Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Крај на Светот (каков ние го познаваме)

Можеби го препознавте името на мелодијата на групата РЕМ. Да, крај на светот каков ние го познаваме. Тоа не значи дека се` ќе исчезне во вселената, туку означува дека се ближи крајот на деновите во кои "што е мое е мое, а што е твое е исто мое".

Ваквиот однос толку е распространет во светот, особено во тн. "цивилизирани" култури, да беше само прашање на време кога таквиот однос ќе предизвика имплозија - глобална криза која денес можеме да ја видиме.

Повеќе не е прашање на избор. Природата не` присилува да ја видиме поврзаностa меѓу се` и секого на планетава. Берзата во Америка паѓа, а последиците се чувствуваат во целиот свет. Претераното рибарење во некои делови на океаните,недостаток на жито во некои делови на светот, војни во многу држави, сето ова не се ограничува само на подрачјето каде се случува, туку целото човечанство чувствува притисок од тие промени.

Некои земји се обидуваат да се "затворат" за да не бидат погодени од кризата. Пр. во Русија, милијарди долари се фрлаат да се формира Интернет gateway филтер, за да се исклучи World Wibe Web. Таков систем веќе постои во Кина и Сингапур. Државите очајнички ќе се обидуваат да собираат сретства за да ја заштитат својата економија и своите жители, а границите може да бидат затворени.

Дали овие мерки ќе успеат? Ако ја разбeрeме позадинaтa на причините на сите глобални промени, јасно е дека Природата ништо нема да ја спречи да не' форсира да живееме во еден закон, законот на алтруизам, кој е сосема спротивен на егоизмот. Оние држави и индивидуи кои се обидуваат да се изолираат од глобалната заедница, ќе допринесат само за понатамошно страдање над самите себе, како притисок за изедначување на светот. Што значи изедначување? Тоа значи дека секој дел од севкупниот организам, мора да почне да дејствува во хармонија со целото човечанство, и на крај во хармонија со Природата.

Постои една доморотска група на луѓе кои живеат на многу голема надморска висина на планината Колумбија. Се викаат Коги, ја преживеале инвазијата на шпанските конквистaдори, и избегале во висините. Живеат едноставен живот, во хармонија со својата средина без премногу контакт со останатото човештво. Се нарекуваат Стари Браќа, а останатот дел од човештвото го нарекуваат Млади Браќа. 1990. год.ја пркинале изолацијата и воспоставиле контакти со останатиот свет за да им ја пренесат опомената од уништување на земјата и нерамнотежата, кои се резултат на некритичната употрба на ресурси, загадување, и пореметување на природната рамнотежа.

И покрај тоа што биле изолирани, тие се пример дека можеле да ги почувствуваат проблемите во природата, дури и во нивните домови високо во планините. Опомената, или пораката што им ја пренеле на Младите Браќа се однесува на тоа дека постои сериозна нерамнотежа во природата, и дека целото човештво ќе ѓи трпи страшните последици од таа нерамнотежата. Тие молеле, им збореле на Младите Браќа да научат да живеат во хармонија со природата, и едни со други. Ова е дел од таа порака на Младите Браќа (на нас):

Младиот Брат мисли "Да Еве ме мене. Јас знам толку многу за светот." Но тоа знаење е учење како да се уништи светот, да се уништи се, целото човечанство.

Сведоци сме како таквото наше однесување не води до криза со која се соочуваме, и дека Природата нема да дозволи така да продолжиме. Когите го разбираат овој концепт, и молат и ние тоа да го видиме. Светот се менува и природата ќе врши притисок за да воспоставиме равнотежа.

Крај е на светот каков ние го познаваме; но понатаму рефренот тече "И јас се чувствувам добро". Навистина би трбало да се чувствуваме добро, под еден услов: Ако препознаваме дејствувања кои се дизајнирани на тој начин да не приближат кон равнотежа и искрена желба да ги сакаме другите како самите себе.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica