Гордон Браон, во својот говор на конференцијата на Лабуристичката партија, прецизно ја опишува сегашната состојба во која светот се наоѓа: „колапс на банките, несолвентност, променливоста на цената на нафта, брзата технологија и востание во Азија – никој не може да се сомнева дека сме во друг свет и дека е на сила глобалното време". А глобалното време бара нов модел на делување кое ќе му прилега.
Со два збора, еве го глобалниот модел на делување: Ако ти и јас сакаме да соработуваме (работиме), во предвид мора да земеме интерес на секоја друга странка на која што оваа работење може да влијае - минерално, животинско и човечкото.Г. Браон бил во право кога кажал: „немаме видено нешто вака големо уште од индустриската револуција." Навистина, промената која сега ја живееме ќе ја понижи и индустриската револуција. Се манифестира како финансиско разложување, но вистинскиот збор е преобразба на внатрешната свесност.
Се до неодамна, кога двајца луѓе или претпријатија сакале да соработуваат, или пак кога и да се сретнувале две страни – во друштвени или професинални околности - во предвид се земани само сопствените интерси. Ако му е вредно тоа што другата страна го нуди , би го земал. При тоа, не би ни размислувал што е во интерес на другата страна. Би прифатил со сигурност дека другата страна зделката ја смета за корисна, инаку во спротивно би се откажала.
Но во глобалната ера, ова не може да помине. Еве го примерот што се случува кога сте гобализирани, ако не мислите на другите, како што напишале Чарлс Дуинг и Картер Дугерти за Њу Јорк Тајмс, 1, новембри 2008. Во својот есеј имаат објаснето како желбите на учителите од Висконзин за зголемување на нивните пензии, заедно со представниците од њујоркшите железници кои сакале да го зголемат приливот на пари, ги приморале „германските службеници да интервенираат со гаранција вредна повеќе милијарди долари како би се запрела ланчана реакција која би можела да го замрзне германскиот економски систем". Самата прикзна е многу покомплексна, ама и ова доста добро поентира.
Едноставно да се рече, повеќе не можеме да си дозволиме да мислиме само на себе си. Ако пак би било така, тоа е сигурно погрешно, и тоа Обама би требало да го земе во предвид при изготвување на своите финански стратегии.
За тоа може да се размислува на следниов начин: Ако сте едноклеточно суштество, како амеба, не треба да размислувате за ништо и за никого. Ама ако сте клетка во повеќеклеточен организам, не можете едноставно да мислите само на себе. Организмот на домаќинот ви дава се што ви е потребно за живот – кислород и хранливи материи – и вие изведувате функција која ви е доделена во оргнизмот. Ама ако тоа не го правите, веднаш ќе бидете сметани за страно тело и фагоцитите ќе ве уништат без размислување.
Ја дефинираме нашата ера како „глобален период", нормално е да кажеме „Ние сме еден организам", со сето тоа што тоа значи. Според тоа, тие кои не сакаат да се покоруваат на правилата на глобалниот период ќе бидат казнети, и тоа не од страна на судот во Хаг, туку на начин да не ќе можат да постигнат тоа што сакале да добијат, и ќе ги сносат сите последици на тој неуспех.
На пример, погледнето го примерот на Леман Брадерс (една од најголемите амерички инвестициските банки со околлу 24,000 вработени низ целиот свет, која се нашла на работ на банкротот, оп.прев.), АИГ (Амerica International Group, осигурителната фирма која исто така се нашла пред банкротот поради пропаста на Леман Брадерс оп.пр.), исландската економска криза, зголемување на руската рубља или пак примерот на службениците од подземните железници.
Иако британскиот премиер Браон не е прв кој го признава почетокот на глобалниот период-време, многу е битно што политичарите и другите влијателните поединци тоа почнале да го прифаќаат така отворено. Тоа ќе ја убрза промената на нашето размислување, а новоизбраниот председател на САД е единствена позоција процесот да се води на успешен начин.
Г20 правилно постапува кога пробува да ја совлада кризата пеку соработка, но тоа нема да биде можно ако кризата не ја гледаат како почеток на нов модел на работење, или пак нов модел на мислење. Затоа што, на крај, финансискиот систем не е тој кој е погрешен, туку целокупното човештво. Самоинтерс и желба да се скрати на другиот, наместо подршка и можност на другите да се развиваат во корист и успех на секој, е болест од која сите боледуваме.
И затоа, разбирање на заедничкиот интерес – пред самоинтересот – мора да биде наш фокус, бидејќи тоа е буквално наше осигурување. Развивањето на глобалната свест не е некој нов new age моден израз за заговарање на гушкањето на дрвјата. Тоа значи дека јас, ти, тој, таа, и сите ние заедно мораме да бидеме свесни за добробит на сите нас, и на секоја личност и на секоја работа, додека работиме или пак ги живееме своите секојдневни животи, било да е тоа чистење на домот, купување или пак пиење на кафе со пријаателите.
Со другите зборови, глобалниот модел не е друг начин да се манипулира со средствата за да исцеди повеќе профит од нив, тоа е начинот на размислување, новиот светски поглед кои е единствениот начин да може да се дојде до позитивните резултати во глобалното време. Сем преместувањето на нашиот фокус од личното кон колективното, ништо друго не треба да се менува. Не се виновни малите прекупци што фирмата Леман Брадерс колабрирала, и цената на нафта не довела до пропаст на АИГ, туку незаситна алчност за профитот врз штетата на другите. Ако ја смениме алчноста во незаситната желба за успешноста на другите, и доколку тоа го правиме заедно, нашата иднина засигурно ќе биде успешна.