Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зохар Конгрес 2010

 

Зохар 2010 беше тридневен конгрес кој вклучуваше лекции, семинари и вежби сврзани со книгата Зохар.

Лекции: Најкарактеристично за Зохар Конгрес 2010 беа лекциите според Зохар одржувани од Кабалистот Михаел Лајтман. 3 дневната програма вклучуваше вкупно 9 лекции во текот на час и половина. За време на активностите беа читани специјални извадоци од книгата Зохар, што директно зборуваа за промените кои секој учесник може да ги постигне, за да го напушти конгресот со нова визија за светот.

Други активности: Заедно со лекциите конгресот организира активности со цел создавање на пријателска атмосфера погодна за духовно достигнување. Исто така имаше ручеци, вечери, жива музика и културни програми.

________________________________________

Зошто Конгрес за Зохар?

Ние сме родени во овој свет без да знаеме од каде сме дошле, каде одиме, зошто живееме со семејство што не сме го избрале, одиме на училиште што не сме избрале, живееме во општество со верувања и вредности кои не сме ги избрале.

Денес се повеќе и повеќе луѓе се неспособни да ги најдат одговорите на прашањата: Зошто сме тука? Кои сме? Каде сме? Која е целта на целиот овој живот? Колку поочигледни стануваат овие прашања, толку повеќе илузорен станува одговорот и се повеќе луѓе трпат болка, празнина и пречки без да ги знаат причините.

Приближно пред 2 000 години книгата Зохар ги опишува тековните настани. Таа објаснува дека во нашата ера луѓето ќе почнат да чувствуваат нови желби кои се наоѓаат надвор од димензиите на желбите од материјалниот свет за храна, секс, семејство, богатство, почести, контрола и знаење. Новата желба што е во зародиш не ќе биде задоволена во материјалниот свет, бидејќи неговата исполнетост може да биде достигната единствено преку изнаоѓање на одговор на горните прашања. Одговорот на прашањата ќе ја открие реалноста во која живееме. Покрај тоа, за разлика од желбите на овој свет, кои нé водат кон краткотрајни наслади, новата желба ќе нé однесе кон бескрајна наслада.

Зохар пишува имено за задоволувањето на оваа нова желба. Книгата е напишана од група Кабалисти кои си го посветија животот на изнаоѓање на одговорите на прашањата за фундаментите на животот. Со решителност, внатрешна дисциплина и големи напори Кабалистите ги открија силата и законите на овој свет и ги опишаа во Зохар.

Авторите на Зохар го открија планот за созданието од неговиот почеток до неговиот крај. Тие навлегоа во системот што го управува материјалниот свет, опишаа како функционира овој систем и какви активности треба да направиме за да бидеме во хармонија со него.

Кабалистите го напишаа Зохар на јазикот на поговорките. Јазикот како да опишува различни слики, басни и историски настани поврзани со луѓе, места и времиња. Но, тоа е неправилна слика, која нашите пет сетила ни ја опишуваат. За да откриеме за што пишува Зохар ни треба учител, кој да не насочи кон суштината на текстот и на тој начин да предизвика внатрешни промени кои ќе развијат дополнително сетило за перцепција на реалноста. Преку тоа сетило ќе започнеме да го перцепираме светот опишуван од Зохар.

Зохар 2010 е тридневен конгрес кој се стреми да го развие дополнителното сетило. Никогаш до сега Кабалистите не си дозволиле да ја отворат книгата Зохар во јавноста, бидејќи никогаш немало потреба од тоа. Денес, кога прашањата поврзани со реалноста земаат се поголема сила, Зохар се открива пред светот.

Новата совршена реалност не треба да се постигне преку страдањата, кои ги трпиме денес, а може да биде откриена денес и сега. Зохар го поседува клучот за откривање на оваа реалност. Секој кој што сака да се допре до реалноста е поканет на Зохар Конгрес 2010 во Тел Авив за да почувствува длабока внатрешна промена заедно со 6 000 луѓе.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica