41) Во Зохар пишува: „Оние што Ме бараат ќе Ме најдат,“ и прашува: „Каде може некој да Го најде Создателот?“ Тие велат дека Создателот се наоѓа само во Тора. Исто така, во однос на стихот: „Вистина е дека Ти си Бог, Кој се крие Себеси,“ дека Создателот се крие Себеси во Светата Божественост. Ние мораме темелно да ги разбереме нивните зборови. Навидум изгледа дека Создателот е скриен само во телесни работи и ги спроведува залудните работи од овој свет, кои се надвор од Тора. Така, како може да се рече спротивното, дека Тој се крие Себеси само во Тора? Тука е исто така и општото значење, дека Создателот се крие Себеси на начин на кој мора да биде виден; зошто му е потребно ова притајување? Исто така: „Сите кои го бараат Него ќе Го најдат,“ кое го дознаваме од стихот: „ и оние кои Ме бараат ќе Ме најдат.“ Ние мораме темелно да ги разбереме овие барања и наоѓања, што тие претставуваат и зошто постојат?
42) Навистина, ние треба да знаеме дека причината за нашата голема раздалеченост од Создателот и зошто сме толку склони кон престапи, во однос на Неговата волја, е заради една причина, која станала извор за сите маќи и страдања кои ги искусуваме, и сите гревови и грешки во кои сме западнале. Јасно е дека со отстранување на оваа причина, ние веднаш ќе бидеме ослободени од сета тага и болка. Нам веднаш ќе ни биде доделено сплотеност со Него, во срце, душа и моќ. Јас ви велам дека таа основна причина не е ништо друго освен „недостаток на разбирање за Неговата Промисла над Неговите суштества.“ Ние не Го разбираме Него правилно.
43) Доколку, на пример, Создателот реализирал отворена Промисла кон Неговите суштества, секој кој јаде нешто забрането ќе се задуши на самото место, и секој кој изведува Мицва во нејзе ќе открие прекрасни задоволства, како најубавите задоволства во телесниот свет. Тогаш, која будала би размислувала да се обиде во забранета работа, знаејќи дека тој веднаш ќе го изгуби својот живот заради тоа, исто како некој кој без обзир скока во оган? Исто така, која будала нема да изведе Мицва најбрзо што може, исто како некој кој не може да се воздржи од летање или големи телесни задоволства, без да ги прими најбрзо што може? Така, ако веќе Промислата е отворена пред нас, сите луѓе во светот ќе бидат целосно праведни.
44) Така ние гледаме дека сè што ни треба во нашиот свет е отворена Промисла. Доколку би ја воспримиле отворена Промисла, сите луѓе во светот ќе бидат целосно праведни. Тие би се сплотиле со Него во целосна љубов, бидејќи би претставувао голема чест за секој од нас да Му користи и да Го сака Него, со целото свое срце и душа, и да се припои кон Него без да изгуби ниту минута. Но, бидејќи тоа не е така, Мицва во овој свет не е наградена, па оние кои ја негираат Неговата желба не се казнети пред нашите очи, туку Создателот со нив е трпелив. Но понекогаш е спротивното, како што пишува во Псалм 73, „Погледај, такви се злобните; тие лесно си го зголемуваат богатството.“ Така, не сите кои што сакаат да се спојат со Господ, можат тоа навистина да го направат. Наместо тоа, ние се сопнуваме на секој чекор по патот, сè додека, како што запишале нашите мудреци (ВаЈикра Раба, 2) во стихот, „Јас најдов еден човек, од илјада кои влегуваат во соба, и само еден од нив истапува да подучува.“ Така, разбирањето на Неговата Промисла е причината на секое добро, а недостатокот на разбирање е причината за секое зло. Произлегува дека ова е оската по која кружат сите луѓе во светот, за добро или лошо.
45) Кога поблиску го испитуваме достигнувањето на Промислата. која ја осеќаат луѓето, таму наоѓаме четири вида. Секој вид прима специфична Промисла од Создателот, и така постојат четири распознавања во достигнувањето на Промислата. Всушност, постојат само две: притаеност на ликот, и откровение на ликот, но тие се подделени во четири. Постојат две распознавања во Промислата на притајувањето на лицето, кои се „прво притајување“ и „притајување во притајувањето,“ и две распознавања во Промислата на откриеното лице: Промисла на „награда и казна,“ и „Вечна Промисла.’’
46) Стихот вели (Деутерономија 31:17), „ ...и тогаш, на тој ден, Мојот гнев ќе пламне против нив, и Јас ќе ги заборавам нив, и Јас ќе Го скријам Мојот Лик од нив, и тие ќе бидат проколнати, и кон нив ќе дојдат многу неволји и зло, за на тој ден да се запрашаат: дали овие зла дојдоа кај нас затоа што Бог не е меѓу нас? И јас на тој ден сигурно ќе Го скријам Мојот Лик, заради сето зло кое тие го направиле, и со тоа се свртеле кон други Богови.“ Ако ги разгледаме овие зборови, ќе увидиме дека на почетокот изјавува: „ ... и тогаш Мојот гнев ќе пламне... и Јас ќе го скријам Мојот Лик,“ што го означува првото притајување. Потоа, изјавува: „ ... и многу зла и неволји ќе дојдат кон нив.... и Јас сигурно ќе Го скријам Мојот Лик,“ што ја означува двојната притаеност. Ние мораме да разбереме што претставува „двојна притаеност,“ или „притајување во притаеност“.
47) Прво ние треба да разбереме што претставува значењето на „Ликот на Создателот,“ за кој писанијата велат:„ Јас ќе Го скријам Мојот лик.“ Тоа може да се смета како поединец кој го гледа лицето на пријателот и веднаш го познава. Но, кога тој го гледа одзади, не е сигурен за неговиот индентитет. Тој може да се посомнева, „можеби тоа е некој друг а не мојот пријател?“ Таква е и работата која е пред нас: сите знаат и чувствуваат дека Создателот е добар и дека Неговото управување е Добро, кое прави добро. Така кога Создателот великодушно дава на Неговите суштества, тоа се смета дека Неговиот Лик е откриен пред Неговите суштества. Тогаш сите го познваат и чувствуваат, бидејќи Тој се однесува во сооднос со Неговот Име, како што видовме погоре во однос на Отворената Промисла.
48) Сепак, кога Тој се однесува со Неговите суштества спротивно од гореспоменатото, што значи кога тие страдаат и се измачувани во Неговиот свет - тоа се смета за надворешност на Создателот. Неговиот Лик, односно Неговата особина на добрина, е целосно сокриен од нив, бидејќи тоа не е управување кое одговара со Неговото Име. Тоа е како кога некој го гледа својот пријател одзади, па се сомнева и помислува: „Можеби е некој друг?“ Писанијата велат: „ ...тогаш Мојот гнев ќе пламне.... и Јас ќе Го скријам Мојот Лик.“ За време на гневот, кога луѓето страдаат во свите страданија и болки, тоа означува дека Создателот Го крие Своето Лице, кое претставува неговата крајна добронамерност, и откриена е само Неговата надворешност. Во таа состојба, потребно е големо зајакнување во вербата во Него, за да не чува од грешни мисли, бидејќи многу е тешко да го познаваме Него одзади. Ова се нарекува „прво притајување.’’
49) Но, кога маките и страдањата се собирааат до голем степен, тоа предизвикува двојно притајување, кое книгата го именува како „притајување во притајувањето.“ Тоа значи дека не се гледа ниту Неговата надворешност, што значи дека тие не веруваат дека Создателот е гневен на нив и ги казнува, туку тоа му го препишуваат на случајноста и ја негираат Неговата Промисла со награда и казна. Ова е значењето на стихот: „ и Јас со сигурност ќе Го скријам Мојот Лик.... тие се свртени кон други богови,“ т.е, тие станале еретици и се свртеле кон идолопоклонство.
50) Но, пред тоа, кога писанијата говорат само од гледна точка на некој кој е во притајување, текстот завршува, „на тој ден тие ќе прашаат: дали ова зло доаѓа до нас затоа што Бог не е меѓу нас?’’ Тоа значи дека тие сè уште веруваат во Промислата на казна и награда, и велат дека страдањата и маките дошле до нив заради тоа што не се припоиле кон Создателот, како што е запипшано: „овие зла дошле кон нас затоа што Бог не е помеѓу нас.“ Ова се смета дека тие го гледаат Создателот, но само одзади. Заради таа причина тоа се нарекува „прво притајување,“ – притајување само на ликот.