2010-01-03
Добар ден драги пријатели.Ние денес сме повторно со вас на оваа виртуална лекција. Продолжуваме со книгата Зохар да ја изучуваме Статијата „Терач на Магаре" како што е кажано овде точка 80. До мене се наоѓа мојот другар и ученик Александар Казлов тој ќе ги добива вашите прашања и ако тие се на тема со нашата лекција ние задолжително ќе ги вклучиме во часот и ќе одговориме на нив. А сега да почнеме по течението на статијата.
Пред да почнеме со Книгата Зохар ние треба да се насочиме кон тоа каква е оваа книга,што таа на нам ни кажува. Книгата Зохар ни кажува за градењето на душата т.е во принцип таа нам ни ја разоткрива нашата внатрешна суштина, нашата внатрешна структура. Од што е составена, како ние можеме да ја откриеме во себе. Таа наша мала желба која ние ја имаме во нас. Таа точка која е во срцето. Ако ние успееме да ја разоткриеме оваа точка со помош на вишата светлина,таа духовна храна, тогаш во таа точка во срцето ние ќе го почувствуваме вишиот свет, нашето друго постоење. Така и сега во нашата егоистична желба со која ние сме родени, која се развила во нас по нашето раѓање, ние се чувствуваме постоечки - во таа некоја обвивка. Тоа е нашиот свет. Иако нам ни се чини дека овој свет не постои во нас, туку е надвор.Тоа сè е илузија. Тој се наоѓа во нас и се развил како егоистична желба.
А ние сега со вас доаѓаме до следната етапа на развивање. Се појавува во нас уште една желба на друго спротивно својство, својство на давање и Љубов. Секако оваа желба во нас сè уште е непознта, непочувствувана. Но ако ние ја развиеме, ние ќе поминуване такви етапи, постепено во нашето развивање, исто кога се родивме. Како бебиња, постепено израснавме во возрасни луѓе, и го почувствувавме овој свет. Така ние со вас постепено, постепено ќе ја развиеме оваа непозната точка во нас, непозната желба; ќе го почувствуваме Вишиот Свет. Притоа чувствувајќи го Вишиот Свет, колку тој е повисоко од нашиот свет- тој е поширок, помоќен и бесконечен.Тогаш при ова ние почнуваме да се однесуваме кон нашиот свет правилно. Ние почнуваме да гледаме дека целиот тој свет се случува во нас, во нашата егоистична желба. Оваа егоистична желба поминува многу свои промени нарекувајќи се Гилгулим, живот, смрт, секакви можни повратни периоди како синусоиди.
И ние кога со вас веќе влегуваме во нашата втора желба, духовната, таму ние почнуваме да чувствуваме периоди не на живот и смрт како во нашата желба во овој телесен свет, но почнуваме да го чувствуваме тоа во вид на колебање на нештата кои не сочинуваат. Тие постојано се случуваат, овие Гилгулими, духовни кругови на пресврти, за да предизвикаат во нас чувство на Виш, возвишен живот. Забрзано развивање во овие кругови на пресврт во вишиот живот .
Затоа оваа книга Зохар ни се разоткрива за да со помош на неа достигнеме вечна совршена состојба која е замислена од природата или Создателот.Што по вољата на судбината или со помош на изучување на Кабалата,одиме или по пат на страдање, или по пат на Светлината .
За оваа наша конечна цел во која ние треба да дојдеме ни раскажува оваа статија "Терачот на Магарињата" точка 80. Оваа конечна цел се нарекува Шабат (Сабота) завршување на сите работи, Лишбот т.е прекинување или "Забатов Кашвита" од овај збор произлегува.Кога престанува целата наша работа. Целата наша духовна работа, во исправување на нашата егоистична желба која ја претвораме во Алтруистична.Планина Синај. Планина која не наведе во љубов кон ближниот.
Кога се завршува работата,тоа е таква состојба на завршување на исправката,кога нема што да се работи, се нарекува Сабота. Оваа состојба се подразбира е најдоброто, совршено. Тоа се јавува како цел на Создавањето.Затоа што во неа достигнуваме апсолутно совпаѓање на гледиштата, изравнување со Создателот, во целост стануваме равни на Него. Оваа состојба кога се јавува како цел, тогаш таа се јавува како цел во секоја етапа од нашето развивање. Секое дејствие, секое случување што се случувало над нас од Виша страна, или од страна која ние ја предизвикуваме за достигнување на нашите цели за оваа конечна состојба.
Во нашиот свет исто така постојат овие периоди, иако тие воопшто не се подразбираат во нашиот свет. Делење на 6 дена и Сабота.6 дена се својствата кои ние треба во нас да ги собереме; Хесет, Гвура,Тиферет, Нецах,Ход,Јесо.; Ова се 6 сефирот кои ние сме должни во нас да ги собереме, 6 својства. Кога ние ги примаме во себе, во целост, тогаш последниот ден е кој во себе ги собира сите овие сефирот и станува равен на него.
Оваа последна состојба се нарекува Шабат; - Малхут; Хесет, Гвура, Тиферет, Нецах,Ход,Јесот. Тоа е Малхут. Затоа овој ден се нарекува свет ден. Затоа што Малхут е нашата желба. Ние работиме на 6 скалила, прв ден на создавање па 2-3-4ти-5ти и во 6-от ние постепено, постепено се исправуваме себеси. Во 7от ден сето тоа што сме го иправиле во нас, се оформува, се собира заедно, се акумулира и се оформува во готов продукт. Нашата желба Малхут тоа сум јас, моето јас. Тоа станува апсолутно давање, апсолутно сличен на овие својства на Создателот. Овие 6 дена се 6те сефирот. Тоа е се 6-те својства на Создателот и јас нив постепено ги собирам во мене.На тој начин ја достигнувам целта на создавањето .
И затоа нашиот пат почнува од нашиот свет, од самиот почеток, од таа состојба која се нарекува Адам и до состојбата која ние треба да ја достигнеме. Тој исто така се состои од 6 илјадити столетија. Адам е првиот човек кој почнал да се исправува себе си. Почнал да го добива ова својство Хесет во себе. Само што ние обратно го броиме Хесет, Гвура,Тиферет, Нецах, Ход, Јесот. Овде ја достигнуваме последната состојба Малхут. Така ние со вас одиме напред. Малхут го претставува 7 илјадното столетие. Секое од овие својства нам ни одзема илјада години да се иправиме. Во душите се случуваат вакви исправувања.
Ние со вас сега се наоѓаме во 5770 година т.е нам ни останало сосема малку.Овде ние се наоѓаме со вас 5770 година.Нам ни остана до крајот на 6 илјадното столетие уште ова мало делче. Овде нам ни остана со вас 230 години.Но ние можеме овој период да го направиме многу побрзо, полесно, поспокојно. Затоа што само сега овој период може да се пресмета порано. Затоа кабалистите говореле дека имено во наше време, почнувајќи од 21-от век ќе почне науката кабала да се разоткрива.
Не само поединци да ги исправуваат своите души како што било од Адам и до вистинското време, само алка по алка, од учителот кон ученикот, од горе кон долу да го продолжуваат ова исправување поединици. Но сега во наше време ние преминуваме во сосема друго посебно исправување кога во кабалата се вклучуваат сите жени, мажи. Апсолутно сите луѓе на земјата. Затоа што во сите нас има душа и сите ние сме должни да ги исправиме секој својата и сите заедно. Денес е време на глобално, општо исправување. Не на индивидуални души, туку на сите заедно. Така ние со вас дејствуваме. За да ги поправиме нашите души ние треба во нас да ја привлечеме Виша Светлина. Оваа виша Светлина се привлекува по специјална метода. Кабалистите нам ни го напишале најсилниот извор на привлекување на Вишата Сила. Тоа е Книгата Зохар која ние сега со вас ја изучуваме.
Оваа статија „Терач на магариња" т.е магаре е како што кажавме, мојата желба. Хамор е магаре на хебрејски, од зборот Хомер кој означува материја. Целата моја материја се нарекува магаре, кое е должно едноставно да се измени:од добивање во давање. И тогаш да се претвори во исправен ангел. Но засега магаре си е магаре .
Ќе преминеме на текстот. Се зборува за нас, за душите. За тоа од што се состои душата. За ништо друго не се зборува. Сè што сакаме ние да разоткриеме, ќе разоткриеме во нашата душа. Затоа секој збор ми кажува или за некакво својство на душата, или за некаква состојба на душата, или за соодносот на нејзините својства. Или за внатрешни или надворешни дејствија.Но се' се говори за дејствијата во мојата душа. Така секој е должен да каже и да се потруди да направи анатомски пресек во себе. Но духовен анатомски пресек, да ја разоткрие својата душа и да почне така да ја разоткрива и да ја изучува каде се наоѓа во мене тоа што ние сега ќе читаме.
Статија; „Терач на магарињата". Точка 80
„Прашал терачот на магарињата, одејќи зад магарињата".Ние со вас веќе зборувавме за тоа дека терач на магариња е посебна сила која ја потурнува мојата материја, мојата егоистична желба за да оди напред кон остварување на целта.Има специјална посебна сила која на тој начин постои во мене. Јас сум само должен да ја пронајдам и пробудам. Тогаш ќе ми биде полесно да се исправам. Оваа сила ќе ми помага во исправувањето ќе ги потурнува моите магариња т.е моите желби. Таа нив ќе ги товари ќе ги води правилно напред кон целта. Затоа таа се нарекува терач. Овој тереач оди зад магарињата, ги потурнува со остра прачка. Им дава таква мотивација која се нарекува мотив. Ги подбоцнува болно и така ние се движиме кон целта .
Затоа за мене е потребно да знам како тој дејствува на моите магариња, за помалку да бидам боцкан. „Зошто е кажано да се плашите од светоста". Прашал терачот, зошто ги прашува мудреците кои седат на магарињата со нивниот товар. А тој оди зад нив така обично, просто како обичен работник со ништо забележлив."А мудрите мажи седат на магарињата". Тоа е како да целата моја мудрост, сите мои квалитети, сè што јас мислам за себе, седи на магарињата. Не знаејќи каде оди. А сосема не забележлив терач кој зад мене, го потурнува (поттикнува) таквото мое својство. И тој сега работи над моите умни својства, така кажано .
„Зошто е кажано плашете се од светоста" му одговориле нему овие мудреци;(моите, внатрешни)"Се мисли на светостта на сабота".Прашал терачот:"А што е тоа светост на сабота" ,а тие му одговориле "Ова е светост која слегува одозгора надолу од Аба ве Има. Тој е Виши Парцуф, Виши Систем во мојата душа. Исто така се наоѓа кој управува со целото поправање. Одговорил терачот: "Ако е така тогаш сабота не е свет ден, затоа што Светлината паѓа на неа од Виша-Аба ве Има. Му одговорил нему Раби Аба. Еден од 10те мудреци кои ја напишале книгата Зохар, при што Раби Аба ја пишувал книгата Зохар како што кажувал Раби Шимон-нивниот најголем велики учител кабалист. Тој кажува дека Раби Аба него го слушал и запишувал. Раби Шимон му зборувал сè вистински од срце, а Раби Аба седел и запишувал "Магела Старим"; така наречен таен текст. Го пишувал тоа така за да не може секој да ја разбере книгата Зохар. Но ќе може тој кој внатре во себе има вистинско влечење кон целта -инаку не. Тоа е така навистински напишано т.е секој неа може, да ја открие, да ја купи. Секој со неа може да се занимава, но не и да ја разоткрие навистински сложената содржина на текстот. Таа разоткрива како да влегуваш во свет на чудата, во светот на твојата вистинска намера кон целта, твоето својство да даваш.
И му одговорил нему Раби Аба; „Тоа така и е што од горе доаѓа оваа Светлина", оваа состојба која се нарекува светост се нарекува својство да даваш-својство на Бина. И така е кажано: "Наречи ја сабота насладување со светиот ден на посвета на Создателот". Кога ти стануваш рамен на Создателот. Кога целото твое насладување, поминува низ тебе, целата Виша Светлина, ти можеш да го добиеш поради давање. Затоа овој ден, таа Светлина кога свети се нарекува ден и свети ден. Затоа што сè во тебе е исправено на давање. "Се зборува одделно за еден ден сабота и за еден свети ден", рекол терачот. "Ако е така тогаш што означува свет за Создателот". Одговорил Раби Аба: "Тоа е кога светоста не доаѓа од горе,од З"А". Тоа е поблиску до Малхут, поблиско скалило до нас од каде во целост се управуваме ние. Ние во целост сме под ова скалило.Ова скалило управува со нас со цела наша судбина и ја полни Сабота. Оваа светост која од горе доаѓа долу кај нас од З"А, кај нас во Малхут. Тоа што ние со вас овде го напишавме Малхут, и овде е Малхут ."Но ако светост не доаѓа од вишото, тогаш сабота не е некој посебен ден, рекол терачот,но кажано е осветувајте ја сабота, самата сабота" .Светоста не доаѓа од вишото, одозгоре кон нас.Таа треба да биде достигната со време, внатре во нас, со својствата да даваш и љубиш, сплотување на сите души во една душа. Како и што било до разбивањето на Адам на огромно количество на души.
Рекол Раби Елазар, син на Раби Шимон.. исто така еден од тие 10 мудреци кои ја напишале книгата Зохар. Рекол Раби Елазар на Раби Аба;"Оставете го овој човек, затоа што во него има многу мудрост која ние не ја знаеме". Преставете си ги овие големи мудреци од кои поголеми и повозвишени немало во историјата.10 луѓе кои достигнале целосната поправка.З атоа можеле да напишат такви инструкции за сите поколенија-книгата Зохар. Му рекле тие на терачот: "Ти кажувај а ние ќе те слушаме". Розоткриј ни го тоа што ти го знаеш. Ние разбираме дека во тебе има некакви виши знаења кои не ги разбираме.Кажано е дека на таков начин треба да се стремиме кон целта. Кажано е дека целта на тој начин дејствува на нас, оваа проста механика ние ја разбираме. Тоа што ти прашуваш веќе не е во доменот на нашите разбирања.Тие кажуваат и очекуваат разоткривање за да се подигнат. Затоа што ако тој го разоткрие тоа скалило, тогаш тие ќе можат да го искористат тоа и на него да се кренат-затоа е тој терач (потикнувач). Дошол за да ги потсети да се подигнат од едно скалило на друго скалило.
"Открил терачот и рекол".."Открил" се мисли на посебната светлина која слегува долу. Во “Зохар“, секој негов нов ред почнува со "Боре"- дојди и види. А од друга страна "Ха Боре" се нарекува Создател.Тоа е едно исто. Секој кој почнува во “Зохар“ тој ти кажува тебе а сега отвори ги очите, т.е своите својства; дојди влези во овој нов ред (нова реченица) кој се наоѓа пред тебе и види-разоткриј го пред себе.Така како што ти го разоткриваш.На новото скалило сега го разоткриваш Создателот. Таа општа сила на давање и љубење. Стануваш равен на неа, се сплотуваш со неа, и така скалило по скалило одиш напред.
Открил терачот и рекол: "Кажано е саботи се две", во принцип ако се множат на датуми тогаш се две. Ако повеќе се кажува колку се и тоа нам ни кажува за границата на сабота, која се состои од 2000 Ама. Ама е стара мерка за должина. Но во духовниот свет 2000 ама се смета за година. Да речеме 2000 години или 2000 ама.Така се мерат годините. Еве да речеме световите кои ние со вас треба да ги поминеме. Растојанието се дели на 2000 Ама, па уште на 2000,и уште на 2000 Вкупно 6000. Овие 2000 се нарекува свет Асија, овие 2000 се светот Јецира и овие 2000 Ама светот Брија. Значи 6000 години заедно, или 6000 Ама-едно исто. Години нам ни се чини дека се временско мерење но Ама е мерење, линиско и тоа не е така. Затоа што во духовното нема такви мерења.
Границата сабота се состои од 2000 Абав на секоја страна на Градот. Град се нарекува Малхут. Затоа е додаден зборот Ет пред зборот Сабота, означувајќи множествен датум. Виши Шабат и Низок Шабат се соединуваат заедно, кои се овие две својства во духовниот свет, две исти својства се нарекуваат Сабота.Таму каде што ние престануваме да работиме и влегуваме во состојба на апсолутно давање.
Точка 82. Остана една Сабота неспомната, порано и се срамела и му рекла на него, на Создателот: „Создателу на вселената, создадена сум јас и се нарекувам Сабота .Но нема ден без ноќ, И рекол Создателот.“ Создател е З"А. Сабота е Малхут. Состојбата и односот меѓу нив може да биде како машко и женско, како маж и жена.Како помеѓу љубовници, како помеѓу невеста и зет, како помеѓу татко и ќерка. Потполно разни секакви состојби кои се во нашиот свет, кои се случуваат помеѓу машката страна-давање и женската страна-примање, која треба да биде содветна на машката страна.И тогаш меѓу нив ќе возникне состојба на сплотување.
„Но нема ден без ноќ" одговорил Создателот „Ќерко моја". На ова скалило односот е како татко и ќерка. Имено како меѓу Создател и суштеството цело време има преод во овие рамки. Ние треба да разбереме дека во такви чувства се наоѓа човек кој во себе ја открива оваа состојба, за која сега “Зохар“ ни раскажува. Кога ние би ја разоткриле, ние постојано би чувствувале такви промени од место на место, од ниво на ниво како би го менувале нашето разоткривање на Создателот.
„Ќерко моја Сабота, со такво име јас те нареков тебе.Но еве јас те опкружувам и те украсувам тебе со највишите украси".Го повишил гласот овој терач на магариња и рекол; „Исплашени оветлувачи да се исплашат и оваа ноќ е сабота која лачи страв, но која е таа .Тоа е сплотувањето заедно нарекувајќи се Јас Малхут-ноќта на сабота, самиот Создател . З"А кој се сплотува зедно во едно цело". Зошто ноќе се случува сплотување?Затоа што во оваа состојба се прават желбите кон своето поправање. Најсериозните, најсилните желби го поминуваат поправањето во ноќта. Затоа што тие зависат од нас. Ние треба нив да ги поправиме и ги поправаме тогаш кога Создателот не ни се разоткрива на нас, не свети на нас. Но ние можеме затоа што е скриен, да се поправаме. Затоа што е разбирливо дека кога свети не можеме да се поправаме. Затоа што се наоѓаме под негова власт. Јас сум подготвен да направам сè што ми кажува разоткривањето на светлината. Но ноќе кога јас не гледам, не чувствувам духовно возвишување. Кога јас се наоѓам во сигурна состојба во своите чувства во своја власт-тогаш јас имам слободна воља. Затоа секое наше исправување се случува во ноќта. Затоа што ноќе се случува заемно зближување помеѓу суштеството и Создателот; женскиот и машкоит дел. Затоа што се појавува Светлина во духовниот свет, тогаш кога тие се соединети. Заедно во ноќта-состојба на темнината, кога не свети светлината тие достигнуваат таква меѓусебна состојба,такво сплотување,такво израмнување;се појавува меѓу нив, Виша Светлина. Никаква светлина од надвор не доаѓа. Тоа е меѓу нив благодарение на одговарањето меѓу себе.
Малхут почнува да чувствува дека таа состојба која порано се прикажуваше како ноќ, темнина, почнува да свети. Нема во духовниот свет такво нешто, дека доаѓа од некаде сонце, почнува да свети и јас можам да го видам. Јас ги менувам своите состојби и ако кај мене не се исправени моите желби,тогаш јас во нив чувствувам темнина. Ако ги поправам, јас во нив чувствувам светлина. Нема никаков друг начин. Ова е тоа што го зборува Создателот. Но која е таа Сабота која предизвикува страв? Ова е сплотувањето заедно наречено Јас-Малхут. Ноќта на Сабота, самиот Создател; З"А кој се сплотува со Малхут заедно со него во едно цело.
А јас слушнав од својот татко дека зборот Ед ни зборува за определба на границата. Сабота е две саботи определувајќи како кружноста во квадратот нејзин-и тоа две. Вие знаете има таква позната задача, геометриска, математичка кога во кругот се вцртува квадрат и треба таму да се разреши тоа прашање како да се достигне до центарот на равенствата. Сабота, тоа се две саботи каде што едната од нив е кружност а другата е квадрат. Што тој нам ни посочува?
Ние веќе со вас разговаравме дека се поправаме во вид на квадрат. Зошто во вид на квадрат? Затоа што да се исправуваме можеме само низ вклучување во себе на својството да даваш. Ова е Хохма Бина-две виши својства. Хохма од десно, Бина од лево. Потоа доаѓа својството наречено Малхут, а тука З"А и произлегува сплотување. Исправувањето произлегува тогаш кога Малхут се подига во Бина. Бина се нарекува вишо својство (сабота), Малхут ниско својство (сабота) која е должна од неа да ги добие овие својства на исправување. Бина се нарекува Мајка а Малхут се нарекува Ќерка итн. Постојат меѓу нив такви односи. Затоа две саботи се мисли на две својства. Бина и Малхут-виша и ниска. Бина е назначена сабота која ние треба да ја достигнеме -потполно давање потполна Љубов, како кај Мајката, како што се кажува.
А ниското својство е својството на детето, егоистичното кое е должно да порасне, да стане достојно на Создателот.Бина е својство на Создателот.Соодветно на него и неговата светост ние сме должни да го споменеме во саботното благословување.Ова саботно благославување се состои од 35 збора. Тоа е посебно изразување. Зошто 35 збора? Секој од нив има определено својство.С ето тоа произлегува од кабалата. Затоа што Малхут се подигнува кон Бина и меѓу Малхут и Бината се наоѓаат сите букви и зборови. Тој дел од Бина кој се однесува на Малхут се нарекува заден дел од Бина-нискиот дел-ЗА"Т на Бина. Потоа по средината доаѓа З"А, како што кажувавме и потоа Малхут.ЗА"Т на Бина се првите 9 букви, па потоа вторите 9 букви се во средината З"А и уште 4 букви од Малхут од каде ова не слегува. Ова не слегува од состојба како оваа кога во Бина има 10 својства. Бина 10 сефирот, потоа доаѓа З"А. Во него исто така постојат 10 сефирот во однос на Малхут.
Но Малхут во нив не се вбројува. Малхут го обвива него само во 4 сефироти Нецах, Ход, Јесот и Малхут. И затоа овде кај нас постои парцуф Малхут. Тој се состои само од 4 сефирот и затоа во него има само 4 букви на Азбуката. Така 9+9+4=22 знака помеѓу Бината и Малхут. 22 својства. Разликите помеѓу нив е кога Малхут може да се подига кон Бина и да ги преобразува нејзините својства. И затоа 22 букви азбучни. Тие означуват секој метод на достојност, стил на достојност-Малхут со Бина .
Малхут е егоистичната желба на самонасладување. На кој начин тоа може да се поправи себеси; во каков стил, каква форма да стане давање. Секоја буква по својата форма, по својата конфигурација означува определено својство подобно на Малхут со Бина.
Редењето на овие букви во зборот тие го означуваат постепеното поправање. Затоа сите зборови кои се напишани во Библијата од првиот до последен збор го преставуваат исправувањето на човекот од почетокот на неговото крајно исправување. Затоа во оригиналниот текст на Библијата нема ни точки ни запирки.Нема разлика меѓу зборовите. Не е поделен на зборови. Тој текст фактички преставува еден Збор (реченица) од почетокот до крајот.На таков начин е напишана, само во нашето време таканаречено Тикун Суфим, поправање на пишувачите кои решиле да го разбијат овој текст на зборови на оделени исечоци. На тој начин ние со вас може да го читаме. Инаку ние би требало да го задржиме нашиот здив и наеднаш да прочитаме 5 или 6 илјади збора едновремено, како еден збор во Библијата.Ова е за општо познавање.
Имаме 22 симболи кој го изразуваат порастот на Малхут во Бина, до полното исправување. Сите комбинации кои ни се дадени нам за потполно исправување е текстот на Библијата-Тората. Покрај тоа овде е должно да се зачувуваат основните 5 својства. Не пониску од Малхут т.е не во егоистичните желби, но во желбите кои можат да се исправат искористувајќи ги овие својства. А пониско од ова ниво Парса, се наоѓаат егоистичните својства на Малху. Затоа да се спуштаме тука, не смееме. И за да не се спуштаме тука постојат уште така наречени 5 конечни букви, т.н. Манципах. МНЦП"Х. Така се викаат тие.
Многу работи поминуваме, но тоа е добро за нас.Тоа нам ни открива малку од каде ни се буквите, зборовите.Оваа азбука произлегува од Адам.Тој е стар 5700 години затоа што од разоткривање на Вишиот Свет тој ја зел оваа симболика. На таков начин била напишана неговата прва книга и потоа на овој јазик објаснувале сите 20 поколенија од Аврам до Вавилон.
Точка 83. Што значи оваа кружност на квадрат. Тоа што кружноста и квадратот ние со вас го изучивме - Квадратот а во прав случај. Овде треба да има кружност која се нарекува сила на последното исправување-свет на бесконечност. Ние постепено со помош на Хохма која се присоединува со Бина, З"А и Малхут кои се собират заедно и се подигнуват во Бина, ние доаѓаме до тоа што сите овие својства ги обединуваме заедно и ги шириме. Нам ни се чини дека одиме само од Малхут кон Бина. Всушност ние ги шириме во нас нашите својства сè додека не дојдат до бесконечниот свет. Како ова се случува ќе ви кажам сега. Има 6 дена на создавање. 7от ден е посебен, кој доаѓа одозгора и одоздола. Т.е ние одоздола ги подготвуваме сите наши инструменти, желби кои се поправени, а потоа доаѓа одозгора посебна светлина, наречена Додатна Светлина на сабота. Таа Светлина во нас ги обединува сите овие 6 дена и во нас се добива 7от ден. Затоа 7от ден е посебен ден, има посебна состојба. Кога не постојат само 6 дена, туку благодарение на нив што се соединуваат се појавува Соединување. И ова соединување се јавува како општо својство на Создателот.
Тоа е сосема ново својство. Тоа не е само од 1 до 6; се соединиле заедно и се добила сабота. Тоа не е еднакво на сабота. Сабота, иако се појавува како последица од сите 6 дена, но состојбата е посебна. Затоа овој ден е посебен и затоа ние достигнуваме секој пат после 6то поправања и 7мо поправање. Седмо скалило кое е слично на кружност. Нашите поправања во текот на неделата се во квадрат, а 7от ден-кога тој ги спојува сите заедно. Тој им придодава целост, совршенство, кое во нашиот свет е во кружност, им објаснува терачот на магариња. Како што е кружността на квадратот-Сабота. Тогаш двата заклучока во укажување на чување на денот, сабота.
Но, вишата сабота не вклучува во себе укажување на чување, туку укажува на пеметење. Има Чувај и Памети:тоа се два услови. Не се како чувај и памети, како во нашиот свет, туку ова се две посебни поправања, кои ние треба да ги достигнеме. Со едното поправање да влеземе во квадратот, а со другото поправање да влеземе од квадратот во кругот. Затоа што Бина е вишиот Цар кој владее со својството. Владее со сабота. Затоа се нарекува Цар, од зборот владетел, совршен, како спомен. Затоа се нарекува Бина-цар, совршенство кое е во светот на паметење. Затоа нема спротивставеност меѓу квадратот и кругот. Иако во нашиот свет ние оваа спротивставеност јасно ја чувствуваме. Затоа не можеме да го достигнеме никогаш во нашиот свет тоа совршенство. Затоа што таа посебна Светлина не доваѓа на нашите дејствија, какви и да се. Тие од секои наши ограничени дејствија кои се квадратни прави кружност, фигуративно кажано .