затоа што немаат душа. И тие се толку важни. А ако човекот се развива себеси духовно – тој не ја чувствува староста. Затоа што тој секој ден е нов, во него секој ден има обновување. И затоа не се сметај себеси ниту за старец, ниту за млад, и јас исто така. Човекот е таков, каков себеси се чувствува. Можеш да правиш се' што прават луѓето од секоја возраст. Кабалата е отворена за сите.

-Марија од Петрозаводск прашува: "Буквите се знаци од взаемното дејство на светлината и кли, т.е. да се разберат можат само ако се добие кли со одредена соодветност на светлината?"

-Сигурно! Апсолутно точно! Буквите се особини кои желбата наша ги добива од влијанието врз неа од страна на светлината. Доаѓа светлина, од ова благословување, преку буквата Бет, таа во нас создава одредени особини, ние се искачуваме со особините на Г''Е, а потоа веќе го креваме овој АХаП. Нема сега тоа да го образложуваме, кои букви се однесуваат на Г''Е, кои кон АХаП...тука уште многу имаме ...да оставиме малку за на крај. Ќе имаме уште многу прашања за буквите. Не постојат само големи и мали букви, постојат гематрии., Нумерички значења на буквите. Затоа што во хебрејскиот не постојат бројки, како кај нас со вас, имаме арапски бројки, во хебрејскиот ги нема, постојат само букви. И затоа секоја буква означува бројка. Нумеричките значења се употребуваат при укажување на моќноста на кли, бидејки на секое скалило ги имаме сите келими, сите сфироти, а на кои нивоа се наоѓаат овие сфироти? Затоа ние ги употребуваме нумеричките значења, т.е. секое скалило има своја моќност духовна. Тоа се изразува исто преку буквите. Но преку букви, кои ги означуваат нивоата. Понатаму, преместувања на буквите – тоа е многу важен дел од кабалата. Затоа што како јас можам да ја пренесувам оваа духовна информација? Прелевање на особините, кога јас се наоѓам во една особина. Преминувам во следна особина, преминувам во следна особина, моите мисли, како следуваат една по друга...како ние градиме фраза, реченица.Така што ова прелевање на особините, чувствата, осетите, сликите, како во кино, кога поминува пред мене...секоја буква прикажува одредена слика, како хиероглиф. И на таков начин, преминувајки од буква кон буква јас градам зборови, реченици и т.н. А ако јас ги заменувам меѓусебно? Тука постојат одредени правила на преместување на буквите. Менувајки ги буквите јас ги менувам особините во мене, на таков начин го менувам светот, кој јас го воспримам, тогаш јас добивам можност да го истражувам, т.е. како што сега јас престојувам во одредена состојба на светот, ако во мене постојат одредени особини, според кои закони јас можам нив меѓусебно да ги променам, за да видам многу подлабока вселена, или во некое одредено осветлување, или можеби во некоја друга низа поинаку случките што се одвиваат. Тоа јас го решавам со помош на преместување на буквите. Јас решавам, јас ништо не решавам, ништо не знам – постојат книги, во кои тоа е запишано. Јас ја отворам книгата, а во неа буквите се распоредени во друга состојба...ахтатам, иштрум...некои зборови, кои нам не ни се познати, тоа не се зборови. Но кога јас земам и од обичен збор правам преместувања - например првата буква на азбуката со последната, втората со претпоследната и т.н. или ги менувам со местата втората со првата, или првата и втората со третата и четвртата, такви комбинации...Што притоа јас менувам? Бидејки секоја буква припаѓа на одредена сфира, и тогаш излегува дека кај мене се појавува огромна можност на влегување, како на матрица, се сеќавате од математиката кој ја изучувал – тоа е цел систем на истражување на светот. Не едноставно повеќеетапна, туку со повеќе нивоа, кога човекот стапнува на сосема поинакви скалила. Знаете како постојат геометрии – геометрија на Лобачевскиј и геометрија на Риман, и на уште некој...каде што секоја искривена површина се смета како рамна. И на неа почнуваат да се градат некои други теории. Се применуваат кај различни искривени простори, во астрономски истражувања и т.н. Т.е. јас сакам да кажам дека тука нам ни се дава таков инструмент, - тој не е едноставно инструмент на чисто теоретско осознавање, како што ние, со помош на да речеме на редовите во математиката, редовите на Фурие или на логоритмите изучуваме некои особини, добиваме инструмент за нивно изучување. Тука ние со помош на буквите го менуваме светот, затоа што ние се менуваме себеси. Јас со помош на буквите во себе правам семожни преместувања и комбинации, јас можам да правам што сакам со себе внатре во себе, преместувајки ги внатре во себе деловите. Јас ги преместувам врските помеѓу нив, јас се чувстувам себеси во нов свет, како во приказната – каде сакаш, таму и ќе влезеш, каде посакаш, така и ќе го завртиш кон себе светот и еве ти патуваш внатре во себе, преместувајки ги и изменувајки ги семожните особини според тие правила, кои се објаснети во кабалистичките книги. А притоа ти ја осознаваш длабочината на творбата и што сторил Создателот во реалноста. Од каде одвнатре, од самата длабочина како Тој постепено сето тоа го обликувал за тебе, за да ти тука, на најнадворешниот дел од творбата, на нејзината обвивка се залепиш и постепено внатре во него навлегуваш.
Како да влегуваш во телото на човекот, постојат за тоа филмови секакви, кои зборуваат за физиологијата наша, каде што се' се прелева, се превртува, некаде тече, нешто се менува, и т.н., се проширува, се поместува...Истото тоа се случува и тука, само што ние влегуваме во огромниот систем на вселената, во заедничката душа, и во неа ние го чувствуваме овој Создател, кој сето ова го создаде, сето ова го крева и го води кон целта. Сето тоа е во тоа единство, за кое ние говоревме, кое се манифестира во буквата Алеф. Затоа од неа е секој почеток, таа е прва буква од азбуката, и таа е последната, која се пројавува и открива тука, во нашата статија, која последна доаѓа кај Создателот. Со ова ние ќе го завршиме денешниот час, следниот наш час мислам дека ќе биде посветен на празникот Песах, можеби на излегувањето од Египет, подемот над нашиот егоизам. Патем речено, ние веќе овие денови почнуваме, јас предадов на печатење брошура, чекам кога ќе стигне, сигурно за 2-3 дена ќе биде готова, и ние ќе почнеме тука да изучуваме, мислам утре или задутре, материјал кој се однесува на излегувањето од Египет, на подемот над нашиот егоизам. Сите материјали што се однесуваат на Зохар, на сите статии кои постојат во кабалата, ќе постои таква книга, која така ќе се нарекува "збирка Песах". Ние ве очекуваме на тие предавања, ќе се спроведуваат и наутро и навечер ќе изучуваме. А за празниците, односно почнувајки од следниот понеделник, во текот на неделата, кај нас во текот на денот и вечерта, секоја вечер ќе има трпеза и тогаш ќе имаме можност многупати со вас да се гледаме. Ви благодарам за учеството на часот. Посакувам да можете на вашето срце да ја напишете целата азбука од првата до последната буква, затоа што нашето срце претставува наша желба, така како што е речено: напиши ја Тора на срцето свое. Т.е. целосно исправи ги сите твои желби соодветно на овие букви и на таков начин ќе станеш рамен на Создателот. Останете со здравје, до гледање!

Лекција бр. 18 „Паска“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica