Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Небо и Земја“

04.07.2010
Добар ден, драги наши пријатели! Денес ние како и обично, го продолжуваме нашиот виртуелен час од книгата Зохар. Пред нас денес е статијата наречена "Небо и земја". На страница 499 од книгата Зохар на руски јазик. Во почеток ме замолија да повторам нешто од книгата Зохар.

Можеби ќе започнеме од мега конгресот?

Да! Како прво, објава. Од 23ти до 25ти јули ќе се одржи мега конгрес – сега го гледате неговото лого.. Истовремено на сите континенти ние ги спроведуваме нашите лекции, три дена, вклучително и денот, кога вие ќе работите само во себе, само со себе, а другите два дена – првиот и последниот ние ќе бидеме заедно со вас. Ќе отпатуваат над 100 наши претставници во различни места во светот, за да бидат заедно со вас. Ние од тука ќе ве гледаме, ќе ве слушаме и на тој начин заедно ќе се соединуваме. Учеството на мега конгресот ќе му биде достапно на секој човек во светот. Не треба никаде да се запишувате, да се фиксирате, едноставно ќе бидете со нас.

Силно ви препорачуваме да се соединувате, да се присоединувате со сите сили, колку може повеќе да учествувате со сите заедно. Затоа што вие сами разбирате, дека не е најглавното за нас само да се слуша дека постои таква наука – кабала, да се слуша дека постои Создател, Виша сила и уште нешто, - теоретски, туку практично да се постигне тоа. Затоа што науката кабала е всушност откривање на Создателот на човекот во овој свет. И тоа не смее да се заборава. И во никој случај да не навикнуваме на тоа дека ние можеме понатака така да живееме, туку упорно да се развие во себе желбата за итно откривање на Создателот, задолжително, сега!

Таква желба ние можеме да добиеме само од опкружувањето, кое се соединува меѓусебно, се иницира самото себе, и на тој начин во секој од нас се создава огромна потреба за откривање на Создателот, и на крај човекот ако таа желба му е силна, целосна, тогаш во таа желба се случува откривањето на Создателот. Затоа ни е потребно задолжително меѓусебно да се обединуваме, да се обидуваме да се исполниме со нашата заедничка желба. Кај секого од нас постои само точка во срцето, многу мала желба за Вишиот Свет. За да се открие Тој, потребен е огромен потенцијал. Сила, која ќе ја разотвори нашата желба, ќе и' направи влез на Светлината.

Таа сила ние можеме да ја добиеме само од тие пријатели што не' опкружуваат, и затоа е многу важно да се учествува на таква приредба како мега конгрес, каде што ние можеме да се воодушевиме од желбите на останатите, збирајќи ги секој во себе сите останати. Притоа ќе и' го отвориме влезот на Светлината во нас. Информацијата за мега конгресот се наоѓа на сите наши сајтови, од 23 до 25 јули ние чекаме контакт со нас.

Јас тука од нашиот центар во Петах Тиква ќе држам лекции, а освен тоа ние ќе набљудуваме и ќе се поврзуваме со сите наши пријатели од сите континенти. Многу ќе ве молам, подготвувајте се за оваа приредба, организирајте околу себе некое мало друштво, барем по двајца, тројца луѓе, дури ако се собираат поради тоа што немаат друго место, сепак е попожелно, отколку да се седи сам. Посакувам успех за сите нас на овој конгрес, тоа треба да биде многу силно, моќно соединување, и уште неколку такви соединувања – и ние можеме да се пробиеме до Вишиот свет. Сега тоа треба да го направиме, тоа ни е подготвено. Само од нашиот напор зависи завршувањето на овој процес.

А сега статијата: "Небо и Земја". Ништо не постои освен небото и земјата. Небото е особината на Создателот, особината на Бина, особина на целосно давање, а земјата е нашата особина, особината на суштеството. Затоа е речено, како што кажува тука Раби Шимон: "Во почеток Создателот ги создал небото и земјата" и продолжува понатаму "Неопходно е да се разгледа кажаното, зошто секој кој тврди дека постои небо и земја и постои друг Создател ( се мисли на друг, против овој Создател, апсолутната особина на љубов и давање, друг – значи спротивен, т.е. особина на примање, нашата егоистичка особина, која влијае, божемно нешто прави во светот), тој исчезнува од овој свет, човекот кој така смета, во кој зборува таква сила. Како што е речено: "Тој кој тврди дека постои друг Создател, исчезнува како од земјата, така и од небото, зошто не постои друг Создател, освен Вишиот" т.е. над нас, над нашиот егоизам.

Ние со вас треба да се обидеме правилно да го толкуваме секој збор во кабалата, кој во себе носи многу сериозна внатрешна смисловна тежина. Затоа, небо – тоа е Бина, земја – тоа е Малхут. Небото е особина на давање, земјата е особина на примање, или желба за примање. Значи, над сето ова, и над небото и над земјата постои само една сила – Создател, која управува со сето ова. И со особината на давање и со особината на примање.
Овие две особини се наоѓаат во нас, и помеѓу нив, помеѓу небото и земјата, тука, се наоѓаме ние со вас. Што ние преферираме? Како ние можеме особините на Малхут да ги соединиме со особините на Бина и на тој начин и да израснеме во себе апсолутно целосна желба.

"Во почетокот Создателот ги создал небото и земјата", т.е. првобитно, со помош на овие две сили е создаден целиот систем на вселената. Овие две сили се спротивни и еднакви, тие ја одржуваат и ја поткрепуваат меѓусебно целата вселена. Но, не како небо и земја, горно и долно, како што ние ги толкуваме според своите квалитети, особини. Но најдобро ќе биде ако ги нацртаме, како што сме правеле досега, како две линии – десна и лева. Левата линија е Земја, особина за примање, а десната линија е Небо, со особина за давање. Помеѓу нив се наоѓа човекот, ние, кои треба постојано да ги апсорбираме во нас овие особини по одреден редослед. Во почетокот за да над нашиот егоизам надвладее особината на давање, потоа, во зависност од степенот на здобивањето со особината на давање ние треба да ја привлечеме кон себе особината на примање, и врз нивната основа да ја создадеме средната линија.

Оваа средна линија, која се состои од овие две, во некоја одредена пропорција помеѓу нив, таа во нас создава таква комбинација на овие две сили, која се нарекува Човек. Не се нарекува човек оној кој оди исправен во нашиот свет, туку човек се нарекува особината која ние ја создаваме во себе, која произлегува од нашата точка во срцето. Кога оваа точка во срцето, со помош на овие две сили, небото и земјата, ја прошируваме, ја развиваме се' до состојбата кога таа ги вклучува во себе, (ако го земеме тоа како идеално), на крајот од нашиот развиток, и небото и земјата, ги соединуваме заедно во себе и стануваме толку големи.

Така што оваа статија токму за тоа ни зборува, на каков начин ние тоа го правиме и какви етапи треба да поминеме. Какви причинско – последични редоследни дејства треба да извршиме. Сите тие етапи, од првата до последната, ние треба да ги поминеме за 6000 години на нашето постоење, како што кажува книгата Зохар. Под "наше постоење" се подразбира нашето чувствување на овој свет, кој потоа исчезнува од нашето чувствување. Затоа што целиот овој свет ние го чувствуваме. Ако ја земеме оваа наша глава, - целиот свет ни се прикажува тука на екранот божемно ние гледаме напред, а всушност ние гледаме со нашите особини на екранот кај себе наназад.

Петте наши особини (сетила) божемно видот, божемно слухот, божемно допирот, божемно мирисот, божемно вкусот - сето ова - не е реално. Тоа се нашите внатрешни чувствувања, кои ќе ги наречеме Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут. На нивото на нашиот свет, тие ни изгледаат како наши надворешни физиолошки органи, со чија помош ние добиваме информација. Реално пак, целата таа информација е внатре во нас, како што ни кажува Зохар, како што ни кажува воведот во книгата Зохар, многу други кабалистички извори, а денес така кажува и науката. Затоа, наместо да почнеме да го чувствуваме светот внатре во себе, небаре слепи, кои чувствуваат само дека нешто се случува во нив, ние ја достигнуваме таа состојба, такво воспримање на реалноста со која ние сфаќаме дека реалноста се наоѓа само внатре во нас, а однадвор ништо не постои...

Значи, после нашето осознавање на нашата ограниченост, затвореност, ни се дава можност да излеземе од себе и да почнеме да го чувствуваме светот надвор од себе. Оваа состојба се нарекува ниво на 6000 години. Тоа не се навистина 6000 години, реално можеби се и помалку, но така се нарекува ова ниво. По ова ниво, по достигнувањето на целосното поправување, ние веќе не го чувствуваме овој свет во себе, како што го чувствуваме денес, сега, нас, сите останати, туку го чувствуваме веќе во друга димензија. Значи, правилното соединување на небото и земјата во нас, генерира таква состојба, кога ние се креваме и над земјата и над небото.

Книгата Зохар кажува, дека сето ова ние го правиме, т.е. го креваме сето ова од два дела. Оваа особина на Бина се состои од два дела, особината на небото, ЕЛОКИМ. ЕЛО – КИМ. На хебрејски тоа се пишува ЕЛЕ – ИМ. Тука има букви кои неправилно се изговараат, но тоа не е важно. Каде што ИМ – тоа е особина на Бина, а ЕЛЕ – тоа е особина на Малхут. И тие се соединуваат заедно, и притоа се создава името на Создателот, ЕЛОКИМ. Сите зборови освен ЕЛЕ, во сите текстови се кажани на арамејскиот јазик. Знаеме дека постои хебрејски јазик, и обратен на него, арамејски јазик. Хебрејскиот е јазик на слегувачката врз нас Светлина, а арамејскиот е јазик спротивен на него. Т.е. кога ние читаме, да речеме ја отвораме книгата Зохар или некои други книги, кабалистички, древни, дојдени до нас уште од древниот Вавилон, ние забележуваме, дека делови од текстот се пишувани на арамејскиот, а делови на хебрејскиот јазик.

Која е смислата на тоа, посебно дека ни се дава измешано, и во Зохар е така измешано, и тука Зохар ни кажува зошто тоа така се случува: дека светите ангели, т.е. силите на давањето не го разбираат преводот,т.е. арамејскиот јазик. Бидејки тогаш би требало се да се говори на хебрејски за да слушнат тие сили, и да заблагодарат за тоа. Затоа и е напишано во превод, т.е. на арамејски јазик за светите ангели, т.е. силите на давање, кои владеат со нас. Ние се наоѓаме помеѓу два системи на сили – егоистички и алтруистички, така што човекот постојано помеѓу нив се растргнува, не може да се одлучи, тие ги одредуваат сите наши постапки и се...Нам ни се чини дека сакаме црвено, црно, сино, слатко, горко, ладно, топло, поблиску – подалеку од нешто, повисоко – пониско и т.н.

Тоа не е така, туку врз нас влијаат само две сили. Едната е десна, другата лева, и кога тие се соединуваат, предизвикуваат во нас различни манифестации, различни чувствувања. Како што веќе говоревме овие сили се делат на сили на примање и сили на давање. Силите на давањето работат на програмот наречен хебрејски јазик, тоа е како програмски јазик, како компјутерски јазик, а силите на примањето работат на програмот наречен арамејскиот јазик. Т.е јазикот поточно е едноставно програм, комјутерски програм, кој управува со целиот систем или на десните или на левите сили.

Постојат две сили, два система, две огромни моќни вечни, што сето во себе го содржат, и помеѓу нив се наоѓаме ние, - малечки, управувани од нив. Во овие два система има два програма. Тие се меѓусебно спротивни. Секој е соодветен на својот систем, т.е. постојат сили ЕЛЕ и сили МИ, сили на давање и сили на примање. Тие две сили се наречени Создател, затоа што тие двете управуваат со нас, овие два системи, овие две сили, а ние сме меѓу нив. Значи, единствената разлика помеѓу нив, вели тој, е што тие сили кои се нарекуваат сили на примањето немаат директна поврзаност со особините ЕЛЕ, затоа што тоа е желба за примање. И затоа тука може да постои неправилност, ако програмот на примање, силите на примање ја добијат во своја надлежност желбата за примање, тогаш ќе не' втераат во краен егоизам, од кој ние нема да излеземе. И затоа тие сили на примање и давање меѓусебно работат, ќе земеме друг систем, тоа што го цртавме, во таков однос, што оваа земја – ЕЛЕ, небото е особината МИ. Тука програмот се нарекува хебрејски, а тука е програмот кој се нарекува арамејски.

Два рамноправни јазици, во принцип, и двата се дојдени до нас од древниот Вавилон. И Аврам, кој потекнува од древниот Вавилон, ја напишал својата книга "Книга на создавањето" главно на хебрејски. Таму постојат арамејски термини, соодветно на тоа што тој сакал да прикаже. Ако ние ги прикажуваме силите на давање, особините на давање, движењето напред, тогаш повеќе го користиме хебрејскиот. Ако сакаме да делуваме така да опишуваме особини кои не би потпаѓале под влијание на примањето, тогаш го користиме арамејскиот. Токму за тоа тој зборува. Затоа, честопати текстот во кабалата е напишан на арамејскиот јазик, за ангелите, т.е. силите на давањето да не го разберат, и затоа не би им завидувале на луѓето, т.е. на тие кои ги користат двата јазици. Завист – се мисли на тоа да не се мешаат овие сили во туѓа област, и да не му ја одземаат на човекот слободата на вољата. Затоа што во таков случај, исто и во групата на создатели, т.е. во групата на овие сили не би постоела можност за создавање на нови неба и земји.

Тука многу се зборува за светот Ацилут и за тоа како МИ и ЕЛЕ, овие два дела на зборот ЕЛОКИМ, особините на Создателот, влијаат врз нас. Работата е во тоа дека постои Виш Систем, виш парцуф, кој е наречен Бина, кај него постои ГАР, ќе напишеме Г'Е, тоа го знаеме, се нарекува МИ, и долниот дел АХАП – или ЕЛЕ. А Бина се нарекува ЕЛОКИМ. Заедничката особина на Бина е МИЕЛЕ, заедно. Под Бина се наоѓа градба која се нарекува З'А, зафаќа, завлегува во Бина до својата половина, како и Бина, и исто така се дели на два дела, а на З'А веќе се закачуваат душите, Малхут. Со овој дел, или уште пониско, или пак тој дел на Малхут се крева погоре и се израмнува со З'А. Ние така ќе ја обележиме, зошто таа се наоѓа во различни состојби во однос на З'А, за да ги крева и спушта душите, во однос на него.

Малхут во себе ги вклучува душите. Во обична состојба таа претставува само точка. Токму сега ќе ги разгледаме тие три состојби – состојба на ембрион,- првата нејзина состојба. Втората состојба- кога е мала, само нејзиниот Г'Е се закачува на З'А. Оваа состојба е веќе голема, кога и Г'Е и АХАП се закачуваат, и тогаш и Малхут го добива истото име – ЕЛОКИМ. Се нарекува исто како и самиот Создател, затоа што ги презема од него сите негови особини.

"Прашува: Земјата се нарекува со зборот АРКА, но исто така се нарекува и со зборот АР' А. Зохар одговара: Затоа што АРКА е една од седумте земји доле, во која се наоѓаат синовите на Каин. Каин, како што ви е познато е особина на земјата. Знаеме од Библијата што таму се случило, откога биле прогонети од лицето на земјата, се спуштиле таму и изродиле поколение. Знаењето се заплеткало до толку, што престанало разбирањето, и оваа двојна земја, составена од Светлина и мрак, но во принцип целата се наоѓа во мрак.
Сега Зохар ни кажува што се наоѓа под земјата. Ако ние зборуваме за тоа дека Создателот ги создал небото и земјата, и помеѓу небото и земјата, оваа особина на Бина – небо, особината на Малхут – земја, и помеѓу нив се наоѓа З'А и Малхут, токму тука се креваат душите за да добијат Светлина. Оваа препрека се нарекува Парса, подолу од неа Светлината не може да помине, Вишата Светлина поминува само до Парса. А душите, за да ја добијат Светлината треба да се искачат над Парса, погоре од оваа препрека.

Земјата, како што ја обележавме е само надворешна обвивка, како покривка, надворешна кора на земјата, а подолу се наоѓаат уште 7 земји, 7 слоеви на земјата. И се нарекуваат: Ерец, Адама, Арка, Гиа, Нешија, Ција, Тевељ. Нашата земја, највисоката, од која ние почнуваме да се искачуваме нагоре се нарекува Тевел. Таа е највисоко од 7-те земји. А Арка е 3-та од 7-те земји. И тука Зохар дава објаснувања зошто тоа се случува.

7 земји - се мисли на тоа дека секој духовен парцуф, секоја духовна сила се состои од 7 дела, како што знаеме, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод , Малхут. Затоа и земјата како нешто што вклучува во себе некои духовни особини, благодарение на што таа раѓа, развива, благодарение на што таа дава плодови. Постои земја која воопшто не дава плодови, таа веќе не се смета за земја, туку се смета за прав. А ови 7 видови земја, тоа се нејзини слоеви, на нашата егоистична желба, која се нарекува земја, кои даваат плодови. Земјата во принцип се нарекува Арец – од зборот желба = рацон. И постојат таму двајца владетели кои управуваат, внатре во земјата, во сите тие нејзини слоеви, едниот со мракот, другиот – со Светлината. Тие стануваат непријатели еден на друг, кога слегол таму Каин, - тоа е особина која е во нас, не мислете на некој човек или некои патувања, дека тој слегол таму...

Се соединиле сите овие особини на земјата, се дополниле една со друга, и виделе сите дека тие се потомци на Каин. Затоа две глави како две змии, кои управуваат со времето, со Светлината, каде што секој го победува другиот, и како правило сите тие се вклучуваат во таа борба и го победуваат мракот. Затоа се вклучуваат тие во Светлината, се вклучуваат во мракот и стануваат како едно, т.е., како што рековме, на крај човекот достигнува таква состојба, кога ги вклучува во себе и небото и земјата, сите особини на давање и сите особини на примање заедно, и така станува рамен на Создателот. Овие две или произлегуваат од Создателот. Ние можеме да го прикажеме нашето движење во таква форма, што – ако тука е Создателот, од него произлегуваат две сили, тие слегуваат до нас, ние треба меѓусебно да ги соединиме, и да почнеме да се искачуваме. Тоа е нашата точка во срцето, нашето тело останува тука. Не се зема предвид материјалното тело, а оваа точка во срцето ние треба постојан да ја креваме со соединувањето на овие две сили во себе. Се' додека не ја кренеме до тој степен што таа ќе стане еднаква на силата на Создателот.

Овој подем кој го правиме по средната линија, се нарекува управување со помош на средната линија и тогаш ние ја креваме целата земја над себе. Т.е. нашето напредување се базира на тоа дека овие 7 слоеви, почнувајќи од Тевел, - тоа е првото ниво, и потоа другите, 7 слоеви на нашата желба, наречена седум земји, кревајќи ги, т.е. вклучувајќи ги во својата духовна работа се искачуваме до нивото на Создателот.

И така ја градиме во себе душата која се состои од овие 7 делови – Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод и Малхут. 7 делови на душата во кои ние почнуваме да го чувствуваме - не тоа што го чувствуваме тука во нашето тело (во телото ние го чувствуваме нашиот свет) - туку кревајќи се, развивајќи ја во себе точката во срцето тука, ние го чувствуваме со својот духовен сад Вишиот свет.

Затоа овие двајца управители, нарекувани Африра и Кастимон – тоа се женскиот и машкиот дел на нашата исконска желба, имаат облик на свети ангели со шест крилја. Зошто со шест? Затоа што Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход и Јесод се овие шест виши особини, и Малхут, последниот дел кој им се припојува. Ангел се нарекува силата на Создателот, значи два ангели, од едната страна Африра, од другата Кастимон. Секој од нив се состои од 6 дела и Малхут, која ги поткрепува, почнува да ги крева над себе, да ги искачува погоре, затоа што самата се поткренува, се соединува со нив, започнувајќи од ова свое најтенко ниво Тевел, и завршувајќи со најтешкото 7-мо егоистично ниво. И тогаш Малхут се крева до највисокото ниво.

За Африра и Кастимон е малку кажано и јас нема што посебно да додадам. Зохар кажува нешто за тоа, но нема во тоа да навлегуваме. Некогаш, кога ќе поминуваме некои делови во Зохарот каде за нив е напишано подетално.

Кога се во мракот – тие се претвораат во змија со две глави. Ние знаеме што значи змија – таа е основа на целата наша егоистична желба. Африра и Кастимон се наоѓаат на најдолното ниво на нашиот егоизам. Лебдат во празнината, (тие веќе почнуваат да се креваат), се мијат во големото море ( тоа е веќе Бина). Кога се доближуваат тие до синџирот на Аза и Азаел. Нив ги изучувавме порано. Тоа се два големи ангели, многу големи сили кои управуваат со се', и нивното меѓусебно спротивставување обично се изразува во многу напнати состојби на човештвото. Ги лутат, ги пробудуваат и тие скокаат во планините на мракот и мислат дека Создателот сака да ги изведе пред суд.

Односно, овие две сили кои управуваат со нас се цврсти сили, сили на судот. Постојат сили на милосрдноста и постојат сили на судот. Аза и Азаел се многу цврсти сили. Тука има многу објаснувања, кои јас ги додадов на сите овие извадоци од Зохар, кои ние сега ги изучуваме. И тоа не се сите, но јас на секој од овие делови имам дадено 3-4 страници коментари, така што пробајте самите.

Ако имате некои прашања во врска со тоа, јас со задоволство ќе ви одговорам на нив. Имам проблем во објаснувањето на книгата Зохар – "да не навлегувам длабоко, да зборувам колку може појасно". Иако не може да биде јасно, јас тоа го разбирам. "Да зборувам за почетниците" а како може да им се зборува? Да се отвори Зохар и да се почне за него да се зборува на почетниците, кога се зборува во термини, неразбирливи и збунувачќи називи, туѓи некои...Јас сето тоа го разбирам, но работата е во тоа, многу пати веќе говоревме.. Книгата не е напишана за да се разбере, апсолутно не е за тоа...Таа е напишана за да ја извлекуваме од неа Вишата Светлина. Да се обидеме на некој начин да ја апсорбираме во себе – во таков случај таа ја одигрува својата улога.

И овие двајца, Аза и Азаел, управители поставени од Создателот, пливаат во големото море (на Бина), полетуваат од него во воздух( воздух е особината Хасадим над Бина, во која ја нема Светлината Хохма) и одат ноќе кај Наама (ноќта кога свети само Светлината Хохма, без Светлината Хасадим).Тогаш човекот ништо не гледа, зошто неговата егоистична желба прикрива се' од него . Кај мајката на вештерките ( т.е на женските)...постојат женски и машки сили, егоистички и алтруистички...Женските егоистички сили се нарекуваат вештерки.

Од тука потекнува целата митологија која така опширно се раширила меѓу народите уште оттогаш. По таа мајка на вештерките, по која така погрешно се занесоа првите луѓе (т.е. кога човекот почнува да се развива), почнува да се развива духовно.Се разбира дури ние со вас. Се појавуваат секакви искривени претстави за Вишиот Свет, се' додека не ја совладаме фазата која се карактеризира со тоа што оваа Наама скока , т.е. нашата желба, во еден скок на 60 000 парсаоти и прима неколку различни облици за да ги доведе луѓето во заблуда и да ги занесе ( всушност, таа го отргнува човекот од неговиот егоизам, го крева нагоре и го фрла). Ние тоа го чувствуваме во нашите внатрешни состојби.

Овие двајца управители лебдат во целиот свет и се враќаат на своето место.Тие ги возбудуваат синовите на синовите на Каин со духот на лошите желби да плодат потомство. ( т.е како резултат на тоа човекот продолжува да се развива егоистично). Во принцип треба да се разбере дека целиот развој кој сега го поминуваме во нашиот свет се одвива под влијанието на Светлината во нас, само што Светлината делува обратно. И тоа се манифестира исто така и во нашите овоземни процеси.

Бидејќи ние излеговме од древниот Вавилон, се распрснавме по целата земја, само за таа идеја, која се откри во древниот Вавилон на човештвото.Треба да станеме заедно како една целина, да ја спроведеме на дело. Во Вавилон ние тоа не сме можеле да го направиме – постоел недоволен егоизам. Значи целиот развој кој сега го поминуваме е само нашиот егоистичен развој - кој е неопходен. Ние треба да ја достигнеме состојбата кога ќе се убедиме дека нашата егоистична природа не' убива.

Наама, вештерките, змиите...се' што се зборува, синовите на Каин раѓаат потомство и др, Зохар алегорично ни ги кажува. Внатре е понаучно објаснето со бројки, парцуфим и сл. како ние треба да дојдеме до откривањето во себе на апсолутно крајниот егоизам во краен облик, во крајна состојба, кога веќе нема каде да напредуваме. Колку и да е чудно, кон тоа не' доведуваат религиите, почнувајќи од древниот Вавилон и понатаму, а посебно тие се развиле со рушењето на Храмовите, пред 2000 години.

Всушност, по што се разликува религиозниот равој на човекот од другиот? Тој бара награда за себе во овој свет и во идниот свет, развивајќи го многу силно својот егоизам. Него не го интересира само малото животинско постоење во овој свет. Религијата му вели дека постои нешто повеќе од тоа; привлекувај Виша Светлина за свое добро, труди се да ти биде добро во овој свет, да ти биде добро во задгробниот живот и т.н. На тоа се базирани сите религии.

Или методите на фараонот кога ги убивал сите придружници и ги земал со себе во гробницата, ја градел во тек на 20 години, или др. Но човекот посакува да земе со себе – тој мисли дека по неговата смрт зема со себе нешто добро – барем добрите дела или др. Важно е што смета дека нешто му останува и ќе го има за потоа. Тоа се прави за да се развие егоизмот малку повисоко од нашиот свет, не за да се направи животински, туку посеопфатен, повечен. И кога човекот се разочарува во овој егоизам, не во малиот, едноставен, овоземен, туку над нашиот свет, над животот; тогаш навистина е подготвен да почне овој егоизам да го поправа.

Затоа сите овие верувања и религии под влијание на мрачните сили биле намерно предизвикани во човекот, и во човештвото, за да направат од нас поегоистични луѓе. Да не' стават во божемна поврзаност со Виши Сили, а потоа во тоа да не' разочараат. И тогаш кај човекот се јавува одлучна потреба – што да прави со својот стремеж насочен нагоре?

Токму тоа се нарекува – "јас создадов зла желба и дадов Светлина за нејзина поправка." Откога човештвото ќе се разочара во сите свои зли мотивации, почетоци, ќе побара Виша Светлина за својата поправка.

Понатака се зборува како се поправаат овие наши особини. Т.159 – Небесата кои доминираат таму како да не се наши небеса и земјата не раѓа семе и леб со силата на небото како нашата, и зрната не се враќаат кон р'тењето, освен еднаш во неколку години...и.т.н.

Со тоа Зохар ја завршува оваа статија и повторно објаснува зошто постои превод меѓу хебрејскиот и арамејскиот. Затоа што арамејскиот се нарекува "таргум" за да може со негова помош незабележително, од спротивната страна да го развие ЕЛЕ, егоистичките особини во нас. Затоа ние најпрво пишувавме во почетокот на нашиот разговор дека имаме МИ ЕЛЕ. ЕЛЕ се развива со помош на арамејскиот, а МИ со помош на хебрејскиот.

На таков начин се води човештвото со помош на овие верувања, мрачните сили до состојба кога ние само ги креваме рацете и сме подготвени да се промениме себеси дури и за давање, само да не останеме во таа апсолутна празнина. Да не ја чувствуваме празнината внатре во себе, туку да го спознаеме и светот наоколу, надвор од нас. Ова е кратко резиме на статијата "Небото и земјата". Ме имаш замолено повеќе време да оставам за прашањата.

Да, има многу прашања и ние ве покануваме да поставувате уште повеќе...Прашува Ирина од Москва: "Дали сме тоа ние, луѓето историски кои се распрснале од Вавилон или тоа се моите желби кои се распрснале и сега јас треба да ги соберам?"

Како се вика?

Ира од Москва.

Каде е, нека ми мавне со раката. Браво! Тоа е точно. Ние сите се вклучуваме во една единствена целина и секој претставува апсолутно целосна творба. Вавилон е внатре во мене. Јас треба да го расклопам во мене и во него да ги видам сите мои особини, квалитети, сили, и сето тоа го претставува човештвото во мене. А тоа што сум надвор од себе – човештво, народи, земји, континенти и целата вселена – тоа е мојата проекција надвор од мене. Мене само ми се чини, дека јас така постојам, согласно на овој цртеж.

Поминете ги уште неколку пати нашите лекции за воспримање на реалноста – ќе забележите колку е тоа неверојатно, пред колку години кабалистите пишувале за тоа, за што денес научниците почнуваат да пишуваат. За тоа дека целиот свет постои само внатре во нас. Ние го формираме во себе, го репродуцираме, отсликуваме во себе, но надвор од нас не постои ништо, само Вишата Светлина. Условно речено постои надвор од нас, во врска со тоа ништо не можеме да говориме. Ние сите произлегуваме од таа состојба во нас, која се нарекува "Древниот Вавилон".

Миша од Москва прашува: "Што значи "Го создал небото"? Создателот се создал Самиот Себе?"

Добро прашање, браво! Создателот се манифестира Себеси преку особината на давање која ние во споредба со особината на примање во нас, го нарекуваме Небо. И навистина, ако ја погледнеме проекцијата на Вишите сили врз нижите, тогаш секоја од Вишите Сили, наречена ангел, тоа е едноставно сила како силата на гравитацијата, како другите сили на природата...Таа гради во нашиот свет, т.е. во нашето воспримање, внатре во мене, како вектори на мониторот од компјутерот, гради одредена слика. Таа слика на силата на Создателот во мене ми го прикажува небото, такво е чувството.

Владимир од Ванкувер од Канада прашува: "Нашиот разум го претставува Фараонот?"

Никако! Не. Да се достигне Фараонот не е едноставно, потребно е да се открие во себе вистински егоизам, кој се открива само во цврстиот стремеж за нашето меѓусебно поврзување. Односно ако ние се трудиме меѓусебно да се обединуваме, ќе откриеме дека не го посакуваме тоа. Ќе откриеме дека тоа не го сакаме, ќе откриеме дека сме подготвени за се' друго, освен за ова. Ќе откриеме толку голема меѓусебна омраза, која ќе се нарекува планината Синај ( Синај во превод значи омраза). Тогаш ќе ја откриеме во себе особината на Фараонот, т.е. особината на меѓусебно отфрлање, егоистичната особина на привлечност единствено кон самиот себе.

Затоа, после излегувањето од Египет, се фрлаат од Фараонот кон што било, дури во пустина, во море да потонат, не е важно...алегориски пред нив се појавува страшната планина Синај. Односно тие ја откриваат меѓусебната човечка омраза, категоричната желба да се зема предвид другиот, а истовремено со тоа неопходноста тоа да се направи, за да се преживее. Поинаку Фараонот,твојот егоизам те стигнува и те убива. Пред такво нешто наскоро ќе се најде човештвото.

Александар од Сакраменто, САД, бара аналогија во чувствувањето на степенот на егоизмот и прашува: "Може ли растечкиот егоизам на човекот да се објасни со отворањето на чадорот. Тој е затворен во долна положба, се отвора на највисокото ниво..." алегориски, може ли да се направи таква споредба?

Ако така му се чини – добро, може! Навистина, се отвора одоздола нагоре, и споредбата со чадорот е добра, зошто тоа е како екран – кога човекот го открива егоизмот над себе тој станува негов екран. Патем речено добар пример е, може да се употреби...благодарам!

Прашање од групата од Кемерово: "Кога човекот се спојува со Создателот, дали притоа тој самиот се поништува себе?"

Во никој случај! Ние како такви постоевме во почетокот на нашето создавање, како такви сме биле првично создадени од Создателот. Во светот на Бесконечноста сите ние претставувавме точки и не го чувствувавме нашето постоење. Како што капката семе не чувстува дека е создадена и дека поседува некоја самостојност. Потоа, од ова ниво ние се спуштаме на ниво на нашиот свет и тука на ниту еден начин не сме поврзани еден со друг, и треба повторно да се обединиме заедно, слично на оваа состојба. Но да се соединиме, т.е. да ја достигнеме оваа состојба, ние сите заедно треба да сме во меѓусебното соединување.

Кога почнуваме меѓусебно да се соединуваме и навидум да го создаваме овој свет на Бесконечноста од самите себе, од своите сили, од своите врски, тогаш поминуваме различни фази, страшни метаморфози: како омразата, потоа неопходноста од соединување, потоа осознаената неопходност дека самиот не можам да успеам и потребна ми е Виша сила. Т.е. потреба од Светлина, под влијанието на Светлината јас почнувам да се соединувам, обединување, взаемна гаранција и потоа внатре во себе од тоа взаемно соединување да ја чувствувам особината на Создателот, т.е. веќе тече откривање на Создателот.

Сите овие фази многу брзо поминуваат, не треба да се разгледуваат како долготрајни. Најважна е првата фаза, најтежок е првиот контакт со Создателот. Но кога ја достигнуваме оваа состојба, поминувајќи ги сите овие фази самостојно, ние не се поништуваме, туку стануваме апсолутно еднакви со Создателот. Т.е. вечни и совршени со целосна власт, сила, постигнување на Него самиот..

Прашање од Тимофеј од Питер: "Зошто е кажано дека исчезнува од земјата? Зар човекот не се наоѓа секогаш во особината на примање?" Не останува во тие особини?

Земјата не исчезнува, се крева и се соединува заедно со Бина. Ние говориме дека земјата и Бина во своите примени, реализации се креваат до нивото на целосно давање. Но ниту едната, ниту другата особина не се губат. Само се менува природата на нејзината употреба, стилот на работа со овие две особини – поради давање, и двете овие особини.

Прашува студент од САД: "Кои особини се најглавни кај Фараонот, како можеме да го замислиме?" –

Фараонот се спротивните особини на Создателот. Во нашата историја имаме неколку такви примери како Фараонот, можеби помалку познат за вас Ахашверош. Тоа се спротивни особини на Создателот, кога Создателот игра со нас само облекувајќи се во спротивна на Него егоистична особина. Односно, наместо особината на давање Тој дејствува спротивно, обратно на самиот себе. Истата особина постоела за време на потопот, кога апсолутно милосрдната особина на Создателот се претвора во сосема спротивна – во цврстите сили на потопот. Што треба човекот во таков случај да прави? Само да се вклучува во својата Г'Е, во своите давачки особини и да се крие во нив. Тоа е барката на Ное, корпата во која е пуштен Мојсеј по Нил, и така бил прибран од ќерката на Фараонот, и т.н.

Тоа е и матката на жената во која се носи идниот плод, дете, човек, сето тоа е наречено како особини на Бина, која опкружува, чува, создава одлична средина за нашиот развој. Кон тоа треба да се стремиме во почетокот на нашиот духовен развој, затоа што тоа се почетни фази, како што насекаде тоа го гледаме, на сите нивоа. А потоа, станувајќи повозрасни, поголеми, веќе ги поминуваме фазите на доењето, зреењето и т.н.

Прашање од Костарика, Јужна Америка, Саиде прашува: "Како човекот дознава дека се сретнал со Фараонот?Што тоа претставува?"

Тоа е многу добра особина, патем речено. Фараон. Тој толку отворено се манифестира, така што не може да се помеша со ништо друго. Тоа е чувство, кога ти јасно сфаќаш дека нема што да правиш тука. Ние гледаме од книгата, од Библијата, како Мојсеј се плаши да оди кај Фараонот, се тресе како мало дете, за рака со Создателот, подготвен е да оди кај него. Т.е. без Создателот тој нема да оди кај Фараонот. Додека заедно со Создателот... Создателот му вели: "Одиме заедно, јас ќе дојдам со тебе."

Затоа што поинаку нема да се запознаеш со оваа огромна негативна сила, која е создадена од Создателот против Себе, за човекот да има слобода на вољата - да се наоѓа помеѓу овие две сили. Практично, одењето кај Фараонот е чувствувањето на себеси помеѓу два огромни системи – позитивниот и негативниот, кога човекот јасно почнува да разбира дека има многу тесна патека во неговото однесување, кога тој не може да избега од овие две сили на Природата, туку е должен внатре во себе правилно да ги развие. Кога првично во себе ќе ги формира, на крај ја гради врз овие особини својата душа. Затоа треба да ги разбираме сите тие негативни особини, кои во принцип ги глуми Создателот, облекувајќи страшна маска.

Затоа во нашиот свет, иако ни се чини дека се наоѓаме во постојани проблеми се' до смртта, подмолноста, предавството, различните насилни дејства насочени кон нас – всушност сето тоа произлегува од Создателот. Тоа е неговата спротивна страна, која сака на таков начин да не' доведе со осознавањето на злото, и да ни покаже дека ако сакаш да го видиш својот свет поинаку, ти треба да се промениш. Тогаш ќе престанеш да го принудуваш Создателот да се однесува кон тебе со Неговата спротивна негативна страна. Тогаш преводот арамејски – хебрејски, ЕЛЕ-МИ, сите спротивни особини кои ни ја создаваат оваа конфузија, проблемите, ќе се претворат во една единствена хармонија.

Како што е речено: "И мракот ќе свети како Светлина", но пред тоа треба да го спознаеме мракот. А мракот исто така се спознава со особините на Светлината. Ако ние сега почнеме сериозно да ја изучуваме кабалата и да ја привлекуваме кон себе Вишата Светлина, сепак ќе ни се открие мракот. Но тој мрак ќе ни се открие во Светлината. Односно ние веќе ќе знаеме зошто тој се открива, и смислата на тој мрак. Ние ќе го поздравуваме мракот, затоа што благодарение на него, како со помош на солта, пиперот, различните зачини, непогодни за јадење,  даваме вкус на храната. Истото се однесува и за ова. Треба да се открие целиот мрак, но ако го гледаш во Светлината, тогаш тој ти го дава токму тој вкус, кога ти ги гледаш во контрастот на Светлината и мракот, сите особини на Создателот и можеш самиот да ги интегрираш во себе.

Уште еднаш сакам да кажам, за да се подготвите за конгресот, влезете на адресата која сега ја видите : www.kab.info На сите јазици, влегувајте, дознајте што ќе има таму. Песни, клипови, настапи, лекции, прашање кои се потребни од вас, подготовки. Поставувајте прашања – на сите ќе одговараме. Ние треба така меѓусебно да се соединиме, за да овој заеднички светски мега конгрес се претвори во огромна заемна акција на обединување и тогаш ќе биде можно во тоа обединување, можеби веќе да се почувстува Вишата сила. Т.е. нашето обединување да ја достигне состојбата, кога ќе биде дури и во најмала мера слична на особината на Создателот. Ви пожелувам успех, до гледање, сè најдобро!

Лекција бр.28 „Првата заповед“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica