Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Откриена кабала“ 7

                

                                          Еднаквост на формата

Здраво повторно и добредојдовте во „Откриена кабала“, јас сум Тони Козинек.

Во нашата претходна лекција дознавме за Екранот, основниот алат за придобивање во методот на кабалата. И само кратко да резимираме: Екранот претставува намера за примање, за да се дарува на Создателот. Односно суштеството во себе создава особина, слична на онаа околу него, внатрешна особина, што има сличност на форма, еднаквост на форма со сопственоста, особината на давање надвор од него. Односно делото на примање се претвора во дело на давање. Исто така научивме дека сето движење во вишата реалност, во духовните светови се случува само како резултат на еднаквоста на формата.

Можеме да замислиме дека законот за еднаквоста на формата е некакво таинствено или магично нешто, некаков вид на нешто ново, некаков новитет, и не е нешто, што е измислено од мудреците на кабалата. Всушност тоа е принцип, закон кој владее со целиот универзум сè што гледаме.Тој постои во природата. Мудреците едноставно посочуваат дека тоа е методот со кој се развиваме, растеме, се движиме, и можеме да ја постигнеме целта на Создавањето.

Во оваа лекција ќе го погледнеме малку поблиску законот за еднаквост на формата. Тоа ќе го направиме со разгледување на еден натпис од Баал ХаСулам. Всушност тоа е само дел од натпис. Доаѓа од Матан Тора (давањето на Тората - давање на инструкции од Светлината). И делот е наречен Дејствувачката Интелигенција.

Тоа што го кажаа кабалистите дека секоја личност е должна да го сфати коренот на својата душа значи дека целта на суштеството, најпосакувана и исполнета со надеж е да се соедини со Создателот, како во стихот - „И да се соединиш со него." Мудреците ова го интерпретираат како соединување со Неговите Особини. Како што Тој е милозлив - така и ти стани милозлив. И така натаму.

Начинот на кој Мислата на Создавањето - која го создава суштеството, и го полни со задоволство - работи во Универзумот, и во создавањето е изразено преку законот за Еднаквост на формата. Односно дека Природата работи според тој закон. Има константен притисок во нашата околина и во секоја околина во универзумот, и има константна сила за изедначување на внатрешниот притисок со надворешниот за да се дојде до состојба на баланс со него, за да можеме да дојдеме до состојба на одмор и удобност. Едноставно тоа е законот кој работи цело време.

Вие мислите за кабалата како физика на духовниот свет и затоа ни го укажува тоа за да започнеме да го сфаќаме и да работиме со него. Но овој закон дејствува исто така во духовниот свет како што можеме да го разгледаме преку природните науки. На пример астрофизичарите ни покажуваат дека универзумот бил создаден со огромна експлозија - Големата Експлозија - и од таа точка наваму, сите дејства во универзумот се всушност изедначување на таа сила, сè додека не се најде во состојба на целосно мирување. Значи сите сили во универзумот работат на тој начин за да дојдат до состојба на целосно мирување.

Во нашиот свет, законот е набљудуван строго и можеме да го забележиме на различни нивоа на животот, различни нивоа кои постојат во нашиот свет. На пример на безживотното ниво гледаме дека име движење на тектонските плочи, или движењето на времето, ветерот и водата, константно барајќи состојба на меѓусебен баланс.Исто така забележуваме дека вегетативното ниво го почитува овој закон со тоа што впива нешта кои му се потребни од светлината низ фото-електрички процес, хемиски процес, или движењето на минералите низ него, преку вид на изедначување на хидрауличките сили кои ќе го придвижат низ неговото стебло и листовите.

На животно ниво - животните - ќе видите животни каде што има и храна и сите потребни нешта за нивно преживување. Ако надворешните сили или услови се сменат, тогаш има постојано менување за да можат да се изедначат со него.

Но, на човечкото ниво, не го задржуваме овој закон на еднаквост на форма, бидејќи не живееме во околина слична на безживотната, вегетативната и животната околина. Тие се веќе згрижени. Овие нешта се веќе усовршени,тие веќе работат според тој закон. А човечкото ниво, ние сме наспроти закони кои што не можеме да ги почувствуваме, и не знаеме како да ги набљудуваме.

Значи човечкото ниво, кое што не е интелектуалното и физичко човечко животно, туку дел од самото создавање кое што треба да биде поврзано со Вишите Сили, не е вмешано во одржувањето физички изразувања на еднаквост на форма, но мора да научи како да го одржува законот за еднаквост на формата во духовното ниво, кое е негова околина.

Да ги погледнеме околините во кои всушност живееме. Светот кој го опкружува човечкото ниво е основа на истиот принцип на природата, но во целосно различен ред од природата бидејќи човечкото ниво е ниво на чувствување, мисли и намери, и постојат закони и сили кои што работат на нас, а се од таа природа. Ова е околината во која што се наоѓаме. Постои поле на влијание, и ова поле на влијание е наречено „Создател". Создателот влијае на нас со помош на сили, а овие сили се изразени како закони. Односно тие се задолжителни. Потекнуваат од Создателот и сите тие се дел од 613-те сили или закони. Овие закони се закони на љубовта, закони на поклонувањето, намери спрема суштеството.

Овде во ова поле се наоѓа суштеството, плус другите нивоа на живот под суштеството - нивоата 1,2 и 3 за кои што зборувавме претходно. Внатре во суштеството постои притисок или сили кои мораат да се изедначат со влијанието кое што доаѓа од Создателот, а тие се нарекуваат „желби ".

Постојат 613 желби во суштеството,во човечкото ниво на суштеството. Законот за еднаквост на формата значи дека внатрешната желба или притисок мора да се изедначи, односно да дојде до еднаквост,да создаде баланс со оваа желба која е поврзана со оваа сила од Создателот. И до степенот до кој не сме како силите, 613-те вистински закони на природата за човечкото ниво до степен до кој не сме како него, ние и сите нивоа на живот страдаат, работите одат на полошо.

До степенот до кој ќе се изедначиме,до кој ќе успееме да најдеме еднаквост на форма, и кога ќе станеме истото нешто како немарета позади законот, целиот живот вклучувајќи го, и суштеството наоѓа рамнотежа.Човекот, човечкото ниво наоѓа рамнотежа во полето и постигнува еднаквост со Него, станува како и сите 613 закони.

Сите овие закони кои влијаат на нивоата на живот под нас и тие поврзани со нас, ако суштеството може да се изедначи со тоа,с о законот на Природата,тој исто така се изедначува со самиот Создател, бидејќи кабалистите кажуваат дека вредноста и Гиматријата помеѓу зборот природа (Тева на хебрејски) и зборот Бог (Елоким) е 86, што значи дека се иста работа, тоа се подразбира за човечкото ниво и за секое друго ниво под него.

Ова можеби ќе делува механички, тоа е еден вид на механичко објаснување, но бидејќи ние како луѓе всушност не чувствуваме како нашата внатрешна состојба влијае на нивоата на живот под нас, а ниту ја имаме, сè за што треба да бидеме свесни се нашите состојби на чувствување и како работат во нашата врска со светот околу нас, односно луѓето околу нас, состојбите, сосотојбите во нашиот живот. Всушност тоа е изедначувањето на внатрешниот притисок на внатрешната желба, и надворешниот притисок на законот .

Научивме од приказната за гостинот и домаќинот, начинот на кој сфаќаме што се тие закони и изедначувањето со нив, дека не треба да бидеме загрижени за подарокот односно самото дејствување, туку со Дарителот - која е мислата позади дејствувањето и околностите, во кои се наоѓаме во било кое време, и кој е нашиот став спрема тоа?

Изгледа како многу тешка работа, но тој процес на тоа како можеме да го почувствуваме тоа,веќе постои во природата и само треба да научиме како да го набљудуваме тоа, како работи и како да го направиме.

Да се вратиме на натписот „Дејствувачка Интелигенција“ од Баал ХаСулам. Како што ќе го читаме ова обидете се да се поврзете со мислата на авторот и со неговото чувство, но посебно обидете се да се поврзете со мислата и чувството за тоа зошто ви го кажува тоа на вас.

Дејствувачка Интелигенција.

„Ќе објаснам по пат на илустрација. Забележуваме дека во секое дело изврешено во светот е задржан самиот ум кој го извршил тоа дело, значи во масата ја чувствуваме умствената вештина на столарот и неговото владеење со таа вештина, без разлика дали е мала или голема, бидејќи за време на неговата работа, тој тоа го проценил со неговото знаење и интелигенција, затоа тој што го истражува тоа дело и мисли за умот скриен позади тоа дело, сфаќа дека потекнува од зачнувањето поврзано со умот кој го создал, односно навистина тие се обединети.“

Можеме да забележиме дека позади сè што се појавува во овој свет постои мисла. Едноставно не може да се создаде од ништо. Дефинитивно постои Создател позади сè што се појавува во овој свет. Знаеме според овој физички пример дека намерата, односно особината на работата, грижата, тоа што е наменето за наша употреба, може да биде почувствувано и во најмалите нешта. Тоа го нарекуваме особина. Тое е чувство, не дека некој предмет е скап или убав, туку ако навистина убаво погледнеш, можеш да ја почувствуваш намерата позади тој предмет, особината на умот, особината на желбата да се даде некој предмет или убавина на некоја околност на нас.

Може да погледнеме во некој предмет и да бидеме заслепени од неговата нејасна особина, но само до тој степен до каде ќе посакаме да се почувствуваме, и да станеме како тоа нешто кое стои позади тој предмет, односно: „Сакам да знам какво искуство имал мојот пријател, односно што сакал да каже уметникот со тоа, сакам да ја почувствувам пораката која е намената за ова". Ако го земам предметот таков каков што е, не можам да разберам ништо, но ако го погледнам предметот можам да го почувствувам умот на уметникот или занаетчијата. Се префрлувам тука. И кажува:

„И затоа кога некој мисли на изведбата на својот пријател и ја сфати интелигенцијата која ја употребил во таа изведба тогаш и двајцата се еднакво вмешани со една моќ и интелигенција, тие сега всушност се обединети како човек што го сретнува својот пријател на пазар и го прегрнува, и бакнува, и да ги разделиш е многу тешко благодарејќи на врската меѓу нив ".

Со други зборови ако личноста која ја сфаќа оваа мисла позади давањетое во контраст со мислата, тој е поврзан со точно истата точка на потекло од каде што предметот и намерата позади предметот потекнуваат. Односно: „Ох, сфаќам што сакал да каже уметникот со ова, чувствувам дека идејата не беше спроведена од далечина, туку јас сум поврзан со таа идеја, јас сум едно со умот на тој кој ја смислил.

И затоа општо кажано, тој аспект на Интелигенција за кој збориме е моќта (и интелигенцијата), која се наоѓа меѓу Создателот и неговите суштества. Тоа е посредникот (меѓу Создателот и суштеството), односно Тој создал една искра на Интелигенција, според која сè се враќа кај Него. Сите овие нешта кое се претставени како физички случувања, како внатрешни чувства, како сензации, желби, како отстварувања, сите овие нешта кои се навидум надвор од нас, се всушност Умот на Создателот, односно Мислата на Создателот, спроведена кон нас на ниво на кое ќе можеме да ја разбереме. Ако нашата желба е да разбереме зошто ова е дадено, особината на љубовта позади тоа што е дадено, тогаш ние се поврзуваме со посредникот, Светлината. Тоа е интелигенцијата која потекнува од Изворот.

Сетете се на стихот: „Сите нив Ти ги направи со мудрост" односно Тој го направил целиот универзум со неговата мудрост(односно со неговата Мисла) затоа, тој кој заслужено се труди да го разбере начинот на кој Тој го создал универзумот и неговиот ред, сигурно ќе се поврзе со Интелигенцијата на Тој кој ги создал, и така се поврзува со Благословениот Создател.

Делата на Создателот не се физички нешта. Запомни околината во која живее човекот не е околина на физички дела, која е веќе совршено во рамнотежа со законите на Природата. Околината на човекот е Мислата на Создателот. Со тоа може да се поврзе човекот. Можеш да се поврзеш со причината.

Поврзувањето е едноставно да се навлезе во истата мисла и истата намера. Кога тоа ќе почне да се случува, не сме веќе разделени во надворешниот свет, во физички свет, туку сме поврзани со таа точка од која произлегува сè во светот. Ова е остварено преку врска со Создателот. Тоа е како врска со љубовник,с о некој сакан, од аспект на тоа кога сакаш некого, тогаш сакаш тој да знае кој си ти всушност. Им пишуваш мали писменца, им покажуваш во што уживаш, ја изразуваш својата мисла пред нив за поврзувањето со твојот сакан или сакана, да биде не само на физичко ниво туку и на повисоко ниво, на неопипливото ниво, кое го чувстуваме како љубов.

Значи овие постојани случувања во нашиот живот кои еволуираат, се како љубовни писменца, давање знак од страна на Создателот да тргнеме кај Него, и нашата желба да одговориме на тој повик е исто така од место, и чувство да сакаме да го знаеме нашиот сакан или сакана на тој начин.

И тоа е тајната на Тора. Тоа се сите Создавања на Создателот на кој припаѓаат суштеството, и тогаш суштеството ја сфаќа Интелигенцијата која создала сè. Тоа значи, сè што е создадено, секој израз што постои до сега, е само израз на Создателот и е наменет точно за овој повик кон суштеството. Сè е достапно за суштеството. Секој можен дел треба да му биде познат на суштеството. Со други зборови световите се создадени за човекот. И со тоа сфаќаме зошто Создателот ни го покажал својот алат на Неговиот занает, дали имаме потреба да создадеме светови.

Но јасно е од тоа што кажавме погоре, дека Создателот ни ги покажал Неговите наредби за да знаеме како да се поврземе со Него, и тоа претставува „соединување со Неговите Особини". Зошто уметникот ни ги покажува своите дела? Бидејќи на тој начин неговото сфаќање, неговото внатрешно чувство и неговиот став ни се достапни на нам, и иако сега не разбираме како се создаваат светови,низ соединувањето со Мислата на Создателот, можеме да се ги дознаеме сите Негови закони, да разбереме од каде доаѓа сето тоа што се наоѓа пред нас, односно зошто е таму, и за каква цел служи.

Ова взаемно чувство на мисла и намера е начинот на кој законот за еднаквост на форма е изразен на човечко ниво. Рамнотежата меѓу внатрешната желба да знаеме, да бидеме исполнети со задоволство, и вистинското задоволство кое постои, единственото задоволство кое постои, односно знаењето за Мислата на Создателот, и тој систем е совршено изграден за да создаде желба, за да може личноста да стапи во таа рамнотежа.

Придружете ни се повторно.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica