Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не смееме да дозволиме кабалата повторно да се прикрие

Од таа причина ние се наоѓаме во сестрана интегрална криза која ги допира сите аспекти од нашиот живот. Човекот не може да се сложи ниту со сопругата, ниту со децата, ниту со претпоставениот на работа, ниту со другарите, ниту со соседите – со никој, дури ни со самиот себеси. На крајот ние ќе се почувствуваме сосема несреќни. Сите паметни и суперкомплексни системи што ги изградивме нема да ни помогнат бидејќи човековото општество се наоѓа во дисхармонија со општата природа. Постои разлика меѓу нив бидејќи природата целата е интегрална, додека ние напротив сме индивидуалисти. Односно од страна на природата постои „плус“, а од наша страна „минус“. Таа разлика е толку голема што ние нема да можеме да добиеме никакво задоволство во ништо од нашиот живот. Колку и да се обидуваме ние нема да можеме да избегаме од големите проблеми кои постепено ќе се откријат. Затоа во текот на целата историја науката кабала ја криеле чекајќи додека човештвото се развие во својот егоизам. Почнувајќи од древниот Вавилон сè до нашите денови, односно околу 3.500 години кабалата се наоѓала во прикриеност. Човештвото се развивало без да знае што било за науката кабала. Бидејќи кога не ни успеа да ја реализираме во древниот Вавилон сме биле принудени да се развиваме во својот егоизам до денешно време, кога оваа наука повторно се открила. Сега ние се наоѓаме во втората точка на откривање на науката кабала и ние сме првите кои го добиваат знаењето од неа и можноста да се поправиме себеси.

Ако тоа не го направиме тогаш повторно ќе продолжи егоистичкиот развој уште некое кратко време. Науката кабала повторно ќе замине во прикриеност на некое време. И за тоа време ќе се случат многу страшни катастрофи: трета светска војна и многу други несреќи. Сè додека после сите тие несреќи повторно не се открие науката кабала, и тогаш заради безизлена ситуација човештвото ќе мора да ја реализира. Во таква состојба се наоѓаме ние сега. Затоа изградивме систем со чија помош можеме да ја учиме и да ја реализираме оваа методика, да ја распространуваме на сите. Бидејќи денес целото човештво е Вавилон. Тоа значи сите мора да работат на својата поправка и на таков начин ние ќе можеме да се промениме.

Од 1-та лекција од конгресот во Франција, 09.05.2014

Како заврши спорот меѓу Авраам и Нимрод?

Науката кабала ја започнува својата историја од древниот Вавилон, во кој човештвото се соочи со нова ситуација. Претходно луѓето воделе колку-толку разбирлив за сите начин на живот. Секој сакал да успее, но сепак тие некако меѓусебно се сложувале. И наеднаш тие почувствувале колку се мразат еден со друг и не можат да се договорат. Почнале да се караат и мразат, нивната горделивост пораснала до тој степен што за тоа време се говори алегорично дека тие посакале да изградат кула до небесата. Се создала многу опасна ситуација, вистинска граѓанска војна – внатрешна војна. Многумина размислувале како да ја решат таквата ситуација. Во таа генерација имало доста паметни луѓе кои ја откриле причината за настанатата криза. Причината била тоа што во тоа време целото човештво се наоѓало во едно место и било тесно меѓусебно поврзано. Меѓу нив се разоткрил општиот интегрален систем, но нивните врски не биле добри. Тие имале две алтернативи: или да ги подобрат своите врски, односно да се поправат себеси или меѓусебно да се оддалечат, да ги прекинат врските. Ако врската е лоша и не може да се поправи, останува да се одделат.

Така се создале две школи. На чело на едната од нив бил Авраам кој тврдел дека треба да се поправи човековата природа и да се соединат со врските на љубовта, разбирањето, братскиот сојуз, блискоста. На чело на втората школа бил Нимрод, кој рекол дека треба само да се оддалечат еден од друг, како што во денешно време се разведуваат сопружниците ако не можат да живеат заедно. Човештвото тргнало по Нимрод и решило да се раздели распрснувајќи се од Вавилон низ целата земја. Таквата состојба продолжила до крајот на 20 век кога повторно се создала иста ситуација како некогаш во Вавилон. Се испостави дека повторно сите ние сме поврзани, но не во едно мало место туку низ целата Земјина топка. И тогаш веќе стана невозможно да се реши овој конфликт по методот на Нимрод и уште повеќе да се оддалечиме еден од друг. Веќе нема каде да се разидуваме бидејќи интегралната поврзаност се открила апсолутно меѓу сите. Затоа не остана друг излез освен да се следи методот на Авраам, односно да се поправат односите меѓу нас преку поправка на човековата природа.

Во таква состојба ние денес се наоѓаме. И затоа се открива истата методика на Авраам, наречена наука кабала, која објаснува како да се поправи нашата природа за нашите врски да станат добри.

Од 1-та лекција од конгресот во Франција, 09.05.2014

Вечен живот внатре во интегралното соединување

Ние се наоѓаме на самиот почеток на патот на поправката на природата на човекот и поправката на светот. Методиката на Авраам нè учи дека човекот треба да се крене над својата природа и да се соедини со другите така што сите ќе формираат круг. Ако секој се игнорира себеси и се залепи за центарот на нашето заедничко соединување, со тоа ние ќе создадеме посебна сила, посебен дополнителен сетилен орган. Ние небаре си ставаме нови очила кои ни овозможуваат да го гледаме светот со интегрален вид, кој не ми припаѓа лично мене.

Во обичниот живот ние сме изградени така што јас го гледам она што е корисно за мене или она што ѝ штети на мојата желба за насладување. Она пак што не го допира мојот егоизам, не го тревожи, јас не го гледам, не го чувствувам, не го откривам. Затоа околу нас постои цел универзум, системи, светови, но ние не ги чувствуваме. Нашите сетилни органи: видот, слухот, органот за мирис, вкус, допир не ја воспримаме таа реалност. Таа се наоѓа во сосема друг пресек. А кога ние се соединуваме сите заедно, секој со сите, тогаш добиваме заеднички интегрален сетилен орган – еден за сите. Тој сетилен орган се нарекува душа. И тогаш почнуваме да го чувствуваме животот во друга димензија кој не зависи од нашето тело од неговиот живот и смртта.

Јас добивам интегрален орган на воспримање кој не се наоѓа во моето тело, напротив јас се наоѓам во него! И затоа не е важно дали моето тело живее или умира, тоа за мене не менува ништо бидејќи јас се искачив на друго ниво на постоење. Во почеток ние се развивавме на неживо ниво, потоа на растително, потоа го достигнавме животинското ниво и засега живееме на него бидејќи примаме сè преку нашето тело. Но сега треба да се искачиме на човечкото ниво, ние се уште не знаеме какво е тоа ниво, но да се кренеме на него можеме само под услов сите да се соединиме. Тоа овозможува секому од нас да излезе од себеси, да се искачиме над нашето тело. Затоа науката кабала зборува за нашето општо соединување во централната точка на нашата поврзаност. Во таков облик секој го добива шестиот сетилен орган.

Од 1-та лекција од конгресот во Франција, 09.05.2014

Човек – највнатрешен дел од системот на световите

На самиот почеток, со четирите фази на директната Светлина бил создаден еден голем сад, една желба наречена свет на Бесконечноста. Потоа тој свет почнал да се распространува надолу, сè до нашиот свет. Прво од светот на Бесконечноста се појавил светот Адам Кадмон, а по него се појавил светот Некудим кој исчезнал, се разбил. После разбивањето се создаваат световите АБЈА (Ацилут, Брија, Јецира, Асија) а во нив се раѓа некој внатрешен систем наречен Адам ХаРишон (првиот човек). Системите на световите се изучуваат во книгата „Учење за Десетте Сефирот“ (ТЕС) во 15-ет делови и само во последниот, 16-ти дел малку, многу ограничено се раскажува за Адам ХаРишон. Всушност сè што се случувало со системот на световите кој се ширел одозгора надолу потоа се случило и со Адам ХаРишон. Вишиот систем се нарекува систем на светови а неговиот внатрешен дел се нарекува Адам, човек или душа.

Системот Адам ХаРишон исто така се шири одозгора надолу и се разбива исто како и светот Некудим. Но целата поправка на овој систем ние мора да го направиме самите – тоа е наша работа. Надворешниот систем на световите веќе е готов: постои и влијае врз нас, а внатрешниот систем ние мора да го поправиме.

Од 1-та лекција на конгресот во Франција, 10.05.2014

Тој што нè води нагоре, кон Создателот

Животот на групата пред сè е учењето. Но зошто е потребно толку да се учи, зошто ние учиме толку многу години? Суштината е во тоа што тоа не е обично учење заради знаење, луѓето не доаѓаат на лекција за да дознаат повеќе, туку за да добијат порција сила, влијание на Вишата Светлина која доаѓа преку учителот.

Од светот на Бесконечноста до нашиот свет се спушта скала од 125 скалила. Сите ние се наоѓаме во овој свет, а учителот горе. Во спротивно тој не е учител. Учителот е наставник во духовниот пат кој нè води нагоре, кон Создателот. Тој не мора да се наоѓа во светот на Бесконечноста, но мора да поседува духовно разбирање и постигнување, да ги има поминато барем првите фази на патот и да се наоѓа на некоја духовна висина. И тогаш тој ни покажува како да се искачуваме. Бидејќи во нашиот свет јас имам можност да го пронајдам патот сам. Но во духовниот свет пред мене нема пат и јас апсолутно не знам што да правам, каде да ја ставам ногата, каде да зачекорам. А уште поважно е тоа што во духовниот свет јас не само што не знам како да направам чекор напред, туку немам ни сили тоа да то сторам. Бидејќи тоа е напредување во давањето, во дарувањето, а како јас можам да напредувам во давањето кога воопшто не поседувам таква особина? Во мене има само сила на примање. За да давам и да напредувам, пред сè јас треба одозгора да ја добијам силата на давање со која ќе можам да напредувам. А да ја добијам таа сила одозгора можам само преку учителот. Учителот е канал преку кој Светлина тече одозгора од светот на Бесконечноста во овој свет, кај мене, ако јас сум присоединет кон учителот. Во тој случај јас од него добивам сила, знаење, правилна насока, поддршка и можам да се движам напред.

Треба да напредуваме заедно со пријателите занимавајќи се со учење и дисеминација, но без учителот нема ништо да успееме. Затоа секојдневната утринска лекција на која сите ние заедно седиме и учиме не е потребна за да научиме уште еден дел од „Учењето за Десетте Сефирот“ или „Воведот во науката кабала“, книгата „Зохар“, статиите и писмата на Баал ХаСулам, туку да се соединиме меѓу нас и да добиеме одозгора преку мене, учителот, сила која постепено ќе се претвори кај вас во сила за напредување. Оној кој не учествува секој ден во лекцијата барем еден час нема да напредува. Тоа може да се прави во секое време, согласно со временската зона во која се наоѓате, но задолжително истиот ден кога се одржала лекцијата. Ако немате доволно време да ја изгледате целата лекција, тогаш барем еден час. Без тоа немојте ниту да помислувате на духовно напредување. Ако не можете да посветите еден час секој ден на науката кабала, тогаш нема зошто да се занимавате со неа, затоа што напразно ќе се надевате дека полека напредувате. Но вие не напредувате. Не помалку од еден час дневно треба задолжително да се слуша лекција, без разлика колку ја разбирате. Не смеете ниту еден ден да испуштите лекција. Тоа е исто како да не јадете ништо цел ден. Се разбира дека тоа е многу тешко за човекот и тој нема така долго да издржи.

Од 1-та лекција на конгресот во Франција, 10.05.2014

Изучувајќи го јазикот на Создателот

Ако човекот се исклучува од чувството дека сè што се случува во него и во целата реалност доаѓа од Создателот како од единствен извор на животот, тоа се нарекува казна. И самиот раскин исто така доаѓа од Создателот а не по воља на човекот. Нема полоша казна отколку да се одделиш од Создателот, односно да заборавиш дека сè доаѓа одозгора, од Него. Секоја секунда треба да се обновува контактот со Создателот анализирајќи ги своите мисли, решавајќи како да одговориш на обраќањето добиено од Него. Не е важно што се случува со мене, најважно дека сето тоа е дојдено од Него: и мислите „за“ и „против“. Јас де го благословувам Него, де го проколнувам, де сакам да помнам дека дека Тој е насекаде, де не сакам да мислам дека Тој постои туку се стремам кон овоземните, животински задоволства. Но сето тоа е пратено од Него и треба да се разјаснат сите тие случаи кои во поголем дел се непријатни. Бидејќи Создателот ми покажува во која мера сум се заглавил во својот ситен, подмолен егоизам. А јас мора да најдам правилен одговор и да сфатам зошто Создателот ми праќа такви желби и мисли, зошто јас сакам да изреагирам вака, а не како што треба.

Ако работам на таков начин почнувам да чувствувам дека неопходна ми е поддршка и невозможно е да се успее сам. Можам да избегам од групата и комфорно да се средам во својот материјален живот сокривајќи се од Создателот и не чувствувајќи никаква грижана совеста. Но ако навистина сакам да напредувам тогаш овој момент чувствувам дека мора да ги разјаснам моите односи со Него. Не постои никој друг во овој свет со кој би правел пресметки – само со Него, бидејќи Тој е единствениот извор. Тогаш јас чувствувам дека мора да се наоѓам во групата, во поврзаност со учителот, дека ми треба поддршка. Во овој случај јас градам веќе поинаква врска со пријателите, со учителот и почнувам да слушам. Бидејќи ми се неопходни совети што да правам за да бидам цело време поврзан со Создателот и да не заборавам на Него, правилно да го дешифрирам секој момент од својот живот како нешто што доаѓа од Него. Јас мора да помнам дека дури и моите споредни мисли и животински желби се исто така пратени од Него. Сè доаѓа само од Него, со цел да ме поттурне кон уште поголемо спојување со Него, кон блискост.

Таква треба да биде мојата реакција, одговорот од моја страна. Тоа ќе значи дека ние со Него зборуваме на ист јазик. Тој ми праќа различни сигнали а јас реагирам на нив на следниот начин: „Сфатив и уште поточно се насочив кон Тебе!“ На таков начин јас со сè поголема резолуција и точност се доближувам до Создателот и го насетувам Него. Почнувам секоја секунда да го изучувам Неговиот јазик. Во светот постојат многу јазици кои не ни дозволуваат да се разбереме еден со друг. Овде пак јас го учам јазикот на Создателот: како Тој ми се обраќа и како јас треба да му одговорам Нему. Ако човекот и групата се усмерени во тој правец, тие многу бргу ќе постигнат успех, контакт со Создателот. Тој почнува да нè поучува во секоја секунда од животот. Целото создание добива од Создателот влијанија кои секој миг сè повеќе нè приближуваат повторно кон Создателот. Во почетокот се случи распространување на световите одозгора надолу и разбивање, потоа се развила историја на човештвото, а сега ние почнавме да се искачуваме за да се вратиме повторно во светот на Бесконечноста.

Од 4-та лекција на конгресот во Франција, 11.05.2014

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica