Има едно прашање што постојано си го поставуваме во нашиот живот, која е смислата на нашето престојување во овој свет. На тоа прашање одговорот го дава кабалата.
Сите знаат што е ефектот на пеперутка. Ако пеперутката замавне со своите крилја на едно место, тогаш на друго место, оддалечено илјадници километри сигурно се чувствува резултатот. Ние сме како запчаници, зависни еден од друг, без разлика дали сакаме или не. Нашиот проблем е во тоа што ние не сакаме да се вртиме заедно со сите. Сите сакаат да се независни.
Целта на создавањето е во тоа дека на крајот целата оваа човечка пирамида, дури и малите со неразвиена желба, со неразвиени квалитети, ќе се издигнат до врвот и сите ќе бидеме како еден човек со едно срце, еднакви.
Mислата на Создавањето, која е да се создаде суштество и да се исполни со неогранично задоволство, е движечка сила на нашата еволуција. Ние бевме создадени само за една цел: да достигнеме совршена и вечна состојба
Ние ги примаме духовните желби директно од Горе. За да ги почувствуваме, нам ни е потребно специјално сетило наречено “Екран”. Што побрзо човекот го добие ова сетило, тој почнува да чувствува задоволство преку него