Слобода... Во текот низ историјата бевме сведоци како држава по држава, култура по култура се вовлекуваат во поголеми борби и војни, се во името „трагање по слобода". Самата природа на човештвото, не се згрозува од ништо толку силно, како од понижувањето и угнетувањето од друга сила, која му ја ограничува личната слобода. Каде почнува таа потреба за слобода? Како стануваме слбодни, како знаеме дали сме слободни?
Самиот поим слобода имплицира дека мораме да бидеме ослободни од нешто. Така мора да постојат: „ние" и „тие" добри и лоши. И што правиме тогаш? Почнуваме да повлекуваме линии и правиме граници. Тие несомнено ја започнале теоријата за создавање замислени линии на земјата и се внатре во тие линии е мое или дел од мојата група, а се што е надвор од таа линија не е дел од мене нити од мојата група. Годините си минувале и со тек на времето имаме градови, држави и народи, сите со свои замислени граници.
Религиите се развиле и исто станале многу вешти во создавањето на граници. Граници што се темелат на верување. Ако веруваш во тоа и тоа, и дејствуваш на овој или оној начин, тогаш си во границата на нашата религија. Ако не, не си прифатен. Толку многу религии, и сите си создавале свој сопствен простор, и нити една не ја толерира другата. Постои една посебна имагинарна граница која е прифатена од поголем број нас, но ретко признаена како имагинарна. „Се што е внатре во границата на мојата кожа сум јас, а се што е надвор од неа, не сум јас." Тоа е широко прифатен концепт. Ќе се измачите да најдета на улица личност која не се се сложува со концептот. Тоа е очигледно зар не?
Многу мистични традиции ќе кажат дека тоа и не е точно, но нив ќе ги оставиме и ќе се свртиме кон модерната физика и квантната теорија. Порано во 20от век научниците беа вклучени во истражување за откривање на темелниот елемент во градбата на Космосот. Беше конструирана најмалата честичка на самиот атом, од која е се создадено. Беа уверени дека после долгогодишен развој го имаат потребниот инструмент (микроскоп над сите микроскопи), со кој ке ја видат оваа бесконечно мала честичка. Но тоа што го открија беше големо изненадување, како што ќе рече еден научник: „Тоа беше како да се разбудиш наутро и наместо раце да имаш клешти од јастог.„ А открија дека темелен градежен елемент не постои. Не постои такво нешто како што е најситна можна единица елемент на материја од која е изградена сета останата материја. Постоењето е брановидно движење на безбројни можности, испреплетени и меѓусебно поврзани. Тоа е бран на бесконечни можности кои се меѓусебе испреплетени и поврзани. Постоењето е безгранично и целосно. Граници не постојат. Атоми и молекули за кои мислиш дека се во цврста форма, како и твоето физичко тело, воопшто немаат никаква солидност, тие слободно ги мешаат своите атоми и молекули надвор од она што го нарекуваш свое тело.
Постои научно мислење наречено „ефект на пеперутка" кој вели, ако една пеперутка кивне на Марс, тоа ќе влијае и на нас овде на Земјата. Ако сево ова е вистина, зошто тоа не можеме да го почувствуваме? Изворната Кабала ни кажува дека ние тоа го чувствуваме, но не ја препознаваме поврзаноста. Сите страданија во светот, финансиска криза, разноврсни насилства, депресија и употреба на дрога е резултат на нашата борба против меѓусебната поврзаност на човечшството. Бидејќи не го разбираме законот за меѓусебната поврзаност, не ја разбираме ни последиците од кршење на тие закони. Ако скокнеме низ прозор, очекуваме дека гравитацијата ќе не повлече на тлото. Ѓи прифаќаме последиците како неизбежни. За да бидеме во состојба прецизно да ги толкуваме последиците на кршењето на тие закони мораме да го постигнеме нивото на разбирање на законот за меѓусебната поврзаност.
Повеќе илјади години Кабалата ни зборува дека постоењето е единство и дека ние сме поврзани како делови во една целина, или како органи во телото. Таа меѓусебна поврзаност е темел на законот на природата. Учењето на Кабалата е научен, методолошки пристап, кој нас не учи како да ги развиеме сетилата со кои ке ги распознаваме законите на меѓусебната поврзаност. Тогаш кога ќе ги разбереме тие закони, ќе можеме да научиме како со нивна помош да работиме за доброто на сите. Нема повеќе да се однесуваме еквивалентно на скокањето од десетти спрат, очекувајќи дека ќе одиме нагоре. Можеме да ги спречиме болните последици на нашите дела. Тогаш ќе откриеме каде навистина лежи вистината.