141) Сега може да се разбере значењето на зборовите, „заборави ме Мене и одржувај ги Моите закони.“ Тие протолкувале, „Јас сакам тие да ме остават Мене и да ја одржуват Мојата Тора - Светлината во неа нив ги поправа.“ (Јаерушалми, Хагига, стр 6б). Ова е збунувачки. Тие мислеле дека постат и се мачат за да го најдат откровението на Неговото Лице, како што е запишано: „Тие сакаат да се приближат кон Бога’’ (Исаија 58:2). Сепак, текстот им кажува во името на Создателот:„Јас сакам да ме оставите Мене бидејќи целата твоја работа е залудна и бескорисна. Јас не можам да бидам најден никаде освен во Тора. Затоа, одржувај ја Тора и барај ме Мене таму, и Светлината која е во неа ќе те порпави и ти ќе ме најдеш Мене,“ како што е запишано, „Оние кои ме бараат Мене ќе ме најдат Мене.“
142.) Сега ние некако можеме да ја разјасниме суштината на мудроста кабала, доволно за потпирливо воспримање во квалитетот на таа мудрост. Така, никој нема да се залажува себеси со лажни фантазии, како што предвидува толпата. Ти ќе знаеш дека Светата Тора се дели на четири распознавања, кои ја опфаќаат целата реалност. Овие распознавања се распознаени воопштата во реалност на овој свет. Тие се нарекуваат:„Свет,“ „Година,“ „Душа.“ Четвртото распознавање е спроведувањето на постоењето на Вишите три дела во реалноста, нивното негување, нивното спроведување и сите случувања кои се поврзани со нив.
143.) Надворешниот дел од реалноста, како небото и елементите, земјата и морињата, итн, кои се напишани во Тора, сите овие се нарекуваат „Свет.“ Внатрешниот дел од реалноста - човекот и ѕверовите, животните и различните птици, итн.- кои се споменуваат во Тора, и постојат во горенаведеното место, наречено „надворешен дел,“ се нарекуваат „Души.“ Еволуцијата на реалноста преку генерациите се нарекува „причина и последица.“ На пример, во еволуцијата на главните на генерацијата од Адам ха Ришон преку Јошуа и Халев, кои дошле на земјата, што е споменато во Тора, таткото се смета за „причина“ додека синот е „последица“ од него. Оваа еволуција на деталите во реалноста, по пат на причина и последица, се нарекува, „Година.“ Слично, сите реализирања на постоењето во реалноста, и обете „внатрешна и надворешна“ во секое нивно реализирање и случување, кое е споменато во Тора, се нарекуваат „постоење на реалноста.“
144) Знај дека четрите светови во мудроста кабала се именувани како: Ацилут, Брија, Јецира и Асија. Кога тие излегле надвор и еволуирале, тие произлегле еден од друг, налик на печат и отпечаток. Ова значи дека сè што е запишано во печатот неопходно се појавува во она што е отпечатено, не повеќе и не помалку, и така било и во еволуцијата на световите. Така, сите четири распознавања, СГД (Свет, Година, Душа), со сите нивни режими и одржувања кои биле во светото Ацилут, излегле, биле отпечатени, и ја манифестирале нивната слика во светот Брија. Истото важи и за светот Брија од кој настанал светот Јецира. На овој начин, изворот на бројните детали кои ги гледаме пред нашите очи е во Ацилут. Но, дури и новитетите кои се појавуваат во овој свет денес, секој новитет мора прво да се појави во Вишото, во светот Ацилут, и од таму се спушта надоле и се појавува во овој свет. Ова е значењето на зборовите на нашите мудреци: „Не постои ниту една тревка доле, која нема чувар од Вишото, кој ја удира и ѝ вели: „Расти!“ (Берешеет Раба поглавје десет). Ова е значењето на текстот, „Поединецот доле не мрда ниту со прст, пред тоа да се случи во Вишото“ (Хулин стр. 7).
145.) Знај дека заради облекувањето на Тора во трите распознавања на реалноста: „Свет,“ „Година,“ „Душа“ и нивното постоење во материјалниот свет, дошло до произлегување на забраните и нечистотиите кои се пронаоѓаат во откриената Тора. Горе е објаснето дека Создателот во неа е облечен како: „Тора и Создателот се едно,“ но во голема притаеност. Ова е затоа што овие материјални облеки се крилата кои го покриваат и го кријат Него. Но, облеката на Тора во форма на чист СГД, и нивното постоење во Вишите Светови, наречени Ацилут, Брија, Јецира, општо се нарекува „мудроста кабала.“
146.) Така, мудроста кабала и откриената Тора се едно исто. Сепак, додека човекот прима од Промислата на притаениот Лик и Создателот се крие себеси во Тора, тоа се смета за применување на откриената Тора. Со други зборови, тој е неспособен да го прими просветлувањето на Тора од Јецира, а ниту да помислиме од Над Јецира. Кога на некој му е дадено откровение на Ликот, тој започнува да се вклучува во мудроста кабала. Ова е затоа што самата облеката на откриената Тора за него била прочистена, и оваа Тора станала Тора на Јецира, наречена, „мудроста кабала.“ Дури и на некого кому му е дадена Тора од Ацилут, тоа не значи дека буквите на Тора за него се промениле. Туку, истата облека од откриената Тора за него се прочистила и станала чиста облека. Таа станала како стихот: „Твојот Учител нема повеќе да се крие, туку твоите очи ќе го видат Учителот.“ Тогаш, тие стануваат „Тој, Неговиот Живот, И Самиот Тој, се Едно.“
147) За да ја приближиме работата малку поблиску до умот ќе направиме еден пример. На пример: додека некој е во притаеност на Ликот, буквите и облеките на Тора го кријат Создателот. Така, тој не успеал, заради гревовите и грешките кои ги направил. Во тоа време, тој бил казнет со суровата облека на Тора, која е нечиста, забранета. Но, кога некој е награден со отворена Промисла и покајание од љубов, кога неговите гревови стануваат доблести, додека гревовите и грешките, со кои тој не успеал додека бил во притаеност на Ликот, сега ги отстраниле своите груби и горки облеки, и ја носат облеката на Светлината од Мицва и заслугите. Ова е затоа што истите сурови облеки се претвориле во доблести. Сега тие се како облека која се протега од Ацилут или Брија, и тие го покриваат и кријат Учителот. Напротив, „Нивните очи ќе го видат Учителот.“ Така, не постои разлика помеѓу Тора од Ацилут и Тора во овој свет, помеѓу мудроста кабала и откриената Тора. Туку, единствената разлика е во поединецот кој се вклучува во Тора. Можат двајца да ја изучуваат Тора и истите зборови во исто време, но на едниот, Тора ќе биде како мудроста кабала и Тора од Ацилут, додека за другиот, тоа ќе биде Тора од Асија.
148.) Сега ти ќе се разбере вистината од зборовите во молитвеникот на Вилна Гаон, за благословот за Тора. Тој напишал дека Тора започнува со Сод (тајна), што значи откриената Тора од Асија, која се смета за скриена, бидејќи Создателот таму е целосно скриен. Тогаш тој премунува на Ремез (укажувања), што значи дека Тој е повеќе откриен од Тора во Јецира. Конечно, поединецот се стекнува во Песхат (буквалното), што претставува Тора на Ацилут. Тоа се нарекува Песхат бидејќи е Муфшат (соголено) од сите облеки кои го сокриваат Создателот.
149.) Кога еднаш достигаме толку далеку, ние можеме да се стекнеме со некаква идеа или распознавање во четирите вида, познати во мудроста кабала по имињата, Ацилут, Брија, Јецира, Асија на Кедуша (Светоста), и во четирите светови АБЈА на Клипот, кои се спротивно наредени, спротивни АБЈА на Кедуша. Тоа ќе го разбереш во четирите распознавања од достигнувањето на Неговата Промисла, и во четирите степени на љубовта. Прво, ние ќе ги објасниме четирите светови АБЈА од Кедуша, и ќе започнеме од најдоле, од светот Асија.
150.) Ние веќе ги објаснивме првите две распознавања од Промислата на притаеност на Ликот. Треба да се зне дека и обете се сметаат за светот на Асија. Затоа во книгата „Дрвото на Животот“ е запишано, дека светот Асија е најзлобен, па дури и малото добро кое го содржи е помешано со зло и е непрепознатливо. Од гледна точка на првото притајување, следува дека тој е најлош, во однос на маките и болките кои ги чувствуваат тие кои ја имаат оваа Промисла. Но од гледна точка на двојното притајување, доброто е помешано со лошото, и доброто е целосно непрепознатливо. Првото распознавање на откровението на Ликот е светот на Јецира.“ Така, во книгата, Дрвото на Животот (порта 48, поглавје три) е запишано дека светот Јецира е половина добар и половина лош. Ова значи дека тој кој го достигнува првото распознавање на откровение на Ликот, што претставува првата форма на условна љубов, што се змета за „покајание од страв,“ се нарекува „среден“ и тој е половина недостоен, и половина достоен. Второто распознавање на љубовта е исто така условно, но нема трага од штета помеѓу нив. Третото распознавање на љубовта е првото распознавање на безусловна љубов. И двете се во светот Брија. Така е запишано во книгата, Дрвото на Живото, дека светот Брија воглавно е добар и има само малку лошо, и она малку лошо е незабележливо. Ова значи дека бидејќи средниот е награден со една Мицва, тој се става себеси на вагата на заслугата. Зарди таа причина, тој се смета „воглавно добар,“ што значи распознавање од љубов.
Тогаш, незабележливото зло во Брија доаѓа од третото распознавање на љубов, кое е безусловно. Исто така, човекот веќе се ставил себеси на вагата на заслугите, но уште не го ставил целиот свет на вагата. Така, еден мал дел во него е лошо, бидејќи оваа љубов сè уште не се смета за вечна. Но, ова малцинството е незабележливо бидејќи тој сè уште нема штета, дури ни кон други. Четвртото распознавање на љубовта, безусловната љубов, која е вечна, се смета за светот Ацилут. Ова е значењето на она што е запишано во книгата, Дрвото на Животот, дека во светот Ацилут не постои зло, и таму „злото нема да живее со тебе.“ Ова е затоа што откако некој го ставил целиот свет на вагата на заслугата тогаш љубовта е вечна, целосна и никогаш повеќе нема да има притајување. Таму е местото на целосното откровение на Неговиот Лик, како што е запишано, „ и твојот Учител повеќе нема да се крие Себеси, туку твоите очи ќе го видат Учителот.“ Сега поединецот ги знае сите спроведувања на Создателот со сите луѓе, како вистинска Промисла која се појавува од Неговото име, „Добриот што прави добро на доброто и на лошото.“