Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Закон на коренот и гранките

Ако сакаме да ги разбереме појавите што се случуваат во нашиот свет, најпрвин треба да го разбереме нивното потекло. Ако темелно и искрено ја проучиме реалноста, ќе мораме да си признаеме дека немаме поим зошто нештата се случуваат во нашиов свет, на начин на кој се случуваат. Тоа важи за секоја појава: време, нашето расположение, здравјето и болеста, случајна средба со глас од минатото или појавата на војните.

Еднаш кога нешто ќе тргне во погрешен правец, можеме да најдеме илјадници причини за тоа, зависно од нашата фантазија и креативност. Секогаш постои објаснување: „Денес сум болен, бидејќи вчера не се облеков потопло, одкако се истуширав". „Овој тренер не донесува исправни одлуки во клучни моменти и затоа нашиот тим губи". Но, на крај тоа се само оправдувања.

Мудроста кабала го изучува изворот на сите појави. Додека луѓето главно се однесуваат кон реалноста како на збир случајни околности, кабалата ги објаснува случувањата во овој свет према апсолутните закони на природата, закони кои за луѓето се сокриени.

Пример за еден таков апсолутен закон (во нашиов свет) е гравитацијата. Ако стоиме на столче и од него скокнеме на патос, тоа може да биде интересно. Но ако скокнеме од трети кат на некоја зграда, најверојатно ќе се заврши трагично. Во овој пример гледаме дека грешката и нејзината последица се моментални; и затоа можеме да ги поврземе последиците со нејзината причина: „Ме боли бидејќи (не баш паметно) скокнав од трети кат".

Но, ако сме во можност да видиме што се наоѓа помеѓу скокот и последицата, ќе бидеме во можност да разбереме за што ни говори кабалата. Кабалата ја набљудува причината и нејзините последици, додека ние ги чувствуваме само последиците, без да ја разбереме нивната причина.

Гравитацијата е закон. Не можеме да го заобиколиме или да го лажеме. Во најдобар случај можеме да го проучиме и да се однесуваме во склад со него. Но ако не ја знаеме и не ја гледаме поврзаноста меѓу гравитацијата и нејзините последици, како ќе бидеме во состојба да го избегнеме нашиот нов пад?

Кабалисите на ова прашање даваат многу јасен одговор: непознавањето на законот не е изговор за не плаќање на казната. Не можеш да скокнеш од зграда и да кажеш: „Опс, извини,мммм...Не размислував...". Законите за кои кабалата зборува се исто така крути, и ако сакаш да уживаш во животот и да го осознаеш во целост, мораме да го поврземе со кабала.

Прв закон со кој ќе се запознаеме се нарекува „Закон на коренот и гранките". Тој закон објаснува: сè што се случува во матеијалниот свет е само копија на тоа што се случува во Вишите Светови. Кабалистите зборуваат за Вишите Светови кои засега се сокриени за нашите сетила, но за нив се јасни. Всушност, јасно е дека тие чувствуваат и се однесуваат кон тие светови како на светови - причина за сè што се случува во нашиот свет. Тој свет кој кабалистите го гледаат се нарекува „свет на причина" или „свет на корените", а нашиов свет го нарекуваат „свет на последици" или „свет на гранките".

Сè што мислиме, чувствуваме, замислуваме, гледаме и слушаме однапред е одредено во Вишите Светови. Раби Јехуда Ашлаг, познат како Баал ХаСулам (Господар на Скалата), поради својот Сулам (Скала), коментар на книгата Зохар, го опишува тоа на следниов начин (во својата статија “Суштина на Мудроста кабала“):

“Не постои елемент во реалноста, или случувања во реалноста кои се такви да не можеме да ги најдеме во Вишиот Свет, толку се слични колку и две капки во бара. Тие се нарекуваат „корен и гранки", кои укажуваат, дека елементите во нискиот свет се сметаат за гранки во однос на своите примарни предмисли во Вишиот Свет, кој е корен на елементите во нискиот свет, каде се тие втиснати и оформени.

Што треба ние да направиме околу тоа ?

Кабалистите ни даваат начин на кој можеме да се „вмешаме" во тој систем и да ја смениме нашата судбина. Менувањето првенствено започнува со учење на начинот на кој тој систем функционира. Доколку во нашата сегашна состојба не сме способни да промениме било што, постои друго место каде можеме да ја промениме својата судбина и да ја одредима својата иднина. Многу е важно да знаеме што е тоа, за да не би го трошеле своето време на залудни обиди да ја пронајдеме среќата, како што тоа сме го правеле досега. Тоа е исто важно за да почнеме да го бараме патот до местото од каде навистина е возможно да се контролира системот. Ако во светото постои некој кој научил како може да се контролира тој систем на закони, тогаш и ти и јас, и сите други го можеме истото.

Единствено останува прашањето: дали е за нас тоа доволно важно да посакаме да запловиме во води кон запознавање на Вишиот Свет. Дали нè интересира и дали нè привлакува духовната цел доволно силно за да сакаме да ги слушаме кабалистите и од нив да го учиме начинот, на кој можеме да ја досегнеме вечната и потполна благосостојба?

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica