Задача на човекот е постојано да се прилепува до Вишото управување, до работата на Создателот, над себеси. Создателот со својот однос го пробудува материјалот. Затоа на сите нивоа на желбата за насладување: неживото, растителното, животинското и човечкото се разбудуваат решимот, информациски гени, кои го развиваат целото создание продвижувајќи го кон поправката, кон посакуваната состојба, кон однапред одредената цел – целосно спојување на целото создание со Создателот, изворот на Вишото управување.
Но од самиот материјал се бара дополнително учество: самиот свесно да достигне спојување со Управителот, со Домаќинот. Тој мора да ги спознае дејствата кои се прават на него и по тие дејства да ја постигне Вишата сила, Создателот.
Од целата природа само човекот е способен за такво нешто. И внатре во човекот исто така се присутни сите овие четири нивоа: неживото, растителното, животинското и човечкото. Всушност само човекот во човека претставува извор на правилна реакција на дејствата од Создателот. Сите други нивоа на суштеството тој човек во човека мора да ги активира, да ги поврзе со себе, и тогаш кај нив ќе се присоединат и неживото, растителното и животинското ниво на природата. Сите делови од природата се вклучуваат во човекот, искачувајќи се и спуштајќи се заедно со него. Така треба да го гледаме суштеството, луѓето кои припаѓаат на четвртото ниво од четвртото скалило, односно на човечкото ниво во човека, чувствуваат пробудување за возвишување. Во нив се пројавува живо решимо кои ги обврзува да ја достигнат својата реализација. Човекот добива внатрешно тежнеење кон духовното. А понатаму тој мора точно да разјасни што треба да направи за да го отркие Управителот и да се прилепи за Него. Бидејќи со тоа тој ја исполнува желбата на Создателот и Му причинува Нему радост. Затоа сѐ што ни е потребно е секоја секунда да разјаснуваме дека се наоѓаме под власт на управувањето од Вишото и да се прилепиме кон тоа управување над нас поединечно и над сите генерално.
Од подготовката кон лекцијата, 10.07.2014
Болна рана на телото на човештвото
Прашање: Како рационално да му се објасни на светски и образован израелец дека народот на Израел има мисија и дека мора да се сплоти?
Одговор: Ќе почнеме од фактот дека сме посебни. Сакале или не ние не можеме да се ослободине од проблемот на нашите заемни односи светот. Од времето на уништувањето на Храмот евреите секогаш биле „плускавец“, „рана“ на телото на човештвото. Таа постојано боли. Не е јасно што треба да се прави со неа. Таа не може да се искорени, да се отстрани. Сите ги мразат евреите, сите чувствуваат во нив нешто посебно а и самите евреи го чувствуваат тоа во себе. Меѓутоа ниту светот, ниту евреите не знаат зошто сето тоа е така. Ако некој има разбирање на овој проблем тоа се антисемитистите и кабалистите. Кабалистите го откриваат изворот на случувањата а најистакнатите антисемитисти како на пример Хенри Форд, допираат до вистината од голема душевна потреба. Значи во светот постои постојана неизбежна појава која е очигледна, многу чудна и всушност парадоксална. Кога тоа ќе го признаеме може да се замислиме за улогата на еврејскиот народ, за неговата активност и т.н. Ете што е интересно: секој кој станува непријател на евреите, кој им носи несреќи и ги уништува, на крај заради тоа доживува крах бидејќи е немоќен со нив да се справи. Со други зборови овој народ има мисија и тој не може да исчезне сѐ додека не ја исполни.
Од друга страна пак на крајот од историјата тој ќе исчезне, ќе се раствори во сите и сите ќе станат како тој, сите ќе се соединат со Вишата Сила. Освен тоа евреите не се народ, тоа не е националност во општоприфатена смисла. Да речеме секој французин може да се претвори во евреин и да престане да биде французин. Од друга страна ако да речеме германец добие француско државјанство тој останува германец. На таков начин „еврејството“ се определува не според податоците за потеклото, туку според односот на човекот кон целта на создавањето. Како што пишува Баал ХаСулам, секој од Израел има внатрешна точка во срцето, т.е. припадност кон особината на давање. Во кого таа точка се пробудила, тој се присоединува на народот на Израел.
Прашање: Каде е поврзаноста меѓу омразата кон народот на Израел и неговата мисија?
Одговор: Народот на Израел не ја извршува својата задача и затоа луѓето потсвесно чувствуваат дека тој ја запира Вишата Светлина која треба да ги наполнува садовите/желбите за примање. Бидејќи народот на Израел е носител на екранот (масах), тој е „главата“. Не случајно буквите од зборот Израел (ישראל) се разложуваат во фразата „глава за мене“ (לי ראש). Тој е должен да ја привлекува Светлината за да ги поправа сите садови. Тој е одговорен за целата поправка и за целото наполнување. Што се однесува на материјални докази за овој факт, нив ги нема. И воопшто, во светот има многу работи кои не се откриваат нагледно. И затоа секогаш ќе има луѓе кои ќе го негираат овој пристап. Тие ќе го прифатат само ако се најдат под удар. Генерално несреќите нѐ прават поумни. Бидејќи кога човекот се најдува во несреќа, желбата за примање пораснува уште повеќе и тој ја гледа поврзаноста меѓу работите која претходно не ја забележувал. Меѓутоа дури и подготвителните објаснувања со кои тој сѐ уште не се согласува сепак го „омекнуваат“ и го приближуваат до вистината. Тие сѐ уште не претставуваат доказ, но подоцна ќе станат една или неколку несреќи. И затоа нам ни е неопходно да го распространуваме во народот знаењето за неговата мисија. Затоа што и на самите нас ни е потребно многу пати да слушнеме една иста работа за во најмал степен да се согласиме, да не говориме за тоа да го реализираме слушнатото...
Од лекцијата на тема „Единство на народот на Израел“, 10.07.2014
Чиста екологија на духовниот свет
Ако жената зачне и роди син, нечиста ќе биде таа седум дена. (Тора, „Левит“, „Тазриа“, 12:2)
„Да роди син“ значи да се роди особина на давање – моќна особина која работи само за давање и љубов.
„Нечиста ќе биде таа седум дена“ односно особините кои ние нема да можеме во процесот на раѓањето да ги трансформираме во давање и љубов се нарекуваат „седум дена“ или „седум сефирот“. Толкав период ние треба да се оддалечиме од својата работа, од својата претходна состојба бидејќи внатре во нашата желба нешто се формира за давање, а нешто за отпадоци. Но тоа не се обични отпадоци туку особини кои на ова ниво ние не сме во состојба да ги искористиме за давање, но на следното ниво ќе ги земеме и ќе можеме да ги поправиме. Тоа се случува аналогно на варењето на храната кај кошерните (чистите) животни кои ја голтаат храната и подригнуваат, повторно голтаат и повторно подригнуваат. Во тоа е принципот на нивната соодветност за духовно користење на нивната природа.
Прашање: За време на раѓање, на материјално ниво, жената првин ја отфрла водата, се раѓа дете а потоа се одделува плацентата, крвта. Дали тоа се отпадоците кои не се оформиле како дете?
Одговор: Тоа е посебен систем на поврзаност меѓу вишиот и нижиот организам, вишото и нижото ниво. Во нашиот свет плацентата се извлекува од мајката и потоа се фрла или се користи за медицински цели. Но во духовниот свет сето тоа откога ќе одработи преминува во редот на пониски ситеми. Кога сите преодни системи меѓу организмот на мајката и организмот на плодот, сѐ што се оформило и дејствувало заради плодот, тогаш излегува од мајката и се спушта на пониско ниво бидејќи веќе не му е потребно на плодот. Тој добива дополнителни желби, нов духовен ген и повторно се искачува.
Во духовниот свет ништо не се фрла. Чиста екологија! Поинаку не може да биде. Ако Создателот создал желба која е апсолутна еднаква на Светлината но спротивна на неа по особината, тие мора една со друга целосно да се реализираат. Затоа ништо не исчезнува туку целосно се преработува. Во материјалниот свет отпадоците од животната активност на нашиот организам или се користат или се закопуваат. Всушност ништо не треба да се закопува. За тие отпадоци се зборува во кабала. Всушност Баал ХаСулам има неколку необјавени дела во кои тој ја опишува природата на отпадоците на нашиот организам и тоа како тие влегуваат во циклус. Најинтересно е дека тоа се секрети од различен вид: пот, влакна, плунка, солзи и т.н. кои формираат целосна сфера околу организмот.
Од ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 10.07.2014
Самоочистување на природата
Прашање: Во кој случај нашиот свет ќе се претвори во еколошки чист свет?
Одговор: Само во соодветност со нашата внатрешна поправка, во текот на која тој ќе преживее секакви трансформации и ќе стане надворешно чист соодветно на нашата внатрешна чистота. Светот не може да биде подобар од нашата внатрешност. Затоа колку повеќе се развиваме толку повеќе се зголемува нашиот егоизам, толку повеќе отпадоци имаме. Гледајте што се случува околу нас! Сигурен сум дека веднаш штом почнеме да се очистуваме, природата ќе почне да се самоочистува.
Прашање: Вие верувате во самоочистување?
Одговор: Јас не верувам, јас знам дека тоа ќе се случи. Нашата внатрешна промена ќе доведе до тоа ние да почнеме да ја користиме природата само во мера на неопходност, рационално и таа постепено ќе се регенерира до првичната состојба. Ние ќе ја пренесеме преку нас (преку нивото „Адам“) силата на Вишата Светлина до животинското, растителното и неживото ниво на природата и сите тие ќе се поправат и ќе се искачат до нивото на апсолутното совршенство. Тоа не го знаеле ниту нашите далечни претци бидејќи секогаш дејствувале егоистички. Ние уште повеќе не сфаќаме што тоа претставува. Затоа пред овој свет да исчезне од нашите чувствувања ние мора да го доведеме до најсовршена состојба, преживувајќи го секашниот пад и почнувајќи да се искачуваме нагоре по парабола. Соодветно на ова заедно со нас ќе се очисти и искачи неживата, растителната и животинската природа која целосно зависи од нас без каква било калкулација. Можеме само да замислиме како „тигарот ќе лежи до јарето и мало дете ќе управува со нив’. Иако ова е алегориски кажано, но навистина тоа ќе се случи. Односно природата на нашиот свет ќе се промени во соодветност со природата на човекот.
Од ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 10.07.2014
Бидејќи јас сум шкорпија
Ако сите ние сме интегрално поврзани тогаш со својот однос кон другите јас го одредувам односот кон себеси самиот. Бидејќи сѐ на крајот ми се враќа како бумеранг. И ако јас си посакувам добро тогаш вреди да се прават добри дела за сите други. Прашањето е само како тоа да се направи? И тука ја спомнуваме мудрата приказна за жабата и шкорпијата.
Еднаш шкорпијата сакала да премине на другиот брег од длабоката река и ја замолила жабата, која седела крај брегот, да ја пренесе на нејзиниот грб. Жабата одговорила: „Сѐ уште не сум го изгубила умот, знам дека ти ќе ме каснеш и јас ќе умрам!“ „Како би можела да те каснам“ ја смирирувала шкорпијата „кога знам дека тогаш ние двете ќе се удавиме“. Жабата поверувала на нејзиното ветување и ја качила на својот грб. Но кога стигнале до половина на реката шкорпијата не издржала и ја каснала жабата. Жабата умрела од нејзиниот отров и се удавила, и шкорпијата се удавила заедно со неа бидејќи не знаела да плива. Пред смртта жабата прашала „Зошто сепак ме касн,а нели сега и ти ќе умреш?!“ Шкорпијата одговорила: „Затоа што сум шкорпија“. Таа не можела да не ја касне бидејќи таква е нејзината природа. Таа едноставно не може да се воздржи.
Токму во тоа е проблемот на луѓето. Ние не сфаќаме во која мера нашата природа нѐ обврзува да правиме примитивна и груба калкулација во наша корист без да ни дозволи да обрнеме внимание на нашата поврзаност еден со друг. Ние можеме од утро до вечер на сите радио и телевизиски канали, на лекциите во училиштето да говориме за заемното учество и сеопштата поврзаност како што се случило во Русија. Но ние знаеме дека ништо не помага. Ние не можеме да ја промениме нашата шкорписка природа. Ако навистина сакаме да се промениме себеси и на добар начин да преминеме од капитализам кон следната фаза на развојот, кон подобра структура на општеството, тогаш тоа е можно само за сметка на поправката на човекот, односно промена на неговата природа. Но човештвото нема средства за промена на неговата природа. Единствена можност е да се искористи силата скриена внатре во природата – Светлината која враќа кон Изворот. Таа Светлината се нарекува „Тора“, иако луѓето се навикнале да го воспримаат тој збор во погрешна смисла. Тора е Светлина на поправката, како што е речено: „Јас создадов зол корен и како додаток кон него - Тора, средство за неговата поправка, бидејќи скриената во неа Светлина враќа кон Изворот“. Односно ние имаме можност да ја промениме нашата природа толку многу што ќе се почувствуваме како постоиме во хармонија, во еден идеален систем. Ние ќе почувствуваме таква целосна заемна зависност што за нас нема да има разлика: да се грижиме за себе директно или да се грижиме за другите и да примаме преку нив. Дури и нашиот егоизам ќе може да види дека давањето е за негово добро бидејќи јас и другите – е едно исто, неделива целина.
Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати“, 10.07.2014