10 митови за кабалата
Мит # 1: Кабала е религија.
Факт: Кабала е наука - физика на целокупната реалност. Тоа е мудрост која ја открива целокупната реалност што е вообичаено скриено од нашите сетила.
Мит # 2: Кабала е поврзана со црвен конец и света вода.
Факт: Не постои никаква врска. Црвениот конец, светата вода и други производи се профитабилен и комерцијален пронајдок создадени во изминатите две децении.
Мит # 3: Кабала е резервирана за малцинство на лица и само на мажи над 40 години им е дозволено да ја изучуваат.
Факт: Во текот на прогонот кабала беше изучувана од страна на неколку избрани поединци. Меѓутоа, уште од времето на Ари (16 век), таа е достапна за сите.
Мит # 4: Кабала се занимава со магија.
Факт: Кабала не се занимава со магија или со било кое друго волшебство, туку се занимава со прагматично истражување на реалноста.
Мит # 5: Кабала е секта.
Факт: Кабала е мудрост и наука отворена за секој човек, без било какви ограничувања.
Мит # 6: Кабала е поврзана со "New age" и е тренд - минлив феномен.
Факт: Кабала е најстара мудрост на човештвото. Нејзините почетоци се од пред околу 5.000 години.
Мит # 7: Кабала е поврзана со тарот карти, астрологија и нумерологија.
Факт: Тарот карти, астрологија и нумерологија, во нивните мистични искуства, биле погрешно поврзани со кабалата.
Мит # 8: Постоење амајлии во кабала.
Факт: Во нашиот свет, не постојат никакви физички објекти што носат било каква духовна содржина. Амајлиите можат на човек да му помогнат, само како психолошка поддршка.
Мит # 9: Кабала вклучува медитација.
Факт: Кабала не вклучува медитација. Медитација е уште еден елемент кој беше поврзан со зборот "Кабала" среде нејзината конфузија во последните неколку векови од не-кaбалистите.
Мит # 10: Треба да се изучува Талмуд и Тора пред да се пристапи на Кабала.
Факт: Без кабалата не може да се сфати духовното значење на овие текстови, и човек е заглавен мислејќи дека тие се однесуваат на физички случувања и активности