Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дневна страница

Дневната страница е колекција од извадоци земени од дневните кабала лекции со Др.Михаел Лајтман и Бнеи Барух, кои можете да ги следите во живо на Каб. Тв од 02:00-05:00, Недела до Петок. Петочните лекции се наменети воглавно за почетници. Истите можете бесплатно да ги симнете од Архива.

Неограничен пристап до компјутерот на Создателот

tochka o 186693539Ние не ги контролираме и не можеме да управуваме со системите кои функционираат во нашето тело. Но ние сакаме нашите мисли и желби да бидат слични на Создателот. Тогаш сѐ ќе биде во ред. Ние секогаш работиме само со сили, тие нѐ опкружуваат во нашиот живот од сите страни. А Создателот е само општа сила која управува со сѐ и сето тоа го активира.Нема ништо освен Вишата сила.
Повеќе...
 

Отсечи го крајот на своето срце

freiheit1Трите најтешки, најегоистички желби човекот мора да ги отфрли и да не си дозволува да ги користи, како што е речено: „Отсечете го крајот на своето срце“, т.е. своите желби. Бидејќи нашите најегоистички желби ние ќе можеме да ги искористиме само после конечната поправка.
Повеќе...
 

Живо сеќавање (решимо) во човекот

buch der bcherЗадача на човекот е постојано да се прилепува до Вишото управување, до работата на Создателот, над себеси. Создателот со својот однос го пробудува материјалот. Затоа на сите нивоа на желбата за насладување: неживото, растителното, животинското и човечкото се разбудуваат решимот, информациски гени, кои го развиваат целото создание продвижувајќи го кон поправката, кон посакуваната состојба, кон однапред одредената цел – целосно спојување на целото создание со Создателот, изворот на Вишото управување.
Повеќе...
 

Единството на народот е почеток на единството на човештвото

c1Науката кабала зборува за комплексниот, за единствениот Систем и за неговата закономерност. Тој Систем е Природата, Божественоста. Во него функционира законот на Светлината и садот со сите производи. Во однос на нас тој Систем веќе одамна се оформил. Ние последни произлеговме од него и треба да учиме како да го користиме за да се доведеме себеси во првично дадената совршена состојба – целта на создавањето.
Повеќе...
 

Да се ослободиме од илузијата

glavaДа речеме сега јас постојам во тело и преку него го чувствувам својот живот. Ако покрај тоа, преку работа над себе, јас се доведувам до состојба кога почнувам да чувствувам дополнителни чувства на живот: во нови особини, нови желби, нови односи, на повисоко ниво, на особините на давање, поврзаноста со другите – тогаш овие особини не се однесуваат на мојата исконска желба (желба, а не тело). И затоа јас само се реализирам себеси на следното ниво градејќи од себе суштество од повисок ред.
Повеќе...
 

Од „Тајните на Вечната Книга“

shutterstock 19978858Мракот е олицетворение на сѐ негативно што ние го доживуваме во животот: отсуство на убеденост, страв, скржавост, гордост, презир. Тогаш со која цел Создателот го создал мракот како нешто најсурово, нечисто, спротивно на Него? Токму со цел да ја постигнеме Светлината. Ние, суштествата, можеме да определуваме сѐ само преку контраст. Создателот е само тотална Светлина.
Повеќе...
 

Толку различни патишта од Вавилон

entendimientoЦелата заедничка душа се разделила на два дела: Галгалта – Ејнаим (Г“Е) и АХАП. Желбите што припаѓаат на Г"Е ги добиле искрите на давање за време на разбивањето и затоа тежнеат кон Создателот. Живеејќи во овој свет тие прашуваат за смислата на овој живот, за нејзината цел, за целта на нашето постоење овде. Тие прашања не се произлезени од едноставна прагматична корист, туку од внатрешниот инстинктивен стремеж да се открие Создателот, Изворот на нивниот живот.
Повеќе...
 

Спојка меѓу двете бесконечности

perceptionПостои Светлина на Бесконечноста и садот на светот на Бесконечноста, кој е целото човештво. Меѓу нив поминува цевка со вентил – тоа сме ние. Колку посилно се соединуваме, толку повеќе го отвораме вентилот, и тогаш поток од Вишата Светлина тече низ нас во целата бесконечна желба, во целото човештво. Затоа сè зависи од собранието на Израел, од соединувањето на оние луѓе во кои се разбудиле решимот кои ги тераат да се стремат кон Создателот и да бараат со Него посебна поврзаност. А од друга страна тие можат да бидат поврзани со сè поголемата желба на целото човештво.
Повеќе...
 

Не смееме да дозволиме кабалата повторно да се прикрие

shutterstock 32561977Во текот на целата наша историја ние напредувавме благодарение на својот егоистички развој. Тој започнал пред 14 милијарди години од Биг Бенг, после кој почнала да се развива неживата материја. Потоа на површината на Земјата се појавиле растенија, животни и само во денешно време, во 21 век ние го достигнуваме човечкото скалило.
Повеќе...
 

Да се молиш значи да го молиш своето срце да се запали

DNAПостои Создател – единствена Виша Сила, добра, која прави добро, и закон за сличност на особините со Него, кој ја одредува целата скала на нивоата – закон, кој не смее да се прекрши. А сите наши барања, целата наша работа, зависи од нас. Колку ќе се активираме со нашиот правилен стремеж – толку Светлина ќе добиеме. Тоа е постојан непресушен извор, во кој ништо не се менува. Сè зависи само од нашата сличност со Светлината. И затоа ние не велиме дека Вишата Светлина поправа.
Повеќе...
 

Дали можеме да научиме да ја гледаме иднината

adamАко постои прашање, незадоволена желба, потреба за гледање на иднината, тогаш изгледа сме способни да најдеме одговор на него. Во историјата дури имало луѓе кои можеле да ја претскажуваат иднината. Интересно е дека иднината веќе постои! Прашање е само дали ние ќе можеме да се поврземе со неа? Ако се развиваме со помош на програмата, содржана во природата, тогаш по сè изгледа можеме да ја откриеме, прочитаме, сфатиме, почувствуваме.
Повеќе...
 

„Точка на спојување“ на душите

wesen1Сите религии, верувања, сите проблеми и војни се фокусирани на ова прашање: да се соединиме или не. Дадено ни е средство кое овозможвува да достигнеме соединување и да го спасиме светот од сите проблеми, од целата омраза. Бидејќи штом почеме да се соединуваме, целата природа станува поврзана, целото неживо, растително и животинско ниво. Волкот и јагнето мирно ќе живеат во хармонија и ќе го слушаат малото момче, како што е запишано кај пророците. Сè зависи само од нашата желба да достигнеме соединување.
Повеќе...
 

Да се промениш себеси, а не светот

warОбично првата реакција на човекот, на случувањата во светот, е желбата сè да промени, да се преправи светот, да се прекројат границите, да се зацврсти економијата. Таквата природна реакција на нашиот егоизам, односно на самите нас, се манифестира сè додека наеднаш не осознаеме дека сето тоа се глупости! Каде сте виделе промената на една формација со друга да помогне да се подобри ситуацијата? На крајот, напротив, станува полошо.
 

Повеќејазично единство на Зохар

shutterstock 53724565Човештвото многу помина, пред да открие дека постои Книгата Зохар, наменета да му помогне, и дека веќе е неопходна.  Исто и на поединецот му треба многу време за внатрешен развој за да пристапи кон оваа книга. Тој доаѓа во науката кабала, учи според различни изворници, и дури потоа открива, дека Книгата Зохар содржи за него голема сила, неспоредлива моќ, невидени можности, придружени со ново објаснување, ново чувство и разум.Зохар е книга, во која има сè.
Повеќе...
 

Каде се наоѓа вратата?

WissenschaftВо нашиот свет може да се види затворена врата, кога ќе ја отвориме, ќе видиме отвор, и ќе влеземе во друга соба, односно во нова состојба. Но во духовниот свет не е така. Таму отворот, вратата, влезот и човекот се соединуваат во една целина. Бидејќи сè се наоѓа внатре во мене, и во моментот кога се менувам, јас речиси веднаш ја пронаоѓам вратата. Таа врата веднаш исчезнува и се претвора во отвор, отворајќи го влезот за мене. Јас не го гледам сето тоа однадвор.
Повеќе...
 

Потреба за Создателот и Негово постигнување

c free 14035912Ние ѝ даваме различни имиња на Вишата Сила. Виша не според висината во нашиот свет, туку по нејзиното возвишување по квалитет над сите наши сили. Таа е неспоредливо помоќна, таа е нивниот исконски Корен, и затоа таа е Виша. Нејзините називи произлегуваат од начините, на кои таа се манифестира во однос на нас и како ние ја чувствуваме. Всушност, тие називи претставуваат сефирот. Бидејќи ние – желбата за примање – ја чувствуваме Вишата Светлина согласно со тоа, како таа свети во желбата. Самиот збор „сефира“ значи – „светлечки“ (сапир). Сефира Кетер е извор на Светлината, а подолу следуваат другите сефирот, другите имиња. Меѓу тие имиња ние издвојуваме неколку.
Повеќе...
 

Внимавајте на дозирањето!

naturСуштеството пак престојува надвор од Создателот и има сопствена реалност – сопствен разум и чувство, различни од Него. Кога не би постоела таа разлика, суштеството би престојувало во Создателот, „апсорбирано“ од Светлината. Но тоа е поинакво, и таа разлика се создава со оддалечувањето. Оддалечување во духовното е токму скривањето. Кај нас оддалеченоста и затајувањето се одредуваат со растојанието, а таму слојот сам нè „одвојува“ на различни страни. Значи, суштеството се разликува со разумот и чувството, се разликува по особините, на кои им недостига сличност со Создателот.
Повеќе...
 

Дали може да се излезе од прогонството?

die kabbalaПогрешниот пат на крајот нè доведува до ќорсокак, нè доведува до осознавање на злото. Сеедно ќе мораме да го откриеме – но пожелно е тоа да го направиме преку изучување на науката кабала, предизвикувајќи ја Светлината, која враќа кон Изворот, и откривајќи го злото внатрешно, благовремено, пред тоа да се манифестира на материјалното ниво. Така ние можеме да напредуваме слично на мудрецот, кој гледа напред. И тогаш, според степенот на откривањето на злото, ние можеме да излеземе од него, но тука пред нас има голем проблем.
Повеќе...
 

Нема излез – нема влез

kabmuse previewНашиот егоизам сака да се наслади, и целта е да се добие максимално насладување, и според количината и според квалитетот. Тогаш што ни пречи да ја реализираме таа цел? Пречат средствата, со чија помош се достигнува тоа максимално насладување. Затоа што насладувањето може да се прими само во неограничени садови, а таков не може да биде садот за примање. Садот за примање е ограничен со предопределбата, и прима само во степен на неговата големина.
Повеќе...
 

Бегство од персонифицирана реалност

wirklichkeitНие се насладуваме колку што можеме, стремејќи се да примиме сè повеќе и повеќе. Мерата на насладување се нарекува мера на животот, животната сила на организмот. Ние ја воспримаме реалноста толку, колку сме способни да ја почувствуваме со нашите пет сетилни органи. И затоа таа реалност е многу субјективна, „персонифицирана“.  
Повеќе...
 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica