Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Четири Фактори кои ме определуваат мене и сè околу мене

Во својот есеј „Слобода" напишан 1933, Баал ХаСулам објаснува дека во внатрешноста на секој објект и во внатрешноста на секој поединец, постојат четири фактори, кои ги определуваат. За да го објасни дејствувањето на тие фактори, се служи со примерот за растењето на семето на житото.

Тоа е одличен пример, кој ни помага да разбереме за што станува збор, затоа што не е тешко да се следи растот и развојот на едноставен организам, како што е житото.


1. Есенција (Прима Материја) – вродени особини

Есенцијата е вродена срж на секој објект. И покрај тоа што може да поприми различни облици, самата по себе никогаш не се менува. Така, кога се распаѓа семето на житото во почвата, во потполност се губи и неговиот облик, но сепак новото стебленце жито ќе израсне од неговата есенција. Првиот фактор, есенција, темелот, нашиот генетски код, е во самите нас од почетокот на нашиот живот. Токму заради тоа ние не сме во состојба да го промениме, ниту пак да влијаеме на него.

2. Непроменливи квалитети

Законите за развојот на есенцијата никогаш не се менуваат, и од нив произлегу - ваат непроменливи квалитети на секој објект. Например, од зрното жито никогаш нема да изникне друга житарица освен жито; од семето ќе израсне билка која ќе има облик на житото кое претходно го изгубила. Тие закони и квалитети кои произлегуваат од нив, се предодредени и произлегуваат од природата. Секое семе, секое животно, и секоја личност го содржи законот на развојот на суштината. Тоа е вториот фактор кој го одредува нашиот развој, на кој исто така не може да влијаеме.


3. Квалитети кои можат да се променат под влијание на околината

Иако семето е од иста сорта, неговиот надворешен изглед може да се промени под влијание на надворешните елементи. Со други зборови, кога се наоѓа под дејство надворешните елементи и нивните закони, „oбвивката" есенција го менува својот квалитет. Влијанието на надворешната околина ѝ додава елементи на есенцијата, што доведува до развој на нови квалитети на истата есенција. Тие елементи можат да бидат сонце, почва, ѓубре, влажност и дожд. Тие ги одредуваат околностите во кои се наоѓа новото жито во текот на своето растење, како и неговиот квалитет и квантитет.

Ако сето ова го проследиме на една личност, поединец, надворешните влијаниа можат да бидат родителите, учителите, пријателите, колегите, книгите, како и пораките што поединецот ги прима од медиумите. Според ова третиот фактор претставува закон според кој околината влијае на поединецот, со што ги поттикнува промените на неговите променливи квалитети.


4. Промени во околината кои влијаат врз објектот

Околината која влијае на растот на житото, и самата е под влијание на надворешните елементи. Тие елементи можат драстично да се менуваат: на пример суша или поплава, кои ќе предизвикаат сушење или трулење на целото семе. Тој четврти фактор ги вклучува промените на самата околината, кои го менуваат начинот на кој делуваат врз промените на квалитетот на личноста, поединецот.

Со тоа, четирите фактори ја одредуваат севкупната состојба на секој објект. Тие фактори го одредуваат карактерот на една личност, нејзиниот начин на размислување и расудување. Тие дури ги одредуваат неговите желби, како и начинот на неговото однесување во секој момент. Во есејот, Слобода, Баал ХаСулам мошне опширно расправа за секој наведен фактор и ги наведува следните заклучоци:

* Личноста не може да го промени својот генетски код, својата есенција
* Личноста не може да ги промени законите по кои се развива нејзината есенција
* Личноста не може да ги промени законите на надворешната околина која влијае врз нејзиниот развој.
* Личноста може да ја промени околината во која се наоѓа, и од која е во целост зависна, и да избере посакувана околина за постигање на животните цели.

Со други зборови, не можеме директно да делуваме на себе, бидејќи не ја одредуваме својата есенција и начинот на кој таа се развива. Исто така не сме во можност да ги промениме законите на Природата, со кои влијае на нас. Меѓутоа, ние можеме да делуваме на своите животи и судбини, подобрувајќи ја (менувајќи ја) својата околина. Со тоа, наш единствен слободен избор е избор на права околина. Ако ја поттикнеме промената на нашата околина и на тој начин ја подобриме, ќе го промениме и влијанието на околината врз нашите променливи квалитети, а со тоа ја одредуваме нашата иднина.

Од сите нивоа на Природата: нежива, растенија, животни и човекот; само човековото ниво може свесно да ја одбере околината, која ќе ги одреди неговите желби, мисли и дејствувања. Од изложеново, процесот на корекција се темели на односот на поединецот со околината. Ако нашата околина содржи соодветни темели за наше растење ќе постигнеме големи резултати.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica