Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Ноќ на невестата“

24.01.2010  Рим - Мега конгрес

Ние со вас ќе почнеме да ја изучуваме статијата која се нарекува: "Ноќ на невестата". Ние треба слушајќи, што кажува “Зохар“ да си замислиме дека се зборува само за нас. Т.е. тоа што тука е напишано зборува за мене, само во преносна смисла. Се зборува за тоа, што може да се случува во овој свет, за географските локации, за растенијата, за животните, за луѓето, за нивните меѓусебни врски, но во принцип се зборува за моите внатрешни особини, кои се поделени на неживо, растително, животинско и човечко ниво. Затоа што тоа што навистина сега го гледам, е одразот на моите внатрешни особини.

Во мене постојат различни особини, желби на ниво на неживо, растително, животинско и човечко. Тие различни видови на моите желби ми ја прикажуваат сликата на светот внатре во мене, т.е. постојат во мене желби- секакви, различни, на различни нивоа, четири вкупно, како што зборувавме: неживо, растително, животинско и човечко. Јас тие желби ги чувствувам во себе како свои особини. Тука е екранот во мене, на кој јас тоа го чувствувам, тие свои внатрешни особини. А тие потоа се проектираат на мене надворешно, преку таква оптичка леќа, и јас навидум гледам пред себе планини, реки, сонце, месечина, растенија, животни, луѓе...

Тоа сè е одраз на моите внатрешни особини – на таков начин ние го гледаме пред себе светот. Ако ние ги промениме своите особини – ќе гледаме инаков свет, сега тоа дури не можеме ни да го замислиме. Затоа целата суштина е внатре во човекот. Во принцип и науката почнува за тоа да зборува.. Некогаш ние мислевме дека светот е надвор од нас, непроменлив и постои таков каков што е. Кога јас бев мал, нас нè учеа во школо дека вселената постои бесконечно време, а потоа сè се промени, и почнаа да сметаат дека постои 15 милијарди години.

Потоа кај човекот се создаде друга слика за светот. Научниците почнаа да сфаќаат дека различните животни – пчели, кучиња, змии и другите, го гледаат светот сосема поинаку, во друга фрекфенција, друга боја, воопшто поразлично. Затоа што светот не е таков каков што ние го перцепираме, тој можеби има некој свој облик, но ние го перцепираме така, затоа што нашите сетила се така изградени.

Кога тие би имале други дијапазони на воспримање, ние би го чувствувале светот како сосема инаков. Потоа се создаде сосема друга теорија за перцепцијата на светот, тоа е практично последната, научна теорија, која зборува за тоа дека ние не само го воспримаме светот соодветно на нашите осети,туку тој има некоја своја друга слика, но кога ние го перцепираме, внесуваме во него девијација, искривување, отпор. И затоа ние не можеме да го перцепираме – светот е како наш одраз.

Тоа е многу блиску до сфаќањата на квантната физика, која зборува за тоа дека гледајќи на светот, чувствувајќи го, воспримајќи го, ти со тоа го променуваш. Затоа постоеше проблем со колајдерот, (забрзувачот на јонизирани честички) кој го лансираа во Швајцарија. Затоа што изучувајќи такви суптилни материи ние влијаеме со тоа врз целата вселена. Но, кабалата раскажува за уште подалеку.

Во кабалата уште во почетокот е напишано дека целиот наш свет постои под брзината на Светлината, додека духовниот свет постои над брзината на Светлината. И затоа треба да разбереме дека воспримањето на нашиот свет се случува во таква егоистичка слика, внатре во нас, а ако навистина сакаме да откриеме надвор од себе, тогаш треба да се здобиеме со друга особина – особината на давање. И за да ја добиеме таа особина на давање, да создадеме во нас услови за воспримање на тоа што се случува надвор од нас, за тоа книгата Зохар ни го опишува постоечкото надвор од нас - за ние да почнеме тоа да го воспримаме како постоечко во нас. Тогаш ние, обратно, ќе можеме одвнатре да го чувствуваме постоечкото надвор од нас. Не тоа што го примам преку ушите, очите, носот, преку допир, туку тоа што навистина постои надвор од мене.

Книгата Зохар претставува вежби за развивање кај нас на новото воспримање. Кога тоа што се случува надвор од мене јас почнувам да го прилагодувам како да се случува внатре во мене, и на таков начин можам да дојдам до друго воспримање – како тоа што се случува во внатре во мене- се случува надвор од мене. Кога ќе го совладаме овој преод, ќе почнеме да го чувствуваме вишиот свет. Затоа, конкретно за нас, денес, сега, задачата е многу едноставна – тоа што сега јас ќе го читам ние ќе треба да го замислиме како постоечко внатре во нас, иако тоа се опишува во надворешни ликови.

Во Зохар пишува: статија " Ноќ на невестата" Раби Шимон седел и се занимавал со кабала, ноќта кога невестата малхут се соединува со својот маж З'А ". Како треба ние тоа да го замислиме? Ноќ ...ние со вас зборувавме што е тоа мрак – тоа е кога јас сè уште не чувствувам ништо духовно. Сега тоа го гледаме во аспект на нас – нечувствувањето на духовното се нарекува ноќ. Кога јас се занимавам ноќта со кабала, ја подготвувам состојбата која се нарекува " соединување на невестата со младоженецот". Кога невестата, наречена Малхут, збирот на сите души, на сите наши желби, се соединува со својот маж, З'А. Малхут – оваа точка е збир на сите наши желби кон Вишото, кога таа се соединува со парцуфот, систем кој се нарекува З'А, преку кој од светот на бесконечноста до неа доаѓа Светлина. З'А се нарекува нејзин маж, а Малхут се нарекува невеста. И сите пријатели кои се присутни во свадбената сала на невестата таа ноќ, се обврзани заедно со младоженецот цела ноќ да се веселат на поправањата на невестата. Т.е. што значи "да се веселат"- со помош на кабала да ја привлекуваат поправувачката Светлина, цела ноќ. Тоа е занимавање со кабалата, и тие исправувања се нарекуваат украси на невестата. Пробајте да си замислите слика, каде што сите ние ја претставуваме невестата, младоженецот е Вишата Сила. Изучувањето на кабала ја привлекува врз нас Вишата Светлина преку парцуфот З'А, која ја добиваме од Вишата Сила, и тие поправки кои што ги добиваат нашите души соединувајќи се заедно, тие се нарекуваат украси на невестата.

Ние не треба ништо да разбираме, ние треба само да се обидеме, како малото дете кога нешто му зборуваат, а тоа ништо не разбира. Тоа не знае за што му зборуваат. Тоа не ги поврзува зборовите чаша, вода, автомобил, соба, светлина, ништо не поврзува, само слуша. И така во него влегуваат и се апсорбираат зборови, постепено се создава на таков непосреден, потполно неразбирлив начин, сознание за нашиот свет. На потполно ист начин ние влегуваме во духовниот свет. Малку е чудно за возрасен човек, со сознанија и разбирање на овој свет, за човек кој сака се да истражува, да знае и да разбира, но друг пат не постои. Соодветно на тоа како се развива детето во нашиот свет, така ние треба да бидеме деца во однос на духовниот свет. Тука не зависи од тоа дали вие ќе го запамтите тоа што ви го зборувам, дека ноќта е мрак, дека е скривање на Создателот, и ние треба да се занимаваме во тоа време со привлекување на светлината врз себе, и дека таа светлина го создава исправувањето, кое се нарекува украс, сето тоа е неважно. Важно е за тоа време додека тоа го зборуваме, да се обидуваме да откриеме, да дознаеме – што е тоа, и ништо повеќе. Затоа што не запомнувањето, туку желбата ја привлекува таа Светлина врз нас, ни ја носи сликата, едноставно сè ни се разјаснува. На таков природен начин ние навлегуваме сè повеќе и повеќе и конечно почнуваме да разбираме што тука се случува.

"А невестата се исправува се украсува со нив, тие исправувања" т.е. нашата заедничка желба "и е весела со нив целата оваа ноќ" т.е. оваа наша егоистична желба, која сакаме да ја поправиме, постепено се поправува за време на овој мрак, и кога тој мрак завршува, настанува разденување. Тогаш се случува соединувањето на младоженецот и невестата, кое се нарекува склучување на брак, свадба. А сите тие пријатели, зафатени цела ноќ со изучување на кабалата, т.е. во состојба на мракот, неразбирањето, сите тие се нарекуваат пријатели или синови на таа брачна заедница , склучена меѓу сите души и Создателот. Кога невестата доаѓа пред младоженецот, пред олтар, тогаш Создателот прашува за сите тие кои ја поправиле невестата. Т.е. за сите тие кабалисти кои ги создале условите за соединување на невестата со младоженецот. Тој ги благословува и ги украсува и тие стануваат среќни. Кој може да го преведе овој расказ во наши услови - што се случува со човекот? Што значи – Создателот ги украсува? Што значи украс? Поправање? Т.е. кога ние сите заедно се грижиме за поправањето на нашата заедничка група, невестата, тоа кли, во кое сите ние постоиме, тогаш секој од нас исто така се наградува со истите тие украси, истите тие исправувања. Односно грижата треба да биде за заедничкото кли, како при заемна одговорност. Само тогаш, кога јас се грижам за тоа заедничко кли, само тогаш и самиот јас можам да се исправам во него. Тогаш, кога јас целосно ќе се вложам себе си во тоа кли, поминува таа ноќ, се разденува, т.е. се појавува Светлина и тогаш се случува соединување на заедничкото кли со Создателот, т.е. целото тоа добива Светлина, јас, добивајќи го своето поправање, се исполнувам со неа. Така метафорички “Зохар“ ни кажува за нашата внатрешна состојба. Затоа сите кабалисти ноќе се занимаваат со кабала за да ја привлечат врз себе, преку себе врз заедничкото кли, Светлината на поправањето. Поинаку кажано – сите пријатели на невестата цела ноќ се веселат со неа за да ја украсат за утринското склучување на брак. И тие што учествуваат во украсувањето на невестата цела ноќ, тие и е се пријатели и заедно со неа учествуваат во склучувањето на бракот и исто така добиваат украси од Него, и исто така стануваат заедно со невестата, среќни учесници на нејзиното соединување со младоженецот.

Односно, ние можеме да го достигнеме откривањето на Создателот само ако се погрижиме за нашата невеста, за сумата на сите наши души, за таа да биде подготвена, сврзана меѓу себе така, да биде достојна за соединување со младоженецот. Ноќ се нарекува целиот период на скривањето на Создателот. А реално, тој не е скриен – младоженецот не се крие од невестата, тој само чека кога невестата ќе биде подготвена за него. Кога таа ќе биде подготвена за склучувањето на бракот. Ќе се накити со сите украси, ќе се облече како треба, и тогаш таа ќе биде достојна за него. Т.е. желбата останува желба, но таа треба да се накити, украси, со светлината хасадим, особина на давање. Да се искористи таа желба за давање. Тоа се нарекува облека и украси. А самата желба внатре останува. Исто како кај нас, има голо тело, а има и облека за него, така што во зависност од таа облека, обичната девојката станува невеста. Така и ние – треба да ја украсиме нашата егоистична желба во намера на давање, тогаш таа ќе има соодветен фустан, како што се облекува невестата. Кога ние ќе ја добиеме таквата обвивка, давање, на нашата внатрешна желба тогаш ќе бидеме подготвени за соединување со Создателот. И во нас ќе се појави таа особина, чувствување на неговата близина, а потоа спојувањето. Духовното соединување со Создателот, спојувањето со Него, како во нашиот живот, љубовно соединување. Така и се опишува. Односно ние сега треба да си замислиме овоземно соединување меѓу телата на мажот и жената и да пробаме да го пренесеме тоа во духовно соединување, помеѓу Создателот и душата. Треба да правиме такви вежби. На таков начин градиме два света – тоа што се случува во нашиот свет, се што се случува тука ( неживо, растително, животинско, човек, меѓу луѓето, како во дадениот пример на младоженецот со невестата) и треба да си замислиме како тоа се случува во вишиот свет. Какви особини меѓу себе се наоѓаат во какви состојби, комбинации, зближување, разделување, подеми, спуштања, сложувања меѓу себе. Затоа што во духовниот свет делуваат само силите и особините. А во нашиот свет тоа се телата. Со овие вежби ние секогаш како да се припремаме за вишо ниво.

" Тој час, кога небото, З'А, младоженецот, и приоѓа на невестата, т.е. почнува да и свети, сите нејзини пријатели кои ја исправуваа со учење на кабалата, тие што ја украсуваат цела ноќ, кои го дочекаа со неа утрото кога таа ќе биде целосно подготвена за младоженецот и затоа тој ќе и се открие со својата светлина и ќе почне да и свети, секој од тие пријатели станува познат по своето име. Т.е. секоја душа почнува да се пројавува себе си самостојно,иако во текот на целата ноќ тие се грижеа за заедничкото соединение, кое се нарекува невеста ( нивното заедничко соединување се нарекува невеста) а сега секој од нив почнува да разбира и да го чувствува своето јас, духовното јас. Тој започнува духовно да се раѓа. И секој го чувствува тоа вложување што тој го направил во украсувањето на невестата. Затоа што соодветно на својот придонес, вложување во украсувањето на невестата, тој ги добива тие украси за себе. Т.е. тоа исправување што го вложил во исправувањето меѓу душите, тој ја добива истата одежда, истиот ор хозер, истата особина на давање ја добива сега за себе од целото заедничко кли на кое тој им ги пренесе тие особини. Тој ја привлече вишата светлина на исправувањето врз него, а сега целата таа светлина тој ја добива врз себе. Односно целото негово дејство во текот на овие илјадници години на мракот и скривањето на вишиот свет од нашиот свет, и сите тие лични, да речеме нашите со вас напори, сите тие се складираа како во банка, во мали дози, и кога достигнуваме невестата да биде достојна за примањето на светлината, за откривање на младоженецот, тогаш ние го добиваме од неа тоа што го складиравме, вложувавме во неа, секој од нас. И на таков начин секој од нас започнува самостојно да постои во духовниот свет.

Затоа сите тие години, кога Создателот беше скриен, сите тие се нарекуваат " ноќ на невестата" и ние во текот на целата таа историја да речеме –пред 15 милијарди години се појави вселената од духовна точка, која падна во просторот на нашиот свет и преку голема експлозија почнала да гради од себе, од малата духовна енергија, од искра на духовната енергија почнала да ја гради целата вселена, така велат и физичарите, додека се појави нашата земја, да речеме пред 5 милијарди години, и некаде тука се појавил човекот, и целата историја на човештвото се состои од две фази. Едната фаза е нашето несвесно учество во исправувањето - кога ние учествуваме во него несвесно: страдаме, се движиме напред, правиме некои неповрзани нејасни дејства, паѓаме, се креваме, правиме некакви револуции, војни...но сепак сите тие дејства , како дете кое не разбира, но сепак нас тоа не развива. И на таков начин ние се развивавме во текот на многу илјадници години.

Сега настапува следната фаза. Фазата на свесниот развој. Кога ние доволно страдавме, кога почнуваме да осознаваме дека не треба понатаму така да правиме, треба да разбереме како ние живееме, и сега ние почнуваме да приоѓаме кон свесното воспримање на реалноста – какви сили делуваат врз нас, каков е тој надворешен свет кој со нас управува, што со нас се случува. Така Зохар ни раскажува главно за оваа втора фаза за нашето свесно учество во исправувањето, а не за таа фаза која веќе сме ја поминале во поранешните циклуси на душите. И затоа е речено со текот на времето ќе донесе свој резултат. Затоа што зголемувањето на тие страдања што се случуваат ќе не доведе до неопходноста да се подготвиме себе си, да се соединиме меѓусебно, да станеме соодветни на младоженецот, Создателот така, за меѓу нас да постои соединување. Соединувањето може да биде само во случај ако невестата ќе му одговара на Создателот. Да му одговара, да биде соодветна, слична. Т.е. да ги поседува истите особини како и тој. Тие особини се нарекуваат украси. Затоа што нашата желба останува иста, само намерата се менува. А сите кои учествуваат во тоа исправување, во целосно спојување меѓу себе, стануваат една целина и во нив се открива таа заедничка светлина.

Ајде да поминеме на прашањата. Ова а е таков текст што јас чувствувам дека повеќе од ова сега ние нема да постигнеме. Ова беше само мал пример за тоа како зборува книгата Зохар. Какви прашања имате?

-Арија : Да претпоставиме дека Малхут цела ноќ мирно чекаше со трепет додека З'А се повесели со своите пријатели. И ете дојде утро. Што потоа?
-А ништо, ништо. Имаше невеста, се подготвуваше цела ноќ за склучувањето на брак, се сретна со младоженецот, се регистрираа, а што понатаму. Понатаму ништо! Зошто прашувате што потоа? Вам, на возрасна жена да ви објаснувам што потоа?
-Да, јас сакам да објасните, што понатаму?
-Понатаму живеат и прават деца.
-Благодарам.
-Јас не се шегувам, одговорив навистина сериозно. Прашањето е исто сериозно, навистина. Ние не можеме да замислиме што значи соединување со Создателот. Кога јас живеам во овој свет, кој е изграден само врз страдања, секој момент јас се местам во некоја состојба за подобро да се чувствувам, секој пат бегам од страдањата, се обидувам да доживеам некои мали задоволства и во тоа се состои целиот мој живот. Ние не можеме да замислиме постоење не во таква состојба, не во такви услови. Духовниот свет – е свет на целосна слобода. Слобода од грижи - едноставно нема за што да се грижи. Тоа се нарекува слобода. Односно јас ништо не морам, не морам за ништо да мислам, не морам за ништо да се грижам, од ништо не мора да се плашам, кон ништо не морам да се стремам, јас едноставно апсолутно сум слободен. Тоа е ослободување од својот егоизам, кој ме турка некаде напред, терајки ме постојано нешто да правам или покажувајки ми дека нешто ми недостасува, јас чувствувам страдање, бол и т.н. Ништо од ова таму не постои, затоа што ние се креваме над нашата природа и настанува следната фаза, кога јас се претворам во тој што дава. Тогаш јас добивам задоволство од тоа што ги наполнувам другите, затоа што ги сакам. Мајката кога му дава нешто на своето дете нели чувствува задоволство? Инаку децата би умреле од глад. Природата создава во мајката желба да се задоволи преку тоа што таа го дава на детето. Затоа таа му дава. На некој друг не би му дала. Значи, кога јас почнувам да чувствувам, замислете го тоа чисто теоретски, милијарди сакани....тие што ги сакам. И јас имам можност да ги исполнувам. Значи јас можам притоа да се полнам милијарда пати. Толку, колку јас спроведувам преку себе за нив. Мене ми е потребно само едно: потребно ми е само да бидам поврзан со овие милијарди, со овие души, и јас се полнам од Создателот. Добивам од Него, не можам да дадам ништо свое, но јас ги наполнувам сите нив. И се задоволувам со целата таа светлина која поминува преку мене, затоа сите нивни желби, заради тоа дека ги сакам - стануваат мои. Т.е јас го добивам ова огромно кли. Тоа сето е мое, и целата светлина поминува преку мене. Т.е. практично јас станувам една заедничка душа – тоа се нарекува спојување.

Создателот се спојува со оваа невеста, која јас ја подготвив за него, и јас сум поврзувачка алка меѓу нив, младоженецот и невестата. Јас се наоѓам помеѓу нив. Јас сум поврзувачка алка – сето поминува преку мене: од оваа страна кај мене доаѓаат желбите, тоа се нарекува лева линија, од другата страна ми доаѓа светлината на Создателот, и јас претставувам средна линија која ги соединува меѓусебно. Тие се соединуваат во мене. Сите ...од една страна сите души, од другата страна Создателот. Јас сум тој кој ги соединува, кој ги наполнува. Јас од една страна на таков начин ги постигнувам сите желби на сите души, т.е. се што создал Создателот, неговата замисла, неговата цел, и го постигнувам целото тоа задоволство, целата светлина која нив ги наполнува. Т.е. јас станувам апсолутно и целосно рамен на Создателот. Во однос на сите души јас претставувам Создател, затоа што јас го создавам овој контакт, освен мене никој не може да го создаде. И така секоја од душите. Без притоа да си пречат една на друга. Затоа што секоја има свој корен. Ете тоа се случува после склучувањето на бракот. " Да се прават деца" – значи да се наполнуваат сите овие души со светлината на Создателот. Секоја душа притоа оживува, се наполнува со светлина и станува постоечка. Замислете си денес со вашиот кисел израз на лицето дека имате 7 милијарди среќни деца. Погледнете, како се променивте! Веднаш станавте убава! Ви недостасуваат тие украси, за кои што зборувавме. Но тоа е пред нас.
-За тој кабалист, кој веќе го достигнал духовното, вишото, овој мир за него исчезнува на некаков начин?
- Не! Овој свет не исчезнува се додека сите ние не го достигнеме исправувањето. Додека секој од нас не воспостави таков контакт преку себе – со сите. Помеѓу младоженецот и невестата. Додека не ги запознае меѓусебно младоженецот со невестата.
-Затоа целиот свет ќе биде инаков?
-Тогаш целиот свет ќе биде поинаков, на природен начин. Ништо вештачки не треба да се менува, ќе се промени нашето воспримање.
-Што се слуша од Латинска Америка?
-Има многу прашања, потребни се неколку часа за да се одговори. Ние тројца одвај успеваме. Има прашање од Венецуела: Постои ли поврзаност помеѓу тоа што е напишано во Зохар и Тора?
-Зохар го опишуваа истото што е речено во Тора, само со други зборови. Тора ни се чини како опишување на некои древни историски случувања. Тоа воопшто не е точно! Проблем е да се разбере дека историјата не постои, дека тоа што сега јас го воспримам како историја ( не знам како ќе ме разберете) – тоа постои во мојата претстава, исто како и овој свет. Ама подобро така да не го кажувам, премногу е... потоа ќе сфатите дека тоа е така. Ќе зборуваме поедноставно. Целата Тора ни кажува не за историјата, туку само за внатрешната трансформација на човекот. Се што се случува внатре во човекот, исто како во книгата Зохар, што сега со вас ја изучуваме, таа зборува за особините кои се случуваат внатре во нас. Невеста – тоа не е невеста, не е надворешен поим, младоженецот, пријателите на младоженецот исто...украсите исто – сето тоа е внатре во мене. Истото се однесува и за Тора.

Книгата Зохар е напишана како коментар кон Тора, кон Библијата. Т.е. го раскажува истиот расказ, само го пишува со други зборови. Книгата Зохар ни го опишува тоа во вид на некои раскази, како во дадениот момент помеѓу младоженецот и невестата, потоа може да зборува за животните, сонцето и месечината, за земјата...не е важно за што. А ние треба цело време да си замислуваме дека се зборува за нашите внатрешни особини. И на таков начин ние постепено ќе почнеме да чувствуваме дека тоа се случува внатре во нас, дека целото воспримање на светот се случува само внатре. Јас ќе ви дозволам набрзина прашање, затоа што треба да го завршуваме часот.
- Во еден момент од часот јас си создадов една претстава, не знам дали е правилна. Пред да се исправиме ние, овој сад кој теба да ја прими светлината има отвор за светлината да помине во садот. Што после исправувањето, дали тој сад го има тој отвор за поминување на светлината?
-Разберете дека ние постоиме сега во океан на светлината. Ништо не се изгубило. Ние самите сме затворени, не сме соодветни за неа, ја немаме особината да ја фатиме и да се наполниме. Ако јас ги немам очилата – тогаш јас не ве гледам. Мене ми се потребни очила за да гледам. Исто така, за да ја почувствувам светлината јас треба да бидам во особини соодветни на таа светлина, аналогни на таа светлина. Целата кабалата е за тоа да ми раскаже како јас да станам соодветен на таа светлина, во која јас сега постојам. Ние сега постоиме во океан на семожни влијанија – овој свет, вишиот свет, душите, телата – сето тоа постои заедно. Но јас не го сфаќам вишиот свет. Како да го разоткријам додатниот сетилен орган за да почувствувам го тоа што постои околу мене ,сега за мене тоа претставува мрак, скриено од мене. Од една страна кон тоа ме поттикнуваат со изложување на страдања, а кабалата ми раскажува како да го откријам, да се подготвам за вишиот свет. Со секакви такви вежби кои се опишани во книгата Зохар. Тоа се вежби. Исто како некогаш мајка ми ми објаснуваше – тоа е тоа, тоа е вака, онака...ми кажуваше, а јас не го разбирав тоа што го зборува. Не е важно, јас сакав да дознам, и постепено почнав тоа да го разбирам. Детето научува не од зборовите, само постепено околу него се се разјаснува, сликата се проширува, се сложуваат деловите – од неговата желба. Тоа е многу сложен процес. На ист таков начин се развиваат и растенијата и животните, на еден ист принцип. Тоа е едноставен принцип – тоа е игра. Што значи игра? Кога јас треба да се искачам на следното скалило, без да знам на кое. Како детето- не знае какво треба да стане утре. Исто така ние се развиваме и во духовното. А нам, со нашите мозоци, нашиот ум, многу ни е тешко кон тоа така да се однесуваме. Да го прочистиме нашиот мозок, ум, за да сфати човекот дека само така треба да влезе во духовниот свет, само под влијание на таков извор - тоа бара многу време. Луѓето се обучуваат долго време, потоа сфаќаат дека нема друг начин и дека треба едноставно да се послуша и да се оди напред. И тогаш резултатите се постигнуваат многу бргу. Главниот проблем е - нашиот инает и дека ние се обидуваме со помош на разумот да влеземе во духовниот свет. Но ние тоа ќе го совладаме!

Лекција 13 „ Буквите на Раби Амнон Саба“ Вовед

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica