Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кои биле Адам и Ева?

Препис

Кој постоел пред Адам и Ева?

-Првите луѓе на Земјата биле Адам и Ева.А постоеле ли луѓе на Земјата пред нив?

-Адам и Ева не биле првите луѓе,а и прашувате, воопшто,тие биле првите луѓе,а постоеле ли луѓе пред нив...Адам е човек, кој живеел пред 5760 и повеќе години,на нашата Земја, името му беше Адам.Тој е првиот, кој го допрел до таканаречениот виш свет.Токму затоа од него започнува духовниот развиток на човештвото, затоа соодветно сметајки од него ние и го бележиме целиот наш преостанат пат на Земјата.

-Тоа значи дека тој е првиот кабалист?

-Тој е првиот кабалист.А пред него,нормално, постоеле луѓе,со ист облик како и ние со Вас,ама тие не биле кабалисти.Кај нив не се пројавил стремежот да го достигнат својот корен, вишиот свет, и тие така постоеле на нашата Земја, гонеле ѕверови,раѓале,го продолжувале родот и т.н.
Од Адам веќе кај нас доаѓа еден точен запис на информацијата.И дваесет поколенија од Адам до Авраам до древниот Вавилон,веќе точно постоеле информации за неговите записи, за предавање од поколение на поколение.Затоа што тоа веќе биле поколенија на кабалистите.

Накратко, после Адам ние знаеме за сите постоечки кабалисти, тоа што го пишува во Тора, во Библијата,и веќе постои предавање на информацијата од еден на друг,усно и писмено.

Адам,тој ја користеше,во прицип,веќе нашата азбука.Тука доаѓаме до едно друго прашање: од каде се буквите, имињата на буквите и нивното пишување, предавањето на информацијата со букви...исто од духовниот свет.Кога човекот ги достигнува облиците на вишиот свет и сака да ги прикаже, изрази на ниво на нашиот свет, тогаш тие сили, кои што тој ги чувствува кај него,се преобразуваат во облици на нашиот свет и тој ги прикажува нив во форма на букви.И затоа секоја буква има своја определена смисла, секоја буква изразува определен облик и при сложување на тие облици го означува преодот од еднен облик во друг, тие образуваат зборови.Затоа Адам ја имал веќе целата азбука.И правописот,и граматиката, произлегувајки од вишиот свет.Тоа ни е дадено.

Зошто на човекот му се дава можноста за општење,изразување,ода каде сето тоа потекнува?

Од таму,дека внатрешните сили во нас на таков начин се пројавуваат.Зарем ние го откриваме тоа во нешто надворешно?Тоа е внатре во нас,ние постепено се развиваме.Ете, тој се развил до тој степен,што увидел на кој начин можел да се изрази преку споменатите буквени прикази.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica