Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалистичко видување на моменталната светска криза

На владите во дел од светот тешко им е да ги исполнат ветувањата дадени на нивните гласачи заради високата цена на нафтата и бавниот глобален економски раст. Навистина економските услови се променети во однос на минатата година и се потешко се исполнуваат ветувањата дадени на работниците, претпријатијата, корпорациите, на локалната власт.

Имавме добар општествен раст и потоа кризата околу Азиските кредити и пукање на интернетскиот меур (поимот се однесува на време од 1998-2001 г. кога вредноста кога вредноста на интерните фирми и вредностите на недвижнините ги наведе Американските семејства да мислат дека станале многу побогати, наведувајќи ги на се поголемо трошење за куќи, автомобили и на други скапи предмети). Верувавме дека овој пат е сигурен од рецесија: Ален Гренспен, поранешениот председател на Федералните резерви на САД, ветувал дека ќе се погрижи за тоа (нема да дојде до рецесија).

Дури и сега, се крева врева околу тврдењето дека ќе биде добро; растечката потрошувачка во Кина и Индија ќе продолжи да го влече возот на Светската економија. Го пренасочивме своето обожавање кон нови идоли.

Кога тоа барем би било вистина. Но историјата не учи дека е мала веројатноста дека тоа ќе биде така. Само во последните 100 години по ред економските падови блескаат во нашиот мозок како потсетник на внимание. Да наведеме само неколку примери 1929г. 1939г. 1979г. 1989г. 1990г.во Јапонија 1998 и 2000г. Наглиот пораст редовно завршува со пропаст. А среќните времиња во солзи.

Многу работи кои уште не сме ги ставиле во своите предвидувања можат да тргнат наопаку или непредвидливо: катастрофата која ја погаѓа Кина може да резултира со инфлација и пад на производството.Растечките цени на храна во помалку развиените внатрешни региони во Кина низ цела Азија можат да предизвикаат нереди од големи размери. Недостаток на вода за пиење може да предизвика зголемена јавна потрошувачка па дури и гранични судири со цел да се добие пристап кон водата.

Секој народ мора да размислува надвор од своите граници. Степенот на меѓуповрзаност на светскиот економски и финансиски поредок, нашето потпирање на прекуморските пазари и прекуморските производни капацитети, нашата зависност од главните интернационални пазари во кои Кина многу придонесува; прави нереално верување дека можеме да се заштитиме од убрзаните порасти и падови. Ниеден интелектуален модел во стварноста не може да ги поврзе сите релевантни фактори, вклучувајќи го она што Назим Николас Талиб го нарекува "Црни Лебеди": ретки, тешко предвидливи случувања со силно влијани над сферата на нормално очекување.

Што би требало владите да превземат во таков случај? Нема што многу да се направи. На нас, на обичните граѓани,е да ги водиме тие одлуки. Ќе се бориме ли за сопственото поединечно парче торта кое се повеќе се смалува? Или ќе делуваме на друг начин?

Не е се црно во тешките времиња.Ова се времиња на личен пораст, време на заедничко поврзување пред несреќите, време на самоограничувања во корист на другите. Личноста природно се срами од премногу трошење на оскудните средства кога ќе стане јасно дека фамилијата, пријателите, соседите ќе примат помалку заради тоа. Тоа е исто така време кога вербата во иднината станува од критична важност.

Сега е потребна огромна промена кај сите народи во светот, особено во развиените земји. Бидејќи станува се појасно дека светот е меѓусебно поврзан.Треба да сфатиме дека човештвото е една обединета нација со многубројни покраини. Секоја покраина има свои вредности, потреби и аспирации. Но сите се дел од една целина. Нашата солидарност и самоограничување сега мора да се спроведат за доброто на другите вклучувајќи ги оние кои не зборуваат со ист јазик као ние.Кои не ги делат истите верувања, имаат друга боја на кожата или концепт на однесување кои живеат во земји во кои никогаш не сме биле.

Низ целата историја, постоеле народи кои се базираат на принцип дека е поважен народот отколку поединецот. Овие народи доживеале неизбежен пад од кој најголем е конечниот распад на СССР чиј принцип е втемелен на укинување на приватната своина и наметнување на институционална солидарност (oпштествена сопственост).

Мудроста Кабала ни кажува нам зошто се овие утопистички друштва осудени на пропаст. Секое од нив пробало да наметне алтруистично однесување на своите членови.Но Кабалата ни кажува дека во нашата природа делувањето е базирано на сопствениот интерес. Како последица во таквите уредувања стануваат се понезадоволни, бидејќи работат спротивно на својата природа. Неизбежно е дека некои ќе почнат да земат повеќе од другите, без разлика дали се работи за материјални добра или за моќ. Расчекорот помеѓу идеалите и стварноста со време ќе ја уништи оваа поставеност.

Според Кабалата единствен начин да се направат трајни промени во кои сите членови ќе се чувствуваат исполнети и задоволни е да ја промени сопствената природа.

Кабалата ни дава методологија според која ќе ја почуствуваме реалноста; дека сите сме една универзална душа. Кога луѓето ќе ја сфатат оваа едноставна вистина, станува јасно дека грижата за другите впрочем е исто што и грижата за самиот себе.

Нема да има потреба за присилување на луѓето да даваат и да се делат. Ова ќе биде нивна вродена природа, и друштвото ќе процвета. Кризите кои му претат на денешниот свет ќе ги снема бидејќи прекумерната потрошувачка и експлоатација и ќе станат минато. Светот ќе живее во хармонија.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica