Слободна волја, дел 1
Уште еднаш здраво и добредојдовте во Откриена кабала. Јас сум Тони Козинек.
Во оваа лекција ќе почнеме со првите од двете лекции за слободната волја. Ќе видиме што е таа, каде постои. Слободната волја е крајно важна тема и кога држиме лекции пред нови ученици за основните концепти на кабалата, во живо, обично сакаме да им дадеме прашалник за да одговорат на неколку прашања, за да можат да водат евиденција за тоа како гледаат на работите на почетокот од овие лекции. Подоцна ќе можат да го погледнат тоа и да видат како се сменила нивната перцепција.
Едно од прашањата е, „Каде имам слобода на избор?" Речиси без исклучок, стотици студенти, т.е. сите, одговараат, „Имам слобода во сè," бидејќи во основа тоа е нивното ниво на свест; верувањето дека можеме да избереме сè. Така е затоа што на тоа ниво Создателот е сосема скриен.
Со други зборови, немаме некакво вистинско чувство за законите кои ги создаваат и владеат со нашите ситуации, но да се знае што е тоа слобода е многу важно бидејќи вложуваме огромен напор бркајќи и градејќи разни работи, можеби во текот на целиот живот, врз основа на тоа што мислиме дека е израз на нашата есенција, нешто што сме избрале да бидеме и градиме. Можеби за некои луѓе е духовноста; за други луѓе е нешто друго.
Но како можете да ја изразите својата суштина ако не знаете што е вашето „јас." Потрагата по „јас" – „Што е моето јас?" е всушност потрагата по таа точка на слобода – доживувањето на тоа да не бидам ограничен од она што не сум јас, да не бидам присилен од силите надвор од „јас" и да можам да го насочам мојот животен пат според она што го сакам, да го добијам посакуваниот исход.
Во предходните лекции, веќе научивме дека врз нас влијаат и внатрешни и надворешни сили во целата структура на созданието, и сите тие внатрешни и надворешни параметри секогаш делуваат врз нас. Внатрешната сила, внатрешниот параметар што делува врз нас, фактот дека работиме во многу тесен простор меѓу барањето задоволство и избегнување на болката – а тоа се внатрешните сили на моето програмирање. Но, навистина го потценуваме ефектот на нашата создадена природа, или нашата желба за примање. Таа е толку силна, во поглед на тоа како одговараме на работите што всушност навистина делуваме како робот во секоја ситуација, сè додека функционираме според таа програма бидејќи може да мислиме дека избираме да правиме некои работи, но не можеме да бираме надвор од тие параметри, да бараме задоволство и да избегнуваме болка. И сè што правиме го правиме од егоистична причина. Не е важно како изгледа однадвор.
Степенот до кој нашиот егоизам ги контролира настаните во нашиот живот е очигледен; само погледнете го светот и ќе видите какви меѓусебни односи имаат луѓето. Однадвор изгледаат многу фино, но она што всушност се случува е дека секакво давање, сè што изгледа како алтруистички чин е всушност само пресметка за себе-задоволување.
Дури и давањето на големи количества пари или вложување личен напор за да им се помогне на сиромашните или да се излечат болните, тука има пресметка дека човек ќе добие задоволство, сè додека работи во рамките на желбата за примање. Или ќе биде во облик на почест од други, или во облик на задоволство од мислењето дека сум подобар од другите, дури и ако не им кажам за тоа. Секогаш е пресметка за да се добие задоволство во желбата за примање. Таа владее со сè и сè додека функционираме во тие рамки, тоа е постојан притисок кој дозволува лесно да бидеме водени од една ситуација до друга, според тој внатрешен притисок.
Надворешниот притисок е нашата околина. Таа се состои од сите стадиуми во нашиот развој пред да дојдеме кај што сме сега, значи сè што се случило претходно, како и ситуацијата во која сме сега. Ајде само да погледнеме каква е нашата ситуација во поглед на тоа од каде сме дошле. (Тони црта)
Во нашата изворна прва состојба како што сме создадени суштества, четирите фази на Директната Светлина, во оваа состојба, имало една душа во однос со Создателот, без граници во таа врска. Тоа е колективната душа, Адам ха Ришон. Всушност, во таа состојба сеуште живееме, освен што сме изгубиле секакво чувство за нашата вистинска состојба. Како што оваа состојба се спуштала низ бројни фази со сила на развојот, т.е. развивањето на желбата и на волјата за примање на место на волјата за давање, дошло до независна желба на суштеството. (Тони црта)
Тоа се одразува во нашето искуство на овој начин (Тони црта). Оваа состојба (Тони покажува на цртежот – фаза 1) се доживува како некаква матрица. Мрежа која содржи шестотини илјади независни делови, индивидуални души, сите во сродство една со друга. Нивната поврзаност и меѓусебното влијание се огромни. Тие и сега се сите во меѓусебен однос, на истиот начин како во својата изворна состојба, но свеста за овој однос е изгубена кај сите индивидуални делови. Сè што се прави во секој од тие делови – индивидуална желба – преку таа врска се чувствува во секој друг дел
.
Тоа значи, тука има влијание, огромно влијание кое се чувствува во целиот систем во врска со состојбата или внатрешното делување на желбата на било кој од нив. Значи тука внатре ништо не функционира како поединец. Нам ни изгледа дека не е така. Тоа е нашата перцепција како резултат на тоа што нашата вистинска состојба е скриена од нас. Место да ја чувстуваме меѓусебната врска, она што навистина го чувствуваме е нешто повеќе како ова (Тони црта) – дека човек постои независно од други; дека ги користи и експлоатира другите. Но, всушност состојбата што ја чувствуваме е повеќе како ова (Тони црта) – поврзани со ништо.
Вистината е дека оваа колективна душа е нашата околина и таа врши врз нас огромен притисок во вид на општеството, преку начинот на кој сè во нашата околина влијае врз нас. Толку многу од сè што чувствуваме (а ќе видиме колку), доаѓа од тоа а не од ова (Тони покажува на цртежот).
Како што гледате, врз нас се влијае од сите страни – внатре и надвор – а сепак, слободата може да се достигне дури и во материјалниот свет, во овој живот, а не во некој друг свет како што велат повеќето религии. Но потребен е многу посебен напор, а напорот е да се издигнеме над нашата природа, а тоа ќе стане јасно понатаму.
Да видиме како тоа се случува во природниот свет. Животните можат да ни покажат дека во природата има одлика која навистина мрази ропство; мрази кога нема слобода. Ако земете животно и го ставите во заробеништво, особено диво животно, ќе ослаби и во повеќето случаи ќе умре. Дури и нашите миленичиња, домашни животни, морате да се договорите со нив. Морате да им надоместите за губитокот на слобода со тоа што ќе им дадете многу храна, одредено засолниште и многу внимание, на некој начин да ја пополните едната страна на равенката за нивната волја за примање, инаку едноставно нема да го доживеат тоа што се случува, како ништо друго освен губиток на слободата.
Такво е устројството на Природата. Слободата е голема сила и сè е насочено кон таа слобода. Животните не прават грешки бидејќи функционираат целосно во рамките на природните закони. На пример, ќе видите мачка како скокнува на маса или на ѕид, и ако внимателно ја загледате, а тоа го имам видено на забавени снимки, мачката ќе скокне, но има точка во која се чини скоро како да е крената, и само прецизно слетува на местото. Како да е во текот на некаква енергија која едноставно ја носи таму. А животните не прават грешки бидејќи не се движат со знаење; тие самите ништо не проценуваат. Животното кога ќе се роди знае што е добро за јадење; знае каде да го најде. И ништо од сето тоа не доаѓа од интелигенција, сè е инстинктивно, сè е веќе тука на готово за животното.
Дури и ако ни изгледа дека животното прави грешка, како на пример едно животно јаде друго, за кое животно е грешка? За изеденото или за тоа што јадело?
Нам ни изгледа како грешка бидејќи сме делумно на тоа животинско ниво, дел од нас е животно, и не можеме да видиме сосема надвор од системот, и тој аспект му го припишуваме и веруваме дека гледаме дека некој нешто губи а некој добива. Но, всушност животното делува сосема во рамките на Природата и е дел од систем кој работи како клетка во телото или орган во телото – клетка во орган, орган во тело – кој работи само за задоволување на целиот организам, не за поединечните делови. И сè што се случува, дури и тоа кога е време да се живее а кога да се умре, и сето тоа се врши во склад со природниот закон бидејќи животното е вгнездено во него.
И така, можете да видите како сè е однапред предвидено на тоа ниво. Всушност, сè што нарекуваме „инстинкт" е предодреденост на тоа ниво. Можете да ја видите состојбата на животното, барем биолог може, да види каде може некое животно да биде географски, да го види времето во годината, и да може да утврди, да речеме, според возраста на животното, и сите тие фактори, каква ќе биде следната негова состојба бидејќи ги знаеме факторите што влијаат врз животното и можеме до одреден степен да видиме бидејќи сме над тоа ниво на системот, но не можеме да го видиме тоа за нас самите.
А тоа што не гледаме, тоа е всушност она што го викаме „слободна волја." За човекот, слободната волја всушност се состои од недостиг на информации; се состои од незнаење, бидејќи не можеме да видиме кои сè фактори влијаат врз нас. Место тоа имаме чувства дека ги нема, и дека сите тие состојби се некако без врска, дека се прашање на судбината и дека секој си има свој индивидуален одговор на сè и сосема сам си го прави патот. Тоа значи да не се чувствува каде се влијанијата врз нас.
Значи, го имаме тоа нејасно чувство на слободна волја, но не можеме навистина да го дефинираме. Продолжуваме да бараме слобода на секаков начин во човечкиот систем. Еден од најјасните начини на кој можеме да го видиме тој пресврт и барањето слобода е во еволуцијата на политичките системи.
Она што се случува во организациите на луѓето е дека сè е фино додека не почувствуваме дека има некакво ограничување врз нашата способност да оствариме одредени желби. Системот како да нè издава и тогаш доаѓа до некаква револуција во него, постои потреба од промена, бидејќи чувствуваме присила однадвор. И така, гледаме пресврт во сите системи со текот на времето, од ловечко-собирачкиот и слично, до „тоа едноставно не е доволно и не ни дозволува да исполниме одредени желби," па настануваат поголеми организации, сродства.
И тука поединецот гледа дека не може да го исполни тоа што сака, па настануваат облици на демократија. Тоа постојано се менува, но е секогаш експанзија само на ниво на егоизмот. Иако врвиме низ тој процес, тоа е предодреден процес и никогаш не достигнуваме слобода, бидејќи е секогаш на нивото на експанзија на нашата природа, а местото и точката на слободата како да ги нема.
Знаете, можеби оваа точка на слободата не е толку голема колку што мислиме дека е; можеби е еден малечок пресуден фактор, нешто многу ситно во рамките на нашето искуство. Но, иако можеби е нешто ситно, нешто екстремно моќно и навистина сè што е потребно. Во кабалата има закон кој вели: „Нема присила во духовноста." Не е возможно да се достигне духовноста без слобода.
Со други зборови, кабалист нема да ви каже, „мораш да го правиш ова и не смееш она." Целиот пат до духовноста мора да биде направен од слобода. Тоа значи, морате да се чувствувате слободно, самиот пат мора да биде слободен, а самата цел мора да биде слободата. Тоа е затоа што ќе го правите само она за кое сметате дека е добро за вас. Така е направен системот и така ние се развиваме. Тоа значи, избирате само во склад со своите желби. Но прашањето е, „од каде идат вашите желби, кои желби се ваши?"
Ние сме „инсталирани" во овој живот. Сте се нашле во семејството; не сте го избрале самите. Но, има секакви влијанија врз вас. Сè она што сте: вашиот карактер е обликуван од вредностите на вашите мајка и татко, вашата заедница, училиште, пријателите, и сè што се развива во вас во поглед на вашата личност. Сè што цените, што сонувате, вашите замислени граници на нештата, таа ситуација ќе ви го одреди сето тоа. Вие можете, како тинејџер, да се бунтувате, но ни тоа не е слобода бидејќи е секогаш во спротивност со работите што се поставени пред вас. Бидејќи вие не ги создавате; само реагирате на дадените избори. Со други зборови, ако имате сон за тоа каков ќе ви биде животот, тој ќе биде еден од повеќето претставени пред вас. Како кога избирате од мени.
Дури и кога ќе ја напуштите таа ситуација на вашето училиште и тешкото влијание на вашите родители, и ќе тргнете да си го терате вашиот пат по светот, пак ќе видите дека организацијата и притисокот од општеството влијаат врз човека. Работите за кои мислиме дека вредат се оние што ни ги рекламираат. Ако избереме да вреднуваме нешто друго, и тоа ќе биде еден од артиклите на менито. Така ние делуваме и според нашето внатрешно програмирање, т.е. ќе избереме во склад со тоа што мислиме дека е пожелно за нас, во однос на горко и слатко – што сакаме и што сакаме да избегнеме? Но, ќе избереме и од работите што ни ги претставува општеството.
Затоа, ако делувам според тоа програмирање, тоа слобода ли е? Дури и нашите најинтимни мисли и желби – генетичарите сега можат да ни покажат – всушност не се наши, сите се предвидливи. Од склоноста кон дрога или алкохол, до тоа дали некој ќе биде криминалец по природа или примерен граѓанин. Дури и состојбите на вознесение што ги сметаме дека се религиски искуства, можат да се одредат со поставување на сонди во мозокот. Каде е тогаш слободата на тие желби кои настануваат од индивидуалното „јас"? Тоа е природната наука, и тоа ни покажува како тие работи се одредуваат во нашата егоистична природа. Кабалата ни покажува нешто уште подлабоко од тоа, во своевиден духовен генетски код, кој ни е испрограмиран не само во еден, туку во многу животи. Нашиот развој е целосно одреден во системот на Решимот, т.е. сеќавања на стадиумите во кои сме слегле од коренот на душата.
И така, ако сме сите само роботи кои или го исполнуваме нашето егоистично програмирање, или нашиот духовен развој, каде е слободата во овој систем? Тоа „јас" на личноста, точката на слобода, но не во сè. Ние сме целосно подложни на силите кои нè обликуваат одвнатре и однадвор.
Но, исто како што во кабалата постои начин да ја искористиме нашата внатрешна, создадена природа, т.е. волјата за примање, и да ја претвориме во волја за давање, постои и точка на слобода која постои во околината. Има начин да се научи како системот на влијание работи и да се искористи, за да од него се катапултираме во повисоко ниво на животот, во поврзување со Создателот. Тој елемент е коренот на нашата душа.
Коренот на нашата душа е желбата да се искачиме нанадвор накај слободата, и врз него не влијае ништо од нашата егоистична природа, вклучувајќи ја сета околина – внатрешна и надворешна. Ако се држиме до тој параметар, само тој параметар, ако го негуваме и развиваме и ако се развиваме само со него, ќе можеме да се издигнеме над тоа ниво на влијание. Кабалистите ни даваат начин за тоа. Следниот пат ќе продолжиме со нашето испитување на слободата во разгледување на текст под наслов „Слободата" од Баал ХаСулам. Во таа статија, ни се покажува точно какви се параметрите на влијанието, како делуваат врз нас преку мноштво животи, и како да го искористиме тоа едно делче од него што ќе ни дозволи да ги напуштиме нашите ограничени перцепции и да влеземе во духовниот свет и да ја исполниме Мислата на Создавањето, т.е. поврзување со Создателот.
Ќе се видиме .
< Пред | Следно > |
---|