Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Создавање нова цивилизација

Гои Мировната Фондација ви представува Создавање Нова цивилизација

    

Создавање Нова Цивилизација-Токио, ноември 2005

Уште еднаш, членовите на Советот на Светската Мудрост се собраа. На 44 спрат на токискиот облакодер се случува собир на одредени луѓе, луѓе кои се загрижени за иднината на светот. Сите луѓе се различни како што се вели секоја индивидуа е како мал свет. Но, тие кои се собраа овдека ја делат заедничката загриженост за исцелување на целата планета. На главниот настан 5000 луѓе дојдоа да дадат јавна подршка на Советот на Светската Мудрост и просторијата во токискиот облакодер едвај ги прими сите.


( Иднината е наш избор)

(Проф. Ервин Лазло, Претседател и основател на Клубот од Будимпешта и Советот на Светската Мудрост Италија/Унгарија)

Светот каков што го имаме денес не е траен и ако продолжиме без нешто да промениме ние ќе втрчаме во зголемување на кризата.

(Проф. Ашок Гангадан, Хаверфорд Колеџ)

Човештвото денес се соочува со можност за диалог, разбирање и возобнова насекаде, како глобалната криза во сите аспекти на животот и прети на нашиот опстанок во самата основа.

(Г-дин. Каташи Киучи, Јапан)

300 000 луѓе беа убиени во цунами и впчеталиво е што не настрада ниту едно животно, тие сите безбедно избегале пред природната катастрофа. Зошто тоа се случило? Како јас гледам, во нашата генерација за прв пат во нашата човечка историја го има изгубено инстинктот за преживување.

(Г-дин. Михаил Горбачов, Русија)

Денес се е поврзано со политика. И светот во кој живееме без да ги решаваме нашите проблеми политички, е многу тешко да се смени на подобро.

(Г-дин. Ангангак Либерт, Канада/Гренланд)

Ние едвај преживуваме, а сакаме да имаме убав живот.прекрасниот живот ќе дојде само ако буде стопен мразоат во човечкото срце.

(Др. Хазел Хендерсон, САД)

Ние луѓето имаме три основни средства со кои работиме: информација, материја и енергија. И се разбира од овде информациите се најважни.

(Г-дин Џејмс О'Ди, Претседател на Институтот за наука ИОНС Ирска/САД)

Секој од нас го има тој капацитет да се придвижи од ограничен и оформен вид на идентификација во многу поширока свесност. Тука нам ни треба преобразба.

( Хавзал Абола-Кастело, Нигерија)

Јас постојам затоа што вие постоите и ние заедно постоиме. И ајде за таква иднина сите да работиме заедно да изградиме чесен свет и тоа што сме ние.

( Екатарина Мосахева, Сибир/Германија)

Вие го создавате животот, вие ја создавате цивилизацијата. Од вас зависи иднината. Од вас зависи дали оваа планета ќе живее или не.

( Мадам Масами Сајонија Гои Мировна Фондација, Јапонија )

Од сега, нити една индивидуа не треба да живее на само егоистичен начин и треба да поседуваме свесност и толеранција, да живееме за другите.

(Др.Елизабет Сахторис, Развојна биологија Грција/САД)

Во вашето тело секоја молекула, секоја клетка, секој орган и целото тело имаат себичен интерес. Кога секое ниво на постоење ќе покаже интерес само за себе ќе биде принудено на преговарање меѓу нивоата.Ова е тајната на природата. Секој момент во вашето тело овие сили на изедначување го влечат вашиот систем во хармонија.

(Др. Михаел Лајтман, Претседател и основател на Ашлаг Истражувачки Институт АРИ и Бнеи Барух-Кабала образовен и истражувачки Институт, Израел)

Ако можеме да направиме, да во светот најдрагоцено нешто би било дарувањето, најценето од сите дела на човекот, тогаш луѓето ќе сакаат да даруваат, делат, бидејќи луѓето дакаат да бидат почитувани од друштвото.

(Г-дин.Адреј Китагава, Канцеларија на секретарот, Општо за деца и вооружани конфликти ОН, Хаваи)

Гласот на инспирација ни кажува, дека мудроста треба да дојде од директната врска меѓу нас и препознавање на моќта која е поголема и од нас самите.

( Г-дин. Хиро Сајани, Претседател на Гои Мировната Фондација, Јапонија)

Заедно ние сме толку прекрасни луѓе, сега е наше време да превземеме акција.

Целта беше да се охрабри јавното препоснавање на проблемот со кој се соочува човештвото. Да се издигне нивотот на свесност и се даде правец на емоциите кон создавањето на нова цивилизација. Светот повеќе не може да остане ист. Ова се однесува за секој еден од нас. Светот мора да се разбуди, ние мораме да се промениме.

Цивилизацијата која беше создадена не е веќе употреблива. Затоа минатото мора да се смени. Не е прашање дали треба да се смени или не. Прашање е како поскоро да се промени, односно мораме да се промениме или ќе станеме жртви на тоа.

Членовите на Светскиот Собир на Мудроста ќе го продолжат процесот. После Токио ќе се сретнат во Роса, а после Роса во Торонто. Каде и кога да е потребно додека да дојде времето.

(Создавање Нова Цивилизација, Токио 2005)

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica