Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Лаитман - резиме - Книгата Зохар

Со кого сте вие партнер?

Книга Зихар, Точ.61-66

Глава "Со кој сте вие партнер? "

Резиме

Создателот го создал созданието, за да го доведе до состојба еднаква на Себе – состојбата на хармонија, вечност и совршенство.

Меѓу Создателот и созданието постои особен "блок на врски", кој се состои од Зеир Анпина (ЗА) и Малхут светот на Ацилут. ЗА за светот на Ацилут – е претставник на Создателот, а за Малхут светот на Ацилут – е претставник на созданието. Созданието – тоа е душата, која како последица на поправувањето и соединувањето меѓу себе, се разбираат и се вклучуваат во Малхут. Затоа Малхут светот на Ацилут се нарекува "собирање на душите".

Соединувањето меѓу ЗА (својството на давање) и Малхут (својството за примање) се наркеува зивуг, соединување. Таквото соединување е можно само при совпаѓање на својствата на двата објекта. Природата на созданието – е примањето и единственото што тоа може да го направи е да ја промени намерата за да прима не поради себе, туку поради насладувањето на Создателот. Тогаш созданието ќе биде еквивалентно на давањето и ЗА со суштината на Малхут е последица на сличните својства.

Сè што чувствуваме во нашиот свет, произлегува од соединувањето на Создателот и созданието. Минималниот контакт меѓу ЗА и Малхут доведува кај нас мала искра на светлина (нэр дакúк), која ни дава чувство на постоење и нè поддржува целиот живот.

Освен тоа, светењето на ЗА во човекот буди чувство на недостаток за исполнување, насладување, спознание на сите нивоа на развиток. Тоа во нас предизвикува стремеж кон нешто ново, неразбирливо, неизведено, кое лежи во пределите на тој свет. Така Вишиот свет, дејствувајќи на Малхут, ги превлекува кон себе душите во особини на партнери, поканувајќи ги на станат вредни партнери на Создателот.

 

Верзија на Рав Хија 2

Книга Зохар, Верзија на Рав Хија Точ.55-56

Книгата Зохар ја напишал Рав Шимон и група од десетина негови ученици, кои се наоѓале на високо ниво на духовното единство. Затоа во Зохар не се зборува само за духовните дејствија и особини, туку и за тесните заеднички врски меѓу душите. За да се почувствува и утврди таа заедничка врска, Зохар треба да се изучува во група со пријатели – едномисленици.

Нашиот внатрешен однос, на еден кон друг, може да се спореди со односите во екипажот на бродот кој влегол во голема бура. Сите членови на екипажот, кои се наоѓаат на палубата се држат еден за друг, да не се одделат и изгубат во брановите. И во тој момент ако некој ја испушти раката на пријателот и се грижи да се дофати за рачката на бродот, во истиот миг го отфтлаат во отвореното море. Така и при изучувањето на книгата Зохар ние треба да се држиме заедно со силите на општата мисла, за да се поминат сите препреки на патот кон духовното единство.

Точ. 55. „Тој ангел Матат (силата која управува со собирањето на душите) се колнел и заколнал дека од зад завесата (екранот) слушал како Создателот жали и секој ден се потсетува за Малхут - душате кои падналево прав (скршени, паднати во себичноста). Во тоа време, кога Тој си споменувал за неа (за скршените души кои што треба повторно да се соединат, Тој се удира во 390 неба и сите тие се стресуваат од страв пред Него. А Создателот рони солзи за Малхут, кој паднал во правта. Тие солзи, кои паѓаат како оган, паѓаат во големото море (Светлината Хохма – Светлина на мудроста).
Точ. 56. Силата на тие солзи го оживува оној кој што владее со морето, со име Рахав (ангел/сила, која управува со Светлината на мудроста и треба да ги исполни душите) и го благословува светото име (особината на давање) Создател и се обврзува да ги голтне сите (да ги земе сите души, да ги поправи и да ги соедини) уште од првиот ден созданијата и да ги собере сите заедно во себе, кога сите народи ќе се соберат против светиот народ и водата ќе се исуши и ќе остане само Израел (душите кои се стремат кон Создателот) по сушата.


Во врска со тоа, колку ние ќе се соединиме меѓу себе, толку Светлината Хохма, Светлината на животот ќе не` исполни нас кога ќе достигнеме таква состојба - кога ќе го исушиме морето, т.е. кога ќе ја собереме целата Светлина на животот и појдеме напред, кон сушата и кон саканиот брег – кон светот на Бесконечноста.

 

Верзија на Рав Хија


Книга Зохар, Точ.49-50

Книгата Зохар зборува само за внатрешниот свет на човекот, доколку внатре во нас нема ништо освен Вишата светлина. Соодветно или несоодветно на нашите чувства, светлината во човекот предизвикува секакви слики на внатрешната состојба, кои ние ги нарекуваме "тој свет". Во реалноста, светот е чувството на нашето "Јас" во однос на светлината. Читајќи го Зохарот, ние треба да посакуваме да ја опишиме реалноста и силите.

49.Се распостели рав Хија (душата која сака да го достигне Создателот) на земјата и ја бакнуваше – влегол во духовен контакт со таа желба и почнал да ја испитува. Заплакал (се понижил, "плачот" – тоа е мала состојба) и рекол: "Земски праву (најниската желба), колку би бил тврд и бесчувствивтелен (себичен), доколку би те проголтал. Сите столбови на светлината, сите големи души се впиени во тебе". – Таквите чувства ги испитува човекот, испитувајќи ја големата себичност од малите состојби.

"Најголемата светлина на целиот свет, која свети и управува со соодветниот наш свет, благодарение на оној поради кој постои нашиот свет – рав Шимон, светлината на сите светови (највисоката душа, која го води светот, која нè качува по степените на духовниот свет) – исто така е впиена во тебе. И ти владееш со светот? "

Но се освести во моментот (ја откри новата состојба, после тоа откако ја испита длабочината на својата желба) и рече: "Не биди горд земски прав, нема да има светлина во светот што ќе се предаде на тебе и Рав Шимон не е впиен во тебе! (откинување и одбивање на испитувањето на себичните желби, без оглед на нивната длабочина и сила) ".

Станал Рав Хија (висока состојба, целосен Парцуф), почнал да оди (појавување на духовно движење) и плаче (отсуство на крајното разбирање на тоа што му предстои).

50.Се соедини со Рав Јоси (соединување на друга душа).

Постел (состојба на скратување) 40 дена (достигнување на нивото Бина – давање), за да го виде рав Шимон (да го открие највисокиот степен). Му било одговорено дека тоа е исто така недостојно да го види него (да го открие следниот степен во светлината Хохма – во погледите).

Заплакал (ја понижил својата себичност уште повеќе) и постел уште 40 дена (поправување на новото себично ниво). Тогаш му предвиделе: Рав Шимон и неговиот син, Рав Елазар, го осудуваат него, Рав Хија, зборови кажани на нив од Рав Јоси и илјадници го прислушуваат нивното осудување. – Два ниски духовни степени - "Рав Хија" и "Рав Јоси" – се обединуваат меѓу себе за да го достигнат највисокиот степен – Рав Шимон и Рав Елазар (од хебрејски – помош). И тој Виш степен им помогнал да се обединат и да го достигнат новото ниво.

 

Кој го создал ова

Книга Зохар, Точ.7

Резиме

Книгата Зохар раскажува за нашата душа: во каков обем постои, што влијае на неа, како таа постепено се менува под дејствувањето на силите, наречени Атик, Арих Анпин, ЗОН и.т.н.

Ние не знаеме што е тоа, не разбираме каде сега се наоѓаме во однос на тие сили. Меѓутоа, грижејќи се да почувствуваме и да се пронајдеме меѓу нив, сè будиме и го привлекуваме кон себе Вишата поправена светлина – лекарството, кое под дејствие на впечатоците и чувствата ја формира нашата душа.

Од метафорите и алегоричните фрази треба да го видиме процесот на нашето поправување и стапување во духовниот свет.

7."Подигнете ги очите и видете, Кој го Создал Ова. Каде да ги подигнете очите? Кон тоа место, од кое се зависни очите на сите. А Кој е Тој? Тој, кој ги отвара очите, Малхут, главата на Арих Анпин. И таму ќе видите дека е скриен Атик и во него – одговорот на прашањето, Кој го Создал Ова ".

Подигнете ги очите – започнете да ја сакате светлината на давањето, од состојбата на примањето, во која што се наоѓате.

На тоа место – местото од кое произлегува светлината, која ги открива тајните на светот.

Кој е Тој што ги отвора очите – светлината, во која можеме да го видеме Создателот и себе си во однос на Него.

Кој го создал тоа – ивриш "Ми Бара Еле".

Ми (Кој) – од една страна, тоа е прашање кое ние го поставуваме, кога сакаме да дознаеме која Виша особина се наоѓа во пределите на нашиот свет и посакуваме да го достигнеме него и да се исполниме со него. Од друга страна, Ми – тоа се две сфери на врвот: Кетер и Хохма, кои го создале Еле (Тоа) – трите ниски сфери: Бина, ЗА и Малхут.

Со други зборови, Кетер и Хохма – тоа е замислата на создаденото/мислата, а Бина, ЗА и Малхут – реализирање на замислата на создаденото/дејствие. Секој пат кога во нас никнува духовно прашање/желбата, ние го воздигнуваме преку системот на Еле, која се обраќа кон Ми. Оттука таа ја добива светлината на поправувањето и и ја предава на таа душа, која ја разбудила. Така се јавува подемот на желбите за многу степенскиот систем на светови.

 

Пупките на цветовите

Зохар-Точ.4-6

4. Рав Шимон открил (светлина): во "Песна на песните" е речено: "Пупките на цветовите се покажаа на земјата ". "Пупките " – тоа е дејствие на почетокот на создавањето. "Се покажаа на земјата " – во третиот ден на создавањето, кака било речено во Тората: "На земјата да никне зелена трева" (средна линија, која предизвикува растење, доколку стои меѓу збирот на левата и десната линија – желбата и светлината).

Понатаму во "Песна на песните" е кажано: "Времето за пеење настана" – тоа е четвртиот ден од создавањето, времето на законот (органичување, за да се даде можност на растењето неопходно е да се ограничи растот на желбите во мера на нивно исправување).

Понатаму во "Песна на песните" е кажано: "Гласот на гугутката се слуша" – тоа е петтиот ден од создавањето, за кој во Тората е кажано: "Да паѓаат води" – да се создаде потомство (духовно исправување на нарушените желби).

А зборот "се слуша" – ни зборува за 6 ден на создавањето, за кој во Тората е кажано: "Да го направиме човекот", кој во иднина предварително ќе дејствува со цел за давање и љубов, по принципот "ќе направиме и ќе слушаме", т.е. ќе биде подготвен да ги исполни дејствијата (учење од кабалистичките извори, обединување), кое доведува до состојба на давање (слухот – особина на бина давањето, а гледањето - особина на Хохма, примањето).

Потоа во "Песна на песните" е кажано: "Во земјата наша" – тоа е Сабота, која како страна на животот е следниот свет (земјата ја означува желбата наша – исправување со намера за давање – и во тој случај се добива исправена состојба, наречена Сабота).

5. Пупките – тоа се прататковци, кои ги положиле желбите воведени во своето исправување, во вишиот разум и во слендиот свет, во Бина и се скриени таму. Тие се јавуваат во скриен вид во вистинските пророци. Се родил Јосеф – се скрил во него. Влегол Јосеф во светата земја (исправените желби на душата), тие се покажале и се откриле (на него како виш свет). Кога тие се откриваат? – Кога се гледа виножитото. Тоа е време на уништување на сите грешници на земјата (крајното поправување на сите себични желби). Затоа пупките можат да се покажат од земјата. А ако се покажеа порано (ако вишиот свет се отворил до исправувањето на желбите), не би можеле да останеме во светот и светот не би можел да постои (ќе се разрушел доколку светот дошол во контакт со себичноста, слично на кратки електрични спојувања).
6. Кој го оживува светот и го предизвикува откривањето на прататковците (првосоздадените желби)? – Тоа е гласот на детето (откривајќи ги поради поправување на поранешните скриени желби), кое ја изучува Тората (методата на исправување). Благодарение на тие деца (ново пројавените желби, решени) постои светот (откривање на Создателот луѓе – души). Затоа во "Песна на песните" е речено: "Подвезици златни ќе ти направам" (светлината Хохма, златото ќе ги исполни новите поправени желби). Тоа дете, пупката на светот, како што е кажано во Тората (методата на испавувањето): "Направи два крува златни" ("крув" од зборот "каров", "лакрив" – доближување на човекот до Создателот, искористувајќи ги двата крува, двете линии, десната и левата, а Создателот зборува – се открива во особината на давањето, помеѓу нив во средната линија.

Глава "Садниците на цветовите" Резиме

Во првите два дена од создавањето биле создани небото, земјата и водата. "Земјата" и "водата" – тоа се две спротивставени сили: примање и давање, соединети, кое го дава почетокот на растително ниво, како што е кажано: "Пупките на цветовите се покажаа на земјата".

"Земјата" – тоа е желбата (ארץ од רצון – добивање).

"Пупките" – тоа е почетокот на дејствувањето на создаденото, кога како последица на растењето на себичноста од растителното ниво никнува животинското.

"Гласот на гугутката се слуша" – развиток на следното, највисокото ниво доколку зборот "се слуша" се однесува на нивото "човек".

Така на спротивставеноста на двете сили, двете линии се развива созданието.

Седмиот ден на создавањето – Сабота или Шабат (од хебрејски – престанување) е олицотворение на венецот на духовната работа. После долгите и тешки сили го завршуваме своето исправување, стануваме слични со особините на Создателот и доаѓаме до состојба наречена "Шабат " или "страна на животот".

"Прататкото" и "пророците" – тоа се духовни нивоа. "Јосеф" (од хебрејски - собира) – ниво Јесод, на кое ги собираме сите особини, формирани на степените "прататко" и "пророци" и доаѓаме до состојба "египетско прогонување", т.е. прогонување од духовниот свет.

Во сегашноста светот ја минува таа етапа – задлабочување во длабоката себичност, рассеаност, безизлезност, неразбирање за излез од создадената положба.

"Влегол Јосеф во светата земја" – тоа значи дека после долги години на прогонство и блудничење во пустината и ние на крај влегуваме во земјата Израел (хебрејски – директно кон Создателот). "Светата земја" – тие себични желби, поправени со примање на давањето.

"Времето на пеење – е време на уништување на сите грешници."Сите желби, кои се спротивни на Создателот, се поправуваат на давањето и грешниците преминуваат во праведници.

 

Роза

Вовед во Зохарот-Роза
Точ..1-3

1.Во Тората е речено: Во почетокот ЕЛОКИМ ГИ СОЗДАЛ НЕБОТО, ПА ЗЕМЈАТА И ЗЕМЈАТА БИЛА ПУСТА И НЕСРЕДЕНА И ТЕМНИНАТА, НАД ПОВРШИНАТА БЕЗДНИ И ДУХОТ ЕЛОКИМ одел на површината на водата и кажал: "Нека има светлина".

Рав Хизкија открил (патот на светлината): Во "Песна на песните" е речено: "Како роза помеѓу Трње". Роза – тоа се собрание, насочени кон Создателот, душите. Како што розата може да биде црвена и бела, така е и во душите насочени кон Создателот и има својсто на садот (црвен) и милосрдие (бел). Како што розата има 13 ливчиња така и душата се состои од 13 опкружувачки видови на милосрдие.

Во Тората е речено: "На почетокот Елоким создаде" – Елоким (името на Создателот) на почетокот создал 13 зборови (особини на милосрдието) за заштита (од себичните особини) на душите кои се стремат кон Него.

Тие 13 особини на милосрдието ги означуваат зборовите, кои се наоѓаат во првата реченица на Тората, помеѓу зборовите ЕЛОКИМ: НЕБОТО И ЗЕМЈАТА, И ЗЕМЈАТА БИЛА ПУСТА И НЕСРЕДЕНА И ТЕМНИНА, НАД ПОВРШИНАТА БЕЗДНИ И ДУХОТ.

2.Втор пат името на Елоким во Тората се споменува како "Елоким парит" – за да се појават 5 тврди листови, кои ќе ја опкружуваат розата, наречени "Пет капии за спасување". Тие се како пехар на благословеното. Пехарот за време на благословувањето треба да се наоѓа на пет прсти, како што розата стои на 5 тврди листови. И розата како пехар на благословеното, од вториот збор ЕЛОКИМ до третиот збор ЕЛОКИМ, меѓу кои има пет зборови: ЛЕБДИ, НАД, ПОВРШИНА, ВОДА, И РЕЧЕ – е соодветно на петте листови.

Понатаму во Тората е кажано: "И Создателот рече: Нека има светлина " – таа светлина е создадена, но скриена, вклучена е во сојуз со душите, влегла во розата и и' дала семе.

3.Како што сојузот се расплодува на 42 растенија (единства) созданијата и Создателот од тоа семе, така и тајното име на Создателот ги полни и осеменува сите 42 букви на почетното дејствување на созданието.

Книгата Зохар е напишан на јазикот на алегоријата. Таа е назначена за тоа, за да ги развие внатрешните чувства на духовното разбирање. Чувствената врска на сликите, опишано во книгата Зохар ни го открива Вишиот свет.

Глава "Роза" Резиме

"Роза" – тоа е Малхут, собраните души на Израел. "Трње" – препреките и истовремено и заштита на духовниот пат.

Кога луѓето се стремат да бидат слични со Создателот, се собираат заедно, во нивното општество никнуваат "трнчиња", кои од една страна ги заштитуваат од надоврешни влијанија,а од друга страна создаваат препреки на духовниот пат. За да се премине преку "трњето", човекот треба да вложи максимални сили. И тогаш треба да одолее на сите препреки и да ги соедини со останатите души и паѓа под заштита на тие "трње".

"13 ливчиња на розата" – тоа се 13 особини на мислосрдието, кое ги опкружува и поддржува душите, ги обединува и ги подготвува кон подем во духовниот свет.

"Елоким" – името на Создателот, кој во однос на душите вклучува две особини: милосрдие и ограничување, што е соодветно на десната и левата линија. Тие души ги преминуваат сите препреки и паѓаат во Вишиот свет, особината на ограниченоста се претвора во особината на милосрдие.

"Пет цврсти ливчиња ја опкружуваат розата" – се нарекуваат "спасение" или "врата на спасението". "Пет ливчиња" – тоа се пет особини, кои ни дозволуваат во себе да ги почувствуваме собраните души на Израел. Споредувањето на тие особини на Создателот пред човекот јс отвара "вратата на спасението".

"Пехар на спасувањето на воздигнувањето" – така го благословуваме Создателот за тоа што го создал системот на врски меѓу нас и Него. Како последица на тоа благословување нам ни се открива таа Виша светлина, како што е речено: "Нека има светлина".

Сите слики во книгата Зохар ги опишуваат духовните сили. Читајќи и пречитувајќи го Зохарот, чувствено се претставени опишаните слики, а ние постепено преку тие слики почнуваме да ја чувствуваме врската со Создателот.

 

Книга Берешит. Глава Хаеи Сара

Михаел Лајтман

(скратено)

И Сара живееше 127 години. Умре Сара во Киријат Арви, тоа е Хеврон и зборувал на хетите: "Јас сум дојденец тука, дајте ми да имам гроб, замолете го Ефрон да ми ја даде пештерата во Макпела, за сите пари. ". И Ефрон му одговори: "Земја за 400 сикали сребро. Погребај ја твојата умрена". И Авраам го разбра Ефрон и му дал сребро. И местото на Ефрон стана на Авраам и ја погребал Сара, во пештерата во полето на Макпела, наспроти Мамри, тоа е Хеврон во земјата на Ханан.

Авраам беше стар. Бог го благословил Авраам во сè. И Авраам му рече на својот слуга: "Заколни се дека ќе одиш во мојата земја и ќе донесеш жена на Исак". Ако жената не сака да оди со тебе, тогаш ти си чист од таа клетва, само синот мој не го носи од тука".

И слугата зеде камили за секое добро и појде во Арам Нагараим, во градот на Нахор. И ги распореди камилите околу кладенецот и рече: "Боже, дај ми денес среќа! Ако девојката на која ќе и речам: "Наведни го твојот ќуп за да се напијам" и ми рече: "пиј и твоите камили ќе ги напојам", ќе знам дека ти си ја определил за Исак". И се случи така, излегла Ребека, ќерка на Мелхе и Ватуила, син на Нахор, брат на Авраам и ги напоила и него и камилите. И тогаш човекот клекна пред Бог се поклони и рече: " Благословен да е Бог, господарот на мојот Авраам".

Ребека го имаше Лаван и кога ги виде бразлетните и нараквиците на рацете на својате сестра, рече: "Оди кога си благословена од Бог!" И рече: "Јас сум слуга на Авраам. Бог го благословил мојот господар, тој стана голем. Сара, жената на мојот господар, роди син. Господарот мој Авраам ми рече да ја земам ќерката на братот на господарот мој, за неговиот син.

И Лаван и Ватуил одговориле: "Божја работа е тоа. Еве ја Ребека, земи ја и оди за да биде жена на синот на господарот твој, како што решил Бог". А утрото нејзиниот брат и мајка ѝ рекоа: "Ајде нека остане девојката кај нас една година или десетина месеци, потоа нека оди". Но тој им рече: "Не задржувајте ме! Бог ми даде успех по патот мој, пуштете ме и јас ќе си одам кај мојот господар! " И тие рекоа: "Ќе ја викнеме девојката и ќе ја прашаме". И ја викнаа Ребека и таа рече: "Ќе одам". И ја пуштија Ребека. Ребека и нејзините слугинки седнаа на камилите и појдоа по човекот.

И Исак пред да настапи вечерта, излезе во полето да се помоли и здогледа – доаѓаат камили. И Ребека го виде Исак и се симна од камилата. И рече на слугата: "Кој е тој човек, кој доаѓа од полето да не пресретне? " И слугата рече: "Тоа е господарот мој" и зеде таа покривач и се покри. И слугата му раскажа на Исак се што направил.

И ја внесе Исак во шаторот на Сара, мајката своја и ја зеде Ребека и му стана жена, ја бакна и Исак најде утеха за својата мајка.

Авраам зема уште една жена, Хетура. И таа му роди синови. И Авраам му даде на Исак сè што имаше. А на синовите им остави подароци и ги испрати од Исак за животот свој на исток во земјата.

Авраам живеел 175 години. И умре во добра старост и го погребале него Исак и Исмаил, синовите негови, во пештерата Макпела.

А ова е родословието на Исмаил, дванаесет племиња. И ова се годините на Исмаил 137 години и умрел. А неговите синови се населиле од Евилат до Сура, од Египет се до Асирија. Пред лицето на сите браќа се размести тој.

 

Книга Берешит. Глава Ное

Михаел Лајтман

(скратено)

Еве ги генералиите за Ное: Ное е праведен, без пороци во своето поколение, пред Бога одеше Ное. И ги родил Ное Сима, Хам и Јафет. И земјата се наполни со зло, го изопачи секое човечко тело на патот свој на земјата.

И Бог му рече на Ное: "Крајот на секој човек започна, ќе ве истребам сите. Направи си ковчег, а Јас ќе направам потоп за да го истребам секој човек. А ти ќе влезеш во ковчегот, со твоите синови, твојата жена, синовите на жена ти, од сè што е живо земи по две, од машки и од женски пол. Земи запиши како тие се грижат.

И му рече Бог на Ное: "Влези со семејството во ковчегот, зашто Јас тебе те видов праведен во тоа поколение. Од чистата стока земи 7 пара, а од нечистата по 2. Од птиците по 7. Јас ќе наредам дожд на земјата 40 дена и ноќи и ќе сотрам се на земјата што сум го создал". И Ное направил сè како што му било наредено од Бога и водата ја потопи земјата. И имало дожд на земјата 40 дена и 40 ноќи. Во тој ден влегле Ное, Сима, Хам, Јафет и нивните жени во ковчегот и сите ѕверови и птици. И потоа Бог ги затворил. И имало потоп на земјата 40 дена и водата го понесла ковчегот од земјата. Се покачила водата, се покриле планините и загинале сите животни и луѓе.

И се потсетил Бог за Ное и нареди ветар и водата ги однела. И ковчегот застанал на планината Арарат. По завршувањето на 40-те дена, Ное го отворил прозорецот на ковчегот и ја пуштил враната, таа одлетала и летала додека водата не се спуштила на земја. И го пуштил гулабот со гранка од маслинка со откинат клун: и Ное дознал деќа водата на земјата се намалила.

И Бог му рече на Ное: "Излези од ковчегот, поведи ги сите со себе за да се множат на земјата. Повеќе да не ја проколнуваат земјата на човекот, иако помислата на човековото срце е зла уште од неговата младост и нема повеќе да ги поразувам сите кои живеат, а Јас сум ги направил. Од сега сите денови на земјата, сеењето и жетвата, ладното и топлото, летото и зимата, денот и ноќта нема да прекинат".

И Бог рече: "Моето виножито Јас ќе го измешам во облаците, тоа ќе биде знак на сојузот меѓу мене и земјата. И кога ќе се појави виножотото во облаците, Јас се потсетувам на Мојот сојуз".

И синови на Ное биле: Сима, Хам и Јафет и од нив се населила целата земја, а Хам е татко на Ханан. И Ное станал земјоделец, насадил лозје, го испил виното, се опил и се соблекол пред својот шатор. И Хам ја видел голотијата на татко му и соопштил на двајцата браќа. Тогаш Сима и Јафет ја земале облеката, дошле одзади и ја покриле голотијата на татко им. Кога Ное се наспал и дознал што му направил најмалиот син, тој рекол: "Благословен да е Бог Сима, дај му простор на Јафет да живее во шаторите Сима, а Ханан да им биде роб".

Еве ги генералиите на синовите на Ное – Сима, Хам и Јафет.

Синови на Јафет: Хомер, Магог, Мадај, Јаван, Товел, Месех, Тирас. Синови на Хомер: Асхенас, Рифат, Тогарма. Синови на Јаван: Елис, Тарсис, Китим, Додан.

Синови на Хам: Хус, Месраин, Фуд, Ханан. Синови на Хус: Сава, Авила, Савата, Регма, Саватака. Синови на Регма: Сава и Дедан. Хус го родил и Неврод – првиот јунак на земјата. Негови почетни царства биле Вавилон, Орех, Архад, Халан во земјата Сенар. Од таа земја излегол Асур и ги изградил Нинива, Ровот, Халах, Дасем. Месраин родил Лудеи, Енемеи, Лавеи, Нефралеи, Патросеи и Хасмеи од кои произлегле Филистеи и Гафтореи.

А Ханан ги родил Сидон, Хета, Евосеи, Амореи, Гергесеи, Евеи, Арукеи, Асенеи, Авдареи, Самареи и Аматеи.

И по целата земја беше еден збор, се движеле тие од исток, ја нашле долината во земјата Сенар и се доделиле таму. И си рекле еден на друг: "Ајде да си изградиме град и градина, со главата до небото и да се направиме познати, за да не нè раселат по лицето на целата земја". И се симнал Бог да ги разгледа градот и градината. И Бог рече: "Сега целиот народ е еден и зборот е еден, за нив ништо нема да биде невозможно. Ги мешам нивните зборови, за да едниот не може да го разбере другиот". И Бог ги рассели оттука наекаде по земјата и престанале да го градат градот. Затоа е наречен Вавилон, бидејќи таму Бог го помешал јазикот на целата земја и оттука ги рааселил низ целата земја.

Деца на Сима – Евер, Јеафет, Елам, Асур, Арфаксад, Луд, Арам.

Генералиите на Сима:Сима ги родил Арфаксад, Арфаксад Сал, Сал Евер, Евер Фалек (во неговите денови се разделило населението на земјата), Фалек Рагава, Рагава Серух, Серух Нахор, Нахор Тара, Тара живеел 70 години и ги родил Авраам, Нахор и Аран.

Генералии на Тара: Тара ги родил Авраам, Нахор и Аран, Аран Лота. И умре Аран крај Тара, таткото свој, во Ур Халдејски. Авраам и Нахор ги зеле жените: името на жената на Авраам е Сараа, а на Нахор – Мелха, ќерка на Аран. Сара не била плодна. И ги зел Тара Авраам и Сара и својот внук Лота, син на Аран и излегле од Ур Халдејски во земјата на Ханан, пристигнале до Харан и се населиле таму. И Тара умрел во Харан.

 

Книга Берешит Глава Ваера

Михаел Лајтман

(скратено)

И му се покажа Бог на Авраам во Алонеа – Мамре, тој седел во крилата на шаторот, тежок бил денот. И ги подигна очите свои и видел три човека, им зготвил и тие јаделе. И тој рече: "Ќе се вратам јас кај тебе точно за една година и ќе се појави син кај Сара, жената твоја". И Сара се насмеа во себе. Авраам појде да ги испрати.

И Бог рече: "Во Содом и Гомор гревовите се тешки". И Авраам рече: "Ќе ги погубиш ли Ти праведниот со неправедниот? Можеш ли да им простиш поради 50 праведници во нив? И Бог рече: "Ако најдам во Содом педесет праведници внатре во градот, тогаш ќе им простам на сите заедно". И Авраам рече: "Може таму да се најдат четириесет". И Тој рече: "Не го прават и заради тие четириесет. А ако се најдат таму десет? – Нема да ги истребам поради десет". И Бог отиде, а Авраам се вратил на своето место.

И дојдоа два ангела во Содом и Лота ги виде и рече: "Еве господари, преноќевајте". Уште не легнаа, а луѓето од Содом го опкружија домот и рекоа: "Каде се луѓето, кои дојдоа оваа ноќ? " И појде Лота кон излезот кон нив и рече: "Не правете зло браќа мои! " Но тие дошле да ја кршат вратата. А тие луѓе ги испружија своите раце и го внесоа Лота во домот, а вратата ја заклучија. А луѓето уште на влезот ги порази слепило.

И тие луѓе му рекоа на Лота: "Сè што имаш во градов, изнеси го оттука. Или ние ќе го уништиме тоа место". Но тој забавил и Ангелите го фатија за рака и го изнеле од градот. И рекоа: "Спасувај се, не врти се назад! " И Бог пуштил во Содом и Гомор восок во ушите и оган од Бог, од небото. Неговата жена се свртела и станала солен столб.

И Лота се насели во планините и со него двете ќерки негови, во пештерата. И постарата и рече на помладата: "Ќе одиме да го напоиме таткото наш со вино и ќе лежиме со него и ќе направиме потомство од таткото наш". И зачнаа од својот татко. И постарата роди син и му дала име Моав. А помладата – Амона.

И оттука Авраам се движеше на југ на земјата, и за Сара рече: "Таа е сестра моја" и Авимелех ја зеде Сара. И се појави Бог во сонот на Авимелех и му рече: "Ти ќе умреш за жената, иако таа има маж". И го повика Авимелех Авраама: "Што направи ти со мене! " И Авраам рече: "Така како што мислев – нема страв овде пред Бога и ќе ме убијат за жената. Но таа и навистина е моја сестра: од мојот татко, но не и од мајката моја, и ми стана жена". И му даде Авимелех овци, стока, слуги на Авраам, и му ја врати Сара.

А Сара зачнала и му родила син на Авраам. И го нарече синот на Авраам, Исак. И го обрежи синот на осмиот ден, како што му заповедал Бог. А Авраам имал сто години. И Сара видела дека Агар-египтјанка, која му  родила на Авраам, се насмевнува и му рече: "Прогони ги слугинката и синот нејзин". И на Авраам му беше криво. Но Бог му рече на Авраам: "Сè што ќе ти рече Сара послушај ја, Исак ќе ти го продолжи семето. Но и од синот на слугинката ќе ти направам народ Јас. " И Авраам ја испратил и кога порасна детето се насели во пустината и мајка му му најде жена од земјата Египетска.

И Бог реши да го испита Авраам и рече: "Авраам! Земи го синот твој, единствениот Исак и појди во земјата Морија и дај го како жртва таму на една од планините, на која ќе ти кажам јас". И зеде нож за да го пресече синот свој. Но Ангелот на Бога од небото му рече: "Авраам! Не приближувај ги рацете на детето, но јас ќе знам дека ти се плашиш од Бога.

И Ангелот рече: "За тоа што го изврши, Јас ќе ти го умножам потомството твое, ќе завладеее со потомството на твоите непријатели, ќе го благословува целиот народ на земјата, затоа што ти ме слушаше Мене! "

 

Книга Бамидар. Глава Бамидар

Михаел Лајтман

(скратено)

И му рече Бог на Мојсеј во пустината Синај, во Шаторот на откровението: "Направете пребројување на целото општество по семејства, до татковските домови, бројот на имињата на сите мажи општо, од 20 години до постарите, сите кои стапиле во војска. А со вас ќе биде по еден човек од секое поколение, главите на татковските домови, дванаесет луѓе, секој поради нешто од својот дом". И се вкупно биле изброени 603 550. А поколенијата на Левитаните поради нешто не биле изборени меѓу нив.

И му зборувал Бог на Мојсеј: "Само поколенијата на Левитаните не ги сметај и не ги пребројувај. А ти порачај им на Левитаните да го набљудуваат Шаторот на откровението и покрај сите надлежности, тие ќе бидат оние што ќе го носат Шаторот и ќе им припаѓа на нив и ќе служат во него и околу Шаторот откровенијата со стоечки став. Построениот кој ќе се приближи ќе биде предаден на смрт.

И да се распределат синовите на Израел секој во својот став, секој кај своето знаме, по своите оружја:

На исток – знамето на Јехудите, со поколенијата на Исахар и Звулуна.

На југ - знамето на Реувен, со поколенијата на Шимон и Хад.

Помеѓу ставовите – Шаторот на отрковението и ставот на Левитаните.

На запад – знамето на Ефраим, со поколенијата на Менаше и Бињамин.

На север – знамето на Дан, со поколенијата на Ашер и Нафтал.

И му рече Бог на Мојсеј: "Доведи го поколението на Левитаните и стави го кај Арон, за да му помогнат на него. И нека ја донесат стражата пред Шаторот на откровението, исполнувајќи ја службата во Шаторот, да ги набљудуваат во свои надлежности Шаторот на откровението и обврската за синовите на Израел, исполнувајќи ја службата пред Шаторот. Предај ги Левитаните на Арон во целост. На Арон и синовите порачај им, дека нивна служба е да ги набљудува. Јас ги земав Левитаните меѓу синовите на Израел заедно со сите првенци, за да Моите бидат Левитани. Иако секој првенец е Мој.

Преброј ги синовите на Лев по нивниот татковски дом, по нивните семејства, сите мажи од еден месец до старите. И да стојат околу Шаторот:

На запад – семејството Гершона. Тие треба да го чуваат само Шаторот,ќе бидат скриени со завеси, завеси на оградата од дворот, завеси на влезот од дворот и конец за цело неогово уредување.

На југ – семејството Кегата, кое ќе го набљудува светилиштето, ќе го чуваат Ковчегот, масата на Менора, жртвениците, осветените садови, завесите.

На север – семејството Мрари, тие се задолжени за: гредите на Шаторот на откровението, засолништата, столбовите на подножјето, сите надлежности, столбовите на дворот со подножјата, сите колци и конци.

Стоејќи со став пред Шаторот на откровението, на исток Мојсеј и Авраам со неговите синови, чувајќи го Светилиштето, за опоменување на синовите на Израел, дека посторениот кој ќе се приближи ќе биде предаден на смрт.

Земи ги Левитаните заедно со сите првнеци на Израел, стоката на Левитаните заедно со нивната стока и Левитаните ќе бидат Мои. Изброј ги синовите на Кегат, секој е погоден за исполнување на работата во Шаторот на откровението. Не доведувајте го до изумирање поколението на семејството Кегат од околината на Левитаните. Треба да им се влезе и да се набљудуваат, како го покриваат Светилиштето, а тие ќе умрат".

 

Книга Берешит. Глава Лех -леха

Михаел Лајтман

(скратено)

И му рече Бог на Авраам: "Оди од земјата твоја, од родот твој и од домот на твојот татко во земјата, која Јас ќе ти ја кажам. И ќе те направам голем народ и ќе те благословам и ќе го величам името твое и ти ќе бидеш благословен. Јас ќе ги благословувам тие што те благословуваат, а оние кои те омаловажуваат ќе ги проколнам и благословен ќе бидеш од сите племиња на Земјата".

И Авраам појде, а со него и Лота, а Авраам имал 75 години на излезот од Харана во земјата на Ханан. И помина Авраам до Шхема, до Елон-Море, а хананите веќе беа во таа земја. И се јави Бог на Авраам и му рече: "На твоето потомство Јас ќе му ја дадам таа земја". И изградил таму жртвеник на Бог. И патувал Авраам на југ.

И Авраам се спуштил во Египет, иако било глад. И кога стигнал во Египет ѝ рече на Сара: "Ти си прекрасна жена. Може да те видат египтјаните и мене да ме убијат, а тебе да те остават во живите. Кажи дека си ми сестра". И така било, по доаѓањето на Авраам во Египет, египтјаните ја виделе таа жена, дека таа е многу убава и ја пофалиле на Фараонот и ја земале во домот на Фараонот. А на Авраам му направија добро. Му дале овци, стока, магариња, робови, робинки, магарици и камили. И го изненади Бог Фараонот и неговиот дом со големи живи рани. И Фараонот го викна Авраам: "Зошто не ми кажа дека таа жена е твоја, земи ја и оди! " И Фараонот се упати да го испрати него и жена му со сè што има со него.

И влезе Авраам во Негев. А заедно со Лота и Авраам беа стоката и шаторите. И не им стигнувало земјата за заедничко живеење. И дојде до спор меѓу пастирите на стадата на Авраам и пастирите на стадата на Лота. И Авраам му рече на Лота: "Ајде да нема расправии меѓу мене и тебе, меѓу моите и твоите пастири, да бидеме ние едноставно браќа! Оддели се од мене, ако ти одиш на лево, тогаш јас ќе одам на десно, а ако одиш ти десно, тогаш јас на лево". И Лота ја избра целата околина на Јордан и се одделија еден од друг. Авраам се насели во земјата на Ханан, а Лота ги наместил шаторите во Содом. Луѓето во Содом беа лоши и престапници пред Бога.

По одделувањето со Лота, Бог му рече на Авраам: "Целата таа земја ќе ти ја дадам на тебе и на твоето потомство за навек. И ќе го направам твоето потмоство како песокот, неизброиво. Ти помини низ таа земја, по нејзината должина и ширина". И Авраам се насели во Елонеј-Мамре, каде крај Хеврон му изгради жртвеник на Бога.

И настана војна во долината на Сидим, застанувајќи кај Соленото море. И како плен го земаа Лота. И му го соопштија тоа на Авраам, во Алонеј-Мамре, кое припаѓа на Емореј-Мамре, брат на Ешкол и Анер, сојузници на Авраам. И Авраам појде до Дан, бил кај нив и го вратил Лота со неговото достоинство.

После тие настани се јавиле зборовите на Бога за Авраам: "Не плаши се Авраам, Јас сум твојот заштитник, а твојата награда е многу голема". И Авраам рече: "Господе! Јас сакам да си отидам, а мојот дом е Елиезер од Дамаск, домородец ќе ме наследи мене!" И зборовите на Бога: @Само правиот поток ќе те наследи тебе". И го изнесе настрана и му рече: "Погледни на небото и изброј ги звездите, така многубројно ќе биде и потомството твое". И му поверува на Бога, а Тој го сметаше тоа за вистина. И рече: "Јас сум Бог, кој те донесе тебе од Ур Касмид, за да ти ја дадам таа земја во наследство". Но тој рече: "Господе! Како јас ќе знам дека ќе ја наследам? "

Сонцето заоѓаше, го нападна Авраам крепок сон и голем мрак. И му рече на Авраам: "Влези кај моите слуги и ќе имам потомство благодарение на неа". И Сара му ја дала Агар на Авраам за жена. И влегол тој кај Агар и таа зачнала. Но кога видела дека зачнала, престанала да ја уважува Сара. И рече Авраам на Сара: "Со слугинката твоја прави се што е добро за твоите очи". И ја угнетуваше Сара неа, а таа бегаше од неа. И ѝ најде Ангел Бог, кај изворот на водата, во пустината. И рече: "Врати се кај господарката и смирете се. Ќе го размножам потомството твое. Еве ќе родиш син и ќе го наречеш Исмаил, бидејќи Бог ја слушна твојата тага. И ќе биде тој дивјак човек: раката негова на сите, а раката на сите на него".

Бог се јави на Авраам и рече: "Јас сум Бог Семоќен, оди пред мене и ќе бидеш чист. И ќе склучам Јас сојуз меѓу Мене и тебе и многу, многу ќе те размножам, ќе бидеш татко на множество на народи. И напред ќе биде името твое и Јас ќе те направам татко на множество на народи. И ќе ти дадам потомство во земјата на Ханан, да владее вечно. Тоа е сојузот кој треба да го одржуваш меѓу Мене и вас: обрежан ќе биде секој маж. На осмиот ден откако ќе се роди. Кој нема да го обрежи синот во крајна граница и душата негова ќе биде оттргната од народот! Сара викни ја Сара" И падна Авраам долу у се насмеа во срцето: "Зарем Сара во деведесетата година од животот ќе роди? "

Бог рече: "Сара ќе ти роди син, ќе го наречеш Исак и ќе заклучам Јас вечен сојуз со нив и неговото потомство.

И го зеде Авраам Исмаил и сите мажи и ги обрежал до крајните граници во истиот ден, како што му рече Бог. Авраам имал 90 години кога се обрежал, а Исмаил имал 13 години.

 

Bовед


"Отворете си го срцето, и јас ќе ви го откријам светот"
(Книга Зохар)

Кој сум јас и зошто постојам?

Од каде доаѓаме и каде одиме и зошто сме се појавиле овде?

Можно ли е ние да сме биле веќе на овој свет?

Можеме ли да се запознаеме себе си и вселената?

Од што се страдањата во светот и има ли можност да ги избегнеме?

Како да најдеме мир, сатисфакција и среќа?

Луѓето од генерација на генерација се обидуваат да си ги објаснат овие прашања што болно ги прогонуваат, a фактот дека ова се случува во секоја генерација ни зборува, дека ние не сме добиле исцрпни одговори до сега. Проучувајќи ја природата, вселената ние откриваме дека сè што нè заобиколува, постои и дејствува во согласност со точни, насочени кон целта закони.

Гледајќи пак на себе како врв на создавањето на природата, ние откриваме дека човештвото како да е надвор од овој систем. На пример, гледајќи на каков мудар и логичен начин нè создала природата: деловите на нашиот организам, секоја жива клетка; гледајќи ја точната устременост во функционирањето на секоја телесна клетка, ние не сме во состојба да одговориме на прашањето: зошто постои целиот овој наш организам ?

Сè што не заобиколува е проткаено од причинско последичната врска: ништо не се создава бесцелно, во светот на физичките тела постојат прецизните закони на движењето, трансформацијата, циклусот. Истата логика постои во растителниот и животинскиот свет. Но главното прашање за што постои сето тоа, значи не само ние, туку и целиот свет што нè опкружува, останува без одговор. Постои ли човек во светот кој барем еднаш во животот да не си го поставил ова прашање?

Постојните научни теории потврдуваат дека светот се управува од непроменливи физички закони врз кои ние не сме во состојба да влијаеме. Наша задача е само мудро користејќи ги, добро да ги изживееме своите 70-120 години, и да подготвиме почва, во буквална и преносна смисла за идните генерации. Но за што?

Развиено ли е човештвото од наједноставните видови на патот на еволуцијата, или животот е донесен од други небески тела, тоа не ја менува суштината, има два датуми: раѓање и смрт, а она што е помеѓу нив е неповторливо и затоа скапо или напротив: животот е ништо, ако има крај, темнина, прекин. Каде е мудрата природа што предвидува сè, логична, што ништо не создава залудно? Или постојат уште неоткриени, од нас, закони и цели?

Нашето истражување на светот се сведува до изучувањето на неговите реакции на нашите влијанија кои ние ги примаме со 5-те органи на сетилата: допир, мирис, вид, слух, вкус, или со инструменти, кои само го прошируваат нивниот опсег. Сè што не е предмет на нашите истражувања, едноставно не се забележува од нас како да не постои за нас. И при тоа, ние сме лишени од чувството на недостаток на други сетилни органи, како никогаш човек да нема потреба од 6-тиот прст на раката, како што е невозможно да му се објасни на слепиот од раѓање, што е тоа вид, па истражувањето со достапните за човекот методи, никогаш нема да ги открие скриените форми на природата.

Според кабалата, постои духовен, односно недоловлив, од органите на нашите сетила, свет, во центарот на кој се наоѓа нашата Вселена, а нашата планета е еден мал нејзин дел и се наоѓа во центарот на овој духовен свет. Овој свет на информации, мисли и чувства влијае на нас преку законите на материјалната (сетилна) природа и нè става во одредени услови, во кои ние сме принудени да дејствуваме. Не зависи од нас, каде и какви ќе се родиме, со кого ќе се сретнеме во животот, и какви последици ќе има од нашите постапки.

Според кабалата има четири вида на знаење што може и мора да ги постигне човекот:

1. Созданието: изучувањето на создавањето и развивањето на световите во опсег што е достижен за човекот, имено: на кој начин Создателот на патот на последователни скратувања ги создал световите и суштествата што ги населуваат. Законите на интеракциите на духовниот и материјалниот свет и нивните последици. Целта на создавањето на човекот (комбинација на душите и телата, создавање на патот на Вишото управување преку природата и факторот случајност со помош на двете меѓусебно урамнотежени системи на светлите и темните сили) создавање на системи со илузијата за слободна волја.

2.Функциониране: Изучување на суштината на човекот, неговите заемни врски и интеракции со духовниот свет. Доаѓањето на човекот на овој свет и неговото излегување од него. Каква реакција од страна на Вишите светови врз нашиот свет и лично врз секого од нас ги предизвикуваат активностите на човекот. Личниот пат на секој од нас од времето на создавањето на световите до постигнувањето на Вишата цел. Од врската на телото на човекот со неговиот карактер и судбината произлезена е т.н. практична кабала, кабалистичката астрологија, медицина и т.н. За пример може да се посочи главата „Итро" од Книгата Зохар, каде што се даваат дефиниции на внатрешните, сокриени својства на човекот според неговите надворешни знаци.

3. Циклусот на душите: изучување на суштината на секоја душа и нејзиниот циклус. Активностите на човекот во овој живот и нивните последици во следните негови животи, од почетокот па до крајот на светот. На кој начин, од каква причина се спушта душата во телото и во зависност од што одредено, телото прифаќа одредена душа. Тајната на Случајноста и проучување на историјата на човечкиот род, како последица на одредениот ред и преместувањето на душите. Следење на овој пат во текот на 6000 години. Врската на душата со заедничкото управување на системите на световите и нејзиниот циклус, циклуси на живот и смрт од што зависат сите наши патишта во овој свет.

4. Управување: изучување на нашиот свет на неживата, растителната и животинската природа, нивната суштина, улога и нивното управувањето од духовниот свет. Управувањето од Вишото и нашата перцепција на Природата, Времето и Просторот. Истражување на вишите сили движејќи ги материјалните тела, и на каков начин единствената внатрешна сила турка сè живо и мртво кон зацртаната цел.

Може ли да се реши фундаменталната загатка на човечкиот живот, без да го допираме прашањето за нејзиниот извор?

Ова прашање се однесува на секој човек. Барањето за целта и смислата на постоењето на поединецот и целото човештво се централни прашања во духовниот живот на човекот.

Во втората половина на дваесеттиот век набљудуваме преродба на религиозниот правец кај човештвото. Техничкиот напредок и светските катаклизми породија семожни филозофии, но не му донесоа на човекот духовна сатисфакција. Како што се објаснува во кабала, од сите постоечки наслади во нашиот свет му беше дадено само една мала искра, таканаречената „Нер дакик". Нејзиното присуство во материјалните предмети ни дава задоволство. Со други зборови, сите пријатни чувства кои човек ги ужива во различните ситуации и од различните предмети, се објаснува само со постоењето на овие искри во нив. Затоа во текот на својот живот човек е принуден постојано да бара нови и нови објекти, надевајќи се да добие поголеми и поголеми задоволства, не сомневајќи се дека сето тоа се само обвивки, а суштината на „Нер дакик" си останува една и иста.

Во светот постојат два патишта по кои човекот стигнува до апсолутна сатисфакција - пат на свесноста од потребата од возвишувањето на духот над материјата:

1. Патот на Тора.

2. Патот на страдањата.

Првиот е традиционалниот пат на јудаизмот: патот на воспитувањето на човекот од млади години во духот на Тора, свесноста на потребата од постепено искоренување на егоизмот.

Вториот пат е вообичаениот пат „хозреј бетшува": на нерелигиозниот човек, добро среден, мирен, одеднаш почнува да чувствува остро незадоволство поради недостаток на искрата „Нер дакик". Во неговите вообичаени активности нема радост и вкус за живот. На сличен начин во Тора е проколната змијата: да има храна во изобилство, но таа да има вкус на земја. Така и кај нашата генерација почна да се чувствува духовен глад и тоа при материјално изобилство. И човек почнува да бара извори на сатисфакции, понекогаш по трнливи и долги патишта. Меѓу овие на два патишта се наоѓа слободната волја. Може само да им посакаме на луѓето навреме „да го изберат животот", како што советува Тора, а не да го чекаат патот на страдањето по кој ние сме поминале во минатото од истата таа причина.

Затоа јас се зафатив во достапна форма да го запознам читателот со срцето на филозофијата на јудаизмот врз основа на делата на познатиот раби Ашлаг. На неговиот светол спомен ја посветувам оваа книга.

                                                                     

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели