Што е дневна лекција по кабала?
Илјадници години, кабалистите студирале на дневна основа за нивниот и духовниот напредок на човештвото. Продолжувајќи ја оваа традиција во денешниот глобално поврзан свет, Бнеи Барух-Институт за истражување и изучување кабала, дневно изучува од автентични кабалистички извори, со коментари од Др. Михаел Лајтман.
Лекциите се емитуваат во живо на Kабала ТВ, од 02:00 до 05:00 македонско време, Од Недела до Петок, и се на располагање за превземање од Kабала Медиа Архива. Десетици илјади архивирани лекции, како и лекции во живо, се нудат бесплатно.
За кого е дневната лекција?
Иако дневната лекција е отворена за сите, најповеќе одговара на луѓе кои имаат вовед во мудроста на кабалата (како студирање на Бнеи Барух-Институт за истражување и изучување кабала), и кои ја достигнале одлуката дека тие би сакале да ја користат мудроста на кабалата како средство за духовен напредок.
Ако човекот е нов во оваа мудрост, се препорачува тие прво да земат воведен курс во Образовниот Центар (запишете се овде за бесплатен курс). Постои правило во мудроста на кабалата кое вели „човековата душа ќе го научи човека", што значи дека човекот ќе ја следи човековата желба до местото каде чувствува дека е исправно за неа.
Состав на дневна лекција
Секоја лекција започнува се читање од автентични кабалистички извори. Тогаш, да се разјасни материјалот и да се направи повеќе да одговара како средство за духовен напредок на студентите, д-р. Лајтман дава коментари на овие извори. Следејќи ги коментарите, студентите и гледачите на Кабала ТВ поставуваат прашања поврзани со предметот на лекцијата, кои д-р. Лајтман ги одговара. Петочните лекции се наменети за почетници.
Четири Делови на дневна лекција
1. Првиот дел - 01:45 до 02:45 македонско време
Подготвителниот период започнува со снимен аудио извадок од Рабаш (Рабин Барух Ашлаг, учител на Др. Лајтман , сега починат). Д-р. Лајтман дава коментари на извадокот, прилагодувајќи го на сегашната генерална внатрешна состојба на студентите. Прашања и одговори ги следат коментарите на Др. Лајтман. Почетната порција на дневната лекција има намера да го припреми приодот на студентите кон лекцијата, така што сите студенти и гледачи целат заедно и се фокусирани на истиот предмет претставен во подготвувачкиот сегмент.
2. Вториот дел на лекцијата: Студирање на написите и писмата за внатрешна духовна работа - 02:45 до 03:30 македонско време
Примери на вакви написи се: Шамати ( Слушнав), и Игрот (Писма) од Баал ХаСулам , како и Славеј ХаСулам (Стапалки на Скалата) написи од Рабаш. Овој материјал е погоден за луѓе кои се во подготвителна фаза на нивниот духовен напредок, кои одат преку внатрешните состојби кои овој материјал ги опишува, и така гледаат како материјалот зборува за нивните внатрешни состојби. Материјалот и коментарите даваат објаснувања и совети за тоа како човек може да го користи материјалот да ги студира сопствените внатрешни состојби , со цел да напредува преку нив мудро.
3. Третиот дел од лекцијата: Студија за составот на творбата - 03:30 до 04:15 македонско време
Овој материјал е на јазикот на Кабалата, и бара предуслов разбирање на целта од оваа област на студии. Без разбирање на целта, човек ќе се изгуби во секакви видови на наизглед апстрактни поими и концепти, и нема да пожнее од студиите духовна корист. Студирањето текстови вклучува Tалмуд Есер Сефирот (Студија за Десетте Сефироти), и нивните воведи. (Препорачливо е да се студира една или повеќе од изборите за студирање во делот "За Почетници".За тоа се наменети петочните лекции.
4. Четвртиот дел од лекцијата: Написи за основните принципи на духовниот развој- 4:15 до 05:00 македонско време.
Овие написи биле напишани од Баал ХаСулам со цел базирање и водење на личноста правилно на духовната патека. Написите ја одредуваат методата на Кабалата, ја издвојуваат од обичните концепти-заблуди, и дава Кабалистички дефиниции на поими и концепти, да се изгради основно разбирање на овие принципи.
Песни помеѓу вториот и третиот дел на лекцијата, и на заклучокот на дневната лекција ја обновуваат енергијата кај студентите и ја зајакнуваат нивната заедничка поврзаност.
Прецизни траења на лекциите се менуваат според лебдењето на коментарите на лекцијата и прашањата и одговорите.
Целта на дневната лекција
Дневните лекции, исто како сите автентични студии по кабала, се наменети да му дозволат на човекот, и на сите кои имаат желба, да ја откријат комплетната слика на природата, постигнат светски мир, вечен живот, и неизмерно исполнување, сето тоа додека живеат во овој свет.
Напредувајќи кон оваа цел, на најбрза возможна стапка, и со највисока свесност за себеси и човековата околина во процесот, се прави преку постојано привлекување на Опкружувачката Светлина (Ор Макиф).
Најсилните средства на располагање денес за привлекување на Опкружувачката Светлина, на дневна основа, е преку дневните лекции. Ова е затоа што, во лекцијата, трите средства потребни за духовен напредок се среќаваат на исто место, и во исто време. Тоа се:
1. Автентични кабалистички извори, напишани брзо со намера да се дозволи на личноста да ја привлече Опкружувачката Светлина за нив;
2. Учител – образован кабалист кој поминал преку значајни стапки на духовната патека и може да ги води студентите преку нив;
3. Група – светска мрежа на луѓе кои се разбудени до духовната патека, и кои студираат симултано на различни јазици од различни делови на светот (се мисли на Светски Kli, светски „садl" за достигнување на духовноста.
Така, човек кој се припрема себеси за дневната лекција, со намера за привлекување на Опкружувачката Светлина, прима единствено осветлување што ја напредува неговата-или нејзината духовност. Баал ХаСулам пишувал за ова во делот 155 од неговиот „Вовед во Студијата наДесетте Сефироти":
„Поради ова ние мораме да прашаме, зошто тогаш кабалистите ја обврзуваат секоја личност да ја учи мудроста. Навистина, постои голема работа во тоа, вредно да се биде објавено: Постои прекрасна, бесценет лек за оние што се вклучуваат во мудроста на кабалата. Иако тие не разбираат што учат, преку копнежот и големата желба да разберат што учат, тие ги будат кон себеси Светлините што ги опкружуваат нивните души.
Ова значи дека на секоја личност од Израел е гарантирано крајно да ги достигне сите прекрасни достигнувања, кои што Создателот ги одразил во „Мислата на Создавањето“ да го задоволи секое суштество. И оној кој не бил награден во овој живот ќе му биде дозволено во идниот живот, итн., сè додека човекот не е награден со комплетирање на Неговата Мисла, што Тој ја планирал за него.
И додека човекот не достигне перфекција, Светлините што се предодредени да го достигнат се сметаат за Опкружувачки Светлини. Тоа значи дека тие стојат спремни за него, но чекаат на него да ги прочисти своите садови на прием, и тогаш овие Светлини ќе ги облечат способните садови.
Според тоа, дури кога тој нема садови, кога се вклучува во оваа мудрост, спомнувајќи ги имињата на Светлината и садовите поврзани со неговата душа, тие веднаш засветлуваат пред него во одреден продолжеток. Како и да е, тие светат за него без да ја облечат внатрешноста на неговата душа, за среќа на способните садови да ги примат.
Сепак, осветлувањето што човекот го прима, од време на време за време на вклучувањето, привлекува на него милост од Горе, делејќи му изобилство на светост и чистота, што го носи многу поблизу до постигнување на совршенство."