Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Видението на Раби Хија“ Дел 2

2009-12-06

Добар ден мои драги пријатели. Добре дојдовте на нашиот виртуелен час. Ние, со вас, продолжуваме со лекциите од Книгата Зохар, со статијата „Видението на Раби Хија". Веќе говоревме дека Книгата Зохар е посебна книга. Тоа се гледа како таа влијае на нас. Многу години ја сокривав во себе, така кажано, желбата да се занимавам со оваа книга и се трудев... Но мислам дека било безуспешно, да ги подготвам своите ученици за лекциите од Книгата Зохар. Многу години се подготвував.

Пријателите добро се подготвија, спремија, ги поминаа по неколку пати изворите на кабалата, мудреците, 10-те Сефирот, воведот во науката кабала, сите статии, сите писма на Баал ХаСулам, на Рабаш, книгата Шаракаванот од Баал ХаСулам. Многу, многу извори неопходни, многу пати се студираше сето тоа. Гледате колкава е нашата Архива, претоварена. И секоја тема е по 5-6 пати претумачена од нас.

После сето тоа дојде време да се изучува и отвори Книгата Зохар. Не само физички да се отвори, туку да се отвори во себе. Сè што во себе содржи постепено и постепено да почне да ни се отвара нам, и ние со вас дојдовме и до тој момент. Не е важно ако сте почетници, не е важно каде се наоѓате. Јас ја гледам групата од Москва, од Торонто, Берлинската група, и многу други групи во светот, кои се денес заедно со нас. Од како почнавме да ја изучуваме книгата Зохар двојно порасна заинтерсираноста на нашиот час. Работата е во тоа што иако вие сте почетник, не знаете ништо, ништо не разбирате во кабалата, тоа не е важно. Таа основна група која ја имаме, во текот на неколку години се занимава со науката кабала. Работеа на себе, се сретнуваа на конгреси. Тие ја сочинуваат таа маса која ќе ја отвори Книгата Зохар.

А сите останати кои им се прилепуваат, кои се придодаваат кај нив, исто така ќе го почувствуваат на себе ова влијание, и со брзо темпо ќе се приклучат кај нив, кај основното јадро. Не треба да се грижите што порано не сте биле со нас. Јас денес раскажувам на руски јазик, а секаде по светот се преведува на различни јазици.

Ова во принцип е активност, часови за почетници. Книгата ја изучуваме низ нашите активности овде, со оваа група. И таа исто така нема никаков однос кон нивото на човекот, колку тој знае, памети, го разбира матерјалот. Тоа само се однесува до неговата желба за разоткривање.

Да се разоткрие себеси, за да информацијата, впечатокот, дејствијата од книгата Зохар, потполно да навлезе во него. Нема да се плашиме од сето ова. Но имајте предвид кога ќе почнете да ја изучувате оваа книга, вие почнувате да ги чувствувате сите можни промени во вашиот живот, групни и ваши лични. Повеќе ќе се разговара, но од тој разговор повеќе ќе ве носи до гребенот на брановите. Ќе се држиме еден до друг и ќе не изнесе на тој Величенствен Брег, и од таму почнува Вишиот Свет. Но, немирното море ние заедно ќе го преминиме, не се сеќирајте.

Јас би рекол дека воопшто книгата Зохар не треба да се изучува индивидуално.Таа се изучува групно, како и што била напишана. Јас за тоа со вас веќе говорев. Да се држиш во групата има еден пример, многу добар, може да се спомене. Како ние да сме на некоја палуба.

Таму стоиме со вас, на отворена палуба, без никаков покрив. Се ниша во морето од огромните бранови. Секој бран е деветиот највисок бран кој нас нè носи. Одозгора се направени такви држачи, рачки, како што имаме во автобусите, за да може секој да се фати за по еден држач. За да се задржима на бродот на таа рамна површина, која цело време под нас се ниша, скоро не исфрла сите во морето. Ние треба да се држиме еден за друг. Како да ни се на услуга, наречени држачи, за секој од нас. Ако ние се фатиме за тој држач, наместо за нашиот пријател, тој држач, како оние кај падобраните се истргнува и те изфрла веднаш од бродот.

Ако се држиш за пријателот, колку и да се ниша палубата ти сепак помислуваш да се фатиш за држачот, но ако останеш фатен за пријателот, ти си на сигурно, остануваш на бродот. Така треба да се движиме. Впечатокот е страшен, ние ќе го почувствуваме на себе. Затоа ќе се молиме еден за друг, за да не ги исфрлат нашите пријатели. Ние сите заедно да останеме, благодарение еден на друг, на таа палуба и ќе поминеме низ тоа море.

Точка 56. Значи ние говоревме за тоа дека Раби Хија плачел 40 дена. Па пак плачел уште 40 дена. Сакал да го види својот учител, кој заминал од овој свет и се подигнал на вишиот свет, уште повеќе од тоа што бил на овој свет. Толку се воздигнал, што Раби Хија престанал да го гледа внатре во својот поглед. Тој го изгубил контактот со него, и губењето на тој контакт за него било како да го изгубил својот живот. Затоа што учител со ученик, тие контактираат на тој начин.

Преку учителот, ученикот ја добива Светлината. Ако учителот се качува на повисоко скалило од него, при тоа го губи контактот и ја губи животната сила. Како дете изгубено во овој свет само стои и плаче, и не знае каде да направи чекор, и каде е неговата мајка. Раби Хија плачел, постел 40 дена, и уште 40 дена. Најпосле толку била силна неговата желба, во целост се одрекол од своите желби.

„Постење“ - не се мисли на постењето во нашиот свет. Се мисли на огромна сила, на волја, на одрекување на сите овие егоистични желби, кои го отргнале од Раби Шимон. Тој почувствувал разлика помеѓу нив и себе. Затоа се подигнал на тоа скалило. Почнал да гледа каде се наоѓа Раби Шимон. Видел,толку добро што се видел себе си во идната состојба; како и тој ќе биде заедно со нив. И не само што ќе биде, туку седат сите заедно и слушаат дека Раби Хија е таму-во идната преродба.

Во духовното нема вистинско постоечко и минато време. Сето ова се наоѓа само на различни нивоа. Качувајќи се на следното скалило ние се наоѓаме во иднината, или спуштајќи се на предходното скалило, ние се наоѓаме во нашето минато. Можеме да се лизгаме како на некоја слика, како некоја филмска лента да ја гледаш од почеток до крај, или од крај до почеток. Тој гледа таму дека Ангел Матат; (основна сила Ангел = Сила), која управува со целиот склоп на души, се поклонил и се заколнал дека слушал зад завесите, (се мисли зад екранот): „Како Создателот гребел и си спомнува секој ден за Малхут. За сите овие души кои се соединети заедно која не е претворена во прав.“ Т.е таа не може да се соедини со овие души, затоа што тие не сакаат, овие чесни души да се соединат заедно.

И во тоа време кога тој спомнува за неа, во Малхут, соединет, обновен; тој удира во 390 небесни свода. Подоцна ќе ги изучиваме овие бројки 613, 248, 365, 390, 210, 400 и многу други вакви бројки, кои означуваат различни духовни состојби. Во духовниот свет ние се мериме духовно. Кабалата е како физиката во вишиот свет, која мери, запишува својства со определени формули во взаемен однос.

Создателот си спомнува за овој Малхут, кој е должен во себе да ги собере сите овие души. Треба да ги возбуди, поттикне, на тој начин за да тие се соберат во него. Заемно тие се возбудуваат и од долу се собираат и се соединуваат во него. А Создателот рони солзи за него, за Малхут. Паднати во прашина, т.е чесните души кои неа ја сочинуваат. Се наоѓаат во прашина т.е живеат само во секојдневието, во монотонија, само за да ја пополнат животнта состојба. Но човечката состојба која е во нив-таа не постои. Се занимаваат само со животинското ниво, со минималната состојба.

„И овие солзи кои Создателот ги рони, тие паѓаат како оган во големо море, во Светлината Хохма - Светлина на животот. Силата на овие солзи ги оживува сите кои управуваат со ова море по име Рахаф. Рахав означува широки, слободни, бесконечни.“

„Управувајќи со ова големо море" Така тој го нарекува по својството на самото море, колку Создателот сака да го наполни со таа Светлина Хохма, со ова море сите души, и го благославува светото име на Создателот. Таа сила сила го означува својството да даваш. Таа сила која доаѓа долу, од Создателот. Од главното својство да даваш, која го опкружува целиот свет и се обврзува да проголта сè.

Овој Рахаф, оваа сила се обврзува да проголта сè, од првите денови на Создавање. Да апсорбира сè во себе. Сите овие души да ги исправи и да ги доведе во целосно меѓусебно соединување. Да ги собере сите заедно во себе. Кога ќе се соберат сите народи и ќе се исуши морето ќе помине Израел. Од „Изра-Ел“;  таа точка Ел во човекот, која се стреми кон Создателот. Изра е право, Ел е Бог. Како Ала. Право кај Создателот.

„По сув пат" т.е ова море веќе нема да биде пред нас. Сето ова ни го подготвува нам; оваа сила која се нарекува Рахаф-Ангел на морето, кој е одговорен за целото огромно бесконечно море и брановите. Силата; тоа е Светлина на мудроста. Тоа е Светлина која треба нас да нè иполни со сè. Тоа е Светлина на животот. Сите разбирања сите чувства, умеења, знаења; со таа Бесконечна Светлина.

Значи во таа мера во која ние заедно се сплотуваме, се соединуваме, оваа Светлина почнува да не полни нас и тој е должен да не подигне во таква состојба, кога ние ќе го исушиме ова море .Т.е ќе го земеме во нас, тоа нема да биде надвор.Тоа ќе биде внатре во нас. Сите тие бранови, цела таа Светлина. Ние едноставно ќе преминеме по сув пат на следниот брег. Таму, каде што почнува бесконечниот свет.

Точка 57. „Низ сето ова слушнал глас", (тука уште се говори за Раби Хија кој што го набљудува сето ова). Сето ова му се презентира пред него. Тоа е негово видение.Тоа не е фантазија. Или мене ми се причинило дека некој глас, или сум имал видение. Видение на Раби Хија се мисли на тоа што тој го гледа следното скалило, но не може да го достигне активно. Како што дете пасивно учествува во нашиот свет. Затоа што возрасните се грижат за него, тие му даваат живот, тие се му покажуваат, го подржуваат. Но тоа постои во таква состојба и тоа се потпира на нив.

Исто така Раби Хија го гледа тоа скалило, го набљудува следното, на кое тој постои и сите останати праведници.Т.е тие кои го достигнале својството да даваш. Повеќе од него, на повисоко ниво. Создателот и Раби Шимон, неговиот учител и неговите пријатели и тој сам во својата идна состојба. Сето ова тој го набљудува како мало дете од страна. Низ ова тој слуша глас: „Ослободете место, Ослободете место".

Место т.е поттикнете во себе нова желба. Место се нарекува во духовниот свет желба, која ти можеш да ја добиеш. Дополнителна информација, достигнување, чувствување, разоткривање. Тоа значи ослободи место. А што значи ослободи, не да исфрлиш сè, туку си должен да откриеш во себе нови желби.

„Ослободете место зошто Машиах" (Месија), т.е следното ниво на Ангелот (силата) која доаѓа од долу нагоре, "Цар ослободител" т.е Сопственик над тоа што треба да се ослободи, присуствува во собранието на Раби Шимон. Т.е таа сила која ќе ги води сите души, подигајќи ги кон општо исправување, таа сила е веќе спремна да почне да дејствува. Сите кои таму се наоѓаат, праведници, се јавуваат како глави на групата на собранието, а сите учесници во собранието се подигаат од тоа собрание, во собранието на Небесниот сводот.

Што сака тој да каже? Дека оваа моќна сила Машиах (Месија) ги подига душите од тоа ниво, на кое се наоѓа Раби Хија, до следното ниво, на кое се наоѓа Раби Шимон и сите останаи праведници и неговите ученици. Но Раби Хија уште не се наоѓа таму, и понатаму на уште повисоко ниво, кое се нарекува Собрание на Небесниот свод. А Машиах присуствува на сите овие собранија и ја потврдува Тора т.е методата на поправување. На тој начин да може да се подигнете на тие нивоа и излегувајќи од устите на праведниците. И во овој момент присуствува Машиах во собранието на Раби Шимон, во опкружување на сите глави на ова Вишото собрание т.е сите глави на сите Извори на духовните сили.Тие сите се собираат заедно и во секој од нив подсоединуваат нашите души.

Ова може да го рабереме. Јас ќе ви кажам можеби вака. Секој од нас се однесува на некој дел во духовното тело, мозок, бели дробови, бубрези, црн дроб, срце, слезина итн. Различни органи или системи нервни, лимфни, итн. Секој општи систем има своја општа управувачка сила. Општата управувачка сила ги потегнува под себе сите овие души, кои се наоѓаат во нејзиниот систем.

Затоа кога присуствува овој Машиах, тој почнува да ги подигнува сите души нагоре. Во принцип на тоа завршува целата работа на човекот од долу.Т ој се подигнал до ова ниво, ја повикал оваа сила која го подига понатаму од тоа ниво каде што е Раби Хија и може да се подигне на ниво на Раби Шимон. Од нивото на Раби Шимон и неговите ученици уште ги подигнува на ниво на Собранието на Небесниот свод - Собранието на Вишите сили; кои се одговорни за сите чесни големи, под системи на душата.

Затоа што овој систем на души, кој се нарекува Адам - Човек, е должен да се прилагоди во целост во своето внатрешно соединување во хармонија со Создателот. Тој систем на души е поделен на под системи.

Како што во нашето тело има внатрешни органи. Сите тие управуваат од мозокот. Тој е највисок ситем, а органите се под системи; лимфни, крвни, нервни.Овие под системи се нарекуваат „Глави на собранието.“ Тие се подигаат со силата наречена Машиах во општото собрание.

За што се зборува? Се зборува дека ние од овој свет треба да почнеме да се собираме со нашите стремежи кон Духовното. Оставете сè свое овоземно, не се замарајте со него. Само паушално како животно, кое треба да јаде, да се мие, да легнува, да спие итн.

Извадете ги од вас овие точки од срцето кои се стремат во духовното. Почнете меѓусебно да ги соединувате. Тогаш кај вас ќе се оформи душа. Кога заедно ги соединувате точките во срцето. Почнете да ги поткревате, да ги стремите како Раби Хија. До тоа ниво каде што ќе ги потфати Машиах и ќе ги носи нагоре, до нивото на Собранието на Праведници и потоа до главите на Вишото собрание. На тој начин е сè направено.

Сè е направено на собирање на душите заедно. Душа се нарекува оваа мала желба кон духовното, која од сојузот со сите останати желби од нашите другари и од тие со кои го чувствуваат вишиот свет, со исправени желби. Кога ние сакаме со сите нив да се соединиме, ние се подсоединуваме кон тој општ сад, каде што постои тоа Вишо море на познавања, чувствувања на возвишениот живот, вечната состојба.

Точка 58. „Во ова време станале сите ученици", т.е тие се подигнале од мало ниво (Каднут) во поголемо повисоко ниво (Гадлут). Од 6 сефирот станале 10 сефирот. Тоа значи „станал".

„Станал Раби Шимон и неговата светлина се подигнала до небесниот свод". Тој се поткренал до нивото на следното скалило. Тој се смета највисок на ова скалило. Но се подигнал погоре и достигнал преод на скалилото каде што бил тој и неговите ученици и сите тие ангели т.е управувачите на овие сили, кои ги држеле на ова скалило. Тој веќе е подготвен да се подигне нагоре.

Му рекол Машиах на Раби Шимон: „Среќен си ти што твојата Тора, (твојата поправка, твојата метода, твоите методи, твоите вежби,) се подигаат во 370 зраци на Светлината. Секој зрак се дели на 613 зрака, својства, подигнувајќи се и впуштајќи се во реката на светиот Афарсемон. Создателот ја потврдува и потпишува Тора на твоето собрание. Собрание на Хецекиах, (Царот на Јехуди), и собранието на Ахија ха Шилони" .

Овде е сложен систем, кој Зохар го кажува. Што сака да каже, сака да каже дека со таа метода, со која ти си дошол до оваа состојба со своите ученици, ти ги подигна душите. Се кажува во книгата Зохар. Тие кои со помош на оваа книга се подигнуваат-ти правилно ги подигнало до оваа состојба. Твојата метода, која се подигнува и понатаму во 370 зраци на Светлината и секој зрак се дели на 613 зрака. Ти сега со помош на својата метода добиваш Светлина, која ги спроведува сите 613 желби на душата.

Вие сега се подигате на ниво на апсолутно полно поправање. Ова е тоа што тие го разоткриле со помош на книгата Зохар. Еве до кој степен е можно со помош на оваа метода да се дојде. И сите кој се подигнуваат, се впуштаат во реката на светиот Афарсемон .

Светиот Афарсемон е вишиот степен на Бина. Бина е својство на давање. Го опкружува тоа својство на вода. Тоа својство на прочистување, кое ги опкружува апсолутно сите кои се подигнуваат. Највисокиот нејзин степен се нарекува Афарсемон: во превод на Хебрејски е Плод. Знаеме дека секое име во нашиов свет е производ од коренот во Вишиот свет. Така Афарсемон претставува многу висок корен.

Во нашите работи тој не учествува. Затоа што тој е толку висок и толку скриен, што ние со него не се користиме. Ние пиеме вино од лозјето кое има свој корен: Гар а Хохма. Ние правиме измивање во водата. Ова е ЗАД ха Бина. Ние имаме некакви обреди поврзани со лебот. При кршење на лебот итн.со солта. Ова се пониски скалила, а највисокото од овие скалила е Афарсемон. Но тој е толку скриен од нас, што ние во нашиот обред никаде не го гледаме, за да се искористи овој плод или пак некакви негови спомнувања.

Се подигнуваат до ова ниво душите со помош на книгата Зохар. Тие можат да се подигнат и погоре на сите 613 зрака. 613-те зрака се нарекуваат Општата Светлина, која дејствува на душата што се состои од 613 желби. Затоа 613-те зрака исправуваат 613 желби и ја подигнуваат до ниво на тоа свето потполно својство на давање. Афарсемон е највисокото скалило. А Создателот потврдува и ја потпишува Тора на твоето собрание.

Создателот како да потпишува, потврдува дека оваа метода, со помош на книгата Зохар, навистина ве поткренала вас по сите овие скалила, до највисокото скалило .

Што е тоа 370-400? Секакви разни бројки овде мене ми се опишуваат. Откако сето тоа ќе го прочитате, вам ќе ви биде јасно. Јас мислам дека нема потреба низ ова да поминуваме пак. Секој од вас ја има оваа книга. Таму сето тоа ви е објаснето. Може да влезете кај нас на веб страница. Тој што нема книга, може таму мирно и спокојно, бесплатно да ја симне и да ја прочита..

Точка 59. Рекол Машиах: „Јас не се појавив за тоа..“

Машиах е силата која ги подигнува од тоа ниво каде се наоѓа Раби Хија, на нивото каде што се наоѓа Раби Шимон и на нивото каде што Раби Шимон е подготвен да се подигне. Тој во принцип се подигнал кога станале.

Се подигнал до следното скалило на Светиот Афарсемон. Машиах е должен сите нив да ги подигне. Рекол Машиах: „Јас не се појавив затоа да ја потврдам Тора на твоето собрание, туку затоа што имам крила да се појавам тука". Т.е има уште некаков ангел, некаква сила која е должна да биде сопатник или потврдување, или негирање кон ова кревање.

Затоа што човекот се подигнува секогаш исправуваќи го својот егоизам. Не може да има друг избор на кревање. Ние сме должни да се подигнуваме откривајќи ја нашата егоистична желба да ја исправиме до својство на давање. На таков начин ние се подигнуваме.

„Затоа што знам дека тој нема да влезе во никакво собрание, туку во твоето, тој кој има крила. Во тоа време му раскажал Раби Шимон за клетвата на оној кому што му е дадено да има крила".

Има некаква клетва, некаков услов пред изникнување на приодот на оваа сила кое се нарекува „имајќи крила.3 Имајќи крила се мисли да се има екран, со чива помош може да се подигнеме на следното ниво.

Ние секогаш се подигнуваме од ниво на ниво, со помош на сила која се нарекува Машиах (Месија). Има сили кои нè подигнуваат нас од неживо до растително ниво, од растително на животинско ниво, од животинско на човечко ниво итн. Силите кои нè подигнуваат нас во десната линија, во левата линија, во средната линија. Има многу сили кои постојат, кои си играат со нас и нè подигнуваат покажувајќи различни вариации и различни метермофози на духовното појавување во нас.

Замислете си како птица, се подигнува од ниво на ниво. Зохар на таков јазик ни опишува во каков вид во нас ќе се појавува оваа сила. Значи постои одредена клетва, одредени услови. Имајќи крила, ќе се појави. Само тогаш кога ќе ги имаме овие услови.

„Набрзина растреперил Машиах, го воздигнал својот глас. Ги затресол небесата, се разбранило големото море, затреперил Левијатан". Т.е таа огромна риба, мудрост која што се наоѓа во водата. Водата преставува својството Хасадим, својство на давање. Левијатан ја претставува целата мудрост која се наоѓа во тоа својство на давање т.е Светлината Хохма, е претворен во Светлината Хасадим и цел свет се заканувал да се преврти.

Ова исправување кои душите треба сега да го добијат пред преминот на претпоследното скалило, на највисокото скалило, кардинално се разликува од претходните исправувања, кои биле само во порастување. Секогаш имало превртувања. Дури и бебе кога се раѓа со главата надолу тоа се превртува пред раѓање и на тој начин се раѓа. Тоа треба да се исклучи од сè што го опкружувало во утобата на мајка си и да се роди во потполно нов свет.

Така и ние одејќи од скалило на скалило секогаш се превртуваме, правиме флип флоп, како вртелешка. Но сега оваа инверзија, (преодот од предходното скалило во следното) е општа. Затоа таа е одлична во споредба со сите други претходни случувања. Во тоа време се видел Раби Хија себеси во украси на Раби Шимон. Прашал: „Кој ги даде овие украси на овој човек, облеката на тој свет на тело на овој свет"?  .Т.е како може човек кој сè уште не се поправил, да се облекува во Светлина, која не ја заслужил.

Тој нема за тоа својства на приоѓање. Одговорил Раби Шимон: „Па ова е Раби Хија. Тој ја осветлува Тора на целиот свет". Ова е Раби Хија. Од долу слуша што за него, зборуваат горе и му рекол нему: „Соберете го него и неговите синови, (т.е ученици), сите негови трудови, сè што излегло од него во овој свет и ќе се присоединат кон моето собрание".

Рекол Раби Шимон: „Време му дадовме нему". Време (оствете го засега на мир, соберете го, но не подигнувајте го, затоа што сеуште не дошло време. за да Раби Хија се подигни на ова скалило. Тој само го видел него од далеку.

Точка 60.Затреперил Раби Хија кога излегол Машиах и очите негови биле полни со солзи затоа што Машиах заминал бранејќи го Раби Шимон. Во плач од желба на целосно, потполно исправување и ослободување, а Раби Шимон нему не му го дал тоа. Тој рекол дека сè уште е рано, дека не дошло време. Раби Хија е олицетворение на последната поправка. Тој со себе ги повлекува сите души, нас - во случајов .

Затоа што овие 10 сефирот, основни од кој се состои Малхут, бесконечниот свет. Секој од нив е олицетворение на учениците на Раби Шимон. Ако Раби Хија исто така се подигнеше во тој набесен свод, на крилата, тогаш и ние по ред би се подигнале по него. Раби Шимон навреме ги застанал нив и кажува дека сеуште не дошло нивното време. Затоа му дале нему време .

Ова треба долго да се раскажува. Зошто го кажува ова? Зошто не му било дозволено на Раби Хија да влезе во оваа состојба на рајскиот сад , каде што се заклучени сите плодови на мудроста. Сите во својството да даваш и целиот Ор Хокма и Ор Хасадим. Сите тие се наоѓаат во еден општи сад на општи соединети души. Раби Хија исто така потиштен од страсната желба за полно исправување заплакал и рекол: „Среќен ли е одделот на праведници во тој свет?“ Среќна ли е волјата на Раби Шимон, достоинствена за сето ова?

Тој останува на пониското ниво, засега. Треба уште да чека додека сите останати души (ние со вас) се протегнеме кај него и ќе го принудиме заедно со нас да се подигне на тоа последно совршено скалило на потполно исправување.

На тој начин општо ја прераскажавме оваа статија „Видението на Раби Хија". Иако сето ова звучи алигорично, како приказна, не ни остава некои посебни впечатоци. Но навистина е затоа што ние не разбираме како дејствува книгата Зохар. Книгата Зохар дејствува со своја светлина при читање. Треба да се чита и да се трудите некако активно, пасивно, како сè може да се сожвака. Трудете се; не да дофатите и да приземнувате тоа што сте дофатиле, што сте прочитале, туку обратно да се стремите кон тоа.

Овие својства, сили, дејствија, кои нам книгата Зохар ни ги раскажува. Некакви Ангели, некакви реки, мориња, планини, собранија каде што седат, стануваат итн. Сето ова треба да го преведувате во јазикот на својства. Во принцип што има во целиот свет? Јас и денес се наоѓам во некаква обвивка која не ја чувствувам. Мене ми е потребно да ги изменам своите својства, за да можам неа да ја почувствувам. Потребно ми е да ги подигнам своите својства до ова ниво.

Постепено, со постепено читање и нашите обиди да ја разоткриеме содржината на книгата Зохар, внатре во нашите својства, како да се подигнуваме. Што значи кревање (растење)? Кои својства ни се неопходни? Каде треба нешто да прекриеме, нешто да разоткриеме? Што да чекаме? Сето ова е во нас внатре и предизвикува внатрешни промени. Како што тука се кажува, да повикуваме кон нас 613-те зрака на Светлината, кои ќе нè поправуваат нас.

Лекција бр.6 - „Со кого сме партнери?“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica