23.08.2010
Добар ден на сите наши другари, пријатели, ученици во сите наши центри, во сите земји! Денес ние повторно присутствуваме на нашиот редовен виртуелен час, јас и мојот пријател Саша Козлов. Тој, како и обично ќе ги прима вашите прашања, посакувања. Веќе има нешто кај него, да, веќе нешто сте му испратиле, но не е важно. Јас ќе почнам, а потоа ние ќе преминеме кон вашите прашања. Значи, тоа што ми го посоветува Саша, е да раскажам за тоа случување, кое сега се одвива во светот, во сите религии. Тоа е празникот Паска, Песах, кој е олицетворение и зема почеток од излегувањето од Египет. Од каде сето тоа потекнало? Ајде да се исклучиме од сето, што се прави на оваа земја, затоа што тоа е привремено и кревко, неразбирливо, честопати лажно и невистинито, туку ќе појдеме строго од темата на суштеството.
Создателот, кога си ја поставил задачата да создаде суштество, кое би му било рамно Нему, совршено, затоа што Тој како совршенство може да создаде само совршено, затоа сите Негови дејства се насочени кон оваа цел, кон последната цел – да се создаде суштество.Т.е. самиот акт на создавањето прво, второ, суштеството да биде самостојно, а истовремено покрај тоа да биде совршено. И тука се случува парадокс – ако суштеството е совршено и самостојно – како тоа може одделно од Создателот да постои, а во исто време да биде совршено како Создателот? Ако постои само едно совршенство. Ако се двајца – тоа веќе не е совршенство, т.е. нешто има во едниот, што го нема во другиот. И затоа тука како да се создаде проблем, но гледајки од наша страна, како ние тоа го објаснуваме, со нашите мисли и разумот. Создателот ја решава оваа задача едноставно.Тој создава од својата желба да наполни, дава, љуби, зрачи, тој создава желба да се прима, да се наполнува. Апсолутно спротивна на Него - по особината. Со тоа Тој создава суштество, кое е спротивно на Него, еднакво по моќта, по силата, но негативно кон него.Т.е. се' што Тој сака да даде – суштеството сака да прими, со иста сила, и со исто наполнување во сите свои облици. Односно Создателот како да со сите свои особини кои сака да ги даде, со сите свои наполнувања, кои сака да ги наполни изделкува таква желба, во која сите нејзини празнини, желби, очекувања се соодветни на тоа насладување, кое Создателот посакува да го даде. И на таков начин суштеството добива се', одлично спротивно поставено наспроти Создателот. А како сега да се направи да е еднаков на Создателот? За тоа е потребно, не поништувајки ја првичната желба, да се доведе до сличноста со Создателот со тоа, дека без оглед на тоа, дека неговата желба ќе се наполни, да се впие во себе, да се наполни, да се почувствува насладувањето во себе, и само со тоа оваа желба се раководи и ништо не чувствува и не е свесна за ништо друго, треба да се доведе оваа желба до особината на рамен на Сoздателот, т.е. кон љубовта, давањето, кон наполнување на некој друг. Кој друг? Нормално, Создателот.
Кога особините на суштеството, без оглед на тоа дека сака да добива само поради себе, ќе се претворат во особини поради давање на Создателот, поради насладување на Создателот, тогаш суштеството ќе стане рамно на Создателот и во исто време самостојно ќе постои. До таа состојба Создателот треба да го доведе суштеството постепено. Притоа, постојат на овој пат фази кога суштеството се развива под непосреден притисок, воспитување на Создателот, а постојат такви фази, веќе напреднати, кога суштеството треба да се развива самото, самостојно, или наводно самостојно. Бидејки тоа треба да изработи во себе особина на давање, љубов кон другиот, кон Создателот, независно од неговиот притисок, инаку тоа нема да биде самостојно, и тоа нема да биде негова особина, тукау наметната однадвор. И од замислата на Создателот нема ништо да излезе.Значи, како тоа да се достигне? За тоа Создателот го создава суштеството последователно, по првите четири скалила, т.е. Тој ги става во основата на суштеството, во неговата природа, веќе во неговиот материјал сите тие почетни податоци кои понатаму во суштеството ќе се развиваат, и понатаму Тој како да нема вска со него. Како кај нас, да речеме – од капка семе почнува да се раѓа човек, почнува да се развива човек, во таа капка семе се ставени сите негови особини, и тој од нив не може да се ослободи, не може да ги промени, тој цело време само ги реализира. Но ги реализира веќе со примена на слободата на вољата, самостојно, под влијанието на опкружувачката средина, воспитувањето и т.н. Односно постојат почетно зададени особини, но тие не пречат истовремено со тоа на самостојниот развиток на човекот.т.е. постојат особини кои точно ја одредуваат структурата на човекот, но на ниво на неживо, растително и животинско. А човекот... во човекот се раѓа од сопствената работа на човекот врз себеси. Така и тука .
Ние поминуваме со вас во текот на повеќеилјадната нашата историја, дури после слегувањето на духовните светови, ние поминуваме во нашиот свет, огромна историја, и во неа ние се развиваме исто под притисокот на вишата сила, која нас нè развива, природата, ако сакате, која нè принудува да се развиваме на нивоата неживото, растително и животно, а кога ние го завршуваме нашето животно ниво на развиток, тоа што се случува во нашето време, и ние со вас се наоѓаме на преминот од нашиот животински развиток, кој во принцип сега завршува,и на премин во фазата човек, кој е во нас. Но човекот, кој е во нас, тој треба да се развива во нас со освестување, спознавање, постигнување, од тоа кои сме ние, поради што сме, за што сме и генерално – каков е тој човек во животинското? Затоа тука кај нас се одвиваат многу сериозни промени, во нас, во општеството и овие преодни процеси, би рекол дури драматични. Значи, од каде сето тоа потекнува?
Тоа произлегува од четирите фази на директната светлина, ние со вас не еднаш тоа го учевме, но јас само ќе ги нацртам за секој случај. Дека од коренот ( корен) слегува оваа светлина, излегуваат од неа четири фази. Ние нема каде од нив да бегаме, секогаш кон нив ќе се враќаме, затоа што без нив едноставно не е можно. Четири фази на развитокот на желбата. Во овој корен желбата се наоѓа во вид на точка, која се појавува од ништо,- тоа е единствениот акт на создавањето – точка од ништо. Повеќе од ова Создателот не создал ништо, сето останато претставува развиток на оваа точка под влијанието на светлината. И потоа се развива оваа почетна желба, прва фаза, која сака да прима во себе. Потоа таа во себе ги пронаоѓа особините на Создателот кој и дава, и посакува да биде слична на Создателот, да дава. Потоа од првата и втората особина на примање и давање, таа гради во себе сличност на Создателот, т.е. прима поради давање, и започнува да осознава што значи да се биде Создател, на негово ниво. Потоа, чувствувајки што значи да се биде Создател, таа веќе посакува да ја добие оваа состојба целосно во себе, и апсолутно да се наслади со неа, безгранично, бесконечно. Не само со светлината, која ја добиваш од Создателот, со целото насладување, кое те исполнува тебе, и не само со давањето, кое ти можеш да му Го дадеш Нему и да се насладиш притоа со тоа што ти го наполнуваш, а Тој е многупати поголем од тебе, но и со тоа, што ти наполнувајки Го, ти стануваш рамен на Него.Од тоа што ти се наоѓаш на неговото ниво - и со тоа ти сакаш да се наполниш поради себе – токму тоа е состојбата наречена Малхут.
Ова е значи коренот – Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут. Или нулта, прва, втора, трета и четврта фаза. Нешто во последно време ми ги крадат пенкалата. Ако ги погледнеме овие фази, тогаш ќе откриеме: првата фаза се создала автоматски од нултата.Првата фаза-тоа е желбата да се наслади, се создаде автоматски под влијание на светлината.Втората фаза се создаде затоа што осетила, дека светлината е давање.Третата фаза се создаде, затоа што ги спои во себе првите две фази – првата и втората,( оваа трета фаза е прва плус втора).И само четвртата фаза е самостојна. Таа се создала од тоа, затоа што ги дополнила своите претходни особини добиени од Создателот, со својата дополнителна желба – Јас сакам да бидам рамен на Него.Јас сакам да бидам сличен на Него, јас сакам да бидам како Него, и јас сакам со сето тоа да се насладувам поради себе. Т.е. излезе дополнителна желба, таква, која не се развила непосредно од Создателот. И затоа овие три претходни желби ние ги нарекуваме нежива природа, растителна, животинска, а ова е човек, последната фаза, кој посакува над тоа, што го добил од природата. И ние го гледаме тоа во нашиот свет. Дека сите животни, особено растенијата и неживата материја, тие ако се развиваат, се развиваат до одредена граница, определена строго од природата, ништо повеќе во нив не постои.Тие не се заинтересирани за никакви развивања, ниту на своето место на живеење, ниту на опкружувачката средина, на никакви свои односи.Се' е строго ограничено, под влијание на принудувачките сили на природата, и ништо друго тука не може да постои. И затоа, за неколку први недели целосно се оформува било кое живо суштество, и на таков начин продолжува да постои.
Додека човекот, пак, постепено во текот на својот живот се менува и цело време расте, од поколение во поколение, создавајки за себе нови услови и внатрешно тој се менува и надворешно, си создава за себе нова средина за живеење. Со тоа се одликува човекот. Односно во него се појавува тоа што се нарекува сличност на Создателот. Можност за креативност. И ако ние го проанализираме ова човечко ниво, тогаш и во него можеме да ги обележиме овие пет нивоа – нулто, прво, второ, трето и четврто, каде што така се развиваат меѓу себе луѓето, така се разликуваат меѓусебно. Ако е нулта ниво, тоа е многу големо, тогаш секое следно е многу помало, се до тоа, дека последното ниво се буквално единици од целото човештво, кои навистина посакуваат да достигнат некои повисоки скалила на постигнување, спознавање, да се излезе надвор од границите на суштеството. А останатите воглавно се задоволуваат со помали барања и цели во животот. Но и тие се менуваат постепено, во текот на историјата ние гледаме дека луѓето сепак се менуваат. Така да ако ние дојдеме сега, поаѓајки од оваа наша мала шемичка, кон распространувањето на световите веќе одозгора надолу до нивото на нашиот свет, се распространиле световите, од светот на Бесконечноста до нашиот свет, и во нашиот свет во текот на историјата. Во текот на историјата ние го гледаме овој развиток, кога во почетокот се развивала неживата, постоа растителната, животинската природа...се појавил човекот , и од човекот како постепено потоа се развивало неживото, растителното, животинското, и дури сега човечкиот развиток започнува во човекот, поточно во човештвото. Ова е нашата 2000-та година и ние со вас сега тука се наоѓаме, т.е. ние се наоѓаме во последната фаза од нашиот развиток, и таа се состои во тоа, што побрзо да се развиеме до таква состојба, кога ние повторно се враќаме до нивото на Бесконечноста, до нивото на Создателот, потполно самостојни, рамни на вишата сила. И оваа состојба ние со вас мораме да ја постигнеме сега, во овој свет.
Понатаму. Како сето ова во нашиот свет се реализира? Ние со вас започнавме од тоа, во што се состои...ние започнавме да зборуваме за некои обреди, празници кои постојано ги празнуваме – Пасха, Песах и т.н.Од каде сето тоа започнало. Значи, кога ние со вас говоревме за скалилата, нула, еден, два, три, четири, - овие скалила велиме дека во нашиот свет исто се реализираат. Заради тоа тие одозгора, и слегоа. Значи, овие скалила се реализираат од нашиот свет, така што после овие неживо, растително, животинско ниво на развиток (јас намерно ги правам многу мали, ги смалувам размерите).Овој размер нормално не е еднообразен, затоа што ако ние зборуваме за неживиот развиток, тогаш е тоа целата вселена, петнаесет милијарди години е нејзиниот развиток.Потоа развитокот на земјата во текот на три милијарди години. Растителниот свет на земјата, неговиот развиток исто е една и пол милијарда годин.Потоа животинскиот свет, кој се развивал неколку стотини милиони години и веќе појавувањето на човекот пред неколку стотини илјади години, и следно – неговиот развиток.Значи првпат кога од човекот се добил човек, т.е. во кој се пронајде така наречено "решимо" , духовен ген, особината на човек во човекот, т.е. кога од животното започнало да се пројавува човечкото прашање. А првото човечко прашање се однесува на спознавањето на Создателот. Кон чувствувањето, откривањето на Создателот.
Првиот човек, кој го открил Создателот во нашиот свет беше Адам, еден од многуте стотици илјади постоечки до него и после него, но тој беше првиот, кој ја открил воопшто замислата на суштеството.За тоа, дека постои такво нешто како развиток на човекот, откривање од човекот на апсолутно нов во себе, апсолутно непочувствуван дотогаш во себе свет.Таква внатрешна состојба, која се нарекува виша состојба, или виш свет, во кој тој се чувствува целосно откинат од својата животинска состојба, посебно од растителната и неживата, и во која тој се чувствува себеси надвор од материјата. Таа состојба прв ја открил Адам. И тоа го опишал во својата книга, како што веќе знаете, ние зборувавме за тоа, "Разиељ амалах" – Таен ангел. Раз – тоа е сот, тоа е тајна, а малах е ангел. Тоа е книга која тој ја напишал за тоа. И Адам излезе на тоа ниво, генерално на нултото ниво. Како што ние со вас говориме, од човечките нивоа тоа било нулто ниво на духовниот развиток во човештвото, во човекот.
Следното ниво, првото ниво на развитокот- тоа веќе беше Вавилон, тоа е веќе Аврам, апсолутно друг развиток. По што се разликува? Јас не знам кој бил Адам, ние не знаеме ништо- кои биле неговите родители, постојат за тоа секакви историски неточни извори, ние не ги користиме, иако тие зборуваат таму за...но во принцип... Додека за Аврам знаеме кои точно биле неговите родители – татко му бил идолопоклоник, свештеник вавилонски, и самиот Аврам му помагал...Аврам имал 37 години, кога тој исто по пат на таков внатрешен развиток го открил во себе, во своите чувства, вишиот свет. И напишал за тоа книга, која се нарекува "Книга на создавањето" – Сефер Јецира. И двете книги се напишани на хебрејски и на арамејски, на двата јазика, кои постојано одат заедно, како дополнувачки еден на друг. Од древната историја на човештвото тие претставуваат основа на постоечките јазици, за тоа има многу добра книга на Истрин, рускиот истражувач на создавањето на писменоста. Можете кај него тоа да го прочитате. Книгата е многу добра, неодамна беше препечатена. Значи, Аврам се развил на првото ниво од четирите нивоа. Потоа, следната фаза, на второто ниво - тоа веќе беше цела група, која Аврам почнал да ја создава за да се достигне особината - рамен на Создателот во мало општество.Тој извел од Вавилон веќе цела група на вавилонци, тука е Вавилон, и почнал од нив да создава цел социум, т.е. веќе почнал да ја реализира оваа идеја за сличноста со Создателот во масата. И на таков начин ја создал групата, која го достигнала второто егоистичко ниво, второто скалило, и оваа група помина веќе преку таканаречениот Египет. Т.е. во неа се случи зголемување на егоизмот од првиот степен во втор. Тоа означува слегување во Египет и прогон од Египет, кога тие се искачија од Египет.Оваа група, како прво, затоа што тие веќе во себе почнаа да ја реализираат особината "сакај го ближниот свој како себеси".Бидејки беа веќе социум, беа веќе група кабалистичка, т.е. го достигнуваа духовниот свет, го добиваа осетот за вишиот свет, тогаш тие достигнаа сериозно ниво на духовниот развиток. Но сепак тоа беше група, се на се' мала група.Тоа ниво се нарекува Првиот Храм. Храм – тоа е кли, сад. Не мислиме како во нашиот свет дека е некоја градба, убава или не, не е важно, туку се мисли на негово олицетворување во врската помеѓу луѓето.Храм – тоа е тоа, што постои во заедничката врска помеѓу луѓето над својот егоизам, кој тие го градат. И на тој начин, во него, во тоа над егоистично соединување помеѓу себе, тие почнуваат да го чувствуваат Создателот. Сличност на Создателот, равенство Нему, статус на наоѓање со Него,сетило, кое ја чувстува таа виша сила, т.е. достигнувајки ја сличноста на Него, тие навлегуваат во истаа состојба во која е Тој. Ете тие ја достигнале таквата состојба и таа се нарекува Првиот храм. На такво ниво тие престојуваа одредено време, а потоа тие паднаа од ова ниво, на ниво на прогонство, повторно значи зголемувањето на егоизмот, еднаш, а потоа втор пат. Вториот пат кога тие паднаа од тоа ниво, тука беше Првиот Храм, тука беше Вториот Храм.И потоа после Вториот Храм тие паднаа на апсолутно егоистичко ниво, т.е. полошо од сите други народи на светот, затоа што од алтруистичко ниво паднаа на егоистичко.Се' кај нив се промени. И на тоа ниво тие престојуваат до овој момент, до нашата состојба, да речеме 2000-та година. И сега тие навлегуваат на таков начин од третата состојба егоистичка, која тие тука ја добија, во четвртата состојба, која тие ја добија после Вториот Храм, и сега почнуваат да ја реализираат. Пак да не забораваме, дека тоа е таа мала група на вавилонци, која врз себе почна да ја реализира кабалистичката метода- сличноста на Создателот.Се обидуваше тоа да го направи, на некој начин тоа им успеало, во текот на одреден период. Од Првиот Храм до, да речеме, рушењето на Вториот Храм. Во тој период ним им успеало да го реализираат ова во социумот, во масата, а претходно во малата група, а претходно како поедини личности. Ете така постепено овој метод се реализираше во човештвото. А сега, како што е речено, после последниот период на прогонство целото човештво е обврзано да го реализира врз себе овој метод, и да се крене до нивото повисоко од Првиот Храм, до нивото на Третиот храм. Третиот Храм е целосно исправена заедничка душа. Не нивото хаја и не нивото нешама, туку нивото јахида, односно нивото Кетер.
Ова е нивото Хохма, сфира Хохма, ова е сфира Бина, а ова е Кетер. Т.е. целосно исправена состојба. Што притоа ние чувствуваме? Ние притоа се чувствуваме во особините на давање, а во особините на давање ние не го чувствуваме тоа, што го чувствуваме денес, т.е. нашето животинско постоење. Целосно се менуваат чувствувањата на човекот, неговите погледи, неговите видувања, тој почнува да ги гледа особините на силата и врската помеѓу сите елементи на творбата, кои ги осеќа како вечен, бесконечен, совршен систем , вклучително и себеси. Дотолку, што своето Јас, алтруистичко, кое тој почнува да го осеќа, над своето животинско тело, тоа толку доминира во него, што чувстувањето на телото како нешто што му припаѓа нему, тоа едноставно исчезнува. И човекот на таков начин ја достигнува состојбата, кога тој го постигнува вишиот свет, и веќе не се изедначува себеси со раѓањето, животот и смртта, во своето животинско тело. Ваквата состојба, ни објаснуваат кабалистите, таа е обврзувачка за постигнување од страна на целото човештво – ние мораме да излеземе на ова вечно совршено ниво. И за тоа ни' се одредува определено точно време, почнувајки од нашето време и во најблизок историски период.Но тоа, за што ние со вас, во принцип, треба да зборуваме, за овој празник – Песах, тоа се однесува не само на историјата, на излегувањето од Египет, т.е. на излегувањето од...еве тука...на подемот од Египет, од состојбата на прогонство до Првиот Храм, туку и на нашето време, затоа што сите излези од сите егоистички состојби во алтруистички, тие се идентични. И затоа ние треба само да видиме на каков начин тие се случуваат. И генерално, преминот од секое скалило на секое скалило, и дури кај нас со вас, кога ние напредуваме од едно скалило на друго, ние исто така се продвижуваме во мали, но слични на овој голем настан – излегувањето од егоизмот, но исто такви промени во себе. Во што се состојат тие промени во себе?
Работата е во тоа, што кога човекот се развива, тој се развива, како што веќе говоревме, во две и спротивни една на друга насоки. Од една страна, од почетната точка, од која тој е создаден, тој мора да се развива во постојано растечкиот егоизам, до најниското негово ниво, при што постојат, да речеме четири нивоа на развиток на егоизмот, од почетната точка. Односно тука е нашето его, кое се развива, и истовремено со тоа тој треба да се развива во постигнување на Создателот, во сличноста на Создателот, во спротивна на Него насока. Односно, се спушти на едно ниво, и се крена на него, во достигнувањето на Создателот. Се спушти повторно, на некое ниво и се крена, во достигнување на Создателот, и т.н. Односно сите наши подеми можат да постојат само ако ние претходно го достигнуваме во нас развитокот на егоизмот, падот. Т.е. еден, два, три, четири, спуштање, падови во егоизмот, и соодветно на нив и подемите. Потоа, само што се појави древниот Вавилон, и почнаа да анализираат древните вавилонци што со нив се случува.Зошто од една страна се одвива глобализацијата , соединувањето на сите заедно, мал народ, единствен, живее на една територија. Се' беше нормално, добро, живееја како едно сложно семејство, се' е мирно, добро.Наеднаш -огромен егоизам, манифестација на уште поголема поврзаност и зависност меѓу себе, и истовремено манифестација на огромна омраза еден кон друг. Односно се пројавуваат спротивните особини – взаемната зависност и взаемната омразата. Тука истовремено со ова се јавува и парадоксот – што да се прави понатаму? Тие имале две можности – да се разединат мирно, едни од други, што тие во принцип и го направиле, но тоа беше наспроти тоа, што го советуваше Аврам. Тој бил доста разумен свештеник таму, велат дека бил во редот со Немрод, кој бил раководител, цар, кнез, на древниот Вавилон, и Аврам покрај него завземаше соодветно место.Тие имаа голема филозофска полемика, таа се опишува, но Аврам му се спротивставуваше на Немрод. Тој му велеше, дека ако сака да го сочува своето царство , не им дозволувај да градат кула до небото. Затоа што тие со тоа само ќе се убедат дека не се во состојба тоа да го сторат, дека во својот егоизам човекот не може. Дека ако тој се развива само егоистички, тој самиот себеси ќе се сруши. Тој само ќе го уништи тоа светче, во кое тој постои. А Немрод сметаше дека не е така, дека ќе може да го задржи народот под своја власт, и нема да му даде да се распадне, нема да даде на таа беспричинска омраза да завладее со луѓето, туку уште повеќе со нив ќе управува. Односно, ако еден го мрази другиот, а јас сум помеѓу нив, тогаш јас од секој од нив ќе извлекувам се што ми е потребно. Односно: раздели и владеј! Но нормално дека тоа не се случи, затоа што е спротивно на законите на природата, која мора да го доведе човекот кон сличноста со Создателот. И затоа, иако Аврам спореше со него, тие дискусии се многу интересно опишани, и се актуелни до ден денешен.Затоа што и денес ние се наоѓаме во иста таква состојба, кога процесот стигна до глобализацијата, само што таму таа глобалност беше на мала територија, а денес го опфаќа целиот свет, и взаемната омраза е изразена уште повеќе од порано, и заканата од уништувањето е уште поголема од порано.Ние не знаеме што со себе да правиме, гледајки ја целата историја, согледуваме дека состојбата во принцип е во ќорсокак.
И тука ние исто, кога почнуваме да зборуваме за методот за развитокот на човештвото- зошто е, поради што, кон што тој води и како и што со тоа може да се направи, без оглед на тоа дека состојбата е сосема нејасна, сепак човештвото не може да слуша. Така што Немрод не бил поглуп од денешните луѓе, но сепак не можел ништо со себе да стори. Т.е. егоизмот не дозволува здраво да се процени можноста за правилен, мек излез од создадената ситуација. Но таква таа беше во тоа време, таа ситуација, и од неа тие излегоа само на таков начин – Аврам си собрал ученици и мирно си заминал од древниот Вавилон, Немрод не го попречувал во тоа, иако постоеле проблеми, ексцеси, за тоа се зборува во книгата која се нарекува "Голем коментар" , Мидраш раба.И ете Аврам си отиде со своите ученици, група на вавилонци, 70 ученици, во Кнаан, оваа земја, која се нарекува сега држава Израел. Тие престојува тука некое време, а потоа се спуштија во Египет, но тоа се земни патешествија. А сите тие означуваат градации, спуштања во егоистичките состојби, затоа што, да се приближат до сличноста со Создателот, треба да се стигне до четвртото егоистичко ниво. Но тие не можеа наеднаш тоа да го сторат.Затоа што беа мала група, а кабалата е наменета за реализирање од страна на целото човештво. И затоа оваа група ја достигна само третата состојба., т.е. третата егоистичка состојба при излегувањето од Египет. Односно таа се спушти во Египет, алегорички кажано се спуштила во Египет, не е важно каде се наоѓа човекот, слегувањето во Египет означува во духовното т.е. добила големи егоистички особини. Бидејки ако во почетокот оваа група беше чисто алтруистичка мала затворена во себе, тогаш тоа не беше доволно за да се кренат и станат слични на Создателот. Затоа што неопходно е при сличноста со Создателот да се имаат две спротивни особини – огромен егоизам, кога ти се разликуваш од Него и максимално спротивно се разликуваш од Него, до минус бесконечност, а во исто време ти над тој егоизам ја раснеш алтруистичката особина, на целосно давање и љубов. И овие две особини треба да не се поништуваат взаемно. Да не се преклопуваат взаемно, туку заеднички во еден објект,- човекот, да постојат. Значи, тие стигнале до третото егоистичко ниво, тоа значи дека собрале во Египет огромна количина на егоизам, и потоа требаше од Египет, овој егоизам, да излезат, за да збирајки го во себе, да почнат да го исправуваат. Токму тоа се нарекува излегување од Египет, кога човекот достигнува некое одредено ниво, тој не знае точно кое, и кога, и зошто, едноставно стигнува до таква крајна состојба, кога не може повеќе и веќе мора во него да се реализира ова скалило, целосно да се одработи себеси, и тој треба да излезе на таков начин на следното скалило.
Токму тој премин се нарекува Песах, Пасах – премин. Од тука е тој празник, таканаречен, празник на излегувањето од Египет, т.е. премин од состојбата кога ти целосно се наоѓаш во егоизмот, во таканаречено егоистичко или египетско ропство, патем речено, тоа ропство е многу пријатно, многу добро, не може да се рече дека оваа група израелска, Израел- затоа што е насочена директно кон Создателот. Израел, од тоа настанува називот.Не може да се каже дека тие на неживото, растителното, животинското ниво страдале, напротив, тие прекрасно живееле, материјално, што се вели, и никој не ги ограничувал. Дури по египетските раскопувања ние гледаме дека во Египет, фактички немало робови, луѓето кои што таму работеа, како работници на полињата, или на пирамидите, - тоа беа слободни луѓе, тие беа добро опслужувани, ги погребуваа како слободни луѓе, и т.н. Тие имаа фамилии и се останато и апсолутно не е тоа, на што не' учеа некогаш во школото, во историјата. Роб, ако тој воопшто се нарекувал роб, бил многу скапоцен за својот господар, и тој од него заслужуваше многу внимателен однос, грижлив. Исто така е опишано во Библијата, дека плачеа за тоа, како вкусно ги хранеле во Египет, и генерално им било добро, и зошто од таму излегоа.
Односно, излегува човекот од овој Египет, од овој наш живот, кој во принцип во се' е добар, нема ништо страшно во него, тој излегува затоа што човекот во него не може да престојува, а животното престојува и прекрасно живее. Затоа и ние во нашето време гледаме дека паралелно со тоа што, во принцип, луѓето имаат се', и човештвото знае дека се' ќе има материјално, иако нам сеуште ни се чини тоа далечно, но, во принцип, работата оди кон тоа. Додека пак незадоволството во најразвиените земји, -тоа расте. Тоа е депресијата, дрогата.Секој има личен психијатар.Тие страшни внатрешни празнини – тие ќе го принудат човекот да го бара следното ниво на постоење. Со тоа се одликува генерално, излегувањето од Египет. Тоа, треба да се сфати, и во минатото апсолутно не било таа појдовна точка, како што мислевме ние, изучувавме во историјата, или ни раскажувале.Ако ние правилно го разгледаме тоа, како тоа ни' го опишува Библијата, а особено Книгата Зохар, тука се мисли само на духовното прогонство, кога човекот чувствува, дека се наоѓа во егоизмот, и не може понатаму во него да се развива, тој го задушува. А што да прави со себе тој не знае. И токму тоа излегување од себеси на следното ниво, кога тој се труди да излезе од себеси, од својот кафез, надвор од себе, - тоа се нарекува излегување од Египет. Тоа ние со вас го празнуваме. И соодветно на тоа постојат многу такви обичаи, треба да се сфати, дека тоа не се народни обичаи, обичаи кои некаде на земјата постепено, као последица на некои историски или општествено – економски, политички случајности, дејства, се создале во народот. Ништо тука не се создало случајно, затоа што ние говориме за групата, која се придржувала апсолутно точно и само.Наместо вавилонскиот кодекс Хомо рапи и др., почнала да се придржува на кодексот на Аврам, што се вели. Кодексот на Аврам...Ние ќе го анализираме зборот Аврам, од каде тој настанал.
Се состои од два дела – ав и ам, кое се поделило на цимцум бет, после второто скратување на два дела, кои можат да се исправат или не можат да се исправат, на два дела од душата. Значи, излегувањето од Египет го олицетворува примањето врз себе на особината на давање, особината на љубовта, единството, кон што уште Аврам призиваше во Вавилон.Потоа неговата група, на второто ниво на егоистичката желба успеала тоа да го реализира, на првото ниво на егоистичката желба, успеала тоа да го реализира. А сега таа веќе треба да го реализира тоа преку Мојсеј, Моше, на третото егоистичко ниво. И тоа се нарекува веќе не излегување од Вавилон, туку излегување од Египет. Оттука произлегуваат сите наши дејства. Зошто воопшто овие дејства се случуваат? Дејствата никогаш не се случиле. Аврам прв во историјата на човештвото ги разбил сите идоли. Односно ништо од духовното не се претвора во материјално. Се' целосно духовно е во духовното, материјално во материјалното и не се меша едно со друго и не се претвора едно во друго, т.е. ниту во една материјална работа нема ништо свето. Свето се нарекува особината на давање. И таа постои само внатре во човекот, ако човекот ја постигнува таа особина во себе, во однос на другите. Ако не ја постигнува, тогаш таа особина ја нема.Никакви амајлии, никакви посебни заклетви, објекти – ништо тајно, свето, посебно, духовни во нашиот свет не постои. Ниту во човекот, ниту во неговото тело, ниту во посебно направени одори, фигурички, реквизити и слики – не постои! Сето духовно е особината на давање и љубов, која ние треба да ја постигнеме, и не само да ја постигнеме, со помош на вишата светлина, само по одреден метод тоа е возможно. Затоа, зошто ние извршуваме било какви дејства во нашиот свет, кои се нарекуваат Песах, Пасах, излез, прогонство, не прогонство, туку излегување? Затоа што таа група која живееше во тоа време и престојуваше целата во постигнувањето на вишиот свет, за неа, бидејки се постигнуваше светот како единствен, и како духовен и во петте сетилни органи, животинските, тој се постигнуваше како единствен, т.е. како една единствена творба. И затоа за нив било нормално, дека кога тие мислат и прават, - тоа е едно те исто за нив, тоа е еден ист систем, непрекината мисла, непрекината природа. И затоа кај нив се појавиле, како нормално, заедно со духовното извршување- меѓусебно општење, врски, и физичките. А кога таа група уште после 1500 години, после рушењето на Првиот Храм и Вториот Храм, паднала од духовното ниво, тогаш таа престанала да ги осеќа духовните дејства, престанала да ги извршува. И останале само сеќавања за механичките дејства. И тие механички дејства веќе се нарекуваат обреди. Затоа што тие не подразбираат никакви духовни особини или дејства, за тоа никој ништо не знае и не разбира – што е тоа.
Кабалистите, нормално, знаат за тоа, и за тоа се пишува во книгите: Да речеме во книгата "Шара а-Каванот"- за намерите,за духовните дејства, е речено, што се подразбира под секој момент, секој чекор на излегувањето од егоизмот во алтруизмот. Што значи излегувањето од Египет. Таму се зборува за скалилата, под влијанието на која светлина, каква желба, каков егоизам се исправува, соодветно на што, и т.н. односно премините и се'...кај нас го има тоа во книгата "Шара а-Каванот".Може да се прочита, иако тоа е многу сложен дел од кабалата, затоа што непосредно зборува за тоа што треба да се прави.Тоа е како да постои рецепт за подготовка на некое јадење – земи толку од себе од таа желба, и со таква желба и со таква количина на светлина и во таков сооднос се меша, и уште додај тоа и тоа, такви некои десетици дејства, - и ете ти на таков начин добиваш готов производ. Каков – желба за давање и љубов. Така што се' тоа да се замеси во себе не е едноставно.Но таква е нашата наука, и ние со вас сепак ќе мораме да ја совладаме.
И затоа ние во нашето време, нормално е дека на никаков начин не поставуваме никакви обврски во овие ритуали, во вид на пасхални, туку ги извршуваме не така, како што тоа го прават религиозните, чисто механички, по книга, туку се обидуваме во секое од овие дејства, кога ги извршуваме, да ја вложиме токму таа намера.Иако никој од нас не е во состојба тоа да го стори, но приближно, некако да се обидеме да ги вложиме тие намери, духовни, кои се соодветни на овоземните сличности. Иако овоземните сличности се исто како детето кога игра со мала количка – каква врска постои помеѓу мала количка и камион? Постои некоја сличност, така и кај нас, - играјки со количката ние мечтаеме за тоа дека навистина ќе возиме вистинска кола. Затоа ние со вас сепак ги извршуваме овие дејства, но причината нивна е апсолутно поинаква. И тие што сакаат да присутствуваат на тоа заедно со нас, затоа што ние објаснуваме притоа што правиме, што ние посакуваме да се случи, какви скалила, чекори, по излегувањето од Египет во секој случај ние би извршувале над себеси. На таков начин ние ја спроведуваме оваа пасхална трпеза, која ги олицетворува сите фази на излегувањето од егоизмот во алтруизам. Од тука веќе другите религии превземаа исто некои свои обичаи, и затоа обичаите се обичаи во сите религии. Тоа е како некој куќен ред, на кој секој човек може да се придржува.Но ние се обидуваме да го направиме тој систем на нашето однесување, кој точно одговара на последователноста на духовните сили, кои не извлекуваат од егоизмот. Ете тоа се случува со нас во ова време, т.е. утре во ова време, нели, ние ќе бидеме со вас, не точно ова време, малку подоцна, некаде во 20 часот навечер, сигурно, во 19 или 20, јас не знам во колку тие таму прават...Ние со вас, кој ќе посака да бидеме заедно, и истовремено ќе објаснуваме, што означува секое дејство, зошто мора да се изеде јајцето, горчлив рен, или горчливи треви, што значи маца.Сето тоа ние со вас ќе го изучуваме и во текот на целиот празник, зошто и од каде сето тоа потекнало. Маца ја олицетворува особината на давање, затоа што не го поминува процесот на кваснење.Што значи кваснење, затоа што лебот што е квасен – во него постојат особината на давање и особината на примање, а во маца тоа го нема и т.н. Односно, од каде потекнуваат во нашиот свет овие сличности со вишиот свет, водата, брашното и т.н. Сето тоа ние со вас ќе го изучуваме. Кој сака да го дознае тоа побргу и порано и без нас, нека влезе кај нас на сајтот, јас мислам дека таму сето тоа го има. На блогот исто така го има. Многу од тоа има и на мојот блог, така што повелете, и поставувајте прашања, во текот на неделата ние сето тоа ќе го изучуваме.
За нас е тоа неопходно, затоа што благодарение на овој празник, ние со вас имаме можност да позборуваме во концентрирана, јасна, испакната форма, за најглавната во нас фаза, на нашиот развиток, - излегувањето од егоизмот. А сето останато се одвива после по прогресија, т.е. само што ќе излеземе, се поткренеме првпат над него, ја добиваме првпат духовната особина на давање, а потоа ние почнуваме со помош на таа особина на давање себеси понатаму да се развиваме. И тие фази веќе се одвиваат понатаму како кај новороденчето процесот на растење. Излегувањето од Египет се нарекува раѓање, духовно раѓање на човекот. Сите останати фази ние веќе ги распоредуваме по денови, недели, месеци.Понатаму постојат две години период на доење, три години, шест, девет, дванаесет, тринаесет, дваесет, седумдест и т.н. До тоа скалило на нашето духовно растење, додека не го достигнеме 125-то скалило, на целосна сличност со Создателот. Сега ние со вас се наоѓаме на самиот почеток на тоа, и целото човештво. Ние треба да сфатиме, дека таа група, која ја создал Аврам како неопходна, бидејки не се согласил Немрод и сите останати вавилонци со овој метод, таа група е како пробна група, за неа така е и речено во Тора, во Библијата, дека таа претставува пример, и намерно ги поминува тие фази на возвишување и разбивање, за да го сочува во себе тој метод на исправување, кабалата, и да ја даде денес на човештвото во оваа негова последна фаза на егоистичкиот развој.За ние со вас да можеме брзо, прецизно, лесно, пријатно да излеземе од овој егоизам без секакви удари, без големи страдања, кои во спротивен случај можат да се случат. Така што ќе се потрудиме и за себе и за другите, кога веќе говориме за љубовта кон ближниот, сето тоа да го реализираме. Тоа е воглавно се'...тоа што ти го бараше. Јас твојата задача ја извршив.
-Благодарам! Би сакал едно прашање, иако има премногу добиени прашања...
– Но најопшто некое...
-Прашува Дима од Москва и уште многу пријатели: "Во што е посебноста на излегувањето од Египет на човекот, за човештвото и за секој човек посебно?"
– Разбирате, што направија кабалистите...јас пишував за тоа не еднаш на мојот блог.Кабалистите создадоа систем, преку своите души, своите исправени души, тие создадоа систем кој нас не' поврзува со Создателот. Односно преку нив нам ни е полесно да се присоединуваме кон Создателот, т.е. тие ја спроведуваат преку себе вишата светлина до нас, по слегувачка патека, и на таков начин нам преку нив ни е полесно да се поврзуваме со Него, со Создателот, со изворот на светлината. А врската помеѓу нас и кабалистите, и преку кабалистите со Создателот, таа врска преку нас со кабалистите, таа се одвива преку Книгата Зохар, т.е. тоа е тоа што го имаме во раце. Ние можеме да читаме, можеме да разбираме или ништо да не разбираме, нема никакво значење, но тоа што тие престојуваат од другата страна на оваа книга, т.е. тие ни ја предлагаат, ние читаме, на таков начин ние контактираме со нив. Не е важно на каков начин ние контактираме, детето исто така не знае на каков начин делува, па и возрасниот човек исто не знае на кој начин тој делува, него го активираат – тој работи, така се движи во својот живот, и толку. Истото важи и за нас, само што ние мораме намерно, доброволно да се предадеме на оваа книга. И тогаш ние ќе осетиме, во текот на неделите, буквално, работејки со неа час- два на ден, ние ќе осетиме како оваа книга наеднаш нас не обликува.Таа на некаков начин нас внатрешно не' менува, нешто во нас се случува под нејзиното влијание. И оттука понатаму ние ќе почнеме, под влијанието на вишиот свет, под влијанието на вишата светлина, да се приближуваме кон нашата цел. Односно, нашата цел во овој живот, на овој свет – да се поткренеме над нашето чувствување на светот на ниво, кога ние ќе почнеме да се чувствуваме себеси и целиот овој свет како вечен и совршен. И тоа зависи само од нашите внатрешни особини. Јас се надевам дека ние со вас тоа ќе го достигнеме, и тоа е во нашите можности.Нам тоа се ни се откри, оваа можност, така што среќно на сите нас, и овој наближувачки празник – на излегување од егоизмот навистина да ни се случи. Среќно, до гледање, до следната средба!