Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Славење на единството

 

Годинава се одржа во центарот на Изложбената градина на Тел Авив – Ганеј ха Та'аруха.Наспроти тензијата меѓу Израел и соседните земји, и растечката несигурност околу светската финансиска ситуација, рекорден број луѓе допатува на Конгресот 2009. Многумина од 6000 учесници кои пристигнаа од преку 52 земји беа гости по првпат, привлечени од сведоштвата на минати учесници.

Искуство кое го менува животот?

Секој што има дојдено на Кабала Конгрес ќе ви каже дека тоа е мошне длабоко искуство кое го менува животот. Програмата опфаќа многу темелни работилници, воздигнувачки оброци, емоционални и енергични културни вечери, забавни активности и игри за деца и возрасни, разни величествени музички и танцови изведби од учесници од цел свет, и просветлувачки кабалистички лекции со Рав Др.Михаел Лајтман.

Зимава, Меѓународниот Кабала Конгрес 2009 се одржа во најголемиот изложбен простор во Израел, во современиот амбиент на Тел Авив – најголемата метропола на Израел, и ја рашири топлината на меѓусебната грижа и почит по целиот регион. Во неколку кратки дена, монтажното село познато како „Павилјон бр. 10" стана најтоплото и најсрдечното место на Средниот Исток, или дури целиот свет.

Тоа беше настан со величествена разноликост, собир на луѓе од сите возрасти и сите занимања: славни личности, уметници, инженери, работници на патишта, танчери, канцелариски работници, студенти, музичари, инвеститори, наставници, актери, трговци, писатели, диџеи, водоинсталатери, академици, политичари, дизајнери – и уште многу други.

Не е обичен конгрес

Но Меѓународниот Кабала Конгрес беше повеќе од само тридневен спектакл. Како што ветераните на Конгресот брзо ќе ви посочат, Конгресот беше обележан со неговата посебна подготовка, фокус и намера. Целта на овој настан беше да се негува заедничката точка на човечкото единство која ги надминува сите разлики кои ги раздвојуваат луѓето – над јазиците, расите, религиите, образовните постигнувања и работните интереси.

Конгресот создаде посебен амбиент кој на учесниците им овозможи да го сфатат големиот потенцијал кој лежи во поврзувањето на луѓето. Неговата главна цел беше да се преобрати егоцентричниот пристап кој е во основата на меѓучовечките односи и е спротивен на глобалната природа на животот во 21 век. Бидејќи оваа спротивност е причината за сегашните финансиски, еколошки и образовни кризи, извртувањето на нашиот себичен пристап ќе го смени несаканиот сегашен курс на светот и ќе го придвижи накај мир и напредок.

Додека беснее глобалната финансиска криза, овој Конгрес на учесниците им даде вкус на еден подобар свет за кој сите сонуваме и практични алатки да ни помогне да ги направиме првите чекори како едно обединето човечко семејство.

За многу од учесниците, Меѓународниот Кабала Конгрес стана доживување на длабока трансформација, во кое ги пробија своите психолошки бариери кои ги двоеја од другите и открија нови начини на изразување и комуникација.

Резултатот беше слоевит настан, разигран и полн со живот, кој во исто време овозможи длабок внатрешен фокус и личен развој.

Овој Конгрес на сите им даде можност да доживеат неочекувано единство меѓу луѓето и да видат еден мини-модел на ново, подобро човештво.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica