Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Намера и воздигнување на молитвата“

08.08.2010

Добар ден драги пријатели! Денес го продолжуваме нашиот час по изучување на книгата "Зохар". Можеби тоа ќе биде последен час од оваа книга. Денес ќе ги поминеме последните две статии од оваа книга, кои се наречени "Намера на молитвата" и "Воздигнување на молитвата". Тоа е на страница 650 од книгата "Зохар" на руски јазик. Ќе продискутираме за овие статии зошто се напишани на доста архаичен јазик. Колку и да се трудев да ги преведам, сепак се трудев да не се оддалечувам од текстот, и не можев до текстот да го пишувам неговиот слободен превод или прераскажување. Затоа ќе зборуваме малку над самиот текст.

"Намерата на молитвата" и "Воздигнување на молитвата" се две основоположнички статии во книгата "Зохар". Тие не се во првиот том од книгата, туку некаде на средина. Раскажуваат за тоа како човекот треба да се обраќа за помош. Бидејќи ние се наоѓаме во нижиот свет, и нормално е дека нижиот не може самостојно да се крене нагоре. Кога би можел, веќе би бил на нивото на Вишиот. Додека во овој случај мора да се искачува постепено. Неговиот постепен подем може да се одвива само под влијание на Вишите Сили кои тој ги предизвикува врз себе. Како тоа се одвива.

Ние треба прво да разбереме како се одвива слегувањето на сите светови, парцуфим, каде тие завршуваат. Ја изучувавме состојбата кога одозгора слегува Вишата Светлина, која ја гради под себе првата, втората, третата и четвртата фаза на ширењето на Светлината. Првата фаза е целосно давање, се нарекува Кетер, тоа е давање. Втората фаза е Хохма, примање, а третата фаза - Бина, тежнее да биде слична на Кетер, т.е. да дава, исто така давање. Но, како таа може да дава кога целата е заснована на особината на примање? Тука во неа постои внатрешна поделеност, кога првата половина сака да дава. Но, за да може да дава, таа гради во себе намера, за да може да се дава. Како да речеме, јас се наоѓам кај Создателот, кој сака сè да ми даде. Одозгора надолу врз мене слегува Вишата Сила на давањето, јас тука се наоѓам. Како јас можам да давам, ако целиот се наоѓам во особината на примање? Јас можам само да примам поради давање. Иста таква состојба има Бина, кога таа сфаќа дека треба да прима поради давање.

Таа мисла која се раѓа кај мене се нарекува глава, решение на оваа состојба. Потоа се случува примање, таа гради систем на примање поради давање, таа состојба се нарекува З'А, мало лице, мал парцуф или мал систем, која прима поради давање. Главата, решението се наоѓа горе, во вториот дел од Бина, додека дејството се случува посебно, во З'А. Потоа се случува Малхут, која сака само да прима. Целосно прима во себе. Што гледаме на овој цртеж? Дека целиот универзум се состои од два строго поделени дела.

Едниот, горен дел, од кој слегуваат сите управувања, Светлината, насладувањата, наполнувањата. Сè потекнува одозгора. Ќе го означиме делот како Светлина. Вториот дел е делот што прима во себе, одлучува да прима. Примачки дел, кој прапаѓа на суштеството. Сето ова сè уште е Создателот. Така се поделени сите скалила и воошто целиот универзум на два дела. До средината на Бина сето сè уште припаѓа на особината на Создателот, додека од средината на Бина, надолу, на особината на суштеството. Затоа и ние исто така ја поделуваме целата состојба која произлегува од светот на Бесконечноста, од светот на Бесконечноста кон нас слегува изобилство, Светлина, сили, кои поминуваат сè до нашиот свет, најдолниот свет, и целата таа скала е поделена на состојби: Свет Асија, Јецира, Брија, Ацилут ( ќе го нацртам поголем, зошто навистина е посебен), и светот Адам Кадмон.

Зошто е посебен светот Ацилут? Затоа што во него постојат многу интересни делови. Во него суштеството се сретнува со Создателот. Нашите души се наоѓаат во световите Брија, Јецира и Асија, под линијата, која се нарекува парса (граница). Тука се наоѓаат нашите души, разбиените души. Тие се искачуваат во Светот Ацилут, тука е Малхут на Светот Ацилут, потоа З'А на Светот Ацилут, понатаму доаѓа АВ'И, тоа се татко и мајка, и понатаму се Атик и А'А. Овие називи потекнуваат од ермејскиот јазик. Границата каде што (така ќе ја означиме) одозгора, од светот на Бесконечноста слегува изобилство, насладување, Светлина која поправа, исполнува сè дотука. Сето ова припаѓа на нивото на Создателот.

Разбиените души се искачуваат нагоре, во мера на својата желба за вклучување во една единствена целина, да се соединат меѓусебно (го цртам математичкиот знак на соединување). Душите кои сакаат меѓусебно да се соединат, да бидат единствен систем; со тоа се искачуваат во Малхут на Светот Ацилут. Тогаш Малхут од Светот Ацилут со својата желба се крева во З'А на Светот Ацилут и заедно тие се креваат во овој долен дел од АВ'И, на нивните родители. Тука се случува контактот меѓу душите и Создателот, во овој подем. Тука се нашите тела, а тука разбиените души. Ако ние со нашите разбиени души посакаме меѓусебно да се обединиме, за да бидеме една единствена целина, кон што патем речено денес не' потикнува Природата и сите проблеми и страдања, кои земаат замав во светот, поради што и кабалата се открива за да ни објасни кон што се движиме...Ние одиме несакајќи кон сеопшто обединување, и се' што се случува ни го покажува токму тоа.

Светот е топка, сите страдаат и решението е само во меѓусебното обединување на сите луѓе. Кон тоа всушност треба да е упатена нашата молитва. Зохар ни вели дека на таков начин молитвата се крева нагоре. Молитвата е желба во срцето, а не тоа што го кажува устата. Од внатрешноста на срцето нашата желба ја чита овој систем, т.е. овој систем е градација на желбите. Од желбите на светот на Бесконечноста сè до желбите на нашиот свет. Сите овие желби се степенуваат по 125-те скалила. Само желбите. Затоа, колку е нашата желба поблиску до светот на Бесконечноста, т.е. колку покомпактно се трудиме да се соединиме во тој систем. Со тоа побргу, поблиску се издигаме кон ова соединување кое тука се случува. Во ова место кое се нарекува долен дел на АВ'И. АВ'И е таков систем чиј што горен дел е врзан за Создателот и за сите се до највисоката состојба, до светот на Бесконечноста.

Додека долниот дел не' опслужува нас исто како нашите родители кога бевме мали: од една страна тие контактираат со целиот свет, од друга страна претставуваат за нас средина во која ние се развиваме. Во која ние можеме да престојуваме и да егзистираме. Така и овие два системи – вишиот и нижиот. До оваа граница меѓу Создателот и суштествата, на таков начин тој се разделува. И затоа најважен за нас елемент, соединувач на овој систем – е АВ'И. Нашите мајка и татко. Тие не' негуваат, цело време не' поддржуваат, земајќи ја Светлината и сето неопходно одозгора, обраќајќи се нагоре и го спуштаат тоа до нас. Но тие дејствуваат во толкава мера, во која ние ги замолуваме. Нашата молба се нарекува МАН – како "небесна мана" во пустината. Тука се мисли: со што да се храниш во пустината, кога тука ние се наоѓаме под парса, оваа граница во световите Брија, Јецира, Асија ние сме разбиени. Се наоѓаме тука во пустина...ова е пустината. Пустината се нарекува Синај, исто како планината Синај - од зборот омраза. Кога ние сакаме да се издигнеме од оваа омраза, од оваа пустина, во која се сушиме, чувствуваме дека тоа не е живот.

Тогаш ние ја креваме МАН. Тогаш почнуваме, подготвени сме да се храниме со "маната небесна". Што тоа значи – "мана небесна"? Со особината на давање, особината на љубов, излегувањето од себеси. Тоа се нарекува небесно – подем над земјата, над сето тоа што се наоѓа во нашиот егоизам. Кога ние на таков начин се креваме во својата желба, посакуваме тоа да се случи. Но, како ние посакуваме? Кога сакаме да се соединиме заедно. Тогаш оваа желба оди во Малхут, тука се соединуваат сите души во нивната желба меѓусебно да се соединат и таа нивна веќе е заедничка желба...Тука се креваат од секоја душа посебни желби, тука се собираат, и се креваат заедно од Малхут во З'А. Во зависност од масата на заедничката желба во Малхут, таа заедничка желба влијае врз З'А. Односно секој може да ја крева својата желба кон соединување, можеби тие желби се мали или се големи, можеби не се јасно оформени и насочени. Т.е. желбата може да е голема, но да е насочена во друга насока. Значи се избира само делот кој е правилно насочен, и т.н. Тие тука се собираат во овој блок наречен Малхут.

Потоа нивната заедничка правилна оформена, од сè очистената желба влијае врз З'А. З'А тогаш ја крева својата желба нагоре кон духовните родители – АВ'И. АВ'И ја креваат таа желба нагоре преку огромен број на скалила до светот на Бесконечноста. Тогаш оттаму желбата слегува назад од светот на Бесконечноста, доаѓа во системот АВ'И, од АВ'И назад кон З'А, од З'А назад кон Малхут и назад кон душите. Тогаш тие разбиени души почнуваат да се креваат и да се соединуваат заедно. Во принцип тоа е таков систем. Така се одвива системот на нашата молба, обраќање нагоре кон светот на Бесконечноста а исто така и целиот систем на слегувањето.

Малиот човек, пак ,се наоѓа тука и со своите желби од нашиот свет може да го достигне светот на Бесконечноста ако правилно ги насочува. Суштината е и во тоа: кога тој ги насочува своите желби кон единство - со тоа тој ги пробудува другите разбиени души и тие исто така почнуваат да стануваат послушни. Освен тоа кога тој ги крева разбиените желби тука во Малхут на светот на Бесконечноста, влијае врз сите други души ги поттикнува на исти дејства. Значи врши позитивно влијание врз сите души кои тука се наоѓаат. Освен тоа кога ја крева својата желба преку Малхут кон З'А, кон АВ'И и потоа кон светот на Бесконечноста, тој предизвикува Светлина која поминува преку сите светови, влијае преку сите скалила и доаѓа назад кон разбиените души. Односно секој од нас на таков начин предизвикува огромна Светлина во сите светови. Ова е, да го наречеме првиот мал вовед за разбирање на функционирањето на овој систем.

Оттука можеме да сфатиме дека тука се создаваат желби за подем. Тоа не се празни зборови, не се празни разговори, не е тоа дека човекот ќе земе некоја книгичка, молитвеник или ќе запали свеќа и ќе разговара. Ова е срцева работа, работа во срцето, т.е. тој треба да предизвика во срцето желба за соединување со другите. Кога тие желби ќе предизвикаат соединување со другите, само тогаш тие ќе бидат примени тука во светот на Бесконечноста и оттаму ќе слегува надолу Светлината на Поправката и наполнувањето. Токму за ова се зборува во оваа статија. Има прашање?

- Да. Ученик од Виљнус прашува: "Како да се замоли Создателот да ми го даде она што Тој го сака, а не тоа што го сакам јас во својот егоизам. Како тоа да се разликува?"

- Тоа нема да успее! Како тоа, зарем можам да го молам Создателот да ми го даде она што Тој го сака? Не смее. Речено е: "Направи ги твоите желби како Неговите, за Тој да ги направи Неговите желби како твоите". Треба да се совпаднете според желбите, само тогаш ќе се слушнете еден со друг, тогаш ќе се разберете еден со друг, ќе извршите влијание еден врз друг. Само така, во никој случај не може да му речам на Создателот: "Добро, прави како што Ти сакаш! Тоа би значело дека јас апсолутно не разбирам што Тој треба да изврши над себеси, односно се' уште не сум подготвен за тоа. Понатаму.

- "Кога почнуваш да работиш со егоизмот, тој почнува уште повеќе да расте. Што да се прави во таков случај?"

- Зошто се зголемува егоизмот кога почнуваме да работиме? Затоа што нашата желба е мала. Ти доаѓаш кај мене и молиш – дај ми нешто онакво...Јас чувствувам дека тоа не е желба, туку онака, тоа се однесува на нешто друго. Сакаш да се запознаеш, да обрнеш внимание на себе. Не ти треба Поправка, само плачеш, навидум пролеваш "крокодилски солзи". На такви солзи нема одговор. Желбата треба да е исполнета, јасна, конкретна, прецизна, насочена и да претставува таква желба, таков сад кој точно би одговарал според количеството и квалитетот на Светлината и насладувањето кое треба во него да влезе. Односно оваа желба треба да е исполнета ( не умеам да цртам) со недостаток на токму толкава Светлина која треба да дојде до неа. Треба да и е целосно спротивна, според принципот, количеството, квалитетот, - според сè треба точно да биде соодветна на неа. Само тогаш Светлината ќе навлезе во неа, само тогаш јас ќе добијам одговор.

Исто како и кај нас – детето досадува за нешто, ние чувствуваме дека тоа се глупости, што и да му дадеш, тоа сепак и понатаму ќе продолжи да досадува. Но, ако желбата е огромна, силна – само таа и ништо друго, тогаш заслужува да добие одговор. Ние треба да разбереме дека одговорот доаѓа само тогаш кога нашата желба е јасна, поинаку не може да биде. Затоа кога почнуваме да работиме, почнуваме да се движиме во духовното, веднаш во нас ја креваат желбата. Светлината веднаш започнува да работи врз нас: почнува да ги крева во нас празните желби, огромни празнини. Притоа ние чувствуваме непријатност, празнина, мрак, замор. Тоа се креваат нови желби кои што мораш сите заедно да ги собереш и да поработиш врз нив така за да со тие нови огромни, големи желби да почнеш да молиш. Ако ти правилно ги реализираш, правилно замолиш – тебе сé ќе ти успее. Тоа многу едноставно функционира.

Ние треба да излеземе на едно потенцијално ниво, прво ниво, кое се нарекува "махсом". Ова прво ниво. За да го достигнеме потребно е претходно да поминеме многу други нивоа. Треба да се кренеме до нивото на махсом. Како да се кренеме до него? Не можеме наеднаш да се качиме на него, треба нешто претходно да направиме постепено. Нас нè учат како деца, така ние се искачуваме постепено. Егоистичниот раст треба да биде таков, за тука да имам вистинска желба. Затоа секој пат кога правилно работам врз себеси – во мене се наоѓа оваа желба, јас работам со неа, правилно поработев во групата, за давање...во мене се создава се' поголема желба – на ова ниво. Повторно работам врз неа колку што можам, за давање, за поврзаност со пријателите и т.н. Повторно се создава следната желба. На таков начин јас се искачувам, се' додека не се искачам до ваква огромна желба која ќе биде соодветна на махсом. Колку такви состојби треба да поминам помеѓу овие желби – јас не знам, тоа е прашање. Но јас треба да ги забрзам.

Ние не сме моќни и не постои скок. Јас не можам да прескокнам многу состојби. Тоа сеедно е фиксен број на состојби, кои се запишани во моите гени. Секој има своја количина, иако практично разликата не е многу голема, јас можам само да го забрзам патот, да го забрзам поминувањето на овие состојби. Затоа ги приредуваме различните соединувања на пријателите, секакви конгреси, какви било дејства кои ни обезбедуваат поврзаност, зближување. Затоа ние учиме заедно, разменуваме сè меѓусебно, заеднички работиме на ширењето. Сето тоа не се прави заради некој друг. Конгресите не се за другите, ширењето не е за другите. Сето тоа го правиме за нас. За ние сè повеќе меѓусебно да се соединуваме. На секој час, сè повеќе и повеќе. Затоа што соединувањето ја дава како резултат оваа заедничка сила – силата на молитвата.
Кога кај мене се создава овде огромна желба, би рекол страст; тогаш јас заслужувам пробив. Бидејќи тука, кога се одвива контакт меѓу мојата желба и Вишата Светлина која слегува на неа –тогаш тоа е навистина ударна комбинација, ударно наполнување. Но само заедно со моите пријатели да достигнувам таква огромна желба. Така што без засилено форсирање на патот, тоа нема да биде возможно. Форсирањето се постигнува преку заедничка работа, особено после конгресите кои се одржуваат. Ние пред конгресот се креваме на некое скалило бидејќи се залагаме, работиме. За време на конгресот ни додаваат уште поголем степен на инспирација. После конгресот ни додаваат негативна компонента, т.е. пад кој ние треба да го претвориме во подем. Ни го додаваат овој минус. Ако овој минус го претвораме во плус, тогаш го достигнуваме нивото на кое веќе може да се случи средба со Вишиот свет. Овој додаток кој го добиваме откога сме престојувале во добро меѓусебно соединување е негативен додаток: секакви разочарувања, негативни чувства. Престануваме да разбираме, се наоѓаме во некоја нејасна состојба. Сето тоа е егоистичен додаток, моето его, кое сега ми се додава за да го додадам јас овде, да го пренесам тука како плус. Кога ќе го пренесам тука како плус тогаш е готово; мене ми е доволно за да го достигнам излегувањето на повисоко ниво, да почнам да ја чувствувам Светлината.

Бидејќи ние заеднички го добиваме тој додаток, не секој посебно, сите заедно чувствуваме после конгресот. Да речеме ова е конгрес, додека тука сите заедно го осетивме падот. Ако сега сите заедно направиме брзо движење кон подем, тогаш добиваме огромно скалило. Тоа е наше. Не дека нас едноставно не' поттурнале кон тоа, не само што сме го заработиле со нашиот физички труд, туку ја пренесовме од негативната состојба во позитивна, т.е. навистина ја поправивме, ја издигнавме. Тогаш овој додаток претставува наша вистинска молитва. Токму тоа е МАН. Но, гледаме дека засега не можеме да се справуваме со овие состојби. Но сепак сфаќаме што се случува со нас и следниот пат ќе биде поинаку, подобро. Повторно ќе имаме голем конгрес и јас мислам дека тогаш, и пред него треба да се подготвуваме за во никој случај да не паднеме. За да останеме после конгресот на истото ниво и да се искачуваме во зависност од тоа колку се открива во мене овој негативен дел а јас цело време го кревам. Го претворам мракот во Светлина. Тоа е правилниот пат, патот на Светлината. Понатаму.

- Огромен број на прашања, повторно од Вилнус: "Кревањето на МАН е групно или индивидуално дејство?"

- Кревањето на МАН е истовремено и индивидуално и групно дејство. Како што веќе реков. Ако го правиме тоа на конгресот, после конгресот, кога заеднички ги поминуваме истите состојби сите заедно, едногласно се вклучуваме во резонанца. Огромен број на луѓе, како што веќе цртав, биле во подем, сега отишле во спуштање, потоа повторно ќе влезе во уште поголем подем, потоа во уште поголемо спуштање. Повторно подем и со тоа излегува директно во права линија кон Светлината. Тука е веќе махсом. Од ова ниво ние така постепено дејствуваме. Замисли си, овој минус го претвораш во плус. Тоа е се'.

- "После конгресот дојде огромна желба против групата. Што да се прави со тоа?"

- Токму тоа е тој егоизам. Тоа е против групата, сите ни здосадија, сите се идиоти, не сакам со нив да бидам, замореност, ништо од ова нема да успее – сешто. Затоа тоа се нарекува отежнување на срцето. Така звучи преведено "ахбадат а-лев".

- "Ако вистинско зло претставува против соединувањето, а соединувањето е возможно само за мажите, што претставува вистинско зло за жените?"

- Истото. Ако мажите не се соединуваат, жената ништо нема да добие. Ако тие не дејствуваат така за да мажите се соединуваат. Треба да се тераат мажите, да се побрзуваат на сите можни начини. Жената нема ништо да добие ниту самата, ниту групата, ако мажите не се соединат. Мажот ја заработува Вишата Светлина и ја спроведува врз жената во тој степен во кој жената придонесува мажот да го извршува тоа дејство. Затоа жените треба да настојуваат мажите да го изршат тоа дејство. Од нив зависи желбата, од нив зависи соединувањето. Тие мора да ги тераат мажите, цврсто да ги тераат, да го очекуваат тоа од нив – така како што жените тоа умеат да го прават. Тоа е во нејзина моќ. Во нејзина моќ е да го натера мажот да го изврши тоа што таа го сака. Ако не со добро – со лошо, или обратно. Мажот пак така е создаден да биде чувствителен кон женската молба и не може од неа едноставно да избега, да се ослободи. Таква е нашата природа. Затоа жената не може да се правда: "Што можам јас да сторам, јас не можам да се соединувам" Ти си обрвзана да предизвикаш желба, убедлива потреба за соединување, инаку нема да имаш ништо. Така зависат едно од друго машкиот и женскиот дел. Жената испорачува силна желба за духовно преку соединување, а мажот тоа соединување го извршува.
- Во текот на целиот час едно исто прашање од Англија, Нижниј Новгород и од Германија: " Што е парса, дали парса е исто така махсом". Од Германија прашуваат: "Што во Вишиот свет претставува корен на дијафрагмата во телото на човекот? Парса?"

- Да, дијафрагмата во телото на човекот е таа која ги разделува органите за дишење од дигестивните органи. Тоа е парса. Таа ја олицетворува парса на особините за дишење, навидум духовните, вишите, од нижите особини, примачки, апсорбирачки. Дијафрагмата претставува последица на духовната поделба на давачките и примачките желби. Затоа нашите бели дробови и сето што се наоѓа над парса, над дијафрагмата, работат за проширување и собирање во состојбата која е особина на соединување на Малхут и Бина, додека доле – само за апсорпсија.

- "Махсом и парса се една иста работа?" - прашуваат од Англија и од Нижниј Новгород.

- Еден од видовите на махсом е парса. Постојат многу махсоми, ние зборуваме само за едниот, првиот при влегувањето во Вишиот Свет. Парса исто така претставува махсом, таа ги разделува световите БЈА од светот Ацилут. Во светот Ацилут исто така постои парса. Во секој парцуф има парса. Ако имаш 10 сефирот, тогаш Кетер, Хохма, Бина – тука е поделбата меѓу нив, З'А (се извинувам, напишав на хебрејски) и Малхут, тогаш ова е дијафграгмата, парса која стои на средината на Бина. Таа постои во секој парцуф, во секои 10 сефирот. Секоја структура, секоја душа, дел од светот или целиот свет, целиот универзум – не е важно. Сите се изградени според ист принцип, како малите така и големите елементи, и парса поминува на средината од Бина. Како што веќе говоревме: до средината на Бина сите се давачки садови, додека од средината на Бина и подоле од неа само примачки.

- За состојбите после конгресот: "Ако напротив, после конгресот постои огромна желба да се работи во групата – што е тоа?"

- Тоа е добро, но тоа не е лично твоја желба, таа ти е дадена, т.е. за почетниците, новајлиите обично се дава таква желба за да го охрабрат, да го "пикнат" внатре во системот на тие нивоа кои треба тој да ги поминува. Наскоро тоа ќе се промени, така што засега тој човек добива воодушевување после конгресите, а потоа тоа воодушевување ќе се промени обратно во разочарување. Тогаш се создаваат услови за работа. Да се издигнува над тоа разочарување и да се оди напред наспроти чувствата. Ние за тоа ја имаме анализата слатко-горчливо, и над тоа имаме вистина-лага. Потребно ни е да се издигнеме и да се држиме за вистината, наспроти слаткото. Односно апсолутно да се отстраниме од анализата слатко-горчливо. Дури и да имам горчливо. Но тоа да е вистина: јас сум подготвен да бидам во ова. Сакам да бидам во вистината, па макар да е горчлива. Дури е и подобро да е во горчлива, бидејќи на таков начин јас чувствувам дека всушност се наоѓам во вистината. Затоа што ако се наоѓам во слатка..? Кој знае, можеби мојата вистина е невистина? Мене едноставно ме привлекува слаткото. Затоа горчлива вистина е најдобрата состојба. Кога ја чувствувам горчината во желбата, додека вистината ја чувствувам во разумот. Кога се наоѓам во таква состојба, тоа е најточната анализа.

- Виктор од Каунас прашува: " За што можам да Го молам Создателот? Кои мои желби да ги исполни?"

- Ние се наоѓаме во светот на Бесконечноста, но го цртаме, некако вака. Ова е светот на Бесконечноста. Јас се наоѓам токму тука, на скалата од јаже треба да се искачувам во светот на Бесконечноста. Секое скалило на кое стојам, на кое се наоѓам, ја означува мојата соодветност на светот на Бесконечноста или разликата од него за толкаво растојание, според некои особини. Светот на Бесконечноста е 100% давање, додека кај мене има да речеме 10% давање. За да се искачам на следното скалило, потребно ми е, да речеме, 15% давање. Што треба да направам, како можам тоа да го направам? Треба да додадам кон своите желби +5% его, но, потоа да го поправам. Значи јас треба да добијам сега, тука во мојата состојба, ако се согласувам, добар егоистичен удар... Ќе се чувствувам разочаран, скршен, мизерен, губитник кој не сака ништо, во темнина, во магла во чувствата, во разумот и во се'. Ми се додадоа овие 5% его, и без оглед на тоа дека ми се додале тие 5% его, т.е. горчливо, - јас наспроти тоа го соединувам со вистината. Јас велам вистина дека е така, потребно ми е само над сето ова да се издигнам. Наспроти чувството на горчина да работам на поврзаноста, на давањето. Токму наспроти.

Тогаш јас се искачувам за тие 5% и го зафаќам следното скалило. Но, пред следното скалило друго скалило, за кое е потребно 20% на давање. И повторно истото. Само што секој пат тоа е сосема различно . Тоа не е едноставно еден ист процес и тебе ти се чини дека се' поминало. Секој пат и радоста и горчината се поинакви, состојбите се различни – каде што ништо не разбираш, не чувствуваш, забораваш. Сите се сосема различни. Но секогаш функционира овој систем: горчливо- вистина. Треба тоа во себе да се соединува.

- Артур од групата од Сочи прашува: "Кои мои желби Создателот ги отфрла?"

- Создателот ги отфрла сите твои желби кои не се насочени на поврзаност меѓу душите, бидејќи само ...што всушност се случило по излегувањето од светот на Бесконечноста? Во светот на Бесконечноста сите души се еднакви на една душа, која се нарекува Адам. Адам - од зборот "доме" значи сличен на Создателот. Слегувањето надолу од светот на Бесконечноста до нашиот свет го олицетворува разбивањето на душите. Т.е. тие во облик на ваков конус се' повеќе и повеќе се разбиваат. Се разидуваат едни од други се' подалеку и подалеку. Знаете како се раскажува за Вавилонското разделување, разбивање? Така тие се разбиваат. Тука е светот АК, Ацилут, Брија, Јецира, Асија. А во нашиот свет никој дури и не чувствува дека е соединет со другите. Ние треба да разбираме дека подемот значи соединување, цело време соединување на сите заедно. Само на оваа желба Создателот одговара.

- Јуриј од Санкт-Петербург прашува: "Што е тоа – вистина?"

- Вистината е давањето. Вистината е единството, тоа што постои овде, каде што сите ние се наоѓаме во една целина. Затоа движењето кон оваа состојба се нарекува вистина, само тоа.

- Денес има многу прашања од Балтичките земји, од Вилнус прашање: "Додавањето на его кое Вие го цртавте, доаѓа од групата?"

- Додатокот на его се случува под влијание на Вишата Светлина. Т.е. ако ние се наоѓаме на некое ниво, врз нас доаѓа Вишата Светлина, која влијае врз нас. Таа се нарекува Ор Макиф(О'М). Се' се случува под влијание на оваа Виша Светлина. Ако сме многу, ако сме заедно и бевме соединети со некое заедничко дејство, да речеме, истиот тој конгрес, тогаш тоа е огромна сила, и кај нас влијае заедничка Виша Светлина. И таа сега намерно ни додава тежок додаток, "авијут". Го додала во нас. Ако ние сега ја молиме таа да не' крене, истата Виша Светлина, сите нас заедно; таа сите заедно не' крева и сите заедно сега ќе се наоѓаме на ова ниво – пост конгрес. Толку, се кренавме, ништо повеќе не ни е потребно. Треба само тоа да го посакаме, за тоа зборувавме во саботата на часовите, и вчера и завчера...Накратко, вие треба сето тоа да го видите, да го слушнете, да се исполните со тоа, бидејќи од тоа сега зависи нашиот подем. Да не ја испуштаме оваа можност. Се' уште се наоѓаме во отежната состојба.

- Прашање на Артјом од Лондон: "Како да ги освежиме во себе чувствата добиени за време на конгресот?"

- Мислам дека треба да се гледа и да се слуша тоа што ние таму го доживеавме, да се обидете уште еднаш тоа да го доживеете, да се обидете да навлезете во истата атмосфера со денешното отежнато срце, но, најважно да почнете веднаш да се подготвувате за следната фаза. Т.е. пред нас сега е следниот конгрес, следно сериозно ширење на кабалата во светот. Ние сега треба да развиваме нови планови. Какви планови имате во групата, каде се наоѓате, што можете да направите. Пратете ни тука, се' заедно да разгледаме, заедно да направиме заеднички статии, лекции за прашањата кои ве интересираат.

Можеби сметате дека најдобро за вас е да ја ширите кабала, во местото каде што се наоѓате, преку наука. Наведете некои физички, хемиски примери, проблеми, праќајте некои секојдневни, или поврзани со екологијата, со поплавите, пожарите, со се'. Сето тоа ќе продолжи, во иднина нема да биде подобро. Да ги анализираме овие теми бидејќи тие денес, сите многу ги интересираат. Преку нив ќе раскажеме што може да ни донесе науката кабала, каков спас од сите тие проблеми, кога всушност луѓето во овие места каде што се случуваат такви катаклизми почнуваат да сфаќаат дека нема каде да одат, од нашата земјина топка нема каде да избегаме. Тоа е катастрофална состојба. Треба да мислиме на тоа како да го спречиме следниот застрашувачки развој на настаните.

Тоа што го читаме кај пророците, тоа што го читаме кај кабалистите – навистина развојот може да биде загрозувачки, многу понепријатен од тоа што сега го гледаме во Москва или во Индија, ваму поплави, онаму пожари, и т.н. Можеме да доживееме зима со -60 степени и лето со +50 степени, секакви торнада, поплави и т.н, на целата територија на Земјата. Тоа е само еден од малите притисоци на Природата одозгора, која на таков начин се манифестира, бидејќи ние не се наоѓаме со неа во рамнотежа. Работата е во тоа дека во однос на Вишиот Свет ние сега се наоѓаме на ваква оддалеченост, додека соодветно на нашиот развој би требало да бидеме на ваква оддалеченост. Разликата меѓу овие две нивоа предизвикува кај нас страдања. Како на пример повторувач, или уште некој кој не сака да учи, кого го тераат, го тепаат, затоа што заостанува од своето ниво. Ова е нашето ниво, а ова е нивото кое треба да е наше ниво. Токму таа разлика е количината на страдања која ние ја чувствуваме. Никој не нè казнува намерно, т.е. нашите неисправни желби кои тука постојат, грешките, особините – тие ги предизвикуваат сите овие проблеми. Тоа што тие предизвикуваат проблеми во општеството – ние тоа го разбираме. Ако егоизмот расте а ние не го поправаме, тогаш тоа резултира со повеќе убиства, наркотици, различни проблеми, терор и т.н. – тоа е разбирливо. Но од каде е сето друго? Изумирањето на животинскиот и растителниот свет, цунами, земјотреси.. Сето тоа е од влијанието на човекот. Бидејќи човекот кој според своето ниво е на 4-то ниво на Природата (неживо, растително, животинско и човек), човекот од своето ниво врши влијание врз сите други нивоа. Затоа ние нема да чувствуваме непријатност само во човечкото општество, туку ќе ја чувствуваме на сите нивоа во нашиот свет. Затоа да се обидеме да им го објасниме ова на луѓето и заедно да ги надминеме сите овие проблеми. Во исто време ќе ја заслужиме великата состојба – Вишиот Свет. Ви пожелувам среќа во тоа, останете со здравје!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica