2010-01-10
Добар ден и добредојдовте на сите ученици. Тука до мене е мојот незаменлив другар и ученик Саша Козлов.Тој ќе ги доловува сите ваши прашања и ќе ми ги дава мене за да ги одговорам. Да ви кажам уште од почеток дека кај нас има 5 цд дискови. Во нив има неколку лекции од книгата Зохар која ние сега ја поминуваме. Дисковите се на руски јазик. Нив може да ги преслушувате во секое цд радио, дискмен, секаде со вас во метро, во кола, на компјутер, дома, во кујната, во цд радиото. Ова за нас е од голема помош; овие 5 диска. На нив има часови и лекции од Книгата Зохар. Тоа што ние сега го поминуваме. Обработени се на руски јазик-повелете нарачајте:Каде да нарачате? Имате линк на нашата веб страна, секоја група може да се организира, да порача и да ги добијат во Бнеи Барух, или пак можат да ја копираат. Нам не ни е целта повеќе да продадеме за да заработиме, туку ние сакаме што повеќе да ја распространиме со бесплатно спуштање од нашиот сајт-повелете и искористете го тоа. А сега со вас се враќаме на статијата "Терачот на Магарињата" точка 84 страна 405 од книгата Зохар на руски јазик. Саша ќе ги добива вашите прашања и ние на нив ќе ви одговориме.
Зохар не може да се изучува индивидуално.Тоа може да се постигне само преку соединувања меѓу луѓето. Тоа што некогаш се случило како разбивање во тој свет во кој ние ја собираме нашата општа желба меѓусебно, тука и се пројавува тоа што книгата Зохар, сака да ни разоткрие: Виши Свет, Виша состојба. Затоа средбите, конгресите, обединувањата;-тие служат и за тоа на овие средби да ја изучуваме книгата Зохар. Тогаш сигурно едно ќе го потегне другото. Книгата Зохар ќе ни помогне да се соединиме а соединувањето ќе ни помогне да ја разоткриеме книгата Зохар. На тој начин ние ќе дојдеме до разоткривање на оваа тајна на Вишиот Свет, нашето вечно, совршено постоење. Сè зависи од нас и е пред нас така да нас нè чека со вас во иднина многу убаво време. Животот ни тргна.
Точка 84. Два вида на свет има долу, кажува Книгата Зохар едниот е Јаков-Тиферет а вториот Јосеф-Јесот. Што ова значи? Ова значи дека ние со вас се наоѓаме во ваква чаша која се нарекува Малхут. Малхут добива Светлина од Вишото. Најпрво во светот на соединување на одделните души таа добива светлина во себе, само во светот каде што овие души заедно се соединуваат. Јас овде ја напишав Сигма, која е е знак на соединување од секакви одделни души кои се стремат да влезат во Малхут. Ова прво стремење за влез во Малхут-тоа е нашата точка во срцето. Но таа не е доволна. Таа е само моја, или твоја, или негова; а нам ни е потребно да ги соединиме сите точки во срцето. Кога ние ги соединуваме, ние се придодаваме кон Малхут. Над Малхут се наоѓа Екран-Масах. Над Масах се наоѓа градба. Овде се наоѓа Бина. Бина е како мајка која дава сè и се распространува долу, од неа долу слегува наполнување. Под Бина се наоѓа Хесет, Гвура. Тиферет; таканаречен Хагат или Галгалта Енаим (ГЕ). Потоа следува Нецах и Ход и Јесот; таканаречени Нехи Ахап. Ако ние зборуваме за Хесет, Гвура и Тиферет, тогаш говориме за мало соединување. Мал или Катнут -треба да се запаметат овие делби. Но ако говориме за целата градба на овој систем тогаш станува збор за Големо соединување или Гадлут. Сите овие својства имаат свои имиња. Како што знаеме ова е Аврам, Исак, Јаков, Нецах и Ход. Ние за нив ќе дискутираме. .Но може да напишиме Мојсеј, Арон, и нај главното-тоа е Јесот-Јосеф. Зошто нај главно? Затоа што Вишата Светлина која доаѓа од Бина, тоа е изобилие. Најпрво се предава на Хесет, Гвура и Тиферет кон Јаков. Затоа тој се нарекува најглавен од сите Преттци (прататковци). Потоа го предава на следните Нецах, Ход, Јесот и Јосеф е нај основната сфера, или квалитетот на својствата кој оди понатаму кај душите во Малхут. Затоа Јосеф се наоѓа како централна фигура. Во целото слегување на светлината од Бина до Малхут, (Бина е Создател) доаѓа до нас, кај душите. Тоа е системот.
Слушајте сега понатаму: Два вида на светови има долу.Е дниот е Јаков-Тиферет, а вториот е Јосеф - Јесот. Затоа е кажано: „Два пати свет поблизок и свет далечен". Далечниот е Јаков-подалеку од нас, а поблискиот е Јосеф-поблиску до нас ."Свет" се мисли на.. (зошто го употребува овој збор), се мисли на Шалом од хебрејски Шлимут, што значи совршенство. Ние мора да ги знаеме овие зборови. Тогаш ќе ја знаеме и нивната смисла на што се мисли. Кога ние кажуваме Шалом Шалом кон блискиот и далечниот тогаш: Шлимут- што јас го достигнувам совршенството на понизок стадиум и на повисок стадиум. Совршенство - еве што означува ова поздравување.
Застанал во далечината како што е кажано и од далеку го видел Создателот. Мерахок Ашемирале застанал во далечина т.е јас засега го гледам од далеку ова совршенство.
Точка 85. Од далеку ова е вишата точка стоејќи во неговиот дворец, каде што е кажано: „Плашете се и чувајте се мои светости.“ Светост е својство на Бина, светост или давање е својство на Бина. Чувајте се. Од која треба да се плашиме најмногу? Затоа што нејзината казна е смрт. Како што е кажано при грешење во неа умираат. А што значи умираат? Ако јас сум достоен на Бина, јас го имам својството за давање, тогаш јас се полнам со светлината Хохма. Давајќи ја својата Светлина на давање- светлината Хасадим, јас при ова кога давам од себе-давам и облак, наоблачување. Услови при кои во мене може да се всели светлината Хохма. А ако од мене отпаѓа светлината Хасадим-својствата да даваш, тогаш пропаѓа и Светлината Хохма. Пропаѓање, истекување на Светот Хохма и неговото исчезнување, се чувствува како смрт.
Тоа што ние со вас постоиме сега, во тој облик во кој постоиме - тоа е само затоа што во нашиот свет спротивно на сите природни закони, е намерно, само за ние да постоиме. Едноставно се проби на експлозивен, ударен начин една мала искра на Светлината Хохма, од која се зачна нашето место а потоа целата вселена, сè што го исполнува ова место, оваа вселена. Така велат и физичарите; дека сè настанало од некоја мала искра. Неизвесно е од каде, како и што, но гледаат ја оваа микроскопска по својата големина, но бесконечна по својата сила, енергија. Од неа понатаму се создала постепено и постепено целата наша материја, тоа што го нарекуваме материјално во нашиот свет. Сето тоа се создало од малечката искра на светлината Хохма, која спротивно на законот на вишата природа, се претворила во Светлината Хасадим, се пробила тука таа светлина и ја создала, ја организирала нашата вселена, вклучувајќи нè и нас. Тоа е само мала искричка.
Замислете си колку ние добиваме кога можеме да ја создадеме Светлината Хасадим, која излегува од нас и во неа да се открие Светлината Хохма. Т.е. милијарда милијарди пати повеќе отколку што може да си замисли човекот во секакви свои чувствувања, достигнувања, наполнувања итн. Ова полнење претставува само најмало делче на Вишиот Свет. А нејзиното исчезнување означува смрт. Така се смета во кабалата. И нашата сегашна состојба се нарекува пониска од нивото на духовната смрт, т.е. ние со вас сите сме мртви, духовно мртви.
„Кои се тие грешници? Тоа се тие што влегоа во просторот на кружницата и квадратот и направија грев. Затоа е кажано : плашете се!". Што значи окружност на квадратот? Не знам дали ви цртав...Работата е во тоа дека ние се движиме напред и воопшто, постоиме во квадрат. И целото наше напредување е движење по врската на Малхут со Бина. А на крај, кога ние се искачуваме и постепено Малхут ја доведуваме во состојба на сличност со Бина, со тоа ние ја решаваме задачата за определување на квадратурата на кружницата. Ние со вас притоа образуваме кружница. Се доведуваме себе си кон состојбата свет на Бесконечноста, решавајки ја задачата само во вид на квадрат. Зошто? Затоа што сето она кое не можеме да го впишеме во квадратот (тоа се нарекува лев-а- евен. Лев- тоа е срце, без точката, а евен е камен = камено срце). Тоа е тој дел на нашето срце, нашите желби, кои ние не сме во состојба да ги поправиме.
Тие сами постепено се поправаат, зошто ние ги поправаме првите девет сефирот, од Кетер до Јесод, (Јесод – Јосеф, затоа таа сефира е толку важна) и од него ние примаме во нашите души. А овој парцуф се нарекува З'А. Значи, „Тој кој влегол во просторот на кружницата и квадратот и згрешил, тие грешници во тоа се нарекуваат- на умирање", излегува од нив Светлината Хасадим, а природно дека без таа Светлина не ја чувствуваат Светлината Хохма. Затоа што почнувајки од Цимцум Алеф, првото скратување па понатаму, постои точен закон во духовната природа. Светлината Хохма, светлина на наполнувањето, изобилството, може да се претвора само во Светлината Хасадим, само во тој степен, во кој човекот добивајќи ја "дава". Затоа е кажано – “плашете се! Таа точка сум Јас и постои забрана да се открива". Ова е точката Јас, која е забрането да се открива. А како може? Само во толкава мера, во која таа може да се искачи во Бина, на едно скалило, друго, трето, четврто и т.н. и така по 125 скалила. И тогаш достигнуваме целосното кли, сад кој се нарекува Ава'ја, најсовршено име на Создателот. Се нарекува тајно име на Создателот. Тајно затоа што му се открива само на последното ниво на оној, кој го достигнува тоа ниво. А за оној што не го достигнува тоа ниво, за него името останува тајно. Тука нема ништо скриено, ако сакаш – откри го, тоа зависи од тебе.
"Слегоа раби Елазар и раби Аба од своите магариња." Знаете дека тие патуваат на магариња и се движат кон некое место врз своите магариња, т.е. својот егоизам, својот егоистички материјал, терајки го, принудувајки го да оди кон целта на создавањето. Т.е. секој пат да се качуваат по овие скалила, овие наши внатрешни магариња, а зад нив оди и терачот на магарињата, кој одзади со мотив, т.е. остро стапче, ги подбутнува тие животни со таа духовна сила, која нас нè придружува ако сакаме да одиме напред. Тогаш добиваме и таква поткрепа одозгора.
„И го бакнаа терачот на магарињата" Го бакнаа... имаме два вида соединување помеѓу душите. Тоа е состојба кога душите се поврзани меѓу себе на нивото Пе – уста, погоре е Рош- глава. Душите можат да се поврзани на нивото Хазе- гради. Тоа најмногу се однесува на периодот на доење, и потоа, на нивото Јесод – полово соединување. Соединувањето преку уста се нарекува Зивуг де Нешикин. Нешика – тоа е бакнеж .
Тоа е кога еден парцуф, една душа е аналогна на друг парцуф по неговото ниво. Пе ел пе (уста на уста) такво соединување, по такво внатрешно ниво слични се нивните особини што така се соединуваат меѓу себе. И таквото соединување се нарекува духовен Зивуг, духовно соединување. Зошто духовно? Затоа што пе- тоа е дух, роах. За соединувањето во Хазе нема сега да зборуваме затоа што тоа постои само помеѓу мал и голем парцуф или душа, кога еден го храни другиот. Од едната страна тука е Пе, од другата е Хазе. Устата на малиот парцуф и градите на големиот парцуф. Следното соединување, половото, апсолутно целосно соединување на сите десет сефирот на едниот парцуф со десетте сефирот на другиот парцуф. Кога тие се соединуваат , тоа се нарекува Зивуг де Јесодот, (јесод во јесод), кога се предава од, да речеме машкиот дел во женскиот. Женскиот дел е тој што секогаш прима, а машкиот дел е тој што влијае, доминира, дава.
Доминацијата е релативна, затоа што ако не постои желба од женската страна, тогаш никаков машки дел не може ништо да даде. Желбата- најважното во суштеството, тоа е женска особина.
„Го прашаа тие терачот на магарињата, кој сето тоа им го објаснил : каква мудрост има во тебе, а ти ги тераш зад нас магарињата. Кој си ти?" " Им одговорил тој: "Не ме прашувајте кој сум јас, туку да одиме понатаму, да се занимаваме со Тора,“ т.е. со привлекување на Светлината врз нас, и кога таа светлина уште повеќе ке се пројави врз вас, ќе видите кој од нас е кој навистина. Секој ќе ја каже својата мудрост, за да го осветли нашиот пат, нашиот подем понатаму нагоре." Така на човекот му се откриваат неговите духовни патувања.
Има сериозни прашања?
Валентин (Клајпеда) поставува прашање: Kако да го препознаеме својот терач? Да се прецизира – што е магаре, што е терач?
-Кога човекот започне да се движи кон своето зближување со останатите души, во нивното соединување да ја пронајде особината на заемно давање. Тоа е она што ние сакаме меѓусебно да го достигнеме. И целото човештво ќе биде обврзано да дојде кон тоа, сакајќи или не сакајќи. Кога почнуваме кон тоа да се стремиме, согледуваме колку е тоа невозможно, тешко, едноставно е против целата наша природа. И тогаш чувствуваме голема потреба од надворешна сила која би ни помогнала. Оваа надворешна сила е посебен пратеник на Создателот, т.е. тоа е посебна сила која ни помага. Наеднаш чувствуваме разбирање, некоја помош, нешто се крева, почнува да се просветлува, некој почнува внатрешно на некој начин да не насочува.
Ние тоа отворено го чувствуваме, како внатре во вас работи нечија невидлива рака. Така тоа се чувствува. Рог, ангел, пратеник, терач на магариња, не е важно како ќе го наречеме. На различните скалила, во различни состојби оваа сила поинаку се појавува. Нема некакви ликови, како ангел или сл. Тоа се приказни, најпримитивни кои луѓето можеа да ги измислат, читајки ја неправилно Книгата Зохар или сличните книги. Нема ништо пострашно отколку да си замислуваш нешто што е духовно во овоземни облици. Тоа нè оттргнува од патот кон духовниот свет, кој нема никаков облик, апсолутно е нематеријален, тоа е само сила, особина.
Људмила од Хамбург прашува: нели излегува дека при одвиткувањето на решимот, ние го враќаме времето наназад, одоздола нагоре. А нели искрата беше одозгора надолу?
Точно е! Ние одиме одоздола нагоре, ние одиме спротивно на тој извор, од кој се симнавме тука. Тоа и го учиме. Од светот на бесконечноста се спуштивме во нашиот свет преку пет светови: Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јецира , Асија. Ја проживеавме тука нашата историја и сега, во 21-от век почнуваме да се искачуваме одоздола нагоре, назад на истото ниво. Тука тоа беше слегување, така и се нарекува редослед на слегување на световите, сефиротит и душите, а ова е редослед на искачувањето. Ние со вас треба овој пат да го поминеме. До овој момент целиот пат кој го имавме поминато тоа бил несвесен пат, а почнувајќи од овој момент и понатаму тоа е пат согласно на волјата на човекот. Инаку тој ќе остане само мало животно.
Затоа треба ја да развие кај себе (соодветно на тие можности што ги има), својата желба кон целта на создавањето, и само тогаш тој ќе напредува. Ќе се движи напред под дејство на силата која ќе го тера, влече напред, но таа сила ќе делува само во толкава мера во која ние ќе посакаме да ја достигнеме целта. Од каде можам јас да посакам да ја достигнам целта? Само од тоа кој сум јас. Т.е. соодветно на тие податоци кои се содржани во мене во секој момент од моето искачување. Па што тогаш излегува дека јас сам себе си ќе се лажам, само ако имам нешто во себе, тоа ќе се развива. Не, тука до тебе секогаш постои таканаречено опкружување. Тоа се души, исто како што си ти, кои исто сакаат да ја достигнат целта. Ако ти сакаш да се соединиш со нив, значи покажуваш желба да се искачиш на следното скалило. На следното скалило сакаш уште повеќе да се соединиш со нив, тогаш се креваш на повисокото скалило. Во тоа и се состои твојата слобода на волјата.
Јанис ( Грција) прашува: Ава' ја - тоа е пример на вишата духовна култура?
Да, тоа е виша духовна култура. Тоа е правилно заемно дејство меѓу сите души на највисокото ниво од нивното постоење. Тоа се нарекува Ава'ја.
Точка 86. „Му рече: кој ти нареди да одиш, да бидеш тука покрај нас како терач на нашите магариња? Им одговорил терачот: буквата Јут стапила во војна со буквите хаф и сабах, за да дојдам да ви се придружам вам со вашите магариња. Буквата хаф не сакаше да го напушти своето место, затоа што мора да ги поддржува тие што паѓаат, затоа што без екран нема за нив живот". Што сака да каже со тоа? Едноставно е, само текстот на Зохар е алегоричен. Буква - тоа е особина. Ние учевме, дека има Кетер, Хохма, Бина. Во Бина, до нејзината средина е особината на Создателот, а од долниот дел на Бина, која се нарекува матка, Зат де Бина (нејзините седум нижи сефирот). Потоа следи З'А и Малхут. Тоа веќе се однесува на суштеството. Во Зат де Бина кај нас постојат буквите од 1 до 9-та, затоа што тука има девет сефирот, во З'А се буквите од 10 до 90-та, (тоа се девет букви, само нумерички означени така 10, 20, 30...).Тоа значи тука се од 10 до 18-та, и тука постојат 9 сфироти, и во Малхут 4 сефирот, тоа се : 100, 200, 300 и 400 од 19 до 22). Вкупно се 22 сефирот, особини од Бина до Малхут, кои уште поминуваат низ филтер кој се нарекува Парса, нешто како граница. Таа граница се состои од 5 букви, или особини кои се наречени Манцепах. Тоа се 5 букви – мем, нун, цадик, пеј и хаф. Имаме 5 букви, 5 особини, 5 нивоа на желбата и затоа постојат 5 нивоа на екранот. Значи, овие букви-особини поминуваат одозгора надолу. Започнуваат тука, но почнуваат да се формираат во облик на изобилство, Светлина која слегува кон нас, во Зат де Бина. Потоа поминуваат низ овој филтер наречен Манцепах и само потоа влегуваат во светот Брија, Јецира и Асија, таму каде што се наоѓаат душите. И ние го добиваме тоа што го добиваме. Тоа сè уште не сме ние.
Ние се наоѓаме тука- нашиот свет- ако со точка во срцето јас почнувам да работам и да се соединувам со другите точки во срцата, во мерата на своето соединување се искачувам тука горе, во Малхут и тогаш можам да ги добивам тие 27 ( 22+5) особини. Целото духовно изобилство кое ми доаѓа се отпечатува во мене, во мојот материјал, во мојата желба. Кај мене постои желба како парче пластелин или глина, нешто бесформено, и секоја буква која доаѓа остава печат во мене, со некоја своја особина. Прави од мене свој отпечаток. И тогаш мојот материјал секој пат станува се повеќе и повеќе сличен на Создателот. Во различни комбинации се втиснуваат во мене духовните особини, на мојот материјал, мојата желба, и јас станувам се пооформен како фигура, се повеќе и повеќе наликувам на Создателот. Тоа се нарекува особина претворена во материја. Особина - тоа е особина на Создателот, која се претвора во мојата материја. Материјата е желбата да прима. Целото наше духовно достигнување е во нашите желби, врз кои се втиснуваат особините на Создателот. Затоа Создателот го нарекуваме Бо- ре (Бо – дојди и ре - види), т.е. ти мораш да ја достигнеш таа состојба кога ќе ги видиш, пронајдеш во себе и ги откриеш тие особини.
Точка 87. „Буквата Јут дојде кај мене сама, ме бакна" Се сеќавате што значи ме бакна.. врската меѓу душите што се случува на нивото на нивните глави, таму каде што се донесуваат одлуки, таму каде што се наоѓа устата. Тоа е многу мало меѓусебно соединување. Следното соединување се градите, и следното на местото Јесодот, полово соединување, затоа што се вклучени желбите, огромни желби кои се нарекуваат телесни, затоа што ги содржат во себе сите особини на сите сфироти, целиот Авијут, целата дебелина на желбата. Значи, "дојде буквата Јут, раскажува терачот на магарињата, ме бакна". Значи се соедини со неа на тоа ниво,"и плачеше со мене", Значи се наоѓаа во состојба Катнут, мала состојба. Плачењето се нарекува мала состојба, затоа што нема сили, нема разбирање, нема можности. Или сочувството, кога не можеш да помогнеш, од тоа се добива состојбата која се нарекува плачење.
"И ми рече сине мој, што можам да сторам за тебе? Но еве јас се губам од многуте добри дејствија, од тајните виши основни букви, но потоа ќе се вратам кај тебе и ќе ти бидам на помош, и ќе ти дадам како помош две букви повисоки од тие што се скриле од тебе" Ние зборувавме за тоа дека две буквите војуваа меѓе себе и на крај се изгубиле, буквите Јут и Шин кои ќе бидат за тебе цело складиште т.е со такви желби кои секогаш ќе бидат наполнети со Вишата Светлина, исправени на давање. „И затоа, сине мој, оди и терај ги магарињата. Затоа јас сум тука, во таква улога". Тој им објаснува со помош на какви сили станал нивен помошник, терач на нивните магариња, до што треба да ги доведе, затоа што терајќи ги нив, вршејќи ја таа работа, човекот доаѓа до достигнување на состојбата на буквите Јут и Шин. Јут – тоа е 10-та буква, која го завршува редоследот на десетте сефирот, а Шин е најважна особина во суштеството. Тоа е буква како руската ш, таа ги означува десната, левата и средната линија, најглавната е средната линија. Кога сите 10 особини кои ја карактеризираат буквата Јут, Малхут, се соединуваат меѓусебно во средната линија. Левата линија е желбата, а десната линија е давање, т.е. правилна намера; се соединуваат во средната линија. Кога човекот правилно ги користи, тогаш тој го достигнува совршенството.
Се зборува за тоа дека ако тој, терачот на магариња, таа висока душа, која намерно се спушти кај нив, ќе им помага, тогаш тие со негова помош ќе достигнат некое ниво, а тој, со тоа што има помага сигурно ќе го достигне највисокото ниво, ќе го заврши целосно поправањето на сите десет сефирот на третата линија на буквата Шин. Ви го објаснувам сето ова меѓу пасусите за да можете подобро да дознаете.
„Се израдуваа раби Елазар и раби Аба, заплакаа и рекоа;- седни ти на магарето,а ние ќе помагаме, ќе го тераме. Им одговорил тој: “Зарем не ви реков дека е наредба на Царот така да дејствувам" Тие откриле, дека таа душа која им е помошник, терач, навистина е многу висока душа, која се спуштила тука за да се искачи уште погоре. Но тој им вели дека има наредба од уште повисоко место, од Царот, од скалилото што е уште повисоко од него. Создател секогаш се нарекува скалилото што е повисоко од мене. Ако се наоѓам на 5-то скалило, 6-то се нарекува Создател, ако сум на 6-то, 7-то се нарекува Создател и т.н. Не постои одреден лик, форма или слично, само секогаш повисокото, кон што јас можам да се стремам и со што можам да остварам врска.
„Создателот ми нареди така да дејствувам, додека не дојде тој терач на магариња кој се нарекува - Месија" Односно терач кој сите наши магариња, целиот наш материјал, целата наша желба ќе ја потера напред. Како што е речено:" Кој ќе се појави како сиромашен јавач на бело магаре". Така е речено, дека Месија е лик на сиромашен, со ништо не сврзан човек, кој поседува само светлина Хасадим, особина на давање, но кој јава на бело магаре. Рековме, дека магарето ја означува особината на материјата да прима, а бело значи дека од црно станало бело, се одбели, т.е. наместо желбата да прима, ја доби особината да дава. Месија се нарекува особината што ја добива човекот, која влијае на целиот негов животински материјал и тој станува бел, светол, т.е. целосно во особина на давање.
„Му рекоа тие нему : Еве дури не ни го откри твоето име, каде се наоѓаш" Име и местоположбата се едно исто. Името се добива по тоа место на кое што се наоѓа душата. „Им одговорил тој: местото каде се наоѓам е прекрасно и ценето од мене. Тоа е кула што лебди во воздух, голема и посебна. Живеат во таа кула само двајца – Создателот и јас". Гледате како алегорично ни ја опишува Зохар особината на Бина – кула што лебди во воздухот. „Ете на такво место јас живеам, но тргнат сум од таму за да ги терам вашите магариња. Го погледнаа раби Елазар и раби Аба и нејасни им беа неговите зборови, зошто слатки им беа шумите со храна и мед. Му рекоа тие: можеби ќе ни го кажеш името на татко ти (т.е. скалилото кое ти претходи), барем тоа ние можеме да го достигнеме, затоа што секое следно скалило е повисоко од претходното. Синот во почеток е понизок од таткото, а потоа го надраснува и станува повисок од него. За да би ја бакнале ние земјата кај неговите нозе (барем на некој начин да можат да се присоединат кон неговото Малхут, и после да се искачат на неговото ниво) Им одговорил тој: Зошто ви е тоа? Не е во моите правила така да се фалам со Тора ( т.е. не можам да ви го кажам скалилото кое ме створи мене, затоа што е се уште превисоко за вас."
Тука следува уште мој текст со кој тоа се објаснува. Да одговориме на неколку прашања.
Ана од Москва прашува: како да се влијае на природата на појавувањето на желбата? Или како да се исправи непотребната желба која пречи на напредокот кон светлината?
Само со систематска обука, учество во распространувањето, учество на конгреси, и заедничка активност на човекот во неговото место на живеење. Тоа е сето тоа што го правиме ние. Освен тоа, обуката секогаш се усовршува од мене, соодветно на тоа колку повеќе луѓе ни се приклучуваат. Колку луѓето напредуваат внатрешно во работата врз себе, колку тие разбираат како треба да напредуваат,толку подлабоко навлегуваме ние во кабалата
Ако ме прашате мене кон што се стремам, јас ќе ви кажам отворено – се стремам кон тоа да како резултат на проучувањето на книгата Зохар да почне да се создава група на тие што сигурно го достигнуваат Вишиот Свет внатре во себе, меѓу себе. Со таа група ние би можеле и дополнително да се обучуваме. Со практиката на кабала. А другите во зависност од тоа како ќе се доближуваат и влегуваат во Вишиот Свет исто би се приклучувале на таа група. Тогаш ќе треба да се подели нашето сеопшто обединување на два дела – внатрешен дел, кој со мене дополнително би се занимавал со практичниот дел на кабала. Кога ние тука читаме, тоа се практични вежби – "терачот на магарињата". Кога ние сите меѓу себе се соединуваме во одреден систем, го чувствуваме тоа внатре во себе, ја откриваме врз себе таа заедничка сила, се наоѓаме во таков Зивуг де- ака кој се нарекува пе–ел –пе или пе-ле-озен и т.н.
За тоа пишува и Баал ХаСулам во книгата Шамати, и на таков начин се движиме напред. Јас се надевам дека како резултат на нашата обука, изучувањето на книгата Зохар, ќе биде таа наша следна фаза, кога ќе постои внатрешна група на сериозни големи кабалисти што го постигнуваат вишиот свет, и околу неа ќе се создава се поголем број на ученици, кои се подготвуваат себе си за тој процес. Така ќе постои природна дифузија од надворешната група во внатрешната.
Гостин од Австрија прашува: терачот на магариња – тоа е ангел или виша душа?
Добро прашање. Тоа е ангел. Но ангел или виша душа е релативен поим. Затоа што кога јас во својата душа извршувам некоја наредба, некое дејство во однос на пониските од мене, помагајќи им, тогаш јас во однос кон нив сум ангел. Мајката во однос на детето е ангел. Тоа е систем, кој со него управува, му помага да расте, која го опслужува, која целата е насочена кон тоа да создава за него правилни услови за растење и напредок. Затоа целиот тој систем, кој тој го восприма како "мама", како нешто неразбирливо, кое постојано со нешто е обврзана кон мене- така размислува детето, тоа се нарекува ангел. Сама за себе таа е виша душа, во нашиот свет. Таа жена може да има свој живот и т.н., но во однос на своето дете – таа е ангел. Тоа е сила која му помага да се развива.
Од Одеса неколку слични прашања: како за време на изучувањето на Зохар да се апстрахираме од религиозни стереотипи поврзани со имињата и зошто е толку заплеткан текстот?
Религијата е создадена после сокривањето на кабала. Пред тоа религија како таква не постоеше. Во период од 1500 години, не, повеќе...почнувајки од древниот Вавилон и завршувајки со рушењето на Храмот на Јерусалим.Тоа се 2500 години. Кабалата беше практично реализирана во групата луѓе која се нарекувала "народот на Израел". Тоа едноставно беше група на вавилонци кои ја земале кабалата и ја реализирале во себе. А потоа таа група падна од духовното ниво и сите книги што останале, од слушање, почнале да се воспримаат од страна на луѓето, обичните луѓе, и тие што паднале, во текот на неколку поколенија тоа воошто го снема.Самите кабалисти се скрија, раби Шимон, автор на книгата Зохар со своите ученици се скрил во пештерата... Се' исчезна, затоа што распадот се случил поради постоење на взаемна омраза во таа група, наместо взаемна љубов. Во таа взаемна омраза ние се наоѓаме и денес. Значи, луѓето ја земале содржината на тие книги и почнале да ги интерпретираат на овоземен начин. И ние се навикнавме на тоа, израснавме со тоа.Тоа во нас станало како некои внатрешни гени, тоа стана култура на светот...
Гледајте што направија со Библијата, какви слики кон неа нацртале – илустрации на Доре и др. што ги создава во текот на вековите...Не сакам да задевам ни една религија, но сите тие се создадени зошто духовниот свет е скриен од нас, затоа зазедоа место кај нас. И затоа толку ја мразат кабалата. Затоа што ако почне кабалата на човекот да му ја открива вистинската структура на вселената, каде што се се наоѓа само внатре во него, и се само во неговата особина на давање и љубов, тогаш религиите ќе нема што да прават, нема да имаат виш свет. Што ќе остане од нив тогаш? Културата. Тоа го вели и кабалата: што е тоа религија? – Тоа е збирка на правила, совети, упатства од сите области на животот на човекот и семејството. Едноставно некои традиции и ништо повеќе. Така што религиозниот дел од населението сè уште ја дочекува кабала на нож, а во иднина тоа сигурно ќе се промени. Но во денешно време тоа ни прави голема штета, ни создава пречки дури и за нашето лично прилагодување на тие текстови во правилна форма.
Ние си замислуваме некои овоземни дејства, па тоа е напишано на таков начин, намерно, за да ни се даде можноста од нашиот свет со сила, токму користејки го методот на сила, со напор, постојано да бараме – што има во вишиот свет? Тој стремеж од нашиот свет, потрага.. Што ли е тоа во вишото, тој напор ја привлекува повратно врз нас светлината. Соодветно на нашиот напор, потрагата - нам ни свети таканаречен Ор Макиф- виша светлина која не исправува. И во тие наши исправени особини ние ќе го откриеме вистинскиот виш свет.
Веднаш пристигнаа многу прашања – каде ќе биде таа група за која зборувате порано?
– Ако се појават такви луѓе, кои го постигнуваат вишиот свет, од различни земји, ние ќе ги собереме сите заедно. Ќе направиме сè да ги собереме заедно, а пештерата е веќе подготвена! Останете со здравје, јас ве чекам таму!