Да, компјутерот сосема ги револуционаризира нашите животи. Па сепак, многу луѓе не ни знае дека во еден момент се водела голема борба за врстата на системот кој ќе надвладее врз тие прекрасни машини.
Кога персоналните комјутери почнале да се појавуваат на пазарот во доцните 70-ти, Windows не бил доминантен оперативен систем. Apple Computers развил систем кој бил лесен за употреба и му овозможувал на корисникот да ги активира програмите кои биле направени за тој оперативен систем.
Се разбира, сите сме ја слушнале приказната за Bill Gates и неговиот револуционерен оперативен систем развиен во неговата гаража, наречен Windows. Многу брзо компјутерските програми за работа почнале да се прилагодуваат исклучиво само на Windows.
На кратко, на самиот почеток имавме два оперативна програма на располагање кои беа многу слични. Требаше само, малку реклама како би се рашириле гласини за Gates-овиот нов оперативен систем, но кога тоа се случи. IBM персоналните компјутери нагло продреа на светскиот пазар, со толку многу програми кои можат да се користат само во тој систем да за кратко време го презел поголемиот дел од пазарот кој го имал Apple до тогаш.
Зошто пишувам за ова, во статија за Кабала?
Тука не се работи за разни програми кои се активираат на компјутерорт, туку за општиот оперативен систем кој управува со програмите. Постои уште еден проблем. Програмите кои се направени за Apple системот не работат на Windows-овиот систем. Уште е почудно што и ние луѓето сме исти како компјутерите. Активираме многубројни програми; секојдневно спроведуваме илјадници функции, но сè на сè, делуваме во еден оперативен програм кој управува со сè што правиме.
Тој оперативен програм се нарекува воља да примам.
Како работи тој? Тој работи по принципот „најмала количина труд, за најголема количина на добивка". Не е битно во каква ситуација се наоѓаме, нашиот мозок веднаш почнува да калкулира према најголемата количина уживање која можеме да ја добиеме. И спротивното е исто така вистина. Во ситуации каде чувствуваме некаква болка, се прави проценка како да ја избегнеме болката со најмало количество на труд.
Програм 1: „Јас сакам да примам задоволства!"
Со други зборови, сите нешта што ги чувствуваме им судиме према принципот: уживање наспроти болка. Ние судиме што е добро, а што лошо користејќи го истиот принцип.
Значи ли тоа дека секогаш примаме? Па, со еден збор, да. Дури и кога мислиме дека даваме, ние всушност предходно сме пресметале дека таа одредена постапка на давање ќе ни донесе одредена количина уживање.
Ако проценката резултира со позитивен однос на уживање према болката, ние даваме. Ако е резултатот со неактивен однос, ние не даваме; со други зборови цената на трудот во тој случај е превисока за количеството уживање кое би го примиле. Тоа е причината, зошто сме среќни кога даваме во хуманитарни цели, а не сме кога даваме пари за плаќање на нашите режиски трошоци. Eдноставно, сме пресметале дека цената е превисока.
Меѓутоа, постои уште еден програм, програм кој е базиран на сосема поразлични принципи. Замислете си за момент дека се наоѓате во состојба во која мислите само на желбите за нешто на другите. Нормално ние правиме пресметка колку уживање ќе примиме ако на таа личност ѝ ја исполниме желбата, и колку ќе биде висока цената на акцијата.
Програма 2: „Јас сакам да давам задоволства"
Но што, ако го промениме начинот на калкулирање? Што ако употребиме во целост нов оперативен систем кој не е базиран на пресметка уживање наспроти болка? Што ако употребиме програм кој во целост се базира на калкулирање вистина према невистина, давање према недавање?
Замислете си општество кое би користело таков оперативен систем. За сите ќе судиме зависно од нивната способност да даваат,а не према количината пари која ја заработиле или дали се успешни спортисти. Што е личноста повеќе способна да дава, тоа општеството повеќе ќе ја цени. Но, како личноста може да го смени својот оперативен програм? Што ѝ е потребно за тоа? На крај, зошто некој воопшто тоа би го сакал?
За менување на програмот потребно е менување на општествените вредности
Очевидно е дека тоа не е едноставен акт. Како би го менувале начинот на кој ја правиме пресметката во нашиот мозок, треба секојдневно да ја јакнеме идејата дека токму тоа е она што треба да го направиме. Треба да сме целосно сигурни во тоа, дека со таквото менување ќе ни биде подобро. Во спротивно нашиот сегашен оперативен програм никогаш нема да ни дозволи такво менување.
Тоа значи дека мораме таквиот програм секојдневно да си го рекламираме себе си, исто како што секојдневно не бомбардираат со реклами на телевизија. А која е рекламата? Рекламата е: „Сакај го блискиот свој како што се сакаш самиот себе". Со, други зборови, желбите на другите стануваат поважни од моите. Тој чин едноставно се нарекува „љубов".
Имено, ние сега функционираме на начин на кој функционираат сите животни - вклучувајќи ги и човечките суштества. Меѓутоа, нивото на човечките желби е многу посложено и појако од желбите на било кое друго животно, затоа и не можеме да ги задоволиме. Тоа е причината на сите војни, криминал, користење дрога и насилство во нашиот свет. Зошто? Севкупната природа делува според програмот на давање, љубов. Ако го научиме тој принцип на љубовта, го прекинуваме патењето во облик во кој го познаваме.
Менување на програмот = изедначување со Природата
Само луѓето се управувани со оперативен програм кој во целост е различен од програмот на Природата. Ако го смениме тој програм, ако го смениме така да стекнеме еднаквост на формите со програмот на Природата, ќе бидеме исто како програм напишан за Apple-овиот систем, сменет, и ќе работиме за Windows-овиот систем, всушност ќе бидеме во можност да управуваме со своите функции на начин кој ќе биде во целосен склад со Природата.
Во тој случај ќе ја откриеме љубовта. Ќе го откриеме изворот на неограничено уживање кој е каде каде поголем од сумата на сите уживања кои некогаш сме ги искусиле преку нашиот сегашен оперативен програм наречен „воља да прима".