Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Кој го создал Ова?“

11.04.2010
Добар ден драги наши учесници, пријатели, студенти! Ние денес сме со вас на нашиот редовен виртуелен час и ќе пробаме да ја поминеме статијата "Кој го создал ова?" од Книгата Зохар, тоа е точка 11, во Книгата Зохар. На хебрејски значи Ми бара еле – кој го создал ова. Статијата е една од основоположнички статии, кои говорат за структурата на објектот на вселената, кој ја создал Создателот, на кој начин тој може да се доведе кон исправување. Работата е во тоа, што ние со вас говоревме за тоа дека во суштеството постојат, ако ние го прикажуваме, 5 особини. Особината, која не е можно целосно да се исправи – тоа е последната особина Малхут. Тоа е толку егоистичка особина, што целосно да се исправи не е можно. И не само Малхут...работата е во тоа, што кога ние со вас го изучувавме распространувањето на вишата светлина, која го создаде првото суштество, ние говоревме, дека самото распространување на светлината се нарекува Кетер – круна, од него излегува светлината.

Следното што тој го гради под себе, ја гради особината наречена Хохма, особина која ја прима светлината. Потоа тоа се претвора во особина на давање, која не сака да прими, - тоа е Бина. Потоа Бина гради под себе таква особина, која се состои од двете претходни, - од Хохма плус Бина, и таа особина се нарекува З'А, таа прима поради давање. И следната особина се создава, таква која прима, огромна, која сака едноставно да го прими во себе целото насладување од Создателот, и да го добие Неговиот статус, Неговото богатство, Неговата положба, Неговата вечност, совршенството. Т.е. Малхут фактички во превод е царство, царство на егоизмот, царство на желбата. Но потоа, кога Малхут почнува да се чувствува себеси да прима, во однос на Кетер, кој целосно дава, тој прави врз себе таканаречено Цимцум Алеф, прво скратување, и целосно од себе ја извлекува светлината. И потоа одлучува – што можам јас да направам – јас ќе примам колку што можам. Тој добива колку што може светлина, т.е. светлината доаѓа кај него, и одлучува колку да прими, колку да не прима, прима во себе некој одреден дел, и на таков начин ги гради своите полнења. Малхут се наполнува себеси постепено. Ние со вас тоа го поминувавме во таков систем дека ова е иполнет Малхут, и тој се наполнува себе во таков облик – тука е неговата глава, Рош таканаречена, каде што се решаваат сите негови проблеми, а тука тој себе се полни, делумно, постепено, колку што може да се наполни себеси, со своите 5 дела. И овие 5 делови, со кои тој се наполнува себеси, се нарекуваат 5 парцуфим. 5 такви објекти, на светот Адам Кадмон. Адам – е Адам, јасно, а Кадмон – е прв, т.е. на првиот човек, праоблик на човекот. На таков начин Малхут се наполни себеси од нула или од пе(уста), таканаречено, тоа е место каде навлегува светлината од главата внатре во парцуфот, до табур – тоа во превод е како папок. Папок, а ова е уста. Се наполнил тука себеси целосно со сите можни светлини, со помош на ови 5 примања на светлината, таканаречени парцуфим. А овде останал празен. Од табур, до таканаречениот сијум, до крајот.
Останал празен, и целото прашање е сега како ние да го наполниме целиот овој останат дел од Малхут. Т.е. Малхут да речеме се наполнил себеси до овој дел, а во овој дел не се наполнил. И затоа тој, во принцип, останува во состојба недоволна, депресивна, неправилна, ненаполнета, неисправена, т.е. својата конечна состојба на совршена, хармонична со Создателот таа не ја пронаоѓа. Што да се прави?

И тука се создава таква можност, кога особината ( ова Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут, овие 5 парцуфим) кога оваа особина на Бина почнува да се распространува надолу. Зошто таа може да се распространува надолу дури и на тој дел од Малхут кој е невозможно да се наполни со светлина? Затоа што Бина е светлина на давањето, светлина на љубовта, светлина на распространувањето. И кога таа дава, притоа ништо не прима, таа може да се наоѓа и доле, под табур. Таа ја исполнува Малхут со светлината Хасадим. Светлината Хасадим не претставува светлина на насладувањето, туку претставува светлина, особина на давање. Малхут ја прима, и притоа кај неа се создаваат предуслови себеси да се наполни. Ние гледаме од оваа состојба, од поделбата на заедничкото суштество на два дела, погоре од табур и подолу од табур, ги гледаме веќе следните состојби кои се создаваат, предуслови за тоа целосно да го исправат суштеството и да го доведат до сличноста со Создателот. Т.е. ова суштество, ако го прикажеме на таков начин како Рош ( глава), тој дел кој ние можеме да го наполниме Тох , и тој дел, кој ние не можеме да го наполниме – Соф, иако Тох е 100% исполнета со светлина ( 100% наполнување), Соф да се наполни не може. И што тогаш да се прави?

Значи тука, како што веќе рековме, доаѓа посебна светлина, таканаречена светлина Хасадим, светлина на давањето, светлина на љубовта, и таа создава во оваа желба, тука постои огромна желба, создава во оваа желба предуслови да се прими поради давање. И тогаш ни се создава такво дејство, доаѓа тука исто така светлината Хохма, која се претвора во светлината Хасадим, влегува во неа, и почнува да ја наполнува. И тука се дознава дека таа може да наполни одреден дел од оваа желба, но само одреден дел, до местото кое се нарекува Парса. Парса е граница, која ја дели желбата на дел што дава – Кетер, Хохма, и дел што прима – Бина, З'А и Малхут. И излегува, дека Кетер и Хохма можат да ја добијат светлината, тие претставуваат особини со добра желба за давање, со голем екран, а Бина, З'А и Малхут не можат да ја добијат светлината поради давање, не можат...Овие желби се нарекуваат Галгалта Енаим, а овие желби се нарекуваат АХаП. Ова се само скратеници на нивните називи. И понатаму ние работиме во многу интересен стил за да го доведеме целото суштество до крајот на неговото исправување. Ние работиме така што Г'Е е целосно исправен, да се исправат тие не е толку голем проблем, а целиот проблем е да се исправи АХаП. АХаП не е можно да се исправи, нема сили за негово исправување, тој се исправува на два начини: се крева цел АХаП нагоре и се вклучува во Г'Е внатре во него, т.е. Г'Е и внатре во него се наоѓа АХаП. Таквото дејство се нарекува исправување во искачувањето, АХаП де алија, а потоа, кога ние го исправуваме целиот овој АХаП, т.е. кревајки се себеси погоре од Парса, после тоа ние можеме да го исправиме овој АХаП и на неговото место. Тоа се нарекува АХаП де Ерида – АХаП на местото.

Денес ние со вас се наоѓаме во состојба, кога целото човештво почнува да го извршува ова дејство. Тоа е обврзано да се искачи во Г'Е, погоре од Парса. Тоа е нашето денешно дејство. А потоа тоа ќе се заврши многу брзо, не ни останало многу историски време. А потоа ќе се случи АХаП де Ерида, тоа на самиот крај на исправувањето, ако ние го поделиме целото наше постоење по оската на времето, 2000 години, кога Адам го откри овој метод на исправување, а потоа уште 4000 години, и тука 6000 години, тогаш ние со вас се наоѓаме некаде тука – 5771 година. Во него ние со вас сега се наоѓаме, и тука ние треба да поминеме за овој краток исечок на времето, само за 229 години, ние треба да го поминеме целото ова исправување. Во принцип, исправувањето може да се помине многу брзо, за неколку месеци, дури на целото човештво, тоа зависи не од годините, туку едноставно од тоа колку ние ќе им објасниме на луѓето дека пречат на достигнувањето на апсолутната среќа. Токму за тоа зборува нашата статија :"Кој го создал ова?" од Елијау.

Зошто се вели "Кој го создал ова?" Затоа што кој – тоа се нарекува на хебрејски "ми", создал ова – тоа е АХаП, а кој го создал ова – тоа е вишата светлина. Создава такви услови, за горе да има "кој', a долу "ова", и на таков начин тие меѓу себе се исправија. Ајде да прочитаме, да видиме како тоа Зохар го објаснува. "Рекол раби Шимон: Елазар, откриј ја вишата тајна која апсолутно не ја знаат жителите на овој свет. Молчел раби Елазар", т.е. не можел тој тоа да го открие, не бил во состојба да го открие, ние не можеме да си замислиме што значи да се открие на овие виши скалила. "Заплакал раби Шимон", т.е. исто се претворил во малата состојба, таканаречена катнут, која се нарекува "плачеме". Постојат неколку видови на малата состојба, кога човекот се понижува себеси духовно, или од состојбата стоење тој седнува, или од состојбата седење тој легнува, или заспива, или плаче, т.е. карактеристики на понижена состојба. "Заплака раби Шимон, молчи и рече: Елaзар,- т.е. тој како да го наведува...-што значи "еле"? Aко кажеш дека тоа се како ѕвездените знаци на судбината, тогаш нели се секогаш видливи, а не како знаците на судбината – променливи. И во МА, односно во Малхут тие се создадени, како што е речено:"Со зборот на Создателот создани се небесата". Т.е. Малхут се нарекува зборот на Создателот, со неа се создадени небесата. А ако еле зборуваат за скриените тајни, тогаш не би требало да се пишува еле, затоа што ѕвездите и знаците на судбините се видливи за сите, т.е. зборот еле – ова, говори за тоа дека работата е јасна. Односно, прашањето Кој го создал ова – тоа е навистина прашање. Кое не ни се претставува нам во нашата состојба јасно.

Ние во нашиот свет, едноставно речено, не знаеме – што треба да правиме, зошто ни е лошо. Престојуваме во кризи, секакви проблеми, виши, нижи, локални, лични, семејни, и т.н.Светот се повеќе се задлабочува во тоа. А што треба ние конкретно да земеме од околината или од себе и да започнеме тоа некако да го менуваме, за истовремено ние да гледаме, јавно, дека притоа ние влијаеме врз нашата судбина. Како што тој вели – ако овие знаци на судбината се променливи и непознати за нас, како тогаш ние можеме да влијаеме? Постои ли некоја зависност, корелација помеѓу тоа што јас можам да правам и да ги менувам истовремено знаците на својата судбина. Т.е. да го менувам слегувањето врз себе на вишата светлина, која ја одредува целата моја состојба. Во тоа практично се состои нашиот проблем, зошто тука е потребна кабалата? Ако таа може нешто во овој живот да ми помогне и за моите некои идни состојби – тогаш таа ми е потребна. Ако таа е за тоа да се стане поумен, позборлест, филозоф, - тогаш е несериозна наука. Т.е. треба практично да се разбира кабалата, да се гледа, дали таа дава бргу некој позитивен резултат. Значи, кога раби Шимон прашува што значи еле, т.е. што зборува Тора, кабалата, кога таа кажува "ми бара еле" – кој го создал ова. Што таа под тоа подразбира.

Т.12. "Но оваа тајна беше откриена следниот ден, кога бев јас на брегот на морето". Море во кабалата се нарекува, ние нормално не зборуваме за некои карактеристики или објекти од нашиот свет, за луѓето од нашиот свет, ние зборуваме за душите. За внатрешната состојба на човекот,каде тој се наоѓа, што тој бара. Значи, "кога бев на брегот на морето" – не се мисли на тоа дека моето тело со две нозе и раце шетало по брегот на морето, се мисли кога јас, моето јас беше на брегот на морето. Море во овој случај ја означува огромната светлина Хохма, светлината на мудроста. "Кога бев јас на брегот на оваа светлина на мудроста, ми се појавил пророкот Елијау" – тоа е посебна сила, која му ги открива на човекот сите духовни хоризонти. "И ми рече Елијау", тоа раби Шимон ни раскажува, авторот на книгата Зохар," Знаеш ли ти што означува ми бара еле – кој го создал ова? Му одговорив: тоа се небото и небесните сили, дејствијата на Создателот, кои гледајки ги, луѓето треба да го благословуваат Него, како што е речено – кога ги гледам јас небесата – дело на рацете Твои, како е величествено името Твое на целата земјата". Т.е. кога јас го гледам создаденото од Тебе, тогаш можам да те благословам, кога јас гледам што се случува на земјата како благослов од Тебе, а не тоа што сега навистина ми се гледа, тогаш јас нормално доаѓам до благословувањето. "И ми одговорил тогаш Елијау – затвореното го земал Создателот, скриеното, и го открил на Вишиот совет, кој посакал да го открие најскриенот од сите скривања. Направил тој во почеток една точка Малхут, и таа точка се крена во Неговата мисла", т.е. во Бина, т.е. Малхут се крена соединета со Бина, "и ги прикажал во неа сите создадени, и ги утврдил во неа сите закони". Т.е. што направил Создателот? Откога беа создадени Кетер, Хохма, Бина, З'А, Малхут, откога се направи скратувањето цимцум алеф, откога ние дојдовме до заклучок дека е неопходно да се работи со екран, и се создаде светот А'К, се случи многу интересно дејство. Малхут се искачи во Бина, зошто? Затоа што, ние знаеме, почнувајки од средината на Бина во суштеството започнуваат веќе егоистички желби. Кетер - тоа е целосна желба за давање – тоа е светлина. Хохма – тоа е желба да прима, но таа е непосредно создадена од светлината и таа нема свој карактер, не е егоистичка, таква е создадена. Како новороденче – што од тоа дека тоа сака? Тоа такво е создадено, да бара.

Бина сака да дава, тоа е нејзина особина – да дава, напола сака да дава, а потоа таа сфаќа – а што јас можам да давам? Јас немам што да давам, јас морам да измислам како да примам, и тогаш кога јас ќе добивам, со тоа јас го насладувам тој што ми дава. Бидејки, ако тој ме сака мене и сака да ми даде, јас треба само да примам, за да му причинам со тоа насладување. И тогаш Бина од оваа глава, што се нарекува Рош, а З'А се нарекува нејзиното тело, таа создава З'А, кој прима. Но добива тој од главата на Бина, поради давање. Но веќе прима. И потоа од ова произлегува Малхут, која целосно прима, апсолутно се' – и светлината, и насладувањето, да се биде сличен на Создателот. Апсолутно се'. Ние гледаме, дека почнувајки од средината на Бина, желбите стануваат примачки. Оваа желба, како дел од главата, сеуште мисли како да прима, З'А прима, и Малхут апсолутно прима. Затоа тие и се нарекуваат: оваа А – (АХаП), Х и П. АХаП, тука има уште една мала буква а, тука ќе ја допишеме. Озен, Хотен Пе, Бина, З'А, Малхут. Т.е. тоа се приматели на желбата, а даватели на желбата се нарекуваат Гаљгаљта и Енаим. Таа желба е давање, затоа што светлината - таа се дава, Хохма се смета дека не прима, Бина самата посакува да дава, со својот горен дел,- тоа се нарекува Г'Е – даватели. И АХаП – приматели. Ете на таков начин кај нас се поделило клито, заедничкото создадено суштество, тоа е цело суштеството тука, тоа се поделило на два дела,- на дел што дава и дел што прима.

Сега како да го исправиме делот што прима, делот што дава нема што да се исправува, тој е подготвен да работи, тука се создадени во ова место 5 парцуфим на светот А'К, со нив нема проблеми. Целиот проблем е со овие особини за примање. Затоа тој вели: ја земал Создателот особината на Малхут и ја кренал особината на Бина. Ги соединил овие две особини. На таков начин Малхут се најде во Бина, а како таа може да се најде во Бина? Ние говориме за особините, а не за некои два објекти, кои може едноставно да се земат и да се соединат меѓу себе. Да се поништи оддалеченоста помеѓу нив. Во духовното, растојанието не може да се поништи. Во духовното да се поништи растојанието е можно, само ако се прави сличност на нивните меѓусебни особини, инаку тие нема да се завртат еден кон друг. Тоа е како да речеме два магнети, кои взаемно се одбиваат еден од друг, и да речеме немаме сила да ги приближиме еден кон друг. Ти можеш само поништувајки ја особината на едниот од нив да направиш така, што, или на двата взаемно, тие ќе се зближат. Така е во духовното, зошто постои законот на сличноста. Значи Малхут, која се искачи во Бина, таа целосно се поништи себеси, и се искачи во неа. "Ми одговорил затоа Елијау: земал Создателот и ја затворил вишата светлина, Малхут. И кога тоа посакало да се открие, најскриеното од сите скривања, направил во почетокот една точка Малхут и ја кренал во Неговата мисла", т.е. во Бина, Малхут се крена и соедини со Бина, "ги прикажа во нив сите создадени и ги утврдил сите закони".

T.e. кога Малхут се крева во Бина, таа ја добива особината на Бина, тогаш таа може духовно да се развива. Затоа што егоистичката особина, тоа само по себе, самото его, не е во состојба ништо да направи. Животот, кој е во него, дури во тоа за да ги соедини помеѓу себе елементите, како во неживата материја, а посебно во живата, за да апсорбира и да отстранува од себе...да се апсорбира потребното, да се отстранува непотребното, да се остава неопходното за животот, да се преработува, да се расте на таков начин, да се размножува и т.н. – тое е можно само ако постои особината на Бина внатре во Малхут. Токму таа особина на Бина сето го прави. Исто како што без вода невозможен е животот. Односно, особината која ја оживува материјата се нарекува особината на Бина., а самата материја се нарекува Малхут. Значи, самото его не може ништо да направи, туку само ако во него се додава особината на Бина ( доаѓа Бина). Но ние не велиме дека тука постои Малхут, а Бина доѓа во него, тоа не е точно, зошто? Затоа што нам ни е потребно да го поништиме егото, за да може Бина во него да работи и затоа ние велиме не дека Бина слегува во Малхут, туку Малхут се крева во Бина. Односно Малхут ја поништува својата егоистичка особина, прекинува да работи со својот егоизам, таа е подготвена да се скрати себеси како во цимцум алеф, - и нека Бина работи врз неа, врз Малхут. Нека прави што сака. Ако Малхут може да создаде од себе таква состојба, тогаш таа веќе почнува да се развива. Тоа е наше со вас прво духовно скалило, по кое ние треба да се движиме. Тоа се нарекува убар, вие тоа можеби веќе сте го слушнале.

Односно, првото скалило, кога јас сите свои желби егоистички ги кревам во Бина, и на таков начин ја поништувам Малхут – Малхут станува како точка, а Бина станува како матка, како мајка. А ова е ембрион, Малхут внатре. Мајката – тоа е Бина, а Малхут – тоа е ембрионот во неа. И на таков начин се развива. Како се развива? Целосно се поништил себеси, се вклучи во особината на давање, ова е давање, а Малхут е особината да прима, но таа целосно се поништила себеси, и затоа може да престојува во особината на Бина. Како точка, и Бина може врз неа да делува. Сега гледајте што се случува. Да речеме по таков графикон – нулта точка е Малхут, тука е Бина, а тука Малхут. Во тој степен во кој Малхут се крева во особината на Бина, се искачи, да речеме до одредена особина на Бина, да речеме зема еден некој дел од Бина, 1 килограм на силата на давање, на таков начин таа може да земе и од особината на Малхут тој 1 килограм, и да се крене тука. Понатаму повторно Бина делува врз неа, да речеме ова ќе биде 1 месец, и таа повторно зема уште поголема особина на Малхут, и повторно ја претвора во особина на давање. Тоа се 2 месеци. И така понатаму, до 9 месеци на развитокот на плодот. Додека Малхут целосно не се поништи себеси во особината на Бина. На таков начин целосно достигнувајки го своето созревање во првата фаза. Тоа се нарекува 9 месеци на развиток внатре во утробата. Равитокот внатре во Бина.( 9 месеци развиток во Бина). Сите овие скалила на развитокот, тие многу точно се опишани во кабалата за човекот знае, каде тој се наоѓа, на кој начин тој може нешто со себе да прави, од најпрвото свое ниво, од нулата, од таканареченото зачнување, кога тој се поништува себеси. Зачнувањето е цимцум алеф, кога тој целосно се поништува себеси и е подготвен да се подложи на особината на Бина. И понатаму тој се развива по сите тие закони, за кои е речено, т.е. "се соедини со Малхут, се крена и се соедини со Бина, прикажувајки ги во неа сите создадени и утврдувајки ги сите закони". Односно понатаму сите закони делуваат веќе врз човекот, кој на таков начин се развива. Понатаму. "И го утврдил во Малхут, која се соедини во Бина, еден скриен вид , свет.Свет- тоа е особина на давање и љубов, тајна градба, произлезен од мислата – гар, наречен ми – почеток, градба". Односно откога Малхут се развива во Бина, ја достигнува особината на развиток, кога таа веќе се развила, тоа е веќе 9 месечен ембрион на Бина, сега тој теба да се роди. Значи после тоа таа се развива, се раѓа надвор, следна фаза на својот развиток.

Исто така под особините на Бина, и исто под особините на Малхут, таканаречен двегодишен период на доење, духовно доење. Исто како во нашиот свет, кога малечкото добива се, без ништо да дава за возврат, без да реагира, т.е. целосно не бирајки ништо. Иако во нашиот свет тоа се одвива во малку подруги рокови, отколку во духовниот свет. Под периодот на доење се подразбира, кога тој престанува да прима од нижиот дел на вишиот парцуф, Бина тука работи во таков облик што парцуфот на Бина станува важен и главен, а Малхут е само точка. Односно парцуфот на Бина се дели во однос на Малхут на три дела: Хабад, Хагат и Нехи. Долниот дел на Нехи – тоа е дел, во кој се одвива развитокот на ембрионот. Тоа како да е матката на мајката ( и тука ембрионот). Следниот дел, кога него го креваат до нивото на доење, тој прима од следниот, повисок дел на Бина, од вишиот парцуф, тоа е веќе доење, и следниот дел, кога тој веќе станува голем, тој доби веќе мисли на возрасен човек – тоа е веќе созревање. Јасно е нели – ова е прва фаза – развиток внатре во утробата, ова е развиток на доенче, животински, а ова е веќе човек, трета фаза. На таков начин ние ги поминуваме овие состојби. Значи, "утврдил во Малхут која се соединила со Бина еден скриен вид, свет, тајна градба, произлезена од мислата- гар, хабад или гар, таканаречено ми – почеток на градбата. Тоа и стои и не стои, големо и скриено во името Елоким".

Односно што се случува после оваа фаза...во оваа фаза, на 9 месечниот развиток, нашата душа ја добива особината М''И – Г'Е, на најмалото негово ниво, нулто. Ние со вас говоревме, дека Г'Е тоа се Кетер и Хохма, така да на ниво на Кетер. Потоа се одвива периодот на доење, исто на ист принцип, само во текот на две години. Бина од нула и до две години, ги праќа своите светлини, и соодветно на тоа се случува доењето, додека не ја достигне целосната состојба. Т.е. Малхут се искачува, Малхут се исправува, се додека целосно не се исправи во Г'е. Г'Е не е само Кетер,, туку Кетер и Хохма. односно целосна Г'А, сите особини на давање се добиваат, период на доење. Ова е 9 месечен развиток во Бина, а ова е две години на доење. Понатаму. Тоа што тој го вели кај нас се одвива понатаму. Тој говори за тоа дека откога ние ја достигнавме во ембрионот состојбата Галгалта, во доењето – Енаим, целосно го достигнавме, за овие два исечоци на духовниот развиток, Г'Е , после тоа ...оваа состојба се нарекува само катнут – мала состојба. Понатаму ние со вас почнуваме веќе да работиме врз големата состојба, и тука е веќе проблемот – Г'Е, катнут ние ја достигнавме особината на Бина, ова е особина на Бина, целосно добиена до 2 години на доењето. А понатаму? Понатаму ние почнуваме конечно да работиме со самата Малхут. Односно во текот на овие 2 години Малхут ги доби во себе сите особини на Бина. Сега во мојата душа постојат особините на Создателот. Само сега треба со нив нешто да сторам. Т.е. еве ја мојата душа, ова е мојата желба, таа била егоистичка, јас ја потиснав во себе, затоа јас во себе почнав да ги развивам особините на Бина, таа особина на Бина во мене се разви,( ова е особина на Бина, а во во мене е особина на Малхут), Малхут беше скратена, самата не работеше, јас ги потиснав сите мои желби, во мене се, како што велат, само особините на Бина. Токму тоа е Г'Е. А сега јас треба со помош на таа особина на Бина, особината на Создателот, која јас ја добив, да почнам да ја исправувам самата своја желба, самата своја суштина, - Малхут. Овој дел кај нас се одвива во време кога делува веќе не Бина, ова јас се кренав себеси во Бина,( ќе направиме тука со вас друга состојба), се кренав себеси на ниво Галгалта, се кренав на ниво Енаим, и на таков начин се кренав себеси до нивото на Бина. А сега јас треба да се спуштам себеси. Јас треба оваа особина на Бина да ја насочувам во Малхут. Јас треба да ја исправувам особина на Малхут во самата себе, т.е. ако претходно сите мои желби се наоѓаа тука, во овој исечок од времето, под цимцум алеф, јас не посакував да работам со нив, цело време сето го потиснував, цело време само се обидував да дадам во себе место, вишото – Бина со мене да управува. А јас сум апсолутно пасивен, како роб, притоа доброволно, со целосна своја желба, целосно подредувајки се на Бина. Тоа е наша прва состојба после цицмцумот, значи во почетокот оди цимцум алеф, тоа е прво, втората состојба е ембрионот, убар, третата состојба е доењето, катнут. Во оваа фаза јас целосно ја добив особината на Бина - ми.

Сега се создава токму тој услов, кога се вели – ми бара еле. Ми- треба да создаде, бара- значи создаде, створи, бо-ре, Создател, еле – правилните особини на Малхут. Т.е. со помош на тие особини кои јас ги добив, сега ми се прави бара, - тоа е движење, дејства, со чија помош се одвива исправувањето на самата Малхут, што се нарекува еле. За тоа ни е дадена состојбата гадлут, која исто се дели на неколку дела, но во принцип сега нам тоа не ни е важно. Затоа така се нарекува статијата Ми бара еле. Односно со помош на Бина, која сега ме исполни мене, и владее во мене, сега постои следна фаза, кога јас уште повеќе се потиснувам себеси. Тоа не значи дека сега јас можам да се ослободам од првото скратување, и повторно да почнам да работам со Малхут како порано. Не, не егоистички. Јас сега уште повеќе се скратувам себеси, не само да ја потиснам Малхут, туку да работам со неа алтруистички, за давање. Односно станува збор за тоа да се оди напред, уште погоре, во три фази – ЕЛЕ. И тогаш излегува дека ако јас на таков начин постапувам, Ми Еле , тогаш во мене се создава целосна особина , наречена, (јас читам одозгора надолу, затоа што ние одиме од најдолниот дел). Од Малхут, тогаш се добива зборот ЕЛОКИМ, така звучи на хебрејски.Е- е, Л-л, ОК-е(така звучи на хебрејски)и ИМ – м- особина на Создателот. Т.е. во мене се создава апсолутната особина на Создателот. Со такво последователно исправување. Ајде да пробаме да прочитаме тоа што Зохар ни го кажува за тоа, откога јас се потрудив ова некако да го објаснам.

"Утврдил во света Малхут, соединета со Бина еден скриен вид, свет, кој оддава, тајна градба, произлезена од мислата, од гар, наречен Ми – почеток на градбата". Ми – тоа е почеток на исправувањето и затоа се нарекува почеток на градбата. "Тоа стои и не стои, големо и скриено во името ЕЛОКИМ", еднакво на еле плус им. Се нарекува Mи од зборот Елоким, односно недостасува Еле од името Елоким, "посака да се открие и да се нарече со целосно име", т.е.во почетокот постои името Ми, како Г'Е, Еле го нема, потоа посакал целосно да се открие, затоа – ми бара еле. Ми го создаде понатамошното исправување, Бина, која се наоѓа во Малхут понатаму и ги дала на Малхут сите исправувања, останатите. Тоа се вели дека го создал Еле. Ги создаде тие делови исправени. "Посакал да се открие и да се нарече со целосното име Елоким, се облече во драгоцени сјајни облеки, т.е. во светлината на исправувањето, светлината Хасадим, "и го создал на таков начин еле. Се искачија буквите еле од името Елоким и се соединија со буквите ми, образувајки го целосното име – Елоким. А додека не ги создаде еле – не се искачи, не се возвиши до името Елоким, затоа тие, кои згрешија во преклонувањето пред златното теле", т.е. се мисли со желбите егоистички кои се наоѓаат во еле, "укажуваат на оваа тајна и велат – еле – тоа е твоето божество. Наместо "ми бара еле" да направат од Малхут особина на давање, почнуваат да се преклонуваат пред Малхут, т.е. да примаат во неа максимум, колку што е возможно.

И последната точка на оваа статија, т.15." Kако што се соединуваат ми со еле во едно име Eлоким, кога Хохма се претвора во Хасадим, така и името се соединува со ова прекрасно светлечко одејание. Благодарение на оваа тајна постои светот, како што е речено: светот е создаден со милосрдието. Со особината ми, особината на давање, особината на Бина. А Елијау леташе".Се крена значи погоре од оваа состојба, во цимцум алеф, во целосното исправување. "И повеќе не го видов јас него, но од него го дознав јас тоа, дека стоев на тајната, и нејзиното скривање". T.e. на таков начин им открил раби Шимон на кој начин се одвива последователното исправување. Исто како што денес вие тоа го слушнавте. Само што постои објаснување со зборови, како денес, вие тоа го слушнавте, а постои објаснување кое ученикот го постигнува самиот, внатре во себе, кога тој ги извршува овие дејства. И до нив нам би ни било пожелно да дојдеме. Се приближиле раби Елазар и останатите, се поклонија пред раби Шимон, заплакале и рекле: ако ние би дошле во овој свет само за да го слушнеме ова, доволно ни е. Затоа што на таков начин тие практично го добија целото знаење за методот и редоследот на исправувањето на душата на човекот. ете, тоа е статијата наречена "Кој го создал ова?" "Ми бара еле". Тоа звучи како прашање – Кој го создал ова?, но навистина тоа не е така – кој го создал ова, т.е. тоа е потврдна реченица, која говори за тоа дека едниот дел преку одредено дејство го создал, исправил другиот дел. Тоа е се'. Сега избирај некои прашања, најважни.

Имаме многу прашања...
Ајде побргу, зависи од тебе.

Павел од Москва прашува: "Објаснете, ве молам, за особината на Бина – давањето. Давање во однос на што или на кој, бидејки во физичкиот свет алтруизмот нема смисла, а на Создателот нашето давање исто така не му е потребно, Тој самиот само дава?"

Давањето ти е потребно тебе, за да се соединиш, да се откриеш себеси на исто ниво со Создателот. Тоа е се'. Навистина, никому – ниту на светот, ниту на Создателот не му е потребно давањето, тоа ти е потребно само тебе. И толку. Ќе престојуваш во особината на давање – ќе ја осетиш целата вселена како Создателот, ќе се наоѓаш на неговото ниво, ќе го имаш Неговиот статус. Ако нема – ако останеш истиот, толку. Сеедно природата ќе те натера на крај да станеш сличен на Создателот. Сето е потребно само за тебе. Науката кабала никому не кажува дека нешто мора, – себеси, не повеќе од тоа! Понатаму.

Валентин од Клајпеда прашува: "Како различните состојби во Малхут се манифестираат во разумот на човекот и во однесувањето на опкружувачката средина?" Има ли такво манифестирање или не?

Тоа само ако човекот почнува во своите исправени состојби на Малхут, да ја открива вселената. Тогаш тој го гледа сето исправено реално. Но од своите особини. Тој треба само да прочита некои материјали за реалноста, за чувствувањето на реалноста. Понатаму.

Јуџин од Њујорк прашува: "Пред доаѓањето во групата јас имав работа со егоизмот, својот личен, а во групата тој се зголемува зависно од бројот на пријателите?"

Пред доаѓањето во групата ти воопшто не си бил егоист. И откога си дошол во групата, ти можеби се уште не си егоист. Егоист се нарекува само моето откриено во мене противење на спојувањето со пријателите поради откривање на Создателот. Запомни, – егоизам – тоа е тоа што се противи на спојувањето помеѓу нас за откривање на Создателот. На спојувањето на точките во срцето за откривање на Создателот. Ако ти се стремиш кон спојувањето на точките во срцето, на сите твои пријатели, себеси со нив, и ќе чувствуваш одрекување, одбивност,твоја оттргнатост од тоа, омраза кон тоа,- само тоа се нарекува егоизам, сето останато не е егоизам. Се' што постои во нашиот свет не се нарекува егоизам, - само животно и тоа е се'. Егоизмот е само тоа што е против исправувањето, соединувањето, спојувањето со Создателот. Понатаму.

Ажуолас од Вилнус прашува: "Што значи :прашал и одговорил, ние читавме во текстот на Зохар, има такви зборови, - во духовното?"

Прашал – тоа е искачување на МАН, желбата, кога човекот прашува, прашал – тоа е прашање, и кога тој добива одговор, т.е. кога постои јасна комуникација, отворена, помеѓу него и Создателот, тогаш на таков начин таа функционира. Помеѓу него и Создателот, се мисли помеѓу Малхут и Бина, Создателот се наоѓа во Бина. Создателот е ЕЛОКИМ – тоа е особина на Бина. Ако во човекот барем малку ја има таквата особина на Бина, тогаш тој во таа мера е поврзан со Создателот, го крева прашањето и добива одговори. Т.е. взаемно дејство помеѓу Малхут и Бина. Пoнатаму.

Ве прашува од Лос Анџелес гостин, која не се потпишал: "Ако светлината доаѓа и го поништува егоизмот, во што се состои тогаш мојата работа?"

Во тоа да ја привлече таа светлина, да се согласи таа да дојде. Светлината нема да дојде се додека ние не ја побараме, притоа како најважно за нас. Пoнатаму.

Мери од Сан Диего прашува: "Jас ја изучувам кабалата три години и се досега не можам да сфатам на кое скалило јас се наоѓам, како тоа да го дознаам"

Кога ќе ти се открие, на кое скалило си, тогаш и ќе дознаеш, поинаку никако, Мери. И јас те очекувам на конгресот по еден месец.

Mожеби треба на сите да им се каже за тоа...

Сите да знаат, овој конгрес е отворен за сите, јас ги поканувам сите пријатели, од целиот свет, од 7 до 9 мај, т.е по 20 дена, приближно 25 дена, ќе се случи под Њу Јорк северноамерикански конгрес.Во принцип, на тој конгрес се покануваат сите што имаат желба, еве имате оглас на кабала инфо, можете таму да влезете, таму ќе бидете информирани како да се запишете на тој конгрес, каде ќе се одржи, како да се поврзете, целата информација, повелете! Јас посакувам да ги видам таму апсолутно сите наши пријатели од целиот свет. Секој кој има можност нека дојде. А некаде на есен ние секако ќе направиме уште еден конгрес во Израел, и тогаш вие ќе можете да дојдете таму, тие кои не ќе можат да дојдат на овој конгрес, или ќе дојдете и таму и тука кај нас,...ние ве очекуваме! Лично јас би сакал да ги видам во најмала мера барем сите мои ученици од Северна Америка на овој конгрес, по еден месец. Понатаму!

Прашање од Шпанија, од Давид од Мадрид: "Логиката ми кажува, дека единствениот начин да се стигне до Бина е преку Малхут, но на моето срце му е тешко да сфати, дека јас можам да се искачам во духовниот свет само со помош на материјалниот свет. Дали е тоа така и дали е тоа единствениот начин?"

Никаков начин воопшти не постои, драг мој Давид од Мадрид.Постои само систем, во кој ние денес исто престојуваме.Тоа е систем на целосната поврзаност помеѓу нас, помеѓу душите. И ние тој систем не го чувствуваме, ние се чувствуваме себеси во многу понизок систем, поврзани помеѓу себе во таква форма како што сега гледаме, на животинско ниво. Нежива, растителна и животинска природа. Човекот во нашиот свет исто така припаѓа на животинското. Така што ако ние сакаме да го откриеме за нас следното ниво на постоење, во кој ние постоиме, само што тоа за нас не е откриено, за тоа ни е потребна науката кабала. Наука за тоа како да се добие, како да се осети тоа ниво. И ништо ние притоа не создаваме, ние само ги развиваме во себе особините да го осетиме тоа, во кое ние навистина постоиме. Но кога ние почнуваме да го чувствуваме, тоа следно ниво, нивото Адам – сличен на Создателот, тогаш ние добиваме апсолутно неверојатни можности. Ние се искачуваме над точката на смртта, т.е. над точката на животинската смрт, затоа што моето животно тело не припаѓа на тоа следно ниво. Откога ќе се искачам на тоа ниво, духовно ќе го наречеме, ниво на Создателот, ниво на душата, тогаш постоејки истовремено во овоземното тело и во духовното ниво, јас јасно се чувствувам себеси дека добив вечно совршено постоење. Во него исто така постојат скалила, јас продолжувам да се развивам во моето целосно исправување.Тоа се веќе проблеми од другиот свет, но генерално ние на таков начин се развиваме. Најважно за нас е - не едноставно да умреме и изгниеме, туку да го продолжиме нашето вечно совршено патување.Тоа е да се излезе на ова прво ниво, да се изврши врз себе цимцум алеф, и да се влезе во Бина. На ова како прво нешто не' учи науката кабала. И никои други начини не постојат.

Може уште едно прашање, студент од САД: „Вие велите, дека егоизмот се манифестира само тогаш кога човекот доаѓа во групата, што тогаш да правиме со тие што не дошле таму?"

А тие не се егоисти, тие се едноставно животни, така е речено – сите се слични на животни, на нив не треба да сметаме воопшто, затоа што тие немаат ниту слобода на вољата. Читајте ги статиите, драги пријатели, направите заклучоци. Вие ќе забележите како сето се сложува во огромна, убава, хармонична слика, никакви противречности, со ништо и никако. Со среќа, до видување по една недела.

Лекција бр. 20 „Виша Мудрост“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica