Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто толку многу луѓе доваѓаат во Кабалата?

 

Опис

Рав Др. Михаел Лајтман објаснува зашто Кабалата има драматичен пораст во популарноста во последните дваесет години.

Препис

Зашто толку многу луѓе доваѓаат во Кабалата?

Прашање: Немам намера да ве посрамотам на било кој начин, но нашата публика мора да разбере- иако вие не сте најеминентниот учител на Кабала во светот денес, сигурно сте меѓу нив. Можете ли да ми кажете од ваша гледна точка, бидејќи вие го гледавте и го пратевте процесот во последните дваесет години, што мислите која е причината што толку многу, многу луѓе од сите свери на животот, од сите делови на светот, доваѓаат во Кабалата, обидувајќи се да најдат одговор на некои од духовните прашања за постоењето. Каде е коренот, по ваше мислење, на движењето на Кабала во ова време?

Рав Лајтман: Светот во кој што живееме се движи напред низ огромниот период на неговото постоење од страна на човечкиот егоизам. Нашиот егоизам секогаш расте. Се развива внатре во луѓето од една генерација до друга. Згора на тоа, егоизмот на секој индивидуалец го надраснува неговиот или нејзиниот живот. Ние не сме животни кои што се раѓаат и умираат на исто ниво. Ние еволуираме.

Како резултат на нашиот научен, јавен и социјален развој, човештвото од секогаш се надевало дека следната генерација ќе биде среќна, ќе работи помалку, ќе одмара повеќе, ќе биде повеќе задоволна и исполнета. Ние вака размислувавме до пред пеесетина години. Се сеќавам кога јас бев дете, во четириесетите, ни кажуваа дека луѓето ќе работат три или четири саати дневно за пеесетина години. Дека тие ќе имаат време за рекреација, дека ќе живеат еден блажен и убав живот. Како резултат на тоа, доаѓаме до нешто сосема спротивно. Истиот тој човечки егоизам што не туркаше напред и ветуваше развој и задоволство, на крајот не доведе во ќор- сокак. Ние денес гледаме дека не можеме да најдеме исполнување.Ние трчавме напред мислејќи дека ќе бидеме исполнети и сега застанавме.

Човештвото западна во депресија, самоубиства, дроги, обидувајќи се да се потисне себеси и да почне да се движи. Тероризмот и сличните феномени се симптоми на универзална криза- општа криза- и таа не води до една состојба каде што една личност ќе мора да одговори на прашањето за смислата на животот. Ова е начинот на кој луѓето започнуваат да го бараат тој одговор. И тоа можеме да го видиме во изминатите дваесет години. Како што е кажано во Книгата Зохар " На крајот од дваесетиот век човештвото ќе се соочи со ова прашање ", и тоа е причината зошто науката Кабала може да биде откриена само во тоа време.

Кабалата беше скриена во текот на милениумите од таа причина. Јас сум сведок дека тоа се случи во нашето време. Бидејќи ја проучував Кабалата- околу триесет години- гледам дека интересот за Кабала се повеќе се зголемува во последниве години. Постепено луѓето престанаа да бидат исплашени од неа, тие почнаа да ја истражуваат, " Што таа може да ни даде? ". Кога еднаш тие ќе сфатат дека Кабалата одговара на прашањата за смислата на животот, тие повеќе не се плашат да ја изучуваат. И мислењата дека Кабалата е магија, чуда, црвени конци и света вода- постепено изумираат.

Луѓето гледаат дека се ова психолошки трикови, ништо повеќе. Тие развиваат интерес за вистинската, автентична Кабала, која им овозможува да го почувствуваат поголемиот универзум околу нас кој што е вечен- силите кои што не' управуваат. Да се видиме себеси во сите наши животни циклуси, нашата судбина, и зошто нашиот свет и нашите животи се такви какви што се, и до што сме се довеле?

Во наше време голем број на луѓе ширум светот почнаа да развиваат интерес за тоа прашање. Затоа нашата меѓународна Кабала Академија има толку голем број на студенти.

Прашање: Колку што јас разбирам можно е да се проучува Кабалата години и години. Точно? Значи до одговорите не е едноставно и лесно да се дојде. Потребни се години за навистина да се разбере, точно?

Рав Лајтман: Да точно е.

Прашање: И тоа е речиси процес што трае цел живот, нели?

Рав Лајтма: Да, но овој процес е фасцинантен. Тој им ја покажува на луѓето смислата на нивните животи, нивното постоење. Тие почнуваат да разбираат зошто сите се однесуваат на начин на кој што се однесуваат. Зошто се' се случува на начин на кој што се случува. Ние можеме да ги видиме силите кои го управуваат нашиот свет. Светот станува проѕирен за нас. Ние гледаме и чувствуваме низ него и над него можеме да ја видиме нашата вечна состојба над тоа- пред да сме се родиле, одкако сме умреле, севкупната слика на Универзумот. Ние се поврзуваме себеси со нешто што не лежи само на овој свет. Затоа е таа посебна наука и уникатно искуство. А тоа е како непрекидна фантастична авантура што човек ја искусува. Таа дава постојано растечко исполнување и постигнување.

Прашање: Бидеќи тоа е животен процес не е фер да ве прашам, но вие рековте дека можам да ве прашам се', и јас тоа ќе го направам. Дали е можно за вас, за нашите гледачи да имаат чувство, бидејќи некој од нашите гледачи едноставно не знаат; што е Кабала. Дали е можно за вас да одвоите неколку минути и да објасните што е суштината на Кабала? Кој е тој суштински кабалистички одговор на прашањето по кој се трага цел живот, а за кој можете да добиете само наговестување?

Рав Лајтман: Смислата на животот е да се достигне такво чувство за универзумот во текот на овој живот, дека нема да има разлика помеѓу животот и смртта на овој свет и постоење во друг свет- на друг план, во друга димензиа- каде човек ќе почне слободно да живее во сите димензии, а не само во оваа сегашната.

Прашање: И како ова влијае на егото?

Рав Лајтма: Проблемот е кога човек е егоист, тој чувствува само мал живот внатре задржувајќи го внатре и чувствувајќи го само тоа. Тоа е затоа што сите наши страдања и проблеми се последица на нашето его. Оној момент кога ќе излеземе надвор од себеси, надвор од нашето его, кога ќе можеме да излеземе од нас самите, ние веднаш го чувствуваме повисокиот надворешен свет. На еден начин ние се ослободуваме од себеси, нашите страдања, нашите затворени ограничени чувства и тогаш целиот наш живот се претвара во еден бескраен прилив на задоволство.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica