Ни се чини дури дека некој намерно ни ги "плетка конците"за да не' збудали. Древната мудрост Кабала вели дека тоа и не е така далеку од вистината. Објаснувањето на кабалистите е многу едноставно, но истовремено и многу тешко да се прифати. Се што ни се случува пратено е од Виша Сила (Создател или Бог), мислите како си сакате за тоа.
И сето тоа само за да не натера да напредуваме до точката каде ќе се запрашаме "што е смислата на животот?" Ова е всушност почетокот на нашиот пат: пат кон трансформација на нашата природа за да можеме да учествуваме во свет на хармонија и мир, за кој кабалистичките мудреци зборуваат дека не очекува. Од нас се бара да прифатиме дека сите катастрофи, кои ни се случуваат,се само добронамерни дела, чија единствена цел е да ни помогнат да направиме неопходни промени внатре во самите нас. Голем број на луѓе тешко прифаќаат дека рак или друга несреќа доаѓаат со добра намера.
Овде се наидува на потешкотии во прифаќањето затоа што сме незрели во својот духовен развој. Набљудувајте го односот меѓу мало дете и родител. Детето е потполно неспособно да ја разбере намерата на родителите - не може да разбере дека иглата што е забодена во неговата рака е за негово добро. На ист начин не можеме да ги разбереме во нашата состојба, сите дејствувања на Вишата Сила која управува со нашиот свет.
Меѓутоа, ова не е наша трајна состојба. Во опишаниот пример детето ќе порасне и ќе научи за болестите. Со време ќе разбере дека инекцијата која го терала на врискање кога бил мал, навистина била дејство на љубов. Најверојатно во сличен случај ќе го доведе и своето дете на тоа "страдање". Слично на тоа, имаме можност (и одговорност) да научиме повеќе за силите кои од одгоре делуваат на нас. На тој начин ќе ја разбереме целта на страдањата во нашите животи, исто како што сега разбираме зошто детето трпело болки за време на инекцијата.
Кабалистот Јехуда Ашлаг - Баал ХаСулам - Господар на Скалата, вака го објаснува тоа:
„Оваа мудрост не е ништо друго туку следбеник на корењата, кои висат одозгора кон врските на причините и последиците, според непроменети, одредени правила, испреплетувајќи се во една возвишена цел опишана како 'Откривање на Неговото Божество на неговите суштества во овој свет'"
Овие правила се во моментов скриени од нас, но преку учење и внатрешна работа, можат да ни се разоткријат. Кабалата ја има картата или знаењето за структурата на овие скриени сили и закони кои делуваат на нас. Таа не учи како да го развиеме чувството за овие сили, и на крај како да ја откриеме нивната единствена цел –откривање на Создателот додека живееме во овој свет. Тогаш ќе го откриеме мирот кој цело време сме го барале.