Прашање: Не еднаш сум слушнал како пријателите велат: „ Ете јас ќе ги вложам сите напори и ако ништо не достигнам во овој живот тогаш барем ќе одам по овој пат“. Дали тоа е правилна психологија или не? Или човекот треба да каже: „Во овој живот јас ќе го достигнам духовното!“?
Одговор: Во овој живот – значи на ова ниво. Бидејќи она што ние не го чувствуваме и ни се чини дека се наоѓа надвор од границите на овој живот исто така е постоење, само во друга област. Да речеме сега јас постојам во тело и преку него го чувствувам својот живот. Ако покрај тоа, преку работа над себе, јас се доведувам до состојба кога почнувам да чувствувам дополнителни чувства на живот: во нови особини, нови желби, нови односи, на повисоко ниво, на особините на давање, поврзаноста со другите – тогаш овие особини не се однесуваат на мојата исконска желба (желба, а не тело). И затоа јас само се реализирам себеси на следното ниво градејќи од себе суштество од повисок ред. Ако го изградам, тогаш желбите од моето ниво постепено се трансформираат во повисоки желби. За што ни е дадено телото кое всушност нема никаков однос кон желбите? Бидејќи ние би можеле да се наоѓаме во желбите надвор од телото и да ги реализираме надвор од него.
Реплика: Тоа е тешко да се замисли...
Одговор: Зошто? Зарем е тешко да се замисли дека јас се насладувам без да си подготвам кафе, да го турам во чашка и да го налеам во мојот хранопроводник, чувствувајќи таму некое насладување? Па сето тоа се сензори, надворешни придружни елементи! Суштината не е во напитокот! Во мојот мозок може да се вгради електрода или на главата да ми се стави шлем со електроди и јас ќе ги доживеам истите чувства. А каде сум јас всушност? Работата е во тоа што во нас влегуваат секакви импулси, сили кои управуваат со нас и нам ни се чини дека ние божем ги движиме рацете, зборуваме еден со друг. А всушност тоа не е така. Материјата која ни е дадена во чувствувањата не постои. Затоа наша прва задача е да се ослободиме од оваа илузија, да се поткренеме над неа. Тогаш нашите движења ќе станат рационални а не глупави како кај бебето кое мрда со рачињата и ноџињата бидејќи не можејќи да управува со нив. Ние ќе почнеме да работиме директно со силите кои нѐ активираат и ќе знаеме како да реагираме на нив, ќе влеземе со нив во двострана врска и ќе ја видиме целта.
Од лекцијата по писмото на Баал ХаСулам, 24.06.2014
Земај пример од духовните родители
Пред илјадници години во светот живееле луѓе наречени наши претци, меѓутоа најважни за нас се најблиските роднини: баба, дедо, татко, мајка. Безусловно од сите претходници нема никој поважен од таткото и мајката преку кои човекот се поврзува со сите генерации. Тоа се однесува и на материјалните родители и на духовните. Така ние се поврзуваме со своите духовни виши Татко и Мајка (Аба ве-Има) за да ја добиеме преку нив силата на Светлината. Целата наша работа е во тоа да се преклониме пред нив. Сѐ се одредува од тоа во кој степен ние земаме пример од духовните родители, сакаме да ги имитираме, учиме од нив и се преклонуваме пред нив. Нашиот егоизам е намерно создаден да ги критикува, а наша задача е да се искачиме над таа критика без оглед на личното несогласување. И тоа е природно дека ние не се согласуваме со таткото и мајката бидејќи се наоѓаме на подолно ниво. Но кога се искачуваме над сите сомнежи, прашања, тешкотии, несогласувања со вишото ниво, токму заради тоа ние се искачуваме на него.
Во почеток ние се вклучуваме во вишиот како зародиш целосно поништувајќи се себеси. А потоа добиваме сѐ повеќе самостојност поминувајќи ги фазите на доење и созревање. Сите овие нивоа се изградени во нашето самопоништување, скратувањето на нашиот егоизам, создавањето на екран и работата над критиката за вишиот која се пробудува во нас. Затоа задача на народот е да се поништи себеси пред мислењето на мудреците-кабалисти, да ги слушаме и да им помагаме во сѐ. Треба да се искористи разумот на кабалистот кој ни советува какви чекори да преземеме за нашето духовно напредување. На ист начин ние треба да дејствуваме во однос на целиот свет. Исраел значи „Мене главата“ и затоа оној што се наоѓа на нивото Исраел и добива духовно знаење задолжен е да ја изврши својата мисија во однос на останатите. Или ние се наоѓаме на нивото Исраел, „јашар-кел“ стремејќи се директно кон Создателот и со тоа давајќи им насока на другите, или припаѓаме на народот и се преклонуваме пред раководењето на оние што се наречени Исраел, одејќи по нив. Воглавно тоа се однесува на нашата генерација кога ние доаѓаме до фактот дека сѐ што е напишано во Тора почнува да се остварува во пракса. Ние сме прва генерација која се обидува да ја реализира Тора врз себе и истовремено да послужи како пример за другите, односно да достигне соединување кое ќе стане слично на формата на вишиот, Создателот.
Тргнувајќи од ова се градат односи во групата и надвор од неа, во народот и надвор од неговите граници. На таков начин сѐ се реди по нивоа како пирамида. Притоа човекот кој се наоѓа најдолу од сите и најмногу од сите се преклонува, се искачува повисоко од сите други. Тој сега се наоѓа долу бидејќи има снимка (решимо) од големиот екран кој го имал некогаш кога работел за давање. Кога тој екран се скршил човекот паднал најдлабоко од сите други. Но ако тој сега се поништи себеси, својот егоизам и се искачи над него секој пат прилепувајќи се кон повисокото ниво, тогаш на таков начин ќе се искачи на врвот на пирамидата. Заради ова пирамидата се претвора во круг и ние се враќаме во состојбата на светот на Бесконечност, единствената желба исполнета со единствена Светлина. Затоа за време на работата на поправката ние немаме друга можност освен да се преклониме пред вишиот. Секој треба да сфати кој за него претставува виш и од кого тој ја добива методиката, Тора, упатствата во патот. А после завршувањето на поправките сите стануваат апсолутно еднакви и формираат круг.
Од подготовката кон лекцијата, 24.06.2014
Што ми недостасува
Рабаш: „Шлавеј Сулам" (1987/88), статија 27, „Создателот не трпи горделиви“: Постои посебна молитва која човекот треба да ја вознесува. Молитва за да му помогне Создателот и да му даде помош одозгора – за да дознае што му недостасува и за тоа да побара помош од Создателот.
Честопати во текот на поправката на душата ние стоиме не знаејќи како да постапиме. Нешто се случува со нас, но не е јасно што. На пример ние не сфаќаме како треба да ѝ се обраќаме на широката публика, како да се грижиме за неа. Постепено тоа ќе се пројаснува сѐ поочигледно – ние не знаеме за што да молиме, што точно нам ни недостасува. Таков проблем се создава постојано и треба на тоа да се навикнеме. Генерално нашите решимот кои се насочени кон целта на создавањето иако се разбиени но сепак се устремени кон поправка. Се чини кога веќе кај мене се пројави такво решимо што барам повеќе од тоа? Останува само да се пробудам, да замолам за посакуваното и да ја добијам Светлината која враќа кон Изворот.
Меѓутоа тешко е да распознаеме што точно ни недостасува. Затоа човекот вознесува „молитва пред молитвата“ и таа молба сѐ уште не е усогласена, исто како што сѐ уште не е усогласена нашата работа со масите. Во таков случај важно ни е да ја воспоставиме првичната поврзаност, слично на досадно дете на кое всушност ништо не му треба, но тоа бара внимание. Нешто слично се случува и меѓу возрасните, токму тоа е прашање на воспоставувањето на врската или нејзино обновување. На ист начин е вообичаено да се однесуваме и со Создателот: за волја на вистината не е важно со какво прашање јас се обраќам кон Него, самото обраќање веќе ми помага да го заземам вистинскиот правец. Јас сакам поврзаност, сакам Негово внимание, молам да ме погледне. И само потоа вознесувам вистинска молба. Првичната молитва дури може и да не произлегува од срцето. Да речеме јас го отворам молитвеникот и читајќи го текстот полека се прилагодувам на потребната бранова должина. И дури тогаш одозгора ми ја откриваат вистинската желба. Се чини зошто оваа желба се смета за вистинска ако порано не сум ја чувствувал? Затоа што ми откриваат решимот кои останале по разбивањето на душата.
„На таков начин, - пишува Рабаш, - молитвата која човекот ја вознесува за она што му се чини дека му недостасува, е само чудесно средство со чија помош Создателот му праќа одозгора одговор – знаење за она што навистина му недостасува“. И токму за тоа човекот навистина го моли Создателот. Тоа се случува бидејќи ни е многу тешко да наоѓаме и извлекуваме вистински решимот кои останале по разбивањето на душата. Тие се пројавуваат како низа на патот од тука и до крајот на поправката. И најважно е да се моли, да се бара да ми се открие токму вистинската желба. За тоа е речено: „Укажи им што да речат, направи да го сфатат тоа што го велат, одговори на тоа за што тие молат“. Со други зборови стави ја вистинската молитва во нивната уста. На таков начин вистинската молитва се открива одозгора. Кога човекот доаѓа до ова со разум и чувство, кога се "прилепува" до оваа желба токму тогаш го достигнува чудесното средство – молитвата која ѝ претходи на молитвата. И тој се моли од длабочината на срцето сѐ уште не знаејќи што точно ќе побара потоа. Таквата состојба се нарекува „пратеник на општеството“ – човекот моли за целата заедница на Исраел во која тој е вклучен.
Од подготовката кон лекцијата, 24.06.2014
Гледајќи го разбиениот свет со разбиени очила
Соединувањето на пријателите е невозможно ако не го реализираме заемно и не сфатиме дека без тоа нема да го откриеме Создателот. Ние цело време слушаме дека била создадена само една душа исполнета со единствена Светлина. А потоа таа се разбила и меѓу сите нејзини делови се вметнал егоизмот кој ги разделува еден од друг. Ние повторно треба да се соединиме над тој егоизам но заедно со егоизмот кој останува внатре, за сите гревови да ги покрие љубовта. Проблемот е во тоа што иако го знаеме сето тоа ние сепак не сме способни да ја внесеме внатре во себе оваа матрица и да работиме согласно со таквата слика. Таа слика небаре постои одделно од нас, без каква и да е поврзаност со нашиот живот. И токму во тоа е тешкотијата. Кога би си ја претставувал јасно оваа матрица и преку неа би го гледал светот како преку правилен шаблон, преку разбиени очила, тогаш би видел дека сѐ постои одделно. Тогаш би се трудел да го соберам сето тоа заедно во една заедничка слика, да ги соединам сите разбиени делчиња.
Но проблемот е во тоа што јас не го гледам светот како разбиен бидејќи самиот сум разбиен одвнатре. Јас го гледам Јас сметам дека светот треба да е токму таков. И што прави Светлината? Таа влијае врз мене и малку по малку го приближува моето воспримање кон вистинското, споеното и тогаш јас наеднаш откривам дека треба да го гледам повеќе соединет. Светлината ги приближува сите мои внатрешни делови кон соединување и соодветно на тоа светот ми се чини сѐ повеќе распрскан. Внатре во мене сите делови во некоја мера се зближиле, а однадвор - не. Излегува дека јас како да ставив туѓи очила кои не ми одговараат и гледам дека светот не е во ред и затоа сакам да го поправам. Затоа целата наша работа се состои во привлекување на Светлината која враќа кон Изворот: преку групата, пријателите, сите можни средства, за да се фокусирам повеќе внатре, повеќе да ги соединам своите внатрешни разбиени делчиња. И тогаш ќе видам дека и светот се довел до истото соединување.
Од лекцијата по писмото на Баал ХаСулам, 24.06.2014
На завршната етапа на поправката
Нимрод, царот на Вавилон е олицетворение на заедничката Малхут. Тоа е сила на примање за која подоцна зборува египетскиот Фараон: „Создателот ќе ми служи мене!“ Додека Авраам пак рекол: „Ние ќе му служиме на Создателот“.
Тоа е целата причина на расцепот меѓу Нимрод и Авраам, а потоа меѓу Мојсеј и Фараонот. Целиот спор се води околу тоа кој ќе владее, кој е газда? А точката на соединување меѓу нив се создава заради тоа што Исраел ги изнесуваат златните и сребрените садови на египјаните, постепено ги поправаат во текот на четириесетте години во пустината, а потоа ги креваат дури до нивото на земјата Израел и градат од нив Храм. Таму се наоѓа точката на соединување на Бина и Малхут во која златните и сребрените садови позајмени од египјаните се креваат до давање на Создателот. И после почнува разбивањето бидејќи тие садови не се доволни за конечна поправка. Тие се желби кои припаѓаат на Г“Е а за поправка се потребни желбите АХА“П и затоа Исраел оди во прогонство.
После прогонството, во денешно време ние ја почнуваме поправката. Првин ги поправаме желбите Г“Е, но тие во себе ги апсорбирале сите желби од најголемите длабочини на АХА“П – тоа се сите наши пријатели низ светот. И не е важно од каде се или од која националност се бидејќи сега сите почнуваат да се присоединуваат кон Г“Е. Потоа внатре во нас ќе се открие и АХА“П кој припаѓа на Г“Е а потоа вистинскиот АХА“П. Но поправката се одвива на друг начин а не како некогаш при излегувањето од Вавилон и од Египет. Тогаш Г“Е се поправале одделно а потоа се соединиле со АХА“П, излегле од контролата на заедничкиот АХА“П и ги поправиле „АХА“П во подем“. Но сега народот на Израел поправајќи се како Г“Е веќе ги вклучува во себе желбите АХА“П. И затоа овие Г“Е се доволни за да го поправат целиот заеднички вистински АХА“П. Веднаш откако народот на Израел ќе биде поправен, преку нивните АХА“П веќе ќе се случи вклучување, поправка и наполнување на желбите за примање на целиот свет, заедничкио АХА“П.
Од лекцијата по статијата „Заемна гаранција“ , 24.06.2014