Секој ден се сретнуваме со десетици, ако не и со стотици ситуации со кои на овој или оној начин не се сложуаме. На пример: ве разбудило негодувањето на брачниот другар или некој ви го попречил патот кон работа или во текот на денот сте имале проблеми со шефот или со работниот проект, листата е бескрајна.
Сепак, поголемиот број на тие негативни искуства само ќе помине покрај нас, а притоа да не сме ни размислиле добро за нив. Малите случки едвај и да ги забележуваме. Ако во столчето не ни е удобно или ако голтката вода отиде „во крив правец", ќе се намуртиме, прилагодиме и продолжуваме понатака како ништо да не се случило.
Меѓутоа, секоја од тие негативни случувања ни дава можност да се припремиме за духовна работа. Тоа е така затоа што духовното е целосно поврзано со нашиот однос спрема Создателот. Прикажани се два темелни факти. Прво, дека не постои ништо освен Него, а тоа значи дека не постои нити една друга сила на светот освен Создателот, односно дека Тој стои позади секоја поединечно дејствие, дека е Сила која ги движи работите.
Второ, кажано ни е дека сите случувања низ кои поминуваме во текот на денот, па дури и оние најмалите, се добри. Со други зборови, независно од тоа дали некое искуство го доживуваме позитивно или негативно, Создателот единствено спроведува чин на љубов кој содржи само добро. Тоа значи дека секоја поединечна случка која ќе се појави во нашиот живот е можност за духовна работа.
Нашиот однос спрема Создателот е место од каде започнува нашиот духовен пат. Постојат три различни извори (односи) спрема Создателот поврзани со некое случување. Тоа се:
* Не го поврзуваме Создателот со случувањата кои ни се случуваат. Ова се смета за целосно занемарување на духовноста, кога се наоѓаме само во нашата материјална природа. Тоа се нарекува живеење како ѕверка.
* Ајде да се присетиме каков е нашиот став према Создателот, и откриваме дека не можеме да го најдеме Создателот во позадината на тоа случување. Со други зборови колку што знаеме, Создателот постои, но ни се чини дека во светот постојат и други сили кои исто така можат да бидат причини на нештата, како случката која сме ја доживеале. Тоа се нарекува дупла скриеност.
* И на крај, третиот став кој можеме да го доживееме е да разбираме дека Создателот е одговорен за секоја поединечна случка во светот, но некои од нив се лоши и ни нанесуваат болка. Тоа се нарекува единечна скриеност.
Се разбира, наша цел е да разбереме дека Создателот е одговорен за сè што се случува, и дека сè што се случува е прекрасно, совршено, и не може да биде подобро. Но, понекогаш се збунуваме и мислиме дека наша работа е да го менуваме односот кога се чувствуваме лошо, неубаво.
Сето ова е потполно невозможно, луѓето кои мислат дека можат да ја променат својата природа само се лажат. Само Создателот може да биде причина на таква преобразба. Ние можеме само да сакаме тоа да се случи, и тоа да го сакама од сè срце. Ова последново, да сакаме и сите заслуги да му ги препишеме на Создателот, и да разбереме дека сè е добро, е најважниот чекор во нашата работа. Тоа се нарекува молитва.
Но, за да стигнеме до тоа сознание, треба секогаш кога ќе се присетиме на тоа да правиме анализа на секоја случка со која не се согласуваме, да ја видиме позадината, кој стои позади.
Запомнете наша цел пред да влеземе во духовното е да го разгледаме нашиот однос спрема Создателот. Дури, одкако ќе најдеме случувања кои не можеме да му ги препишеме на Создателот или не можеме да кажеме дека сите дела на Создателот се добри-да ги оправдаме Неговите постапки, тогаш треба да се обидеме да сакаме да ги оправдаме тие непријатни случувања.