Опис
Наградуваниот биографски автор Вилјам Симон и промотерот Бил Гледстон го интервјуираат Д-р М. Лајтман, собирајќи длабински информации во врска со личните искуства на Д-р Лајтман со кабалата , неговиот учител, неговото семејство и селењето во Израел.
Куќа во расадникот - Дел 1
Разговор помеѓу Михаел Лајтман, Вилјам Симон, и Бил Гледстон
Вилјам Л. Симон – Бил Симон бил слободен филмски писател и автор на најпродавани книги повеќе од дваесет и пет години, со заслуги на преку 800 објавени и продуцирани дела. Како документарен филмски писател, Биловите скрипти добиле многу награди вклучувајќи осум CINE Златни Орли, номинација за ЕМИ, и признание од Венецијанскиот, Берлинскиот и Белградскиот филмски фестивал.
Како автор на дванаесет книги, неговата најнова работа е Уметноста на Обманата (Вајли). Познатиот компјутерски хакер, Кевин Митник, од “Паблишерс Викли“ ја нарекол книгата, "Турата на Силата" и кажува дека тоа е "како читање на највисоките точки на дванаесет сложени трилери, еден по друг. Пред тоа беа Послеживотни Експерименти (PB/ Simon & Scuster). Други поголеми дела ја вклучуваат приказната за Компјутерот APPLE CEO градењето на Марс Наоѓачот на Патеката вселенски брод. Неговите книги се преведени на повеќе од дванаесет јазици.
Бил Гледстон ја основал Waterside Productions, INC во 1982, и лично ставил повеќе од 5000 наслови со повеќе издавачи. Тој претставувал звезди од техничкиот свет, во опсег од Peter Norton до Linus Torvalds, и бил одговорен за продажбата на првата книга " За Глупави", од Дан Гукин, што водело до феноменална серија што сега има продадено преку 100 милиони примероци.
Г-нот Гледстон бил исто така вмешан во создавањето на многу други серии на книги. Господинот Гледстон советува издавачки и компании за тренинг и бил вмешан во трансакции во опсег од шест до средина, на осум цифрени зделки.
Д-р Михаел Лајтман, е кабалист пред сите. Тој има диплома по био кибернетика, и докторат по филозофија. Тој е професор по онтологија и теорија на знаење, основач и директор на Интернационалната Академија за Кабалата, и научниот институт за истражување ARI (Ashlag Research Institute). Тој е автор на повеќе од 30 книги, што се преведени на девет јазици.(во меќувреме бројката е зголемена)
Д-р Лајтман е член на Светскиот Совет за Мудрост – елитно експертско тело, создадено од Будапештанскиот Клуб, што се бави со глобалните проблеми на модерниот свет. Членови на Советот, заедно со Михаел Лајтман, се Далаи Лама, Милош Форман, Пауло Куељо, Ервин Лазсло, Питер Габриел. Неговите дневни лекции се емитувани во живо преку Интернет (www.kabbalah.info) и на кабелска ТВ, до илјадниците студенти во светот.
Вилјам Л. Симон: Дали Кабалата им нуди на луѓето посебни решенија за секојдневниот живот?
Михаел Лајтман: Не, општи и за севкупниот живот.
Вилјам Л. Симон: Да, значи дали вие знаете што ние мислиме со "само помош"?
Михаел Лајтман: (Клима со главата)
Вијам Л. Симон: Постои ли во Кабалата материјал за правење "Само помош"?
Михаел Лајтман: Само помош, но за целиот живот, и за сите реинкарнации. Но не како да се биде поздрав, по успешен, убав, или слаб. Ништо поврзано со успехот во нашиот живот, не.
Вилјам Л. Симон: Тоа е фино. Дури вклучувајќи успех со други луѓе, во справувањето со луѓето?
Михаел Лајтман: Кога личноста студира, како резултат, тој секако успева повеќе во разбирањето на другите луѓе, и во гледањето на светот многу поточно, зошто тој го разбира светот подобро општо. Но не е тоа што му помага да прави некои магични трикови. Тоа не му дава можност да манипулира со други луѓе.
Вилјам Л. Симон: Ох не. Она што ние обично мислиме со книга за само помош, не е тоа што вклучува манипулирање со луѓе, тоа е разбирање на односите со луѓето, и да се биде по успешен во животот што го создаваме за себе, со разбирањето на луѓето и разбирањето на нивните проблеми, и разбирањето како да се справиме со тоа.
Михаел Лајтман: Ова е исто така нешто што не го прави. Кабалата ја поврзува личноста со Вишата Сила, не се бави со овој свет воопшто. Тие можат да се споредат со деца што ги играат своите детски игри на подот, а до нив се оние кои веќе се воздигнале над тоа ниво и тие се зафатиле да прават сериозна работа. Значи Кабалата ги остава сите игри на ниво на овој свет, и ја подига личноста на друго ниво. Правејќи го тоа, ги ресава проблемите на човечкото суштество. Секоја друга метода, дури и ако е продадена под името на Кабалата, учи како да се успее во овие "игри". Всушност, Кабалата дошла да му помогне на човекот, но повторувам дека нејзината единственост е во фактот дека му дава на човекот повисока исполнетост; а не пари, не почит.....
Бил Гледстон: Да, Да, Јас веќе разбирам, но мојата цела поента е, она што пробувам да го направам е, ако можеш, мислам, тоа не е Кабалистичка терминологија, но ако вие мислите за себе како што вашите учители зборуваат, како човечки и Божествен – вие сте двата дела, повисокото себе, пониското себе. Ако сте во можност да се движите до повисокото себе, перспективата на повисокото себе, и ако се гледате себеси како Божествено суштество, на нивото на душата, тоа го менува вашиот однос со сите други проблеми, иако тоа не им се обраќа ним директно.
Михаел Лајтман: Секако , секако!
Бил Гледстон: Тоа е она, јас мислам што ние треба да го истакнеме во оваа книга; тоа е клучот.
Михаел Лајтман: Лчноста го гледа целиот свет како средство за духовно воздигнување.
Бил Гледстон: Значи вие сте помалку приврзани со- "Не се сложувам со мојата жена," или "Јас не сум точната форма на телото."
Михаел Лајтман: Секако. Човекот ги користи сите овие работи со намера. Ние функционираме на овој свет според нашето его, што постојано расте. Ова его има потреба да помине низ неколку нивоа на својот раст додека не достигне ниво што не може да се исполни самото. Тоа е она што започнува да му се случува на човештвото во ова време. Тоа е причината за глобалната криза, и со сето тоа личноста мора да се справи на овој свет-кризата во семејството, образованието, и дури општото забележување за тоа кој е тој, што е целта на неговиот живот. Човекот не може да пронајде разлог да живее, така да бара бекство во дрогите. Ние правиме се да бидеме зафатени, така да не се чувствуваме празно.
Сето тоа има цел. Тоа е ред за нас, од како еволуиравме, поминавме преку многу реинкарнации, и собравме многу горчливи искуства во сите наши претходни реинкарнации и во овој живот, дека ние сме присилени да се соочиме со прашањето, "Што е значењето на животот?" Ние се уште пробуваме некако да го потиснеме ова прашање, кога ќе се појави, но наскоро, луѓето нема да бидат во можност да го направат тоа. Дури и дрогите нема да помогнат, тие ќе ги презираат. Тие просто ќе чувствуваат страшна празнина, и ова е тоа што го води човештвото на политичко ниво до Нацистички режим, и до теророт.
Напишано е во Книгата Зохар – и оваа книга не излажала и не направила никакви грешки во последните 2000 години – кажува, ако не започнеме, самите ние, да ја смениме ситуацијата, ние ќе го достигнеме Нацистичкиот режим во сите развиени земји, и ние ќе ја имаме третата Светска Војна.
Зошто е таму потребата да не донесе до ваква ситуација? Дека по развојот, од генерација до генерација, сега ние достигнавме ситуација кога ни доаѓа празнината, зошто ние не го чувствуваме изворот на животот. Од каде сме ние, и зошто сме тука? Ова е прашањето што треба да го решиме, зошто тоа првично се наоѓало во нашата егоистична желба и тоа ни го носи на нас, зошто нашиот егоизам мора да не донесе до Божественоста, до Вишата Сила. Значи, мудроста кабала – што била скриена од самите кабалисти за сите овие години, од почетокот на историјата – е сега се открива како средство за исполнување на таа празнина, со цел да помогне на човекот да ја почувствува Вишата Реалност, или, Вишата Сила. Ако некој не ја достигне, тој едноставно ќе остане празен без било какво решение. Ние го воочуваме овој проблем веќе со децении.
Нашето искуство покажува, дека кога ќе ја покажеме мудроста Кабала на луѓето, таа ги отвора нивните очи. Им дава енергија во животот; им дава нов живот ( Јас зборувам од искуства со студенти, групи на студенти низ целиот свет, илјадници луѓе во нашата мрежа) разбирањето на фактот дека нашиот живот има цел, и дека целта треба да ни се открие, зошто тоа е она што ние треба да го откриеме.
Мудроста кабала била дадена на Еврејската нација, и затоа се наречени "избрани луѓе". Тоа треба да биде "Светлина за другите нации", како што е напишано, со цел да се пренесе мудроста на човештвото кога тоа ќе порасне. Се додека ние не ја испорачуваме мудроста на кабалата, анти-семитизмот ќе се зголемува. И спротивно, колку повеќе ја испорачуваме, ние ќе бидеме привилегирани со спротивното, со восхит од остатокот на нациите.
Ние имаме студенти кои се Арапи, Германци, Французи, Италјани, Турци; тие немале љубов за Евреите претходно. Јас имам студенти кои имаат тетовирано кукаст крст на нивната рака. Мојата група на германски студенти има нивна слика направено на стадионската Хитлерова парада.
Со други зборови, Кабалата е спас за нашата нација. И колку повеќе човештвото ќе напредува, Анти-семитизмот ќе се зголемува, дури и во нации кои никогаш не' слушнале нити не' виделе. Зошто кога човекот еволуира, тој не знае зошто, внатре во себе тој ја чувствува оваа празнина, и тој чувствува дека Евреите имаат решение. Затоа, прво пред се тоа е решение за нас, а второ, за целиот свет. Ние сме сите во ова заедно, и ние ја носиме нашата обврска.
Бил Гледстон: Само од парозналост, во поими на душите и целосната космологија на Кабалата, колку души се Кинески?
Михаел Лајтман: Вие не можете да ги броите душите со глави зошто душата е како електрична струја што вие постојано ја делите. Таа може да пристигне преку голема цевка, или поделена во илјадници малечки цевки.
Со проширувањето на мудроста кабала во светот, ние бараме само една работа: дека луѓето ќе знаат дека нашиот развој на овој свет, вклучува таква состојба што човекот ќе разбере дека животот е безначаен, "Јас не знам како да избегам од ова прашање нити да го одговорам", и во таа состојба, Кабалата е метода на откивање Светлина на таква личност.
Луѓето мора да се поистоветат со тоа што мудроста на кабалата го нуди, и ако не, тогаш не е на него-нив потребата да растат повеќе, можеби за неколку години, или можеби друга реинкарнација.
Јас не одлучувам за човекот дали тој треба да дојде и да ја учи Кабалата. Повторно, ако човекот пораснал, ако созреал и ако има горечко прашање, и знае зошто постои, што е неговата цел, тогаш оваа метода е за него. Во спротивно, не е.
Постојат милиони или милјарди луѓе на светот денес кои се во оваа криза. Депресијата е болест број еден, и дрогите, се втората, и тие се резултат на тоа. И дури ракот е директен резултат на егото што не може да се пронајде себеси, и започнува да се јаде себеси, на ниво на телото. Исто така кризите во семејството – толку многу се разведуваат, и тоа е проблем дури и со децата. Денес во светот постојат милиони, дури милјарди луѓе на кои им треба ова. Ние го гледаме ова според истражувањето. Така ние треба да им објасниме за лекот. Јас не мислам дека има само неколку луѓе на светот на кои им треба Кабалата, јас мислам дека ние не ја претставуваме со сила. Тоа не е Пепси или Кока Кола, и не може да се рекламира на тој начин.
Вилјам Л. Симон: Но "да се закачи на мамката" значи да се заинтересираат луѓето, да се поттикне љубопитноста кај многу повеќе.
Михаел Лајтман: Јас сакам тие да знаат дека Кабалата овозможува одговор на една прашање: "Што е целта на моето постоење?"
Мојата цел е – за било кој што е спремен - дека тие треба да знаат дека тоа постои. И со ова ние го менуваме светот.
Вилјам Л. Симон: Јас мислам дека вие ќе кажете 'не' на ова, но јас сакам да го поставам прашањето секако. Ако вие имате група на студенти кои дошле кај вас за подолго време, не само за лекција, и вие сакате да им ја пренесете суштината на Кабалата, принципите, основните идеи, дали се тие пет или дванаесет, или некој одреден број на идеи што вие сакате да им ги пренесете,е дека постојат.
Михаел Лајтман: Да
Вилјам Л. Симон: Постојат?
Михаел Лајтман: Да.
Вилјам Л. Симон: Отприлика колку?
Михаел Лајтман: Постојат можеби три, четири или пет принципи. Да кажеме пет. Прво од се', дека постои Виша Сила во која сите ние живееме. И ние сме егоистичките делови што се спротивни на тоа. Нашите ега растат, и ние велиме, за изминатите неколку илјади години во овој свет. На крајот на овој развој, ние ќе достигнеме состојба да мораме да се соединиме со оваа Сила.
Кои сме ние? Тоа е вториот принцип. Оваа Виша Сила е целосно добра, дарежлива, и дава. Не создала нас спротивно од неа како егоисти, со цел егото да се развие во нас до точка каде ние можеме да откриеме дека нашата природа е уништувачка, и дека нема ништо полошо од тоа; и дека ние сакаме да пукнеме надвор од ова, на ист начин како што сакаме да се ослободиме од старата кожа, и да станеме како неа. Тогаш, со методата на кабалата, ние ќе бидеме во можност да станеме како неа.
Третиот принцип: ние сме една душа; една егоистична желба што била содадена од Севишиот како една желба да ужива. И ние сме биле распарчени на илјадници и милиони делови, наречени "самостални души". Тие се тоа што се равива за време на целиот овој процес.
Ние мораме да се поправиме себеси да станеме како Создателот, и тоа значи дека сите ние треба да се обединиме, заедно. Сите души мора да се вратат во една душа, заедно. Навистина, во егоистичниот начин во кој ние сме поделени, ние се мразиме еден со друг. Нашата поправка е да се биде спротивното: ние треба да видиме дека нашето его е уништувачко, и дека ние сакаме да се поврземе повторно заедно.
Четвртиот принцип: Кога ние ќе го достигнеме огромното уништувачко его на нашите времиња што започнува да се појавува, ние гледаме колку е тоа лошо. Постојат сега две патеки: да се развиеме било преку ќотекот што го добиваме, што е во основа како ги живееме нашите животи сега, дека ние бегаме од страдањето цело време. Јас не сум сигурен каде би требало да бегам, само ако е подалеку од она што ме повредува. Или, она што јас го откривам пред мене како цел, со методата на Кабалата, и јас се развивам во ова така што ќе ме привлече до мојот развој. Првото е "Патека на еволуцијата" и тоа се нарекува "патека на страдањето". Второто, се нарекува, "патека на Светлината". Нашиот избор е дали ќе се развиеме на едниот начин или на другиот.
И целокупниот развој на човештвото, се' до ова време, бил без слобода на изборот. Ние само просто сме спроведувале она што нашето его ни рекло да го правиме. Егото, ДНК, не е важно како го нарекувате. Попрво, луѓето сега имаат желба за нешто што е позади овој свет. Тие не можат да се исполнат себеси со било што кое можат да го најдат на овој свет, затоа се прашуваат себеси, зошто тие постојат, и тие не знаат зошто.
Сега тие имаат слобода на избор: било да продолжат по патеката на страдањето, како што направиле порано ( знаете, со добивање казна) или да се развијат кон целта што ги привлекува.
Патеката на духовниот развој, минутата кога некој ја открива мудроста Кабала, тој почнува да учи, со помош на Кабалистичките книги, за неговата по поправена, и неговата по напредна состојба. Тогаш, кога тој чита за тоа, тој е привлечен кон оваа напредна состојба. Тогаш не му треба било каков вид на жалост, попрво, тој е постојано привлечен во понапредни скалила. Но ова е под услов дека тој учи од изворни книги на Кабалата, и од правилен водач.
Единствени изворни, Кабала книги на нашето време се Книгата Зохар, пишувањата на Ари, и Баал ХаСулам.
Вилјам Л. Симон: Јас би сакал да зборувам за вашето детство и растењето.
Михаел Лајтман: Роден сум во Белорусија, во 1946 во градот Витебск. Моите родители беа доктори. Јас завршив средно школо, и тогаш отидов на Универзитет. Сакав моето образование да одговори на прашањето за суштината на животот. Така, јас отидов да го студирам најнапредното поле на студии што постоеше во тоа време, Биолошка Кибернетика.
Ова поле изучува како клетките живеат.Изучува што има во нив, програмирањето што работи со нив; односите на причина и последица што го одредуваат нивното постоење.
Вилјам Л. Симон: Од каде дојде овој интерес за биолошките науки?
Михаел Лајтман: Причината беше дека јас чувствував празнина во мојот живот.
Вилјам Л. Симон: Празнина која вашите родители не биле во возможност да ја објаснат или....
Михаел Лајтман: Не, моите родители ми дадоа се', како на секое дете во Еврејско семејство.
Вилјам Л. Симон: Тие ви дале се интелектуално, но не духовно?
Михаел Лајтман: Да, се разбира. Јас примив се, вклучувајќи правилно образование. Сепак прашањето, гореше внатре во мене. Мислев дека ова поле ќе ми помогне да знам малку повеќе за ова.
На пример, како билката може да дојде од нешто безживотно. Како таа се развива? Која е суштината на разликата помеѓу овие две работи? Зошто, наеднаш, тоа оживува и се развива? Сакав, во основа, да најдам одговор на таа празнина што ја чувствував внатре.
Зошто јас живеам? Мислам дека секое дете го има ова прашање. Подоцна е сузбиено од хормоните, и исто така, постои влијание на мојата околина. Јас, како и да е, не бев успешен во заборавањето на тоа прашање. По Универзитетот, сфатив дека бев станав дури попразен, и видов дека не можам да напредувам повеќе. Јас достигнав успех во моето истражување, но не видов иднина за мене.
Вилјам Л. Симон: Затоа што вие бевте Евреин, или....
Рав Михаел Лајтман: Особено поради тоа, да. Властите одбија да ми дозволат да емигрирам, и поминав четири години обидувајќи се. Тоа беше само во 1974 кога тие ми дадоа дозвола да одам. Така јас се преселив од Белорусија во Русија, и од Русија во Литванија. Тогаш, во годината 1974, стигнав во Израел. Го продолжив моето истражување таму, но не можев да најдам било какво задоволство, во ништо.
Чувствував дека во развиениот свет јас ќе бидам способен да го пронајдам тоа, но бев неуспешен. Се свртев кон луѓе и организации од сите видови, и не открив ништо освен празнина насекаде каде барав, се додека не бев советуван да погледнам во религијата. Јас отидов кај религиозни луѓе и видов дека тие беа дури попразни од останатите. После некое време, ми беше советувано дека одговорите на она што јас го барав би можеле да се најдат во нешто што е наречено Кабала.
Вилјам Л. Симон: Постоеше ли некоја одредена личност што ви го кажа тоа?
Рав Михаел Лајтман: Мене ми беше кажано тоа од луѓе кои беа полу религиозни, полу лаици.
Вилјам Л. Симон: Каква работа вие работевте во тоа време?
Рав Михаел Лајтман: Во тоа време јас поседував забна клиника.
Вилјам Л. Симон: Со цел да се раскаже приказната, би сакал да прашам прашања што луѓето вообичаено не би ги поставиле. Од каде дојдоа парите да се стартува забна клиника?
Рав Михаел Лајтман: Кога дојдов во Израел, отидов да работам за армијата. Работев таму четири години до 1978. Моите родители дојдоа во Израел во 1977. Мојот татко беше заболекар, а мојата мајка е гинеколог. Поради тоа што овие професии се приватни во Израел, јас отворив клиника за мојот татко, и правејќи го тоа, сфатив дека тоа е особено многу лесно да се прави, така и јас отворив со 11 други луѓе. И за тоа, јас најмив група доктори кои работеа на тоа поле, и ги отворивме овие клиники, и јас ги водев клиниките, и бев многу послободен. Цело време, јас се уште барав, само овој пат, јас барав помеѓу Кабалистите, вие знаете, патот кој ми беше кажан.
Одев од еден до друг, но најдов дека тие студираат без да имаат било какво разбирање. Тие воопшто не се осврнуваа на прашањето со кое јас дојдов кај нив; тие само читаа Кабалистички текстови, и јас не можев да кажам дали има нешто за него.
Се додека не најдов личност, во Реховот, градот во кој живеев. Тој беше ист како мене, тој беше локален Израелец; тој можеше да чита Еврејски многу добро, и Арамејски, и ние почнавме да студираме заедно секоја вечер.
Вилјам Л. Симон: Како беше името на овој човек, и што тој правеше?
Михаел Лајтман: Неговото име беше Хаим Малка, и тој беше техничар во фабрика. Ние студиравме така околу две години, додека не достигнавме ситуација каде ние ги проверивме сите можности. И една вечер јас бев толку очаен, не знаев што да правам. И одеднаш им реков, " да одиме на некое место каде не сме биле никогаш воопшто; да одиме во градот Бнеи Брак. Ајде да видиме дали можеме да најдеме некој кој студира кабала."
Тоа беше ултра - религиозен град и јас мислев дека можеби таму ние можеме да најдеме некој што подучува вистинска Кабала. Ние видовме во книгите дека таму има нешто вистинско во врска со тоа, но ние не можевме да ги разбереме, ни недостигаше клучот. Како научник, имав свои оградувања; не сакав да отворам само било која книга. Ако одев да научам нешто, сакав да студирам од вистинските извори. Ако сакате да учите физика, тогаш вие треба да користите книга од добро познат научник на тоа поле. Истото е вистина со Кабалата. Значи, јас сакав да го студирам Зохарот и книгите на АРИ, и од Баал ХаСулам. Вие можете да ги најдете овде во УСА, но ниту една од нив не е вистинска. Во овие вистински книги, постојат прашања, но одговорите, тие не се јасни.
Значи кога ние стигнавме до ќорсокак, јас бев се уште привлечен од Кабалата, знаев дека барем, ги поставувам вистинските прашања. Ние баравме личност, кој ги има средствата за тоа како да се разбере, а не само да слуша за овие прашања. Значи сакав да ги отворам за себе исто како што ние го согледуваме овој свет, го чувствуваме и го разбираме. И така една вечер јас реков, "да одиме во Бнеи Брак." Значи влеговме во автомобилот и возевме.
Дојдовме во Бнеи Брак. Беше бурна и врнежлива зимска вечер и ние не знаевме по кој пат да свртиме; не знаевме каде да одиме. Значи јас го отворив прозорецот на една од раскрсниците и му довикнав на религиозниот Евреин што стоеше таму со чадор на дождот, "Еј, каде студираат кабала во околинава?" Беше навистина чудно прашање да се праша, но тој не беше изненаден. Тој ми рече, "Ајде, возете лево до градината, и тогаш ќе најдете неколку куќи таму и во една од нив, таму тие учат." И ние возевме во таа насока, и достигнавме до местото што тој ни го покажа. Имаше напуштена куќа, и ние влеговме внатре. Се чинеше како многу голема зграда, но внатре имаше само една темна соба.
Имаше пет или шест стари Еврејски мажи што седеа внатре, помеѓу 70 или 80 години старост. Јас ги прашав, "Дали вие учите кабала овде?"
Јас бев многу модерна личност, од многу поинаков свет. Бев облечен убаво. Имаше еден кој стоеше на чело на масата, и тој ми рече, "Седнете". Ние седнавме близу до масата и нивната лекција продолжи. Наеднаш, сфатив дека тие разговараа на Јидиш и Арамејски; двата јазика за кои немав апсолутно никакво знаење. Ние продолживме да седиме таму. Всушност, сакав да си заминам, зошто навистина не видов корист од учењето на ова место. Овие стари луѓе кои седат овде очигледно немајќи ништо друго да прават, тие седат и читаат секакви нешта. Мојот пријател, кој е многу учтив, пообзирна личност од мене, рече, " Ајде да седиме; не е во ред да си отидеме вака."
Лекцијата заврши, и главниот на групата на овие стари луѓе започна да не прашува кои сме ние, од каде доаѓаме. Им реков дека сме од Реховот и дека сакаме да учиме Кабала, но не знаеме каде. Така тој ни рече, "Не грижете се, јас ќе ви дадам извори и вие можете да учите со нас." Му реков на мојот пријател, "Земи адреса од него ако сакаш, но јас не мислам дека ова место е вистинското за нас." Ние веќе имавме видено вакви места. Тој ја зема адресата и упатствата, и тогаш истата стара личност го викна. Тој дојде во мојата куќа следната вечер и ми рече, "Ние имаме лекција вечерва." Јас всушност не сакав да одам, бидејќи веќе бев очаен од сето тоа барање. Но уште еднаш тој ме притисна и ми рече дека би требало да одиме, и јас отидов.
Стариот човек не представи на еден од неговите пријатели, кој беше отприлика на исти години како него. И му рече, "учи ги нив".
Тој не' однесе во еден од ќошевите на таа навистина голема сала и рече, "Да седнеме; ќе почнеме со читање на она со што вообичаено ги учиме почетниците." Тој започна да не учи за Воведот во Книгата Зохар. Веќе после првите неколку збора, јас почувствував дека тоа беше вистинското објаснување, зошто тој ги прашуваше и ги одговараше точно прашањата што ние сакваме да ги прашаме. Дури пред вие да поставите прашање, тој го поставуваше прашањето, тој го поставуваше прашањето за вас, и веднаш, тој одговараше на нив.
Ете како ние го најдовме тоа место. Тогаш почнавме да доаѓаме два пати неделно, потоа секој ден. Наскоро ние научивме дека тие студираат секој ден во три наутро. Така јас започнав да доаѓам таму во три наутро. Тоа е тоа.
Одкако неколку месеци поминаа, по една од утринските лекции, нашиот учител ни кажа дека главниот Рав, главниот на групата, од шест стари луѓе, сакал да учи нешто специјално со мене, и јас се сложив, секако. Тој ме однесе во неговата соба и започна да ме учи нешто. Всушност, јас ништо не разбрав. Тој ме однесе настрана и ме учеше во неколку наврати, но навистина јас не разбрав ни збор. Тогаш тој ме остави, не ме повика повеќе. Јас бев бесен; не знаев што да правам. Но всушност, тој беше во право. Од ова јас открив дури поголем копнеж во мене дека навистина ова мене ми требаше.
Едно утро тој мораше да посети доктор итно. Тие ме прашаа да го земам во мојот автомобил. Јас го однесов до докторите, и тие најдоа дека имал некој проблем со неговото уше и дека треба да оди во болница веднаш. Таму рекоа дека треба да остане на интензивна нега. И јас бев со него цело време. Тој помина еден месец во болница и јас бев покрај него.
Обично доаѓав со мојот автомобил рано наутро; се префрлав преку оградата, зошто болничките власти не дозволуваа посети во тоа време. Значи, одев горе на четвртиот кат и тогаш тивко ќе влезев во неговата соба, и ние учевме. Тоа продолжи вака околу еден месец. Ова беше што нас не' поврза заедно. По неговото заминување од болницата, тоа продолжи.
Вилјам Л. Симон: Првиот пат кога вие почнавте да работите заедно, Рабинот не можел да разбере што тој подучувал, како наеднаш, го направи тоа да има смисла?
Михаел Лајтман: Зошто во болница тој започна да ми зборува мене на начин на кој човек зборува со мало дете, а од друга страна, тој ме испрати дома да му донесам еден од неговите специјални куфери. И тој обично ми даваше неколку работи да читам од овој куфер, нешто напишано на рака. Тоа ми помогна многу. И секој ден кога доаѓав кај него, тој ми даваше малку повеќе од овој на рака пишуван материјал.
Вилјам Л. Симон: Ова беа работи што тој ги напишал лично?
Михаел Лајтман: Ова беа белешки што тој ги земал од зборовите на неговиот татко. Исто така, јас не знаев одредени работи, и тој ќе ми ги објаснеше. Така, малку по малку тој ме научи како да ги гледам работите.
Ние продолживме да студираме заедно по неговото напуштање на болницата. Јас ќе го носев со мојот автомобил кај докторите; ќе одевме на плажа и други места. Тоа одеше вака: од три до шест ќе студиравме со групата. Потоа имаше еден саат пауза, потоа ќе одевме на плажа околу 12 или 1 попладне. Потоа попладне, ќе одев до клиниката да проверам дали е се' во ред и се враќав да студирам уште малку навечер. После тоа се враќав дома доцна во ноќта. Тоа продолжи се додека не ја напуштив клиниката и се преселив да бидам близу до него. Тогаш ние почнавме да го напуштаме градот еднаш неделно, заедно, само да студираме за неколку дена. И тоа започна да се случува секоја недела. Ние одевме во Тибериас, во Мерон, во други специјални места. Книгата Зохар била напишана во Мерон.
Вилјам Л. Симон: Не места да се видат луѓе, но и да се види историјата на Кабалата....
Михаел Лајтман: Не, ние не одевме да посетуваме луѓе. Ние живеевме во напуштена куќа таму; сосема сами. И јас учев, никој немаше околу. На тој начин, јас полека стекнував мудрост.
Вилјам Л. Симон: А целта на одење на овие други места?
Михаел Лајтман: Целта на одење на место беше, дека таму има специјална сила. Секое место на земјата е под влијание на одредена сила. Токму затоа кога луѓе се селат од едно место на друго, нивното појава се менува со време, поради тоа што силата што влијае на нив, се менува. Дури нивниот карактер и менталитет се менуваат.Значи ние обично одевме на вакви места, и тоа продолжи се додека тој почина во 1991.
Вилјам Л. Симон: колку години вие бевте заедно?
Михаел Лајтман: Од 1979 до 1991.
Вилјам Л. Симон: И тогаш, како вашиот живот се развиваше од таму?
Михаел Лајтман: Што се случи понатаму.... Дури пред тоа, во годината 1983, Јас ги напишав моите први три книги за Кабалата. Поради нив, постоеја веќе многу луѓе што знаеја за мене. И дури додека јас учев од него, Јас исто така давав лекции. Кога тој почина Јас започнав да собирам студенти.
Навечер ние обично се собиравме заедно и студиравме. Ја именував групата по него –
Бнеи Барух, синовите на Барух. Таа порасна, и денес стана многу голема група. Јас напишав десетина книги од тогаш.
Вилјам Л. Симон: Звучи како вие да сте минале многу брзо од започнувањето да студирате со него, до пишување книги за Кабалата.
Михаел Лајтман: Да, првите три книги Јас ги напишав многу брзо – три или четири години одкако започнав да студирам со него. Тоа беше, како и да е, со негова инспирација и согласност. Всушност, јас не напишав таму нешто што беше обновување или нешто што дојде од мене, но попрво материјал што постоеше во големите книги, што беше пренесен преку мене, прилагоден на едноставен начин. Само како студент кој пишува само до степенот што е во состојба да го разбере. Затоа, се' до денес, овие книги се многу популарни.
Вилјам Л. Симон: И ова беше нешто ново тогаш, да се напише ова знаење на едноставен начин?
Михаел Лајтман: Да, секако – тоа беше револуционерно.
Вилјам Л. Симон: Но вашиот учител препозна дека ова било важна работа да се направи?
Михаел Лаитман: Да, тој ми даваше поддршка; тој беше многу среќен.
Вилјам Л. Симон: Што тој виде во вас што направи да ве избере вас да го правите ова?
Михаел Лајтман: Пред се, бев многу посветен. Јас бев покрај него цело време. Јас дојдов со вистинска потреба, и не ја изгубив таа желба попатно. Тоа е вообичаено проблем. Тие кои доаѓаат во Кабалата, тие се ладат после одредено време. Нивниот редовен живот ги заробува, се прикачува на сите видови телесни желби, а јас го избегнав тоа. Тоа е тоа. Работите излегоа на тој начин, што да кажам.
Покрај тоа донесов кај него околу 40 нови студенти, млади луѓе во годината 1983-1984. Ние организиравме група, тие студираа заедно со нас. Поврзаноста помеѓу мене и Реббе беше како и да е многу специјална. Дури иако ние бевме присутни на секакви видови настани, како свадби, и церемонии, јас обично бев секогаш до него. Јас бев неговиот заменик и асистент.
Така, кога тој почина, во посмртницата објавена во ултра-правоверниот религиозен весник, тие напишаа дека големиот кабалист на нашето време починал, во рацете на неговиот верен студент, Михаел Лаитман.
Вилјам Л. Симон: Како почина вашиот личен учител? Дали вие знаевте дека вашиот учител беше близу смртта, или тоа беше одеднаш?
Михаел Лајтман: Тој се чувствуваше,беше болен многу често. Јас имав такво чувство дека нашиот свет влегува во нова ера, и дека тој дал се' што бил во можност да го пренесе. Тој не одговараше на нашите времиња. Тој не беше способен да се промени за да одговара на нашите времиња. Што се однесува до мене, Јас би можел да продолжам да пијам мудрост од него, но јас чувствував дека старата ера на големите Кабалисти беше на крајот, и дека Тој беше последниот Мохиканец.
Кога тој почина, секакви видови на промени започнаа да се случуваат во светот – големи нешта, побрзо и побрзо. Феноменот на модерните денови започна да се појавува: терор, дроги, зависност, сето тоа се интензивираше – миш-маш на денешницата.
Вилјам Л. Симон: Описот што вие го дадовте не звучи како да сте бил тажен за смртта на неговиот учител. Дали тој тоа го виде како времето што требало да дојде?
Михаел Лајтман: Не, јас не бев тажен воопшто, навистина. Кабалата ги отвара очите на човекот до поширок свет. Тој чувствува дека не постојат живот ниту смрт во телесна смисла. И нашата поврзаност со Рав на ниво на душите продолжи исто, дури и после од како почина. Тоа е исто дури и сега. Така немаше очај или било каква вистинска тага, зошто оваа личност заврши се' што можеше, неговата улога на овој свет, во целосна смисла; тој остави студенти после него. Вие можете само да му се восхитувате и да сакате да бидете како него. Освен ова, ние продолживме на истата патека, негова и на Кабалистите пред него. Јас и мојата група на луѓе одиме преку истиот процес. Телото не игра апсолутно никаква улога во ова. Ние не се однесуваме кон тоа на тој начин. Поврзаноста е духовна и останува како што била и претходно. Јас чувствував дека нова ера започнуваше, и дека јас навистина треба да бидам посериозен, поодговорен. Шест месеци после тоа, мојот татко почина. Тоа е тоа. Кога се вратив од неговиот погреб, ја оформив моја сопствена група и започнав да подучувам.
Вилјам Л. Симон: Вие рековте дека вашиот учител бил последниот од големите Кабалисти....
Михаел Лајтман: Да
Вилјам Л. Симон: Што ве натера да кажете дека линијата завршува таму. На кој начин вие не сте следниот од големите Кабалисти?
Михаел Лајтман: Напишано е во Книгата Зохар, исто така од Гаон од Вилно, и од Баал ХаСулам, дека во годината 1995 нова ера во човештвото започнува. Дека човештвото започнува да развива желба за духовното, ќе ги надмине сите земни желби, дали ние сакале или не, прецизно во ова време.
Втора работа е дека методата, што тој ја пренесувал, имала такви правоверни обвивки, што не била погодна за луѓето во овие модерни времиња, во наше време. Новата метода морала да одговара на масите, и човештвото како целина. Неговата метода била таа од претходните Кабалисти, и била наменета за индивидуалци, каде учителот пренесува на неговите студенти, како на начинот што се правел преку генерациите. Новата метода морала да биде отворена пред целиот свет, и целиот свет би требало да биде во можност да ја прими, без разлика кои би можеле тие да бидат.
Вилјам Л. Симон: Во кажувањето на приказната за вашиот живот, како дел од книга, јас сакам да знам, каква е приказната што вие ќе ја кажете, после смртта на вашиот учител.
Михаел Лајтман: Секако Јас се чувствував прилично изолиран. Бев оставен сам. Околу 12 години Јас бев покрај голем човек, и морав да започнам одново.Методата сама по себе требаше да биде обновена, и требаше да одговара на новата генерација на луѓе. Нови луѓе започнаа да доаѓаат, и научив со нив како да се развие методата што би одговарала на овие нови души. И секако, без група студенти јас не ќе бев во можност да го направам тоа.
Јас лично немам потреба да имам студенти покрај мене. Но со цел да се развие методата понатаму, и да се претстави на целиот свет, ми треба лабораторија, каде можам да ја развијам, да ја тестирам и да ја доведам до целост. Денес ние се уште ја развиваме оваа метода, од година во година, и успеваме да ја донесеме поблизу и поблизу до човештвото. Но принципот е ист: да се учи од единствени книги на вистинските Кабалисти, зошто само тие можат да кажат точно за нашата духовна состојба, и тоа е она што ние треба да го достигнеме. Кога човек ги чита овие книги, тој е привлечен кон тоа. Значи, ние само треба да му ја пренесеме нему таа внатрешна акција, дека тој треба да ја извршува за да биде духовно воздигнат.
Вилјам Л. Симон: Во почетните времиња на вашата приказна, од вашето детство во Русија, преку учењето со учителот, е прекрасна приказна, и богата и колоритна и значајна. Дали постојат случувања во вашиот живот, од тогаш, што му помагаат на читателот да разбере кој сте вие, и што вие правите, дали се и тие богати и колоритни како почетните времиња?
Михаел Лајтман: Исто како што опишав како бев покрај мојот Рабин, така моите студенти можат да ви кажат за мене, да ви помогнат да ја завршите вашата приказна.
Зошто гледам на ова од точка на гледање на секојдневна работа, со материјалот што е пред мене: дневни лекции, објавување нови книги, како ние правиме филмови, појавување пред секакви видови на медии. Ние држиме конгрес секои шест месеци, отвараме нови групи. Тоа е само дневна работа. Секако, постојат периоди кога ние се развиваме духовно, до ново ниво, и сме привилегирани да се отвараме себеси повеќе на јавноста.
Мојот живот се врти околу Кабалата. Јас имам три деца. Мојот син е дистрибутер на моите книги во Северна Америка, и тој живее во Канада.
Вилјам Л. Симон: Дали вашата жена е некоја која била студентка што сте ја сретнале преку работата во Кабалата. Јас ќе го поставам прашањето повторно – каде и како вие ја сретнавте вашата жена?
Михаел Лајтман: Ја сретнав мојата жена во Русија и таму ние се венчавме, и таму беше роден мојот син. Тој имаше две години кога ние дојдовме во Израел.
Вилјам Л. Симон; А беше ли вашата жена студентка таму? Што таа правеше?
Михаел Лајтман: Не, не! Мојата жена и јас работевме на исто место. Јас имав околу 24; таа имаше 18-19. Мојата жена разбираше дека јас секогаш трагав за одговорот на прашањето за значењето на животот. Таа го прифати тоа како моја природа, но кога го најдов Раби, и кога таа виде колку верен бев, како се посветив себеси целосно на него, таа седна и плачеше се додека успеав полека да и објаснам што најдов.
Таа е навистина предана жена и ми помага и денес, помина со мене преку сите мои потраги.
Кога ние се преселивме да живееме близу до Раби, таа му беше предадена нему исто така; таа се грижеше за него. Кога неговата жена почина, таа обично готвеше за него и се грижеше за него. Таа навистина го направи тоа со целото свое срце, и тој го почувствува тоа. Тој беше како татко за неа. Таа го изгуби нејзиниот татко во периодот на Сталин и чувствуваше, како тој да беше нејзиниот татко.
Вилјам Л. Симон: Ова беше прекрасно за мене. Овие приказни, и учењето, се како чудо. Јас сум нестрплив да работам на оваа книга, да ја кажам вашата приказна. Тоа е задоволство.
Михаел Лаитман: Благодарам.