Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Верзија на Рав Хија


Книга Зохар, Точ.49-50

Книгата Зохар зборува само за внатрешниот свет на човекот, доколку внатре во нас нема ништо освен Вишата светлина. Соодветно или несоодветно на нашите чувства, светлината во човекот предизвикува секакви слики на внатрешната состојба, кои ние ги нарекуваме "тој свет". Во реалноста, светот е чувството на нашето "Јас" во однос на светлината. Читајќи го Зохарот, ние треба да посакуваме да ја опишиме реалноста и силите.

49.Се распостели рав Хија (душата која сака да го достигне Создателот) на земјата и ја бакнуваше – влегол во духовен контакт со таа желба и почнал да ја испитува. Заплакал (се понижил, "плачот" – тоа е мала состојба) и рекол: "Земски праву (најниската желба), колку би бил тврд и бесчувствивтелен (себичен), доколку би те проголтал. Сите столбови на светлината, сите големи души се впиени во тебе". – Таквите чувства ги испитува човекот, испитувајќи ја големата себичност од малите состојби.

"Најголемата светлина на целиот свет, која свети и управува со соодветниот наш свет, благодарение на оној поради кој постои нашиот свет – рав Шимон, светлината на сите светови (највисоката душа, која го води светот, која нè качува по степените на духовниот свет) – исто така е впиена во тебе. И ти владееш со светот? "

Но се освести во моментот (ја откри новата состојба, после тоа откако ја испита длабочината на својата желба) и рече: "Не биди горд земски прав, нема да има светлина во светот што ќе се предаде на тебе и Рав Шимон не е впиен во тебе! (откинување и одбивање на испитувањето на себичните желби, без оглед на нивната длабочина и сила) ".

Станал Рав Хија (висока состојба, целосен Парцуф), почнал да оди (појавување на духовно движење) и плаче (отсуство на крајното разбирање на тоа што му предстои).

50.Се соедини со Рав Јоси (соединување на друга душа).

Постел (состојба на скратување) 40 дена (достигнување на нивото Бина – давање), за да го виде рав Шимон (да го открие највисокиот степен). Му било одговорено дека тоа е исто така недостојно да го види него (да го открие следниот степен во светлината Хохма – во погледите).

Заплакал (ја понижил својата себичност уште повеќе) и постел уште 40 дена (поправување на новото себично ниво). Тогаш му предвиделе: Рав Шимон и неговиот син, Рав Елазар, го осудуваат него, Рав Хија, зборови кажани на нив од Рав Јоси и илјадници го прислушуваат нивното осудување. – Два ниски духовни степени - "Рав Хија" и "Рав Јоси" – се обединуваат меѓу себе за да го достигнат највисокиот степен – Рав Шимон и Рав Елазар (од хебрејски – помош). И тој Виш степен им помогнал да се обединат и да го достигнат новото ниво.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели