Опседнати ли сте од предмети? Изгледа да. Ние сме потрошувачи, и тоа станува наш примарен идендитет. Според книгата - "Инфлуенца: севкупна епидемија", живееме за да купуваме и фрламе толку работи и трошиме повеќе пари на вреќи за ѓубре, отколку други земји за најнеипходното.
Нашата потреба за имање повеќе работи - предмети, станува како општествена заразна болест која ги погаѓа нашите души, и прети да ја уништи не самo околината, туку и нашето семејство и заедница. Понатаму како тежнееме да ги добиеме сите тие нешта, луѓето применуваат разни немилосрдни дејствувања.На пример, корпорациите применуваат прорачуната стратегија која се вика "планирана застареност", што со други зборови; "направено за ѓубре". Ваквата стратегија е очигледна кога се во прашање вреќи за ѓубре и хартиени производи, но примената на оваа стратегија денес се однесува при изработката на камери, компјутери. Технологијата всушност е така осмислена да компјутерите станат што побрзо бескорисни, дури за неколку години да станат и препрека во комунукацијата. И покрај тоа, овие корпорации сакаат потрошувачите да не изгубат доверба во нивните производи. Овде спаѓа техниката наречена "привидна застареност" чива задача е да не` убеди да ги исфрламе работите кои се и натаму совршено употребливи. Како го постигнуваат тоа? Менувајки го изгледот на предметите. Најдобар пример за ова е модата. Таа не потикнува да ги цениме луѓето според облеката која ја носат и автомобилите кои ги возат, па така ги следиме трендовите за да бидеме "ин".
Еден поглед на денешната економија ќе не увери дека дефинитивно нешто не е во ред со нашата сегашна финансиска состојба. Од стотина најголеми фирми пеесетина се корпорации. Запрепастувачко не е само тоа што водат тактика на свирепост и недоволен интегритет, туку толкувањето дека се пример за нешто кон што ние луѓето би требало да тежнееме. Силите на власт толку ни го испрале мозокот што мислиме дека секогаш мораме да бидеме во чекор (ако не и понапред) од соседите и да имаме што и тие.
Да ја погледнеме Америка: Како сме стигнале до моментот каде просечен американец троши дупло повеќе отколку пред 50 години? Според "приказна за работите" после втората светска војна, овие луѓе се обидувале да пронајдат начин да се зајакне индустријата и трговијата. Малопродажниот аналитичар Виктор Лабов го изрекол решењето кое станало нормално. Тој рекол: "Нашата енормна продуктивна економија бара од нас потрошувачката да ја направиме стил на нашиот живот, купувањето и трошењето да ги направиме ритуали, да го бараме своето духовно задоволство и задоволството на нашето его во трошењето."
Потрбно ни е да конзумираме предмети, работи, да ги уништуваме, да ги заменуваме, иотфрлуваме со се поголема брзина. Најлошото од сево ова е што оваа духовна болест мете се` пред себе, погодувајки и други нации. Луѓето се чувствуваат празни како никогаш до сега и почнуваат вистински да ја разбираат суштината на старата изрека "Со парите среќата не се купува".
Додека ние имаме се` што ќе посакаме 14 милиони американци се на илегални дроги, а 12 милиони америкаци се тешки алкохоличари. Депресии, самоубиства, разни болести не` погодуваат нас и нашите поколенија, а ние не знаеме зошто. Според мудроста Кабала, оваа криза е резултат на еволуцијата на нашата желба за примање.
Што значи тоа? Значи дека по природа, нашите животи се водени според желбите и настојувањата тие желби да се исполнат. Еден од најголемите кабалистички текстови "Книгата Зохар" споменува како токму во наше време на површината кај човештвото ќе исплива нова желба, духовна, која ќе може да се исполни со единствената метода наречена мудрост Кабала. Оваа метода ни овозможува да откриеме нов извор на исполнување - духовен свет кој се наоѓа над нашиот материјален свет.
Со проучувањето на ова древно учење, стануваме свесни за вистинските причини за потрошачката криза, како и за сите други проблеми во секој индивидуален живот и во светот воопшто. Почнуваме да разбираме дека постои закон кој управува со целата природа - законот на давање. Сите турбуленции се резултат на нашето егоистичко однесување кое е спротивно на овој закон. Низ мудроста Кабала, не само што стануваме свесни и во рамнотеже со природните закони туку ги наоѓаме и одговорите на древните прашања: "Кој е смисолот на нашиот живот?" и "Зошто никогаш не сум задоволен"?