Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Финансиската криза - потик за промена

Некои од нас ги следат невобичаените случувања во финансиската трговија, гледаат како влијаат на трговијата со акции и само вртат со глава и се чудат. Другите пак, имаат многу повеќе лично влијание во ситуацијата. Можеби сме согледале како ни се намалува пензиската сметка и сме загрижени како да ја спасиме нашата пензија.

Можеби се нашите губитоци на берзата доволно загрижувачки за да ни носат несоница и депресија. Можеби ќе согледате како го одложувате купувањето нова куќа за која од секогаш сте сонувале или уште полошо, можеби куќата која од секогаш сте ја сакале ви ја зема банката и се прашувате каде вечерва ќе спие вашето семејство.

Има многу различни погледи на причината за падот на финансисктата трговија во Соединети Американски Држави и потенцијални последици во целиот свет. Председатели на извршни одбори и врвни менаџери сносат дел од вината. Молчејќи занемарувале добробит на својата фирма, свртувајќи внимание само на себе. Се разбира, не заработувале само тие пари. Трка за побрза заработувачка се движи од врвот кон дното. Па така и тие кои се нарекувани жртви, алчността ги прави дрчни. Многумина купувале недвижнини, бидејќи гледале дека во нив има многу пари и не сакале да бидат по страна. Алчноста владее на сите нивоа.

Како што често имамо видено во минатото, а скоро и на примерот на „Интернет балон", сите предвивувања доаѓаат до својот крај, ако ги немаат правите основи. Кога парите ќе се заработат до невидени (нереални) пропоорции, без цврста основа...се што оди нагоре, мора да падне долу. Како и во сите Пирамидални шеми*, победниците си одат, а губитниците остануваат позади, како влечечка торба. (*пирамидална шема – врста на измама во која парите собрани од подоцнежни „инвеститори" се користат за исплата на некои поранешни „инвеститори" кои на сета измама и даваат навидум легитимитет, и така привлекуваат следни  „инвесститори".При тоа ништо не произведува ниту продава, освен што се полнат џепови на иницијаторите на измамата (ТАТ). Пирамидални шеми се забранети во повеќе земји, а некои примери се познати и во нашиот регион: пирамидални продажби, финансиски инженеринг, синџир на среќа, лотарија – оп.прев.)

Во срцето на сето ова е егоизмот и неговата желба за уживање, „за мене". Живееме во култура во која се крева угледот на богатството, славата и моќта, иако доказите зборат дека тоа не носи среќа. Сите се сложуваме дека немање на пари може да донесе несреќа, но да ли може некој да ја изнесе теорија која ќе го поврзе богатството со среќата? Се што треба да направиме е да ги гледаме животите на богатите и славните и ќе видиме јад (зло) на себе си и на другите.

Кажано е дека е потребен значаен емотивен настан за да следи промена. Може ли нашата сегашна финансиска ситуација да биде окинувач за таквото случување. Можно ли е да почнуваме да согледуваме дека алчноста не е добра? Да ли е можно да започнеме со разбирање дека среќата не е поврзана со богатство? Што ако ѓи цениме и подигаме статусот на луѓе кои даваат, а ги деградираме оние кои земаат? Каков би бил светот кога повеќе би се грижеле за други од колку за самите себе?

Овој концепт е основна појдовна точка на автентичната Кабала. Дојдено е време да ја извадиме од нафталин оваа древна мудрост и да научиме да создадеме општество во кое ќе ги сакаме блиските како себе. Има доволно ресурси во нашиот свет. Има доволно за сите. Се што мораме да сториме е да се воздигнеме до состојба на давање. Навистина, подобро е да се дава отколку да се прима. Затворите ги очите за еден момент и замислете ги сите можности и потенцијали доколку сите би били усмерени да помагаме едни на други? Како би изгледал тој свет? Какво би било чувството да си дел од чудесната целина? Единство!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica