Прашање: Дали треба внатрешно да се согласиме со сите пречки кои доаѓаат од надворешниот свет?
Одговор: Обично прва реакција на човекот на случувањата во светот е желбата сè да промени, да се преправи светот, да се прекројат границите, да се зацврсти економијата. Таквата природна реакција на нашиот егоизам, односно на самите нас, се манифестира сè додека наеднаш не осознаеме дека сето тоа се глупости! Каде сте виделе промената на една формација со друга да помогне да се подобри ситуацијата? На крајот, напротив, станува полошо. Во почетокот ни се чини дека сè оди добро, навидум сме достигнале нешто и сè е во ред. Но после некое време се испоставува дека станало многу полошо од порано. И тоа е нормално бидејќи ние се движиме кон поправката. Сега ни останува само да го осознаеме својот неправилен однос кон светот. Што и да се случува во светот, сè може да се поправи само со нашето зближување со Создателот, бидејќи сè произлегува од Него за да нè поттикне кон зближувањето со Него. Ние постојано се оддалечуваме од Создателот. Ако сфатиме дека треба да се стремиме кон Него, тогаш навистина ќе почнеме да се приближуваме до нешто добро. Но на крајот Тој ќе нè оддалечува сè повеќе и повеќе за да дојдеме до осознавање на нашиот целосен егоизам.
Кога почнуваме барем малку да се поправаме себеси, ние се движиме понатаму во длабочината на егоизамот како десна и лева линија, и веќе сфаќаме како понатаму да дејствуваме. Кај нас се појавува методика како да работиме со кризата и ние ја поправаме, приближувајќи се над неа кон Создателот. Поправајќи се себеси ние ја елиминираме кризата без да ја чепкаме економијата, образованието, воспитанието, технологијата, т.е. ништо. Сето тоа се глупости бидејќи реконструирањето на сите тие области не ни ветува ништо добро. Но колку поблиску ќе му се приближуваме на Создателот, толку подалеку Тој ќе може да нè оттргне од себе, разоткривајќи го злото и ние на таков начин побрзо ќе го преправиме целото зло во добро. Затоа не треба да се стремиме да го менуваме светот, општеството, сите области на активноста. Сè што треба да направиме е да го промениме човекот како основа за промената на светот. Токму на тоа треба да се научиме самите, да му објасниме на човештвото и да ги научиме другите.
Од лекцијата на руски јазик, 11.03.2014
Научни истражувања во детскиот песок
Прашање: Зошто кабалистите го спречувале ширењето на обичната световна наука меѓу народот на Израел?
Одговор: Кабалистите не го спречувале ширењето на науката во онаа мера, во која за неа имало потреба. Бидејќи пред уништувањето на Храмот целиот народ работел на духовно постигнување со цела посветеност на душата. Зошто било потребно да ги изучуваат бумбарите во шумата или електричната енергија? Надворешната наука истражува како да се работи со различни пројавувања на Светлината во овој свет на најниското скалило. Од тоа нема никаква корист ако јас можам директно да работам со Создателот, со истите појави на вишото скалило. И таму јас навистина се вклучувам во дејството и работам со појавата – тоа претставува голема разлика. Во споредба со толку висока работа надворешната наука претставува само детска игра во песокот.
Затоа народот на Израел не се занимавал со наука повеќе отколку што тоа им било потребно за градежништво и обезбедување на другите потреби на телото. И која е смислата со неа да се занимаваат? Затоа имало луѓе кои умееле да обработуваат кожа, подготвуваат храна, градат куќи – сè што се однесува на егзистенцијално неопходното, но не и повеќе од тоа: заради исхраната, семејството, продолжувањето на родот. Тоа е неопходно и затоа мора да се обезбеди. Но парите, славата, знаењата се веќе човечки желби кои водат кон поделба на општеството, и затоа тие останале на минималното ниво. Само откога народот на Израел тргнал во прогонство, тој постепено почнал да се спушта сè подолу. Во прогонството не било можно да не работат ништо и затоа тие дејствувале во рамките на можното – воглавно во трговијата, во развојот на банкарскиот систем, бидејќи со тоа можеле да се занимаваат во секое место и тоа им давало сигурност. На таков начин тие можеле да си ја обезбедат иднината.
Благодарение на фактот што евреите биле расфрлани низ цела Европа и Блискиот Исток тие можеле да изградат од нив мрежа слична на денешната интегрална и глобална мрежа во трговијата, индустријата и финансиите. Тие почнале да ја градат уште пред 2000 години. Ако некој евреин од Шпанија доаѓал во Египет, Мароко, Турција, во земјите на северна Европа, тој секогаш можел да најде таму евреи со кои наоѓал заеднички јазик: да се смести кај нив, да се храни, да го сфати нивниот живот а тие го сфаќале неговиот. Кај другите народи не постоело ништо слично на ова. Во Европа имало само мали села расфрлани далеку едно од друго. За евреите било лесно да изградат такви системи бидејќи тие чувствувале дека припаѓаат на ист народ, на ист Создател, учеле според исти книги, ги читале истите молитви. Освен тоа не се знаело што ќе се случи со мене утре. Додека пак ти си сигурен човек на кој може да му се верува, бидејќи се плашиш од Создателот. И затоа јас оставам кај тебе некоја своја заштеда за тешките денови. Ако нешто се случи, јас секогаш ќе можам да дојдам кај тебе и ти ќе ми ги вратиш. Од ова почнале да се градат трговски и индустриски системи. Тие немале потреба од надворешни науки затоа што имале свој систем. Книгите се пренесувале од едно место во друго. Тоа била многу силна мрежа. Токму преку неа човештвото почнало да се пробудува, излегувајќи од ерата на варварството.
Од лекцијата по „Предговорот кон книгата „Паним меирот““, 11.03.2014
Секој кој доаѓа се подложува на седум проверки
Денес науката кабала се разоткрила пред сите: повелете, вратата е отворена! Но постои невидлива бариера (махсом) која не му дозволува на човекот да влезе. Ти напредуваш, се приближуваш до влезот и тој те одбива. Речиси си влегол, но се отфрлаш назад. Или се приближуваш и наеднаш забораваш каде си тргнал, свртувајќи на страна, се приближуваш и одеднаш го свртуваш вниманието на некои други работи. Тоа значи дека секој кој сака да влезе се подложува на седум проверки. Тој мора да ги помине сите свои егоистички желби и да се крене над нив, да не останат кај него никакви пресметки во однос на себеси. Во таква форма тој може да влезе. Односно вратата и претходно била отворена, само треба да се издржи проверката.
Нашата генерација е најлоша од сите претходни, како што е речено дека „лицето на генерацијата наликува на кучешка насмевка“, и ние немаме почит за ништо. Во споредба со нас луѓето кои живееле во времето после уништувањето на Храмот, биле многу суптилни и ведри и страсно се стремеле кон духовното. Дури и Рабаш раскажувал дека во почетокот на 20иот век видел последни вистински хасиди од Коцк. Ако на крајот од 19-от век на кое било момче во еврејско гратче во Русија или Полска би му предложиле да учи за да го достигне Создателот, тој без размислување би го отфрлил својот живот и би се посветил на таа цел. Разоткривањето на кабала одело паралелно со разоткривањето на желбите кои го достигнале најнискиот слој. Злото се разоткрило во ужасен облик а ние не бевме способни да го поправиме: горделивоста, омразата, зависта се пројавиле целосно. И токму во нашата генерација широко е откриена науката кабала.
Нашите желби веќе се способни да поминат „седум проверки“ и да влезат во портите на вистинската мудрост. Но предупредувањето за седумте проверки постоело отсекогаш. Таа проверка не е за суптилноста, туку за длабочината на желбата. Зрелоста на желбата претставува задолжителен услов за откривањето. Затоа науката кабала се разоткрива токму во денешно време, а не пред неколку векови, бидејќи било потребно да дочекаме додека желбите се спуштат до самото дно на материјалната Малхут.
Од лекцијата по „Предговорот кон книгата „Паним меирот““, 11.03.2014