Многумина од нас прилично се сигурни во тоа кои се. Исто така многумина од нас со тек на време се сигурни дека знаат кои им се навистина нивните пријатели. Но кога ќе почнеме да се опишуваме себе си, или нашите пријатели, таквиот опис обично почнува со физички опис, пол, години, висина, општа градба, боја на коса, боја на очи и слично.
Кој е Перо Перовски
Кажи ми нешто повеќе за него. Каков е тој?
Секако, таквиот опис е прилично ограничен и по ништо не ја одредува личноста која се опишува, поради што брзо поминуваме на опишување на карактерот и особините на таа личност.
Сакам да знам повеќе! Што тој не сака да работи?
Некои од тие особини се одредени од средината во која таа личност живее, неговото семејство, работа, место на живеење итн. И во овој случај ни недостасува нешто во описот. На крајот ако продолжиме да „копаме" подлабоко, ќе го откриеме најдлабокиот слој: што таа личност сака. На пример нашиот пријател сака опера или народна музика, фудбал или кошарка, читање или гледање телевизија, да седи дома или да излегува, и да се забавува по цели ноќи.
Па што всушност овде опишуваме? Овие карактеристики се всушност желбите што личноста ужива да ги прави. Можеме да кажеме дека навистина некого го познаваме кога знаеме што го исполнува, што му прави најмногу задоволство. Тоа е и причината поради која ние, по правило, нашите најблиски пријатели се личности со кои сме најмногу слични по оние работи што ни прават задоволство.
Со други зборови, кога сакаме да работиме исти работи со нашите пријатели, сакаме и повеќе со нив да се дружиме. Па така заклучукот за тоа кој некој е навистина, се базира на единствените желби која таа личност ги има.
Дали сум “Јас“- моите желби?
Значи ли тоа дека Јас сум моите желби? Значи ли, дека покрај моите биолошки карактеристики, само одреден број на желби ме прават мене, личност?
Колку различни желби гледаме на овој свет, кои ако ги земеме во предвид, секоја од нив, имајќи во предвид дека секоја од нив може да се исполни на многубројни начини, не е ни чудо зошто толку разлики постојат меѓу луѓето на планетава.
Меѓутоа, на момент претпоставувам дека би можело да постои и друго „Јас". „Јас" кое не е одредено од комбинации на телесни карактеристики, нити од збир на желби за одредени задоволства. Каде и како да откријам такво „Јас" внатре во она надворешно „Јас"? Збунети сте? Кое друго „Јас" би можело да постои?
“Јас“, не сум моите желби
Одговорот на ова прашање не лежи внатре во желбите, кои ја прават личноста, туку внатре во тоа „кој" всушност ги исполнува. Со други зборови од каде е изворот на задоволствата, што ги исполнува тие желби.
Да претпоставиме, дека постои некоја врста на сила, која не е слична ни на една друга: гравитација, електрицитет или било која слична. А единствена особина на таа сила е да ни даде задоволства. Како? Прво ги креира желбите, кои сите ние ги чувствуваме на различни начини, а потоа ги исполнува. Всушност тоа е тоа што навистина се случува. Секое дејствие, од најмало до најголемо, го правиме со цел на исполнување на некоја желба.
Додека го размислувате горенаведеното, помислите и на следново: Ние сме во потполност скриени од таа сила. Но, ако таа сила навистина постои, не само што е одговорна за сè што правиме, додека се обидуваме да ги исполниме нашите желби, или ништо не правиме; туку е одговорна и за тоа што другите работат. Бидејќи сите дејствија на сите луѓе на оваа планета се насочени кон задоволување на желбите. Истото се однесува и за сите животни на планетата, со тоа што нашите човекови желби се далеку посложени.
Приказна за кралот и селанецот
Што сакавме со горенаведеното да кажеме? Ајде да видиме дали може една кратка прикаска да ни објасни за што всушност се работи. Си биле две момчиња кои биле многу добри пријатели. Кога пораснале, едниот станал крал, а другиот обичен селанец. Низ времето го изгубиле контактот еден со друг, но еден ден кралот открил каде се наоѓа селанецот. Кога видел во каква состојба живее селанецот, почнал потајно да му дава подароци. Селанецот ги сакал подароците и се радувал. По некое време со задоволства од подароците, селанецот почнал да се прашува кој му ги дава сите тие работи. После многу години, “му светнало“ дека мора да постои извор на сите тие подароци, па почнал да го бара. Еден ден селанецот го видел човекот што му ги остава подароците и решил да го следи. Човекот влегол во палатата, а селанецот и понатаму го следел.
Кога го запознал кралот, бил вчудоневиден дека тој му ги давал подароците сите изминати години. Кралот забележал дека селанецот е навистина среќен, па го прашал: „Што уште можам да ти дадам за да бидеш во потполност среќен?" Селанецот одговорил: „Сакам да бидам како тебе, да правам она што и ти го правиш". Тоа кралот не можел да го стори, можел да му го даде целото богатство што го имал, ама на селанецот е внатре во самиот себе да си ја пронајде желбата на добриот крал.
Ние сме како селанецот од приказнава, постојано примаме задоволства, исполнувајќи ги желбите, кои во нас ги створил анонимен дарител. Но во одреден момент почнуваме да се сврзуваме, не само со поклоните, туку и со желбата да дознаеме кој е тој што ни ги дава, како и со желбата да станеме како него.
Потребно ми е да создадам вистинско „Јас"
Токму таа желба претставува вистинско „Јас". Зошто? Затоа што сите други желби доваѓаат од дарителот. Меѓутоа желбата „да се биде како дарителот" да правиш што тој прави, не е желба што тој ни ја дал, туку желба што трба да ја развиваме во себе. Таа е единствена наша лична желба, сите други доваѓаат од Дарителот.
Ако една личност сака да осознае кој е навистина, потрагата почнува во откривањето кој навистина ги дава задоволствата што ги чувствува. Тогаш почнува да се поврзува со Дарителот, а не со задоволствата кои доваѓаат од Дарителот.