Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалата - Клуч за согледување на реалноста

Ретко ни паѓа на памет помислата, дека таа слика може да биде погрешна. Зошто? Затоа што ние немаме претстава за тоа што се случува надвор од нас. Ја познаваме само сопствената интерпретација на „надворешните случувања" кои се темелат на информации кои ги воспримаме со нашите сетила.

Ретко ни паѓа на памет помислата, дека таа слика може да биде погрешна. Зошто? Затоа што ние немаме претстава за тоа што се случува надвор од нас. Ја познаваме само сопствената интерпретација на „надворешните случувања" кои се темелат на информации кои ги воспримаме со нашите сетила.

Ние всушност живееме во огромна реалност, но согледуваме (чувствуваме) само мал дел од неа. Како знаеме дека тоа е факт? Да погледнеме на кој начин е создадена реалноста. Ако помислиме на нашето око и начинот на кој тоа работи, сознаваме дека светлината во суштина не влегува во нашите глави:

-Светлината поминува низ окото и доаѓа до мрежницата, која всушност е преносен апарат.
-Светлината удира во мрежницата, но не поминува низ неа. Наместо тоа мрежницата го задржува светлото и пренесува информации за квалитетот на светлото преку нашиот очен нерв до нашиот мозок.
-Нашиот мозок тогаш црта слика во нашата глава, создава своја интерпретација на она што е надвор од нас.

Нашата ограничена способност за перцепција

Проблемот лежи во тоа што информациите кои се пренесуваат се многу ограничени. Зошто? Мрежницата е чувствителна само на мал спектар на светлина, кој се нарекува „виден спектар". Кога би била чувствителна на потполниот спектар на реалноста (кој се нарекува зрачење) би биле во можност да ги видиме рентгенските зраци, ултравиолетовите и инфрацрвените зрачења, микровалните зрачења па дури и звучните бранови.

Што се наоѓа надвор од мене

Па каква реалност се наоѓа надвор од нас? И нашите останати сетила делуваат на ист начин. Целиот проблем е што ние не сме во единство на формата со широк спектар на информации, кои остануваат надвор од нас. Ние дури и не знаеме дали и тој мал дел на реалноста што го перципираме е точен. Всушност, знаеме дека не е, зошто во спротивно би виделе човечки костури и би чуле свирчиња за кучиња. Дури и сликата која ја примаме е неточна затоа што е филтрирана. Низ што се филтрира сликата на целосната реалност? Се филтрира низ мене, моето чувство на сопственото „ЈАС" - моето его. Тогаш мојата стварна перцепција на „мојот свет" зависи од особеностите на моето его.

Не сум ништо друго, освен желба за примање задоволство

Создадени сме на еден многу посебен начин, каде особините на нашето его се основуваат на една општа особина - желба за примање. Со други зборови, во секое случување кое го перципираме, сопственото чувство дали е случувањето добро или не, го темелам на тоа дали примам задоволство или не од него. Таа особина - желба за примање - контролира сè во нас, и се јавува во две форми:

1. Примам со намера за примање на задоволства
2. Давам со намера за примање задоволства

Давање со намера за примање на задоволство многу е посложено зошто се чувствуваме како давател, иако сеуште примаме. Такви примери гледаме во секоја врста на филантропијата, па дури и во мајчинската грижа за своето дете. Желбата за примање во голема мерка ја искривува точноста на сликата наречена „мој свет" и го сокрива останатиот дел од стварноста од самите нас.

Крајниот резултат на тоа филтрирање е тој што нашата слика на реалноста е во целост неточна, и навистина немаме претстава што се случува надвор од нас. Единствено што знаеме е тоа што нашите сетила ни го кажуваат и како при тоа се чувствуваме.

Што можам да видам надвор од себе?

Зошто точно не можам да го видам она што е надвор од нас. Она што знаеме е дека ако не сме во единството на формата со информација која удара во мрежницата или тапанчето, тогаш не ја чувствуваме таа информација. Тоа се однесува и на нашата природа, желбата за примање.

Она што навистина постои надвор од нас има единствена особина, како и самите ние. Но таа особина е потполно спротивна од нашата: таа е желба за давање. Бидејки нашата единствена особина е потпоност спротивна од единствената особина на она што постои надвор од нас, не постои апсолутно никаков начин за точна перцепција на реалноста надвор од нас. Или ја имаме?

Кога би можеле да ставиме преносен апарат, сличен на мрежница или ушно тапанче, преку нашата желба за примање, а при тоа тој апарат да има особини исти со особините на она што е надвор од нас, тогаш би биле способни и да перципираме тоа што е надвор од нас.

Намера: сретство за перцепција на потполно нова реалност

Тој преносен апарат се нарекува намера. Но намера за што? Тоа е намера за давање, да даваш - да ги изедначиш своите квалитети со единствената форма, на она што е надвор од нас.Тоа е нешто што од самото раѓање ни е сосема страно. Кога ќе бидеме способни да го поставиме тој преносе апарат преку нашата желба за примање, ќе ни се отвори потполна нова реалност. Чувството за она што е надвор од нас се нарекува „осознавање (чувствување) на духовното".

Како изгледа тоа? Ако на сите задоволства, што сме ги вкусиле во целиот живот, се како зрно песок, тогаш велиме дека еден момент од чувството на духовното е сличен на цела плажа на задоволства. Меѓутоа како поединецот може да го развие ова чувство? Процесот на развивање на тој духовен чувствителен орган е наречен кабала.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica