Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Откриена кабала“ 14

               


                                    Откровение и сокривање

Здраво и добредојдовте во Откриена кабала. Јас сум Тони Козинек.

Веќе неколкупати слушнавте како зборуваме за скалата на искачување од нашите сегашни перцепции, ограничени перцепции на стварноста, нагоре по сите 125 нивоа, додека човек не достигне истоветност на обликот со Создателот. Не можеме да го објасниме секој еден од тие чекори, но важно е општо да се знае на каде се стреми човек, каде треба да одиме, од што се состои всушност тоа достигнување.

Баал ХаСулам, во својот „Вовед во проучувањето на на Десетте Сефирот“ (сфери), покрива голем број многу важни, суштински информации. Една од работите за кои зборува е состојбите низ кои човек може да биде сигурен дека ќе пројде во текот на достигнувањето на оваа повисока перцепција. Тој го дели ова на пет состојби, а во тие пет состојби има уште многу нивоа, и тоа ги објаснува тие 125 за кои се зборува во скалата.

Да погледнеме што може човек да очекува да доживее, и со тоа ќе можеме да видиме и нешто во врска со еден многу важен елемент во изучувањето на кабалата, а тоа е зошто кабалистите учат во група, каде тоа постои на патот, зошто е таму и како ни помага да ги достигнеме состојбите кои се тука опишани. Тука се изнесени во овој графикон (Тони покажува на графикон со следната содржина: ( двојно сокривање, единечно сокривање / поправка, прво откровение, второ откровение.)

Ова се состојбите низ кои поминуваме на нашиот пат назад кон изворот на нашата душа. Во физичкиот свет гледаме дека постојат две главни состојби: двојно сокривање, а кога ќе поминеме низ тоа, единечно сокривање. На крајот од таа состојба се наоѓа бариерата меѓу физичкиот и духовниот свет, а првата состојба во која влегуваме во духовниот свет е состојбата на поправката. Ќе ви ги објаснам овие состојби. Откако ќе поминеме низ тоа, го наоѓаме првото откровение – високо ниво на контакт со природата на Создателот – и потоа конечно второто откровение – завршетокот на патот и достигнување на истоветност на обликот со Создателот. Да погледнеме од што се состои двојното сокривање. Баал ХаСулам вака го опишува:

Двојното сокривање е сокривање во сокривањето. Во таа состојба човек не ја чувствува спротивната страна на Создателот; не може да види дека нешто воопшто доаѓа од Него. Чувствува дека Создателот го напуштил, дека сосема го запоставува, страдањето го припишува на судбината и слепата природа. Збунет од ставот од Создателот кон него, ја губи вербата. Тука не зборуваме за некој кој не е на патот. Ова не е состојбата на светот воопшто, или на масите за кои стварноста на Создателот не постои во нив како нешто навистина опипливо или нешто што ги мотивира.

Ова е за човек кој е во своевидна несвесна состојба во однос на таа желба, но сепак гледа дека неговиот живот и животна насока стануваат организирани од желба навистина да сфати зошто му се случуваат работи како што му се случуваат. Така, чувствува дека постои Создател но и дека е напуштен – тоа е веќе некаков однос и зачеток на желба. Затоа го викаме „почетокот на патот." И тој вели дека овој „губи верба."

Баал ХаСулам опишува какво е интуитивното доживување кај човека. Кога се моли заради неговите несреќи и врши добри дела, но не добива одговор. Откако ќе престане да се моли наеднаш добива одговор. Значи, се труди да оствари однос со Создателот, но тој е заснован врз неговото збунето сфаќање. Тој се придвижува накај Создателот. „Откако ќе престане да се моли, наеднаш добива одговор."

Значи, во неговата прва постапка, според неговото сфаќање, ништо, Создателот го нема, „ме напуштил." Кога ќе престане, се чувствува удобно во својата желба за примање. Добива одговор. Со други зборови, страдањето што го добил е некако ублажено со тоа што се исполнува со себе-задоволување. Тогаш вели: Кога човек почнува да верува во Божественото Провидение и си ги поправа постапките, безмилосно е турнат наназад. Како што напредува на патот, одговорот што човек чувствува дека го добива одозгора е целосно отфрлање, значи, губење верба. Но, тоа е сила која е упатена кон човекот кој сака да биде на патот но вака го чувствува тоа и... Како што престанува да верува и почнува со злодела, среќата му се насмевнува и чувствува мир. Парите ги стекнува на нечесен начин.

Со други зборови, кога ќе почне со такви сомнежи, гледа наоколу и гледа „да, знаеш, физичкиот свет и мојот тип на благосостојба... тоа е тоа што ми треба, таму лежи моето задоволство." И му се чини дека луѓето кои се стремат кон Создателот се сиромашни, болни, презрени, нецивилизирани, глупави лицемери. Зошто? Бидејќи во неговиот Кли, во неговото чувство, тие се чукнати. Неговото искуство само што им кажало дека не постои ништо таму горе; тоа не е стварност, тоа се соништа, да бидеме реални... Тие што не го бараат Создателот се чини дека се напредни, здрави, смирени, паметни, љубезни, пријателски настроени и полни со самодоверба. Тој гледа дека луѓето кои не го следат овој пат што тој го следел, имаат добар живот; ги гледа како среќни, и тоа се основите на неговата стварност.

Тоа прво ниво се вика „двојно сокривање" бидејќи има повеќе аспекти на скриеноста на Создателот од човекот, работите што се случуваат во неговиот живот, желбата да се сретне со Создателот, и фактот дека е турнат наназад и не може да го почувствува Создателот, дали Создателот е авторот на тоа, бидејќи тој човек станува збунет и верува дека изворот на тие проблеми се луѓето околу него, тој самиот, општеството, сето тоа. А и не разбира зошто тоа се случува.

Значи, Создателот е скриен од него во неговото чувство со два паравани, во извесна смисла, два вела. Тоа е период во кој човек се реинкарнира. Сè што се случува, се случува на физичко ниво, и сиот негов развој е несвесен развој, иако се труди да тргне по патот. Кога човек проаѓа низ тоа и конечно ќе помине низ тие стадиуми и ќе стигне до точка кај што почнува да согледува нешто друго, т.е. Вишата Сила како го влече низ овој процес, и преку несвесна еволуција и физички инкарнации; во инкарнација каде сега ќе почне да работи со метод кој ќе му овозможи навистина да влезе во духовноста и да тргне еден од веловите. Баал ХаСулам вака ја опишува оваа состојба, наречена „единечно сокривање":

Создателот е скриен, т.е. Тој се појавува не како апсолутно љубезен, туку како оној што носи страдање. Со други зборови, човек е сигурен дека Создателот е авторот на сè што се случува во животот, но единственото што може да го почувствува од Создателот во врска со својот пат е дека Тој му носи недостиг, и она што го нарекува „страдање." Така, тој не ја разбира намерата на Создателот, иако стварноста на владеењето на Создателот му е јасна. Човекот како да ја гледа спротивната страна на Создателот, бидејќи од Него добива само страдање. Тој сепак верува дека сè што му доаѓа е со некаква причина, дека Создателот така му прави за да го казни за неговите злодела, или да го доведе до доброта.

Така, тој ја зајакнува својата верба во надзорот на Создателот. Тој не знае – дали ова ми доаѓа да ме унапреди или да ме казни заради моите недостатоци, моите гревови? Таму лежи збунетоста. Тој не го разбира ставот на Создателот во работите што се случуваат. Интуитивниот опис, како се формира стварноста на човекот, е дека... Тој е сиромав, болен и презрен од луѓето. Вознемирен е и се чини дека ништо во животот не му е како што треба. Сега гледа дека неговата ситуација не е толку добра како онаа на луѓето околу него, т.е. како што ги гледал луѓето во двојното сокривање – дека постојано гледа дека нешто му недостига, мисли дека не се однесува кон луѓето на ист начин, ништо не оди како што треба бидејќи неговата примарна желба да се поврзе со Создателот е многу збунета.

(Тони цра) Еве, ова ќе го видите кога луѓето веќе не можат да ги задоволат првите пет желби, што се случува несвесно во двојното сокривање. Тогаш се појавува точката во срцето, и тогаш човек ја открива кабалата. Т.е. открива дека постои метод да се оствари директна врска со Создателот и да се разбере Создателот. И така, стануваат изложени, се чини, можеби онака случајно, ќе го пуштат телевизорот и ќе гледаат програма за кабалата и нивната точка во срцето почнува да пулсира, или ќе отидат на предавање, или ќе купат книга од книжара и ќе ја добијат таа информација, дека навистина е можно и почнуваат да учат метод.

Тоа се вика период на подготовка, бидејќи за тоа време, човек прави свесни внатрешни промени. Почнува да се развива, користејќи ја и мапата на стварноста, т.е. книгите, и правилниот метод кој доаѓа кога имате учител кој е во духовноста, кабалист кој е веќе во духовниот свет и може да го води човека, велејќи му:, „малку налево, малку надесно, така треба, вака треба да се користат книгите."

Има уште еден елемент, многу, многу важен елемент кој човек мора да го има за навистина да делува методот. Но за тоа ќе ви кажам подоцна, откако прво ќе видите што има на остатокот од мапава бидејќи ќе видите зошто мора да биде така. Кога човек навистина ќе го доврши овој метод на подготовка и ќе ја пробие бариерата кон духовниот свет, влегува во состојба наречена „состојба на корекција." Тоа е кога човек ја губи збунетоста во врска со тоа дали има директно чувство за Создателот или не, и почнува да работи на поправање на желбите, тоа значи, желбите 613,620 (Мицвот) стануваат поправени преку чувството на директна врска со Создателот, каде човек почнува да ги чувствува резултатите на сопствениот став и разликата на неговиот став кон Создателот во реципроцитет, и ги поправа желбите – 613,620 – додека не се наредат според желбата или намерата што за нив ја има Создателот.

Тука нема такво знаење и валидност какво што има во првото и второто сокривање. Тука, во двојното и единечното сокривање го имаме она што го доживуваме како слободна волја. Слободна е само во тоа што сме збунети и делуваме како да нема ништо таму.

(Тони црата) Тука, после бариерата, почнува вистинската работа во кабалата, после периодот на подготовка, директно со чувството за Создателот во однос со Него.

Штом човек ја премине бариерата и почне да работи на поправката на желбите, она што навистина го прави е тоа дека, сега откако ја завршил подготовката почнува да работи на правилен начин со книгите, т.е. на разоткриен начин. Всушност оваа фаза ги опфаќа и фазата на поправката и првото откровение на Создателот, во кое провидението на Создателот му се открива лично на човека. Баал ХаСулам ја опишува оваа транзиција:

Иако во скриена состојба, вербата на човек во владеењето на светот од страна на Создателот зајакнува. Тоа го води до книгите од кои ја разбира Светлината на поправката и добива разбирање како да ја зајакне својата верба во владеењето на Создателот. Кога неговиот напор да верува во провидението на Создателот, ќе порасне доволно за да и дозволи на Светлината на поправката да влијае врз него, тој станува спремен за Создателот да владее со него во состојба на откровение. Создателот им се открива Себеси на сите свои создадени суштества како „Добриот и Љубезниот" во согласност со нивните желби.

Со други зборови, човек почнува да чувствува не она што го чувствувал како слободна волја преку своето его, туку како резултат на својата желба да се поврзе со Создателот, го чувствува истото што и намерите на Создателот. Тоа му е разоткриено за тој јаз кој го викаме „слободна волја" да се отстрани и да се доживее како исполнување, а не како предизвик.

Тој вака го опишува, во суштина: Човек ја чувствува добрината на Создателот, мир, постојано задоволство, заработува доволно пари без напор, не знае за неволји и болести; почитуван е и успешен. Посакува нешто, ќе се помоли и тоа веднаш го добива од Создателот. Колку повеќе добри дела врши, поуспешен станува, и обратно, колку помалку ги врши, помалку е успешен. Што сака да каже со ова?

Сè што гледа му е задоволство. Тој веќе не замислува дека постои нешто надвор од стварноста. Не копнее по нешто однадвор; му станува разоткриено одвнатре. Го гледа во себе провидението на Создателот; разбира и дека тој е авторот на тоа, и зошто сè се случило – она што тука се случува е дека човек функционира над времето и просторот, така што сè што се случило пред таа точка се менува. Тој не ја гледа само иднината, туку и сето негово минато се поправа. Тоа значи, разбира сè што се случило во несвесното ниво, во двојното сокривање, и пред тоа, сите работи што му се случиле, сите тие настани за кои чувствувал дека се празни или лоши, кога Создателот, или луѓето го измачувале.

Сето ова исчезнува од него и тој точно сфаќа зошто ова му се случило, и може тоа да го почувствува во директен однос. Кога ќе заврши со тоа, има уште еден стадиум, уште попрефинето и повозвишено ниво на второто откровение на Создателот. Тоа значи, не само што го чувствува провидението на Создателот над себе, го чувствува спрема сите суштества; го има сосема истиот став; гледа точно она што го гледа Создателот, го сака тоа што го сака Создателот, го чувствува тоа што Тој го чувствува и може да види како тоа влијае врз целокупната стварност.

Тоа се изразува со: „Сакај го својот ближен како себеси." Со доживување на „Сакај го својот ближен како себеси," тој вел е отстранет, и човекот го достигнува она: „Сакај го својот Создател." Тоа е многу важно бидејќи тоа е целта. Штом го видиме ова, можеме да сфатиме што му треба на човек во подготовниот стадиум. Тука, за да го достигне тој стадиум, мора да почне да развива метод кој има врска со тој стадиум, состојбата на „Сакај го својот ближен како себеси", состојба во која сè е поврзано и функционира само заради исполнување на целината. Тоа не е возможно само со читање книги, или директно прифаќање на упатствата од кабалист кој е воздигнат во духовноста.

Тука човек го прави тој премин и создава точка на вистинска слободна волја со создавање на својата околина – им треба група, им треба да си изградат околина, која ќе им дозволи да ја симулираат таа конечна состојба и да сфатат дека книгите и учителот и настаните на животот треба да се мерат во внатрешноста на она што го викаме игра или симулација.

Кабалистите заедно учат во група, со многу, многу јасно дефинирани цели. Ова е целта – спојување со Создателот и „Сакај го својот ближен како себеси".

Но ако човек се труди да го постигне тој однос со Создателот и сè живо без да го има правилното опкружување, тоа станува подвижна цел. Нашиот егоизам секогаш ќе се поигра со нас, бидејќи во однос на Создателот, како навистина ќе знаеме до каде сме со Него? Како ќе знаеме какви се Неговите одговори кога сме во овој стадиум на сокриеност?

Ако сакаме да излеземе од скриеноста, Неговиот вистински став кон нас мора да биде откриен. И така, кабалистите учат заедно и работат заедно во група, за да можат да ги научат контролните системи на она што сакаат да го достигнат.

Исто како кога обучувате пилот. Го ставате во симулатор. Што има во симулаторот? Тоа е кутија! Знаете, има екран кој ви дава некакви слики и претставува се што може да се случи кога летате со авион. Бидејќи кога некој е нов пилот, нема да го ставите во 747 и да му кажете „ајде, пробај, види што ќе се случи." Не. Ќе го ставите во ситуација каде ќе се случуваат одредени настани, каде ќе научи кои се контролите, како да мисли, како да реагира. Иако е само во кутија со еден куп електронски контроли и слики што светкаат пред него, кога ќе излезе оттаму, тој навистина ќе знае како да реагира во кризна ситуација, како да слета на некое место во Грција, иако никогаш не бил таму, бидејќи го правел тоа во симулатор.

Групата обезбедува точка на која човек веднаш добива повратни информации, бидејќи сите што работат во групата учат само за да стигнат до одредена цел. Најлошото нешто што може да му се случи на човек е да ги добие тие работи в раце и потоа да не може да сфати што е вистинската цел. Без да можете самите да се тестирате наспроти нешто кое навистина ќе ви покаже каде сте во врска со вашата љубов кон вашиот пријател и во однос на самата цел, кое нема да ви дозволи други работи да ви го одвлекуваат вниманието. Тоа е совршено опкружување за развивање на таа една желба.

Проблемот е што кога човек ќе почне со таквата работа, доаѓа со многу мала желба за духовност. Има многу физички желби и малечка желба за Создателот. Но кога ќе соберете група луѓе чија желба е за Создателот, тогаш таа инспирација го исполнува човека. Тогаш тие луѓе не излегуваат само со нивната желба, туку со желбите на сите нив заедно.

„Сакај го својот ближен како себеси" има големо значење и за свесноста и за нејзиниот ефект врз светот. Човек достигнува љубов кон Создателот бидејќи сите ние сме една душа. Значи, влегувањето во духовноста не може да се постигне како поединец, бидејќи свесноста за нашата меѓусебна поврзаност е влезница за духовниот свет.

Со работење со сите тие елементи – книгите, вистинскиот Рав (учител), и вистинската околина, која имаме слобода да ја создадеме за себе – преку тоа кабалистите можат да влезат во духовниот свет.

Придружете ни се пак како што напредуваме се понатаму на нашето патување.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica