Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што нè учи кабалата и каква корист имам од тоа

Науката кабала има единствен начин на кој ти се обраќа тебе, мене и на сите нас. Не зборува за ништо апстрактно, туку само за начинот на кој сме создадени и како функционираме на повисоките нивоа на подсвеста. Еден нејзин дел зборува за спуштањето на Вишите Сили кои доаѓаат од светот на Бесконечното. Светот на Бесконечното е наша почетна состојба во која постоиме како посебен, единствен систем на души кои се меѓусебно поврзани.

После тоа учиме за низата светови кои следат после светот на Бесконечното, за Сефирот и Парцуфим и начинот на кој тие се спуштаат во нашиов свет во кој живееме. Многу кабалистички книги се напишани за тоа, почнувајќи од книгата со наслов: Сефер Јецира /Sefer Yetzira / (Книгата на Создавањето) која ја напишал Аврам Патријархот пред 4000години.

Друга важно дело е Книгата “Зохар“, пишувана во вториот век од нашата ера. После “Зохар“ следат книги кои ги напишал Ари, голем кабалист од 16-ти век. Во 20-ти век кабалистот Јехуда Ашлаг ги пишува своите дела кои се прилагодени за нашата генерација.

Сите кабалистички извори ја опишуваат структурата на Вишите Светови, начинот на кој тие се спуштаат и ги создаваат ниските светови. Исто така опишуваат како настанал нашиот свет, универзумот, нашата планета и како се развил нашиот живот. Учејќи за тоа како е направен тој систем и како се спушта во нашиот свет ни овозможува да ја совладаме методата на влегување во истиот тој систем и понатаму како со него да владееме.

Ние главно учиме од книгата Талмуд Есер Сефирот / Talmud Eser Sefirot (Студија за Десетте Сефирот) која ја напишал Јехуда Ашлаг. Книгата се состои од шест тома и е замислена како помош во учењето. Содржи прашања, одговори, материјали за повторување и меморирање, објаснувања, графикони и цртежи. Ова е ако сакате, физика на Вишите Светови која ги опишува законите и силите кои управуваат со универзумот. Овој материјал во целост го менува студентот, бидејќи низ трагањето по влез и престој во духовниот свет ние самите се прилагодуваме на материјалот.

Науката кабала не се занимава со животот во овој свет. Напротив, со студирањето на овој систем повторно го досегаме нивото кое сме го имале пред симнувањето, истото она ниво на кое ќе бидеме на крај на нашето издигнување од овој свет. За време на издигнувањето, кабалата гради систем внатре во студентот кој е ист како и Вишиот Систем. Овој систем почнува да се организира и манифестира во личноста која сака да го достигне и го студира со таа намера.

Како што од капките на човечкото семе може да се развие човечко суштество и постепено расте во возрасна, зрела личност, така и науката кабала ја развива нашата желба за досегнување на повисоките нивоа на постоење.

На почеток тоа е мала желба која се нарекува „точка во срцето". Оваа точка е како ембрион на нашата идна состојба. Со студирањето на структурата на Вишите Светови ние развиваме генетичка информација внатре во точката, а како таа расте во нас почнува да се формира структура слична на онаа во Вишите Светови. Поради тоа студирањето се наградува. Дури и ако ништо од она што го читаме не го разбираме, со самото тоа што сакаме да ги разбереме кабалистичките текстови нашато точка во срцето се храни и расте како и желбата за Вишиот. Што повеќе расте, сè повеќе го чувствуваме присуството на новата креација, нов, поразличен свет внатре во нас.

Правејќи го тоа науката кабала ни дава можност да ги почувствуваме Вишите Светови, да разбереме сè што ни се случува и што е најважно да го контролираме тој процес.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica