Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Верзија на Рав Хија 2

Книга Зохар, Верзија на Рав Хија Точ.55-56

Книгата Зохар ја напишал Рав Шимон и група од десетина негови ученици, кои се наоѓале на високо ниво на духовното единство. Затоа во Зохар не се зборува само за духовните дејствија и особини, туку и за тесните заеднички врски меѓу душите. За да се почувствува и утврди таа заедничка врска, Зохар треба да се изучува во група со пријатели – едномисленици.

Нашиот внатрешен однос, на еден кон друг, може да се спореди со односите во екипажот на бродот кој влегол во голема бура. Сите членови на екипажот, кои се наоѓаат на палубата се држат еден за друг, да не се одделат и изгубат во брановите. И во тој момент ако некој ја испушти раката на пријателот и се грижи да се дофати за рачката на бродот, во истиот миг го отфтлаат во отвореното море. Така и при изучувањето на книгата Зохар ние треба да се држиме заедно со силите на општата мисла, за да се поминат сите препреки на патот кон духовното единство.

Точ. 55. „Тој ангел Матат (силата која управува со собирањето на душите) се колнел и заколнал дека од зад завесата (екранот) слушал како Создателот жали и секој ден се потсетува за Малхут - душате кои падналево прав (скршени, паднати во себичноста). Во тоа време, кога Тој си споменувал за неа (за скршените души кои што треба повторно да се соединат, Тој се удира во 390 неба и сите тие се стресуваат од страв пред Него. А Создателот рони солзи за Малхут, кој паднал во правта. Тие солзи, кои паѓаат како оган, паѓаат во големото море (Светлината Хохма – Светлина на мудроста).
Точ. 56. Силата на тие солзи го оживува оној кој што владее со морето, со име Рахав (ангел/сила, која управува со Светлината на мудроста и треба да ги исполни душите) и го благословува светото име (особината на давање) Создател и се обврзува да ги голтне сите (да ги земе сите души, да ги поправи и да ги соедини) уште од првиот ден созданијата и да ги собере сите заедно во себе, кога сите народи ќе се соберат против светиот народ и водата ќе се исуши и ќе остане само Израел (душите кои се стремат кон Создателот) по сушата.


Во врска со тоа, колку ние ќе се соединиме меѓу себе, толку Светлината Хохма, Светлината на животот ќе не` исполни нас кога ќе достигнеме таква состојба - кога ќе го исушиме морето, т.е. кога ќе ја собереме целата Светлина на животот и појдеме напред, кон сушата и кон саканиот брег – кон светот на Бесконечноста.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели