Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто се чувствувам лошо?

Болката нè турка напред. Било да се чувствуваме потиштено, празно или збунето, сите лоши чувства постојат како би не натерале да размислуваме за нивната причина и намера.

Во нашиот свет ја гледаме само надворешната човекова стварност. Не гледаме што е скриено позади природата, друштвото, личноста или свемирот и ништо од тоа не можеме да контролираме.

Како кај гоблен, конците кои се вкрстосуваат низ сите делови на сликата можат да бидат видени само од опачината на гобленот. Слично на тоа, не ги гледаме врските помеќу збиднувањата во нашата стварност; гледаме само дека нешто се случило изненада поради некоја причина.

Како ќе ги знаеме последиците на нашите постапки? Одеднаш добивам удар и не разбирам зошто се случил или од каде дошол. „Каде сум погрешил?" „Што сум направил за ова да го заслужам?" и „Која е смислата на сето тоа?"

Секој може да ги протолкува причините за сопствената болка и болката на другите како сака. Но сите се сложуваат дека болката не тера да размислуваме за нејзината намера и нејзината причина, што во очите на Кабала е едно те исто.

Науката Кабала тврди дека има само една причина за сета болка e да нè натера да се прашуваме за нејзиното значење. Тогаш можеме да ги искористиме сите тие прашања да не подигнат од ниво на нашето земско постоење, каде причините се скриени, на повисоко ниво на постоење, каде се откриваат причините за таа болка.

Науката Кабала ни ја дава таа прилика: да откриеме каде постои изворот на животот - Вишата Светлина, Создател - и да постигнеме соединување со тој извор. Прашања за тоа што е извор на болката, која е целта на прашањата и која е смислата на животот личноста ја доведуваат до Кабала.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica