Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Интервју на Др.М.Лајтман за Њу Џерси “Курир Пост“

Прашање: Зошто Кабалата ја нарекуваме наука а не религија?

Одговор: Се нарекува наука затоа што и е наука. Мудроста кабала започнала пред 5000 год. во древниот Вавилон. Во тоа време целото човештво било поврзано и биле заедно како еден народ.

Егоизмот почнал да расте во луѓето; станале се поотуѓени, што довело до легендарната Вавилонска кула. Лек за тоа била методата која ја открил одредена индивидуа, која ние ја нарекуваме Аврам. Тој го открил начинот кој повторно ќе ги поврзува луѓето и покрај растечкиот егоизам. Методата која ја открил била научна метода.

Со други зборови, користи научни алатки за истражување на нашите сопствени внатрешни механизми, и тоа е она што ние денес го знаеме како наука кабала. Јудеизмот, Христијанство и Исламизмот се појавуваат многу подоцна и всушност не се поврзани со кабалата.

Прашање: Може ли некој да учи Кабала и истовремено да практикува религија?

Одговор: Да, секој може да студира кабала. Нема никакво значение дали припаѓате на некоја религија, или сте потполно духовно оријентирани. Науката кабала нема поврзаност со тоа. Не се однесува на тоа и можете да ја изучувате без разлика што работите во животот, и не само во поглед на религијата туку и на било кое уверување, или пракса која ја практикувате.

Прашање: Постои ли било каква разлика помеѓу изворното кабалистичко учење и праксата на одредени славни личности како што е Мадона?

Одговор: Да, постои голема разлика. Прво за да студирате изворна кабала, морате да учите од автентични извори. Кабала ги користе петте автентични извора: текстовите на Аврам, Книгата на Создавањето, Мојсеј, што денес го знаеме како Петокнижие (исто така познато како Тора, или првите пет книги на Библијата).Потоа Книгата “Зохар“, текстовите на Светиот Ари, текстовите на Рабин Јехуда Ашлаг од 20тиот век. Пропратно кажано, текстовите на Ашлаг се најприлагодени и најпригодни за нашата генерација.

Кон ова кабала е студија. И тоа како и било која друга наука. Нема објекти – нема црвени конци, света вода или било какво предскажување на идннината, мистицизам, талисмани и амајлии - ништо од тоа не и припаѓа на изворната кабала, па дури ни медитациите. Таа е едноставно студија за реалноста; која го унапредува вашето осознавање на реалноста, за да ја унапреди вашата контрола врз сопствениот живот и животот воопшто.

Прашање: Но, духовното постои?

Одговор: Да, духовното е тој аспект на стварноста кој не го перципираме со помош на нашите вообичаени пет сетила. Науката кабала едноставно ја појачува нашата моќ на осознавање на реалноста. Ни дава додатни алатки кои инаку не можеме да ги добиеме. Исто како што физиката ни дава одредени алатки, кабала ни дава други алатки. Сите тие разно-разни науки ни требаат како би ја добиле потполната слика на реалноста. Кабала нè води позади сцената.

Да го замислиме тоа како одреден вез, гоблен. Пред себе гледаме прекрасна слика, пр.цвет итн. Ако гобленот го свртиме на опачината ќе видиме цел сплет од конци меѓусебно поврзани. Тоа е она на што кабалата нè учи, како да ги поврземе конците позади сцената.

Прашање: Како кабала го менува нашиот живот?

Одговор: Кога ќе почнете да ги гледате силите од опачината на везот, за кој зборувавме, ќе почнете да согледувате како сите конци во вашиот живот се поврзани и ќе увидите како тие врски да ги направите подобри, како не би правеле грешки кои вообичаено ги правите. Тоа секој аспект од вашиот живот го става во ред.

 На пример. Во семејството ги поврзува вашите семејни врски; во образованието; ви помага да ги разберете вашите деца и вашите деца да ве разберат вас. Ги превентира проблемите како: злоупотреба на дрога или депресија, бидејќи почнувате да го разбирате светот околу вас и да живеете во хармонија со него. Светот не е само природа; светот се и луѓето околу вас и најмногу од сè - вие самите. Кабалата ви дозволува промена на лично, на друштвено и глобално ниво.

Денес не е тајна дека се соочуваме со глобална криза. Тоа го гледаме во секој дел на животот, почнувајќи од климатските услови и завршувајќи на нашиот личен живот во депресија, болести и што сè не; имаме кризи во секој поглед на нашите животи. Кабала ни нуди решение, бидејќи ни кажува што се случува позади сцената и како таму да направиме разлика. Денес најмногу од било кога во историјата, изучувањето на кабалата е од најважна потреба.

Прашање: Како изгледа да се поврзеш со Создателот?

Одговор: Тоа е лично поврзување. Тоа е како да престанете да се грижите за себе и ги доживувате мислите и грижите на сите други луѓе. Станувате поврзани и чувствувате од надвор. Не само што чувствувате, туку навистина сте надвор од време, простор и движење. Станувате вечни на одреден начин, бидејќи имате согледување на бесконечното. Тоа ве води до состојба каде сакате само да давате и давате.

Прашање: Дали е тоа причина поради која сакате да ја споделите кабалата со другите луѓе, затоа што сакате да им го дадете тоа исто искуство?

Одговор: Да, се разбира. Ја чувствувате хармонијата на природата и реалноста и сакате тоа да го споделите со другите. Подеднакво, но тоа не е само привилегија. Тука станува збор за обврска, бидејќи целото човештво мора да дојде до точка во која ќе ја осеќа таа иста хармонија. Всушност, кризите низ кои денес поминуваме не се тука без причина. Тие се тука како би нè натерале да размислуваме за животот и да почувствуваме потреба да изградиме хармонија внатре во него.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica